09 Чувајте се од тврдоглавост!

Сподели го ова:

9. лекција – 29. август 2015.

Чувајте се од тврдоглавост!

„Служете Му на Господ со страв и со трепет. Почитувајте Г о Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои кај Него прибегнуваат.“ – Псалм 2,11.12.

„Кога во нашето срце ќе се слушне повикот на Светиот Дух, нашата единствена сигурност се состои во тоа без одлагање да одговориме на него… Не е безбедно да се одложува послушноста. Можеби повикот никогаш повеќе нема да го слушнете.“ – Христовите поуки, 228 (281).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА П РОЧИТАТЕ: Патр. и прор., 652-661 (617-622).

Недела 23. август

1. ЦАР КОЈ ОДБИЛ ДА СЛУША

а. Како Бог разговарал со царот на Египет? Излез 5,1; 6,10.11

„Бог разговарал со египетскиот цар преку устата на Мојсеј, давајќи му највпечатливи докази за божествената моќ; но монархот тврдоглаво ја одбивал светлината која би го довела до покајание. Бог не испратил некаква натприродна сила за да го отврдне срцето на бунтовниот цар, но кога фараонот се противел на вистината, Светиот Дух се повлекол и тој останал во темнина и неверување кои тој ги избрал.“ – РХ, 20. јуни, 1882.

б. Дали Бог очекувал фараонот да послуша? Излез 3,19.

„Бог им зборува на луѓето преку Своите слуги, упатувајќи им повици и предупредувања и осудувајќи го гревот. Тој на секого му дава можност да ги исправи своите грешки пред тие да се вгнездат во карактерот; но ако некој не сака да се поправи, Божјата сила не посредува да го осуети она кон што се насочени неговите постапки. На таквиот човек му се чини дека е полесно да ја повтори истата грешка отколку да и се спротивстави. Така срцето на грешникот се стврднува и се затвора пред влијанието на Светиот Дух. А натамошното отфрлање на светлината го доведува во положба во која многу посилни влијанија не можат да му помогнат.“ – Патријарси и пророци, 270 (268).

Понеделник 24. август

2. ЦЕНАТА НА БУНТОТ

а. Каков бил првичниот одговор на фараонот кон Бога? Излез 5,2.

„Семето на бунтот што (фараонот) го посеал, кога го отфрлил првото чудо, донело своја жетва. А кога се осмелил да продолжи со таквото однесување и бидејќи неговата упорност постојано растела, срцето му станувало се потврдо, додека најпосле не го видел студеното мртво лице на својот првенец.“ – Патријарси и пророци, 270 (268).

б. Колку истраен бил Бог во разговорот со фараонот? Излез 7,1518; 8,1.2.20.21; 10,3.4. Кој го охрабрувал фараонот да го послуша Бога? Излез 8,19; 10,7.

„Господ му дал на фараонот докази за Неговата сила преку знаците и чудата направени пред него. Големиот Јас Сум го запознал фараонот со Своите силни дела, покажувајќи му дека Тој е владетел на небото и земјата, но царот одбрал да му пркоси на небесниот Бог. Тој не сакал да се согласи да се скрши неговото гордо и тврдоглаво срце, дури ниту пред Царот на царевите за да може да ја прими светлината; бидејќи одлучил да ја спроведува својата волја и да ја стави настрана Божјата заповед; и мноштвото докази кои му биле дадени дека Јехова е над сите богови на народите и над сите мудреци и маѓесници само служеле да го заслепат умот и отврднат неговото срце.“ – Судир и храброст, 89.

в. Што Бог би направил доколку фараонот би се покајал? 2 Петрово 3,9.

„Кога фараонот би го прифатил доказот за Божјата сила даден во првото зло, тој би бил поштеден од сите зла што следеле. Но неговата непопустлива тврдоглавост предизвикала се поголеми манифестации на Божјата сила, и злата доаѓале едно по друго, се додека не бил принуден да го погледне мртвото лице на својот првенец, и првенците на неговиот народ; додека децата на Израел, кој ги сметал за свои робови останале неповредени од злата, недопрени од ангелот уништувач. Бог очигледно покажал дека Неговата милост е над оние кои биле Негов народ.“ – Судир и храброст, 89.

Вторник 25. август

3. ПРРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАС

а. Какво предупредување треба да извлечеме од одбивањето на фараонот да го послуша Бога? Евреите 3,12.13.

„Оној што еднаш ќе му подлегне на искушението, вторпат ќе му подлегне многу полесно. Секое повторување на гревот ја намалува силата да му се спротивставиме, ги заслепува очите и го задушува убедувањето. Секое посеано семе на попустливоста, донесува и свој плод. Бог не прави чуда за да ја спречи жетвата. ‘Што човекот ќе посее, тоа и ќе го пожнее’ (Галатјаните 6,7). Оној што покажува неверничка дрскост и флегматична рамнодушност кон Божјата вистина, ќе го пожнее она што самиот го сеел. Оттаму мнозина потполно рамнодушно ги слушаат оние вистини кои некогаш многу ги трогнувале нивните души. Тие сееле негрижа и отпорност кон вистината, а таква е и жетвата што ја жнеат.

Сите оние што својата немирна грижа на совест ја стивнуваат со мислата дека својот лош пат можат да го изменат секогаш кога ќе посакаат и кои мислат дека со повикот на милоста можат да се играат и да го прифатат кога ним ќе им се стори погодно, се изложуваат на голема опасност и тоа го прават на своја погибел. Тие мислат, разгледувајќи го сето свое влијание на страна на големиот бунтовник, дека во последен миг од опасноста ќе го променат водачот. Но, тоа не се изведува така лесно. Искуството, воспитувањето и навиките на постојано попуштање на грешните уживања оставаат толку длабок и траен впечаток врз нивниот карактер, што тие потоа не можат да го добијат Исусовиот лик. Кога нивната патека не би била осветлена, случајот би бил поинаков. Би им била укажана милост и тие би имале можност да ги прифатат нејзините понуди; но бидејќи светлината е долго отфрлана и презирана, таа конечно ќе се повлече.“ – Патријарси и пророци, 270.271 (268.269).

„Еден негуван грев, малку по малку, ќе го унижи карактерот, потчинувајќи ги сите свои благородни сили на злите желби. Отстранувањето на еден стражар на совеста, попуштањето на една зла навика, едно занемарување на високите барања на должноста, ја руши одбраната на душата и го отвора патот на сатаната да дојде и да не заведе.“ – Судир и храброст, 114.

б. Ако осознаеме дека го имаме духот на фараонот, што треба да направиме? Исаија 27,5.

„Великодушно ни е понудено се што било потребно да се отстранат нашите слабости и охрабрени сме да се вратиме кај Христа.“ – Христовите поуки, 119 (156).

Среда 26. август

4. ПОСЛЕДИЦИ ОД ОДБИВАЊЕТО ДА ПОСЛУШАМЕ

а. Зошто фараонот на крај сепак го направил она што Бог го барал? Излез 12,30-32.

б. Кој, според Божјата намера, требало да има корист од Неговите пораки до фараонот? Излез 3,19.20.

„‘А те оставив досега само за да ја покажам над тебе силата Своја, за да биде проповедано името Мое по целата земја’ (Излез 9,16). Бог не му го дал животот (на фараонот) за таа намена, но со Своето провидение така ги водел настаните токму тој фараон да се најде на престолот кога дошло време за ослободување на Израел. Иако тој горделив тиран со своите злосторства ја проиграл Божјата милост, животот сепак му бил поштеден, со цел, благодарение на неговата тврдоглавост, Господ да може да ги покаже Своите чуда во египетската земја. Со настаните управува Божјото провидение. Тој на престолот можел да постави некој повеќе милостив цар, кој не би се осмелил да и се спротивставува на моќната Божја сила. Но, во тој случај не би биле остварени Господовите намери. Тој дозволил Неговиот народ да ја почувствува угнетувачката свирепост на Египќаните за да добие вистинска слика за понижувачкото влијание на идолопоклонството. Во своите постапки со фараонот, Господ ја покажал Својата омраза кон идолопоклонството и Својата решит
елност во казнувањето на свирепоста и угнетувањето.“ – Патријарси и пророци, 269 (267.268).

в. Што можеме да научиме од фараоновиот пример, ако не сме подготвени да го слушаме Бога? Изреки 1,24-28; Захарија 7,11.12; Евреите 12,25.

„Бог му испратил (на фараонот) порака на предупредување и милост, но тој одбил да Го признае небесниот Бог и да се потчини на Неговите заповеди. Тој прашал: ‘Кој е тој Господ, за да го послушам гласот Негов?’ (Излез 5,2)…

Секој дополнителен доказ за Божјата сила, која египетскиот монарх го отфрлал, го правел се посилен и поистраен во пркосењето на Бога… Овој случај е јасна илустрација за гревот против Светиот Дух… Со постепено повлекување на Својот Дух, Господ ја отстранил Својата сила која го ограничува злото и царот бил предан во рацете на најлошиот од сите тирани – сопственото јас.“ – Судир и храброст, 89.

Четврток 27. август

5. ПРОРОК КОЈ НЕ САКАЛ ДА ПОСЛУША

а. Колку пати Бог се обидувал да го придобие вниманието на Валам? Броеви 22,22-27.

б. Што го спречило Валам порано да ја препознае Божјата порака? 2 Петрово 2,20.21. Кога сме фрустрирани и веруваме дека работите не одат како што сме замислиле, Бог, можеби, се обидува да го придобие нашето внимание?

„Валам во својата заслепеност не видел дека небото се вмешало и не сфатил дека Бог му го попречува патот.“ – Патријарси и пророци, 467 (441.442).

„Еден грев кој Валам го негувал, го затрул целиот карактер и предизвикал негово уништување.“ – Судир и храброст, 114.

„Кога некој јасно ја гледа должноста, нека не биде дрзок и да бара од Бога во молитва дека тој може да биде ослободен од извршување на таа должност. Тој треба во понизен, покорен дух, да бара божествена сила и мудрост да ги изврши Неговите барања.“ – Судир и храброст, 113.

„Ние сме склони искусните луѓе да ги сметаме за сигурни дека нема да бидат заведени од грешните задоволства. Но, сепак, често гледаме како и оние чиј поранешен живот бил примерен се одведени на страна со маѓепсувачката сила на гревот и својата од Бога дадена мажевност ја жртвуваат на самозадоволување. За извесно време тие се двоумат помеѓу спремноста да ги бранат начелата и склоностите да одат по забранетиот пат; но струјата на злото конечно се покажува премногу силна од нивните добри одлуки, како и во случајот на некогаш мудриот и праведен цар Соломон.“ – Здравствен реформатор, 1. јуни, 1878.

Петок 28. август

ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА

1. Кај колкумина луѓе на кои Бог им зборува е мала веројатноста да го послушаат?
2. На кој начин и ние можеме да му пркосиме на Бога како и фараонот?
3. Што треба да направиме ако сме го игнорирале Бога?
4. Како денес отврднува срцето против Бога?
5. Кои се сличностите и разликите помеѓу фараонот и Валам?

Сподели го ова:

Слични објави