06 Слушање на Божјото Слово

Сподели го ова:

6. лекција – 8. август 2015.

Слушање на Божјото Слово

„Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.“ – Римјаните 10,17.

„Бог ни зборува во Својата Реч.“ – Патот кон Христа, 56 (87). ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 199-213 (197-210).

Недела 2. август

1. ВРХОВЕН АВТОРИТЕТ

а. Колкав авторитет Словото Божјо има над човечките учења? Псалм 119,105; Исаија 8,20.

„Светото писмо е совршено мерило на вистината.“ – Воспитување, 12 (601).

„Секое човечко учење треба да му се потчини на Божјото Слово.“ – Големата борба, 207 (204).

„Господ има за Својот народ само еден пат на сигурност, а тоа е патот на послушноста на Неговото Слово. Тоа Слово ни се дава како наш водич.“ – Библиско ехо, 19. август, 1895.

б. Како можеме да ги користиме нашите сили за размислување и правилно разбирање на Божјото Слово? Исаија 1,16-18; 1 Коринтјаните 1,18.25; 2,14-16.

„Кога ќе ја отвориме Библијата, нашиот разум мора да го признае авторитетот кој е поголем од неговиот, и срцето и умот мора да се поклонат пред големиот ‘ЈАС СУМ’.“ – Патот конХриста, 71 (110).

„Мораме да внимаваме да не го обожаваме разумот кој често е подложен на човечките слабости и немоќи.“ – 5 Сведоштво, 484 (703).

„Кога ќе ја отворите Библијата, имајте посветено расудување и чиста совест. Вашето срце мора да биде поттикнато, душата допрена а разумот и интелектот разбудени од страна на Божјиот Дух; и тогаш светите правила откриени во Божјото Слово ќе и дадат светлина на душата.“ – РХ, 7. февруари, 1893.

Понеделник 3. август

2. СЛУШАЊЕ НА БОГА ПРЕКУ НЕГОВОТО СЛОВО

а. Каков ќе биде резултатот ако лично го слушаме Бога преку Неговото Слово? Второзаконие 4,6; Псалм 119,94.97-100.

„Библијата, таа драгоцена книга, содржи животни правила за луѓето од сите сталежи и сите животни повици.“ – 4 Свед., 321 (416).

„Ние ќе напредуваме во вистинско духовно познавање единствено ако ја сфатиме својата немоќ и својата целосна зависност од Бога. Сите што и пристапуваат на Библијата со цел да се поучат од неа и кои со молитва во срцето ги проучуваат зборовите кои се сместени во неа, ќе добијат божествено просветлување.“ – 5 Сведоштво, 485 (704).

„Пребарувајте ја Библијата лично за себе и вие ќе се утврдите во верата. Најважно е постојано да го прегледувате Писмото, снабдувајќи го својот ум со богатството на Божјите вистини.“ – Библиско ехо, 15. октомври, 1892.

„Конзервативните традиции примени преку образованите луѓе и од трудовите на големите луѓе од минатото, не се безбеден водич за нас во овие последни денови… Секој ден, секој час, ние треба да се управуваме со принципите на Библиските вистини – принципи на правда, милост и љубов Божја. Оној кој сака да има морална и интелектуална моќ мора да се снабдува од божествениот извор. Во секој момент при донесување на одлука мора да се запраша: ‘Дали е ова патот на Господа’.“ – РХ, 7. февруари, 1893.

б. Каква гаранција имаме дека Бог ќе разговара со нас поединечно, преку Библијата? Јован 6,63; Еремија 15,16; Псалм 34,8.

„Речта на живиот Бог не само што е напишана, туку е и изговарана. Библијата е Божји глас кој ни зборува исто толку сигурно како да го слушаме со свои уши. Ако тоа го сфатиме, со каква страхопочит ќе го отвораме Божјото Слово и со каква сериозност ќе ги проучуваме нејзините прописи! Тогаш читањето на Светото писмо и размислувањето за него ќе се смета за состанок и разговор со бесконечниот Бог.

Кога сатаната навалува на нашите мисли со своите сугестии, ние можеме да се засолниме во тајниот шатор на Севишниот ако се придржуваме до начелото: ‘Така вели Господ’.

Многумина се потполно обземени од премногу планови, секогаш активни така што немаат време ниту место за драгоцениот Исус кој сака да им биде близок пријател и драг сопатник. Тие не Му ја доверуваат Нему секоја своја мисла и секоја постапка, распрашувајќи се: ‘Дали е ова Господовиот пат’? Кога би го правеле тоа, тие би оделе со Бога, како што правел Енох.“ – 6 Сведоштво, 293 (393).

Вторник 4. август

3. БИТНА КОМУНИКАЦИЈА

а. Зошто се напишани Светите Списи? Јован 20,31.

б. Ако ние го отфрламе Божјиот глас во Неговото пишано слово, можеме ли да очекуваме дека Тој Својата волја ќе ни ја пренесе преку други средства? Лука 16,31; Изреки 28,9. Зошто?

„Законот и пророците се Божји одбрани средства за спасение на луѓето… Ако тие не го слушаат Божјиот глас кој зборува преку Неговото Слово, тогаш не би било прифатено ниту сведочењето на човек кој би воскреснал од мртвите.

Оние што ќе го послушаат Мојсеј и пророците, нема да бараат поголема светлина од онаа што Бог им ја дал; но, ако ја одбијат светлината, ако пропуштат да ја искористат можноста што им се дава, луѓето нема да го послушаат ниту оној што би дошол од мртвите да им ја објави божествената порака. Не би ги уверил ниту тој доказ, зашто сите што ги отфрлиле законот и пророците ги стврднале своите срца така што ќе ја отфрлат секоја светлина.“ – Христовите поуки, 214 (265).

в. Зошто не можеме да се потпреме на некој друг да го слуша Бога место нас? Езекиел 14,12-14; 33,14-16.

„Вистината мораме да ја проучуваме сами за себе; ниту за еден човек, без оглед кој е тој или на каква положба се наоѓа, не можеме да се потпреме да размислува за нас. Ниту од еден човек не можеме да очекуваме да ни биде совршен водич. Ние треба меѓусебно да се советуваме и потчинуваме едни на други; но во исто време треба и да ги вежбаме своите од Бога дадени способности за да дознаеме што е вистина. Секој од нас лично треба да се моли за божествено просветлување, како би можел да развие карактер кој ќе ја издржи проверката во последниот ден…

Мнозина ќе потонат во мракот на неверство, копајќи во Библијата за да ги поткрепат суеверните измислици, небиблиските теории и шпекулации на празната филозофија; меѓутоа, должност на секој поединец е да бара темелно познавање на Светите списи. Важноста и користа на проучување на Библијата не може да се прецени. Додека ја посматраме Неговата љубов и размислуваме за Неговото понижување и страдањата, истиот дух на самоодрекување и пожртвуваност за доброто на другите ќе пламне и во нашето срце.“ – Библиско ехо, 15. октомври, 1892.

Среда 5. август

4. ИСКУСТВО ОД ПРВА РАКА СО БОГА

а. Зошто жителите на Верија биле пофалени? Дела 17,10-12.

„Никој не може со сигурност да ја довери својата душа на некој проповедник или на оние луѓе кои се учени и талентирани. Исус ги обвинувал свештениците и управителите, кои се сметале за мошне упатени во Светите списи, дека не ги познаваат Писмата ниту силата Божја. Оние на кои Бог им доверил таленти одговорни се за користењето на нивните дарови, и Библијата треба да ја проучуваат како книга која може да се разбере. Нејзиниот едноставен текст се покажал во минатото, а ќе се покаже и во иднината, како мирис животен за живот за многу души. Додека луѓето грижливо ја пребаруваат Библијата таа ќе им отвори нови ризници на вистината кои ќе заблескаат како скапоцен накит во нивниот ум.“ – Знаци на времето, 20. август, 1894.

„Умните способности ако не се користат, ќе престанат да се прошируваат; ако својот духовен вкус – да ја сакаме Библијата – постојано не го поттикнуваме, вистините на Божјото Слово ќе престанат да ни бидат пријатни. Студентот може да ја види длабочината само на она што тој го истражил, и не може да го цени она што го надминува тесниот круг на неговите ограничувања. Меѓутоа, токму неговото незнаење ќе го натера да се вообразува, да биде зборлест и фалбаџија. Што можам да ви кажам, момчиња и девојки, за да ве разбудам на поенергични напори во совладување на пречките? Умните напори ќе ви станат полесни и ќе ви донесат поголеми задоволства ако си поставите задача да ги разберете длабоките Божји вистини. Секој треба да одучи дека нема да биде студент од втора класа, дозволувајќи им на другите да мислат за него.“ – РХ, 20. мај, 1890.

б. Што на Тимотеј му било речено да направи, додека чекал

Павле да се врати? 1 Тимотеј 4,13.15.16.

в. Што им кажал Исус на оние кои ги слушаат Неговите зборови и им се покоруваат? Матеј 7,24.25.

„Оние кои ги слушаат и извршуваат Христовите зборови ѕидаат на карпа, и кога ќе наиде бурата, нивната куќа нема да се сруши. Преку верата во Исус Христос, тие ќе добијат вечен живот.“ – Денес со Бога, 215.

Четврток 6. август

5. ПОДЛАБОКО ПРЕБАРУВАЊЕ

а. Колку длабоко треба да ја проучуваме Библијата? Колосјаните 3,23; 1 Солунјаните 5,21.

„Меѓутоа, малку корист може да се извлече од брзото читање на Писмото. Некој може да ја прочита целата Библија, а пак да пропушти да ја види нејзината убавина или да го сфати нејзиното длабоко и скриено значење. Многу е покорисно да се проучува еден пасус се додека неговото значење не стане целосно јасно, а неговиот однос кон планот на спасението очигледен, отколку да се читаат бројни поглавја без некоја одредена намера и без стекнување на полезни поуки. Библијата нека биде со вас. Кога ќе ви се укаже можност, читајте ја; врежувајте ги текстовите во својата меморија. Дури и кога одите по улица, може да издвоите некој стих и така да го врежете во меморијата.“ – Патот кон Христа, 58.59 (90).

„Вие треба да Му понудите на Бога ништо помалку од најдоброто. Додека стекнатото знаење го применувате во пракса треба да работите се подобро и подобро. Додека тежнеете да проникнете во предметот кој бара истражување, споредувајте ги не само мислите и идеите на луѓето за кои станува збор, туку исто така споредувајте ги и библиските стихови еден со друг за да го сознаете она што треба да го знаете за секоја точка на верата. Таквото оптоварување на умот само ќе ја зајакне вашата ментална моќ за поголеми напори.“ – РХ, 20. мај, 1890.

„Разбирањето на библиските вистини не зависи толку од интелектуалната моќ на оној што проучува колку од искрените намери и од искрената желба за праведност.“ – Големата борба, 624 (599).

Петок 7. август

ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА

1. Кои се условите за добивање на просветлување од Бога додека ја проучуваме Библијата?
2. Кое прашање треба да си го поставиме пред да донесеме било каква одлука ?
3. Какво влијание пребарувањето на Светото Писмо ќе има на нас?
4. Што ќе биде кога не ја познаваме нашата Библија?
5. Наместо да читаме многу библиски поглавја, а притоа ништо да не научиме, како можеме да откриеме длабоки и скриени вистини во Библијата?

Сподели го ова:

Слични објави