08 Разбирање
8. лекција – 22. август 2015.
Разбирање
„Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро, а доброто – зло; темнината ја сметаат за светлина, светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо! Тешко им на оние, кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси. “ – Исаија 5,20.21.
„Нека Божјиот народ Му се моли со јасно духовно расудување, како би можел да прави разлика меѓу човечките теории од Словото на живиот Бог. Нека го проучува Светото писмо.“ – Објавени ракописи 18, 151.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Коп. на век., 646-651 (668-672).
Недела 16. август
1. ОДЛУЧНОСТ ДА СЛУШАМЕ
а. Како можеме да бидеме сигурни дека го слушаме гласот на Бога? Јован 10,27; Матеј 7,16-20.24-27; Галатјаните 5,22.23.
„Доброто дрво ќе раѓа добри плодови. Ако плодот не е вкусен и не е корисен, дрвото е лошо. Така и родот што се донесува во животот дава доказ за состојбата на срцето и за совршеноста на карактерот. Со добри дела никогаш не може да се купи спасение, но тие се знак на верата, која работи преку љубовта и ја чисти душата. Иако вечна наградата не се доделува поради нашите заслуги, таа сепак ќе биде во сооднос со делото извршено преку Христовата благодат.
Така Христос ги изложил начелата на Своето царство и покажал дека тие се големи животни правила. За да остави впечаток за поуката кај Своите слушатели, Тој додава илустрации. Не е доволно, вели Тој, да ги слушате Моите зборови. Преку послушност вие мора да ги направите основа на вашиот карактер. Самодовербата е жив песок. Ако градите на човечки теории и измислици, вашата куќа ќе се сруши.“ – Копнежот на вековите, 231 (314).
б. Што покажува дека Исус навистина го слушал својот Отец? Како треба во ова и ние да се угледаме на Христовиот пример? Јован 5,19.20.36.
Понеделник 17. август
2. ОСВРТ НА ИСТОРИЈАТА
а. Какви во поглед на слушањето на Божјиот глас биле разновидните искуства на црквата во текот на вековите? 2 Цареви 22,13; 23,3; Захарија 7,11-13; Еремија 29,17-19.
б. Какви лични сведоштва Еремија и Давид оставиле за своето слушање на Божјиот глас? Еремија 15,16; Псалм 119,57-60.
в. Што можеме да научиме од искуството на Исусовите ученици во слушањето на Божјиот глас? Марко 7,5-8; Матеј 28,19.20.
„Меѓутоа, ним се уште им било многу тешко да ја воочат јасната разлика меѓу Неговите поуки и преданијата и начелата на книжниците и фарисеите. Тие биле воспитани учењето на рабините да го прифатат како глас Божји и тоа се уште имало силно влијание врз нивните умови и во обликувањето на нивното мислење. Во нивното срце земните идеи и временските работи се уште заземале големо место. Тие не можеле да ја разберат духовната природа на Христовото царство, иако Тој многупати им ја објаснувал. Нивните умови биле збунети. Не ја сфаќале вредноста на библиските стихови кои Христос ги изнесувал. Многу од поуките што им ги упатувал како да биле напразни.“ – Копнежот на вековите, 520 (670).
„Во налогот што го оставил на Своите ученици, Христос не само што им ја одредил нивната задача, туку им ја дал и пораката која треба да ја објавуваат. ‘Научете го народот’, рекол Тој, ‘да држи се што вам ви заповедав’ (Матеј 8,20). Учениците требало да го поучуваат она што Христос го поучувал. Со тоа било опфатено се што Тој кажал, не само лично, туку и преку пророците и учителите од Стариот завет. Човечките учења се исклучени. Тука нема места за традиции, ниту за човечки теории и заклучоци или за црковни прописи. Тој налог не опфаќа никакви закони издадени од страна на црковни авторитети. Христовите слуги не треба да проповедаат ништо од тоа. ‘Законот и пророците’, заедно со она што е напишано за Христовите зборови и дела – тоа богатство доверено на учениците требало да го пренесат на светот. Христовото име било нивна лозинка, знак за нивно распознавање, врска на нивното единство, овластување за нивната работа, и извор на нивниот успех. Во Христовото царство не треба да се признае ништо што не носи Негов нат
пис.“ – Копнежот на вековите, 641 (826).
Вторник 18. август
3. СЛУШАЊЕ НА ГЛАСОТ НА СОВЕСТА
а. Од искуството на апостол Павле, колку е важно да се слуша гласот на нашата сопствена совест? Дела 24,16; 1 Тимотеј 1,19; 1 Јованово 3,21.
б. Што ќе се случи ако занемариме да го следиме гласот на совеста? Матеј 6,22.23; Тит 1,15; 1 Тимотеј 4,2.
„Ако човекот еднаш не сака да им се покори на повиците, опомените и укорите на Светиот Дух, неговата совест станува закоравена и вториот пат ќе му биде уште потешко да се покори. И така со секое повторување станува се потешко. Совеста е гласот на Бога кој го слушаме среде судирот на човечките страсти. Спротивставувајќи и се на истата, ние го жалостиме Светиот Дух.“ – 5 Сведоштво, 79 (120).
„Чесност во намерата, сесрдна верност кон Бога, тоа се условите на кои укажуваат зборовите на Спасителот. Бидете искрени и непоколебливи во своето настојување да дојдете до вистината, и да се покорите по секоја цена и тогаш ќе добиете божествено просветлување. Вистинската побожност почнува кога ќе се прекине секоја врска со гревот…
Но ако окото е заслепено со самољубие, насекаде владее само темнина. ‘Но ако окото твое биде расипано, целото тело ќе ти биде темно’ (Матеј 6,23). Токму таква страшна темнина ги обземала Евреите во нивното упорно неверување, и ги спречувала правилно да го сфатат карактерот во мисијата на Оној кој дошол да ги спаси од нивните гревови.“ – Мисли од гората, 93 (91.92).
в. Што да правиме со секој впечаток или идеја кои ни изгледаат дека токму тоа Бог ни го кажува? Јован 5,39; Евреите 4,12.
„Впечатоците и чувствата не се сигурен доказ дека некои личности се водени од Господ. Слични впечатоци и чувства, ако во тоа не го спречиме, може да предизвика и сатаната. Ова не се сигурни водачи. Сите треба со внимателно проучување добро да се запознаат со доказите за нашата вера, за да можат своето исповедање да го украсат со донесување на соодветни плодови на слава на Бога.“ – 1 Сведоштво, 313 (413).
„Ако си во дилема за било кое прашање, најпрвин мораш да се консултираш со Писмото.“ – 5 Сведоштво, 355 (512).
4. ЧЕСНОСТ
а. Каков е Божјиот став кон секоја нечесност и неискреност? Изреки 19,5; Дела 5,3-5.
„Но Бог ја мрзи дволичноста и лагата. Ананија и Сафира го изневериле Бога, го излажале Светиот Дух и нивниот грев бргу и страшно бил казнет.“ – Делата на апостолите, 56 (72).
„Бог сака со строгата казна што ги снашла тие кривоклетници да ни покаже колку длабока е Неговата омраза и презир кон секое преправање и измама.“ – Делата на апостолите, 59 (75).
„Во она што привидно е направено за Бога често има соперничко истакнување на самите себеси и фалбаџиско славење. Бог мрзи преправање. Кога мажите и жените ќе бидат крстени со Светиот Дух, тие ќе ги исповедаат своите гревови и ќе добијат опростување што значи оправдување. Но мудроста на оние што не сакаат да се покаат ниту да се понизат е дека треба да се биде независен, бидејќи се заслепени во поглед на значењето на праведноста и посветување преку вистината. Кога луѓето ќе ги соблечат облеките на самоправедноста, тие ќе ја увидат својата духовна сиромаштија и ќе се приближат кон онаа состојба на братска љубов која ќе покаже дека се во согласност со Христа.“ – Денес со Бога, 326.
б. Што може да се случи кога не сме искрени кон самите себе во проучувањето на Писмото? Езекиел 14,3,4. Што можеме да направиме во врска со тоа? Езекиел 14,6.
„Земајте ја Библијата без предрасуди и во дух на понизност и подготвеност да учите, и отворете го своето срце за влијанието на Светиот Божји Дух. Нека нејзината убедлива сила го обликува вашиот начин на живот и совеста.“ – Библиско ехо, 2. септември, 1895.
„Не пребарувајте ги Светите списи со цел да пронајдете стихови кои можете да ги толкувате за да ги докажете вашите теории, бидејќи Божјиот збор вели дека извртувањето на Писмото е за сопствена погибел. Морате да се испразните од секоја предрасуда и во проучување на Божјиот збор да пристапите во молитвен дух.“ – Темели на христијанското воспитување, 308.
5. КРОТОСТ И ПОНИЗНОСТ
а. Кои основни карактерни особини мора да ги има секој еден од нас кој се учел од Исус? Матеј 11,29; Псалм 22,26; 25,9.
„Кротост и понизност ќе биде карактеристиката на сите кои се послушни на Божјиот закон.“ – Знаци на времето, 22 јули, 1897.
„Ако нашата волја не е во согласност со божествените барања, ние треба да ги отфрлиме нашите склоности, да се откажеме од нашите омилени желби и да тргнеме по стапките на Христа.“ – РХ, 23. октомври, 1900.
„Секој мора да има свое лично искуство и да вложи лични напори за да може да допре до душите. Бог бара од секој поединец да ги вложи сите свои сили во делото и со континуирани напори да се оспособи за работа така што неговото дело да може да биде прифатливо… Сите работници мора да бидат тактични и своите способности да ги потчинуваат на влијанието на Светиот Дух. Мораат да си стават задача да го проучуваат Неговото Слово и да го слушаат Божјиот глас кој им се обраќа преку Неговите живи гласници со укори, поуки и охрабрувања, и тогаш Неговиот Дух ќе ги поткрепи, за да напредуваат како Божји работници во верскиот живот. Така чекор по чекор ќе напредуваат кон поголеми височини и нивната радост ќе биде потполна.“ – 5 Сведоштво, 398 (576.577).
„Ако сте подготвени во Христовото училиште да се учите на кротост и понизност во срцето, Тој сигурно ќе ви даде одмор и мир. Често е потребно да се води тешка борба за да се откажеме од својата волја и својот пат. Но, ако ја научите лекцијата, ќе најдете спокојство и мир. Гордоста, себичноста и амбициите мораат да се победат. Твојата волја мора да исчезне во Христовата волја.“ – Библиски коментари, 458.
Петок 21. август
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Кои докази покажуваат дека сме го чуле Бога?
2. Што Божјиот народ во минатото го спречувало да го слушне Бога?
3. Како можеме да ја одржиме совеста чиста?
4. Како можеме да знаеме дали сме биле искрени со Бога?
5. Што треба да направиме ако откриеме дека нашата волја не е во согласност со Божјите барања?