07 Како да ја проучуваме Библијата
7. лекција – 15. август 2015.
Како да ја проучуваме Библијата
„Најважна е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност.“ – Изреки 4,7.
,,’Кој не сака да работи, тој нека и не јаде’ (2 Сол. 3,10). Истото ова правило може да се примени и на нашата духовна храна; ако некој сака леб на вечен живот треба да вложи некој напор за да го добие.“ – Вера и дела, 49.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 525-533 (593-602).
Недела 9. август
1. ПОТРЕБЕН Е НАПОР
а. Што е потребно при проучување на Библијата? Изреки 2,1-5.
„Ние не можеме да стекнеме мудрост без сериозно, внимателно проучување и молитва. Некои делови на Писмото навистина се премногу јасни за да бидат погрешно разбрани; но има и такви чиешто знаење не лежи на површината за да се види на прв поглед. Треба да се споредува еден библиски текст со друг. Мора грижливо да се истражува, со молитва и размислување. И таквото проучување ќе биде богато наградено. Како што рударот ги открива жилите на скапоцената руда скриена под површината на земјата, така и оној, кој трпеливо ја проучува Божјата реч, како да бара скриено богатство, ќе ја најде вистината со најголема вредност која била скриена од погледот на безгрижниот истражувач.“ – Патот конХриста, 59 (90.91).
б. Можеме ли да останеме задоволни со она што ние самите или пак некои други истражувачи веќе го откриле во Светите списи? Матеј 13,52; Изреки 4,18.
„Ние треба да откриваме нови аспекти на вистината и во Стариот и во Новиот завет, да ја согледуваме извонредната ширина и областите на вистините кои мислиме дека ги разбираме, но за кои имаме само површно познавање. Оној кој искрено ги пребарува Светите списи ќе види дека постои хармонија помеѓу разните делови на Библијата.“ – Библиско ехо, 15.октомври, 1892.
Понеделник 10. август
2. ИСКРЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЌЕ БИДЕ НАГРАДЕНО
а. Што е поважно од интелигенцијата за да правилно ја разбереме Библијата? Матеј 11,25; Псалм 25,9.
„Понекогаш се случува луѓе со интелектуални способности, усовршени со образование и култура, да не успеваат да разберат некои делови од Светото писмо, додека необразованите и неуките чијашто моќ на разбирање се чини слаба сепак ја сфаќаат нивната смисла и наоѓаат сила и утеха во тоа што образованите го прогласиле за неразбирливо и безначајно. Зошто? Ми беше објаснето дека вторите не се потпираат на својот разум. Тие се обраќаат кон Изворот на светлината, кон Оној што го инспирирал Светото писмо и со понизно срце бараат мудрост од Бога и Тој им ја дава. Постојат рудници на вистината кои допрва треба да бидат откриени од страна на сериозните истражувачи. Христос ја прикажал вистината како богатство скриено во полето. Тоа не лежи на површината; мораме да копаме за да дојдеме до него. Но, нашиот успех во пронаоѓањето не зависи толку многу од нашите умни способности, туку од понизноста на нашето срце и од верата која ќе ја добиеме со божествена помош.“ – 5 Свед., 485 (704).
б. Кој ќе ни даде разбирање на основните библиски вистини? Изреки 2,6; Лука 10,21; 24,25. Зошто за нашето спасение не е неопходно да бидеме во можност да знаеме да го објасниме она што е тешко да се разбере во Библијата?
„Мнозина сметаат дека врз нив лежи одговорност дека мораат да ги објаснат сите привидни тешкотии во Библијата, за да се спротивстават на нападите на неверниците и скептиците. Меѓутоа, обидувајќи се да го објаснат она што не можат да го сфатат целосно, тие се изложуваат на опасност да ги збунат другите дури и за оние прашања кои се целосно јасни и кои се лесни за сфаќање. Тоа не е нашата задача. Ниту пак треба да жалиме што постојат вакви тешкотии, туку треба да ги прифатиме како дозволени од страна на Божјата мудрост. Должни сме да го прифатиме Неговото Слово, кое е јасно во сите прашања важни за спасението на душата, и да ги применуваме неговите начела во практичниот живот, учејќи ги другите со зборови и со пример. Така светот ќе види дека сме поврзани со Бога и ќе стекне доверба во Неговото Слово. Со побожен живот, кој секојдневно е пример за исправност, благост и несебична љубов, ние ќе бидеме живо толкување на Божјото Слово и тоа ќе биде еден аргумент во корист на Библијата на кој малкумина ќе бидат во мо
жност да се спротивстават.“ – 5 Сведоштво, 486 (705.706).
Вторник 11. август
3. ИМАЊЕ НА ПРАВИЛЕН СТАВ
а. Каков став треба да имаме кога ќе ја проучуваме Библијата? Псалм 10,17; 46,10; Исаија 57,15.
„При проучувањето на Библијата треба да пристапиме со почит, чувствувајќи дека ние се наоѓаме во присуство на Бога. Се што е неважно и безначајно треба да биде оставено на страна. Додека некои делови од Божјото Слово лесно се разбирливи, вистинското значење на другите делови не е толку лесно да се сфатат. Мора да се проучува трпеливо со побожно размислување и искрена молитва. Секој истражувач, кога го отвора Писмото, треба да побара просветлување од Светиот Дух, а ветувањето дека ќе му се даде е сосем сигурно.
Духот со кој ќе пристапите при истражувањето на Светите списи ќе определи кој ќе ви биде помошник во тоа проучување. Ангелите од светот на светлината ќе бидат со оние кои со понизно срце бараат божествено водство. Но, ако Библијата се отвора со непочитување, со чувство на самодоволност, ако срцето е полно се предрасуди, тогаш сатаната е покрај тебе, и тој јасното излагање на Божјото слово ќе го прикаже во една изопачена светлина.“ – Сведоштво за проповедници, 107.108.
б. Како треба да одговориме на заклучоците на другите луѓе за тоа што вели Библијата? 2 Тимотеј 2,15; Дела 17,11.
„Вистината е вечна, и судирот со заблудата само ја манифестира нејзината сила. Никогаш не треба да го одбиеме истражувањето на Светите списи со оние кои, со причина веруваме, сакаат да знаат што е вистина, како и ние. Да претпоставиме дека еден брат има став кој се разликува од твојот, и тој доаѓа кај тебе, предлагајќи да седнете и заедно да го преиспитате тоа прашање во светлината на Светите списи; треба ли да останете полни со предрасуди и да ги осудите неговите идеи, одбивајќи дури и да го сослушате? Единствен вистински начин би бил да седнете како христијани и предложеното мислење да го преиспитате во светлината на Божјото Слово, кое ќе ја открие вистината и разобличи заблудата. Со исмејување на неговите идеи нема да ја ослабете неговата позиција, иако е погрешна, или да ја зајакнете својата позиција, иако е исправна. Ако столбовите на нашата вера не можат да го издржат тестот на истражувањето, време е тоа да го дознаеме; бидејќи е непромислено да останеме неподвижни во своите идеи, мислејќи дека никој не
треба да се меша во нашето мислење. Се треба да биде проверено со Библијата; бидејќи таа е единственото правило на верата и доктрината.“ – Библиско ехо, 15. октомври, 1892.
а. Како можеме да бидеме сигурни дека кој било дел од Библијата правилно сме го разбрале? Исаија 28,10.13; 2 Коринтјаните 13,1.
„Светото писмо мора да се објаснува со помош на други појасни негови делови… а оваа света Книга е лесно разбирлива за христијанинот во се што му е потребно и дадена е да ја растера темнината. Затоа решивме, со Божја милост, да го сочуваме чистото проповедање на Неговото Слово, така како што е дадено во библиските книги на Стариот и Новиот завет, не додавајќи ништо што би било против него. Ова Слово е единствената вистина. Тоа е сигурно правило на науката на животот. Оној што гради на неговиот темел, ќе се одржи против сите сили на пеколот; сите човечки суети што му се противат на Божјото Слово, нема да се одржат пред Божјото лице.“ – Големата борба, 205 (203).
„Книгата над книгите со право ја заслужува нашата најголема почит и внимание. Површното проучување не може да ги задоволи тие оправдани барања, ниту може да ни ја донесе ветената корист. Ние треба да се стремиме да го научиме вистинското значење на зборовите на вистината и во изобилство да се напојуваме со духот на светите пророштва.“ – Библиско ехо, 1. октомври, 1892.
„Морате длабоко да копате во рудникот на вистината ако сакате да допрете до неговите најголеми богатства. Споредбата на стихот со стихот ќе го открие вистинското значење на текстот; но ако светото учење на Словото Божјо не го направите правило и водич во вашиот живот, и вистината за вас нема да значи ништо.“ – Мојот живот денес, 26 (22).
б. Како Исус го користел овој метод за да се спротивстави на искушенијата на сатаната? Матеј 4,6.7; Исаија 59,19.
„Искушенијата често се чинат незадржливи затоа што се занемарува молитвата и проучувањето на Библијата и што оној кој е подложен на искушение не може веднаш да се сети на Божјите ветувања за да го пречека сатаната со библиското оружје. Но ангелите постојано се наоѓаат околу оние што се подготвени да бидат поучени на божествените работи и во мигот кога имаат голема потреба тие ќе ги потсетат токму на вистините што им се потребни. Така, ‘Ако непријателот надојде како река, духот на Господ ќе го истера’ (Исаија 59,19).“ – Големата борба, 624 (600).
Четврток 13. август
5. ПОЧНЕТЕ СО МОЛИТВА
а. Зошто треба да се молиме пред да ја отвориме Библијата? 1 Коринтјаните 2,11-13; Јаков 1,5; Псалм 10,17.
„Ако не не води Светиот Дух, постојано сме во опасност погрешно да го толкуваме Светото писмо…
Мнозина ја читаат Библијата, но немаат никаква корист од тоа, туку само штета. Ако Божјата реч ја отвораме без страхопочит, ако мислите и љубовта не се насочени кон Бога и не се во согласност со Неговата волја, умот ќе им подлегне на сомневањата и таквото читање на Библијата уште повеќе ќе го зајакне скептицизмот. На тој начин непријателот презема власт над мислите и сугерира толкувања кои не се точни.“ – 5 Сведоштво, 466 (704.705).
б. Чија помош треба да бараме во молитва? Лука 11,9-13. Што ќе направи тој Помошник за нас? Јован 16,13; 14,13.16.17.26.
„Библијата никогаш не смее да се проучува без молитва. Само Светиот Дух може да ни помогне да ја сфатиме важноста на оние работи што лесно можат да се разберат и да не сочува од извртување на оние точки на вистината што тешко се сфаќаат. Службата на небесните ангели се состои во тоа да ги подготват нашите срца за да го разбереме Божјото Слово, да бидеме одушевени со неговата убавина, предупредени со советите и охрабрени и засилени со ветувањата што се наоѓаат во него. Молбата на псалмистот: ‘Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон’ (Псалм 119,18), треба да биде и наша молба.“ – Големата борба, 624 (599.600).
Петок 14. август
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Колку внимание и фокус треба да подариме на проучување на Библијата?
2. Што е поважно од интелигенцијата при проучувањето на Библијата?
3. Како можеме да обезбедиме помош на ангели во разбирањето на Библијата?
4. Зошто искушенијата често не совладуваат?
5. Како секој пат треба да се подготвиме пред да почнеме да ја проучуваме Библијата?