05 Божјиот глас во црквата
Божјиот глас во црквата
„Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието? Голема, на секој начин, и пред се што ним им се доверени Божјите објавувања.“ – Римјаните 3,1.2.
„Бог го избрал Израел… да го сочува кај луѓето знаењето за Неговиот закон и за симболите и пророштвата што укажувале на Спасителот… Тие требало да им го откријат Бога на луѓето.“ – Копнежот на вековите, 12 (27).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апост., 147-156 (188-200).
Недела 26. јули
1. БОГ ЗБОРУВА ПРЕКУ ЦРКВАТА
а. Кое било првото упатство кое Исус му го дал на Савле од Тарс по неговото обраќање? Дела 9,6.
„Мнозина имаат идеја дека само пред Христа се одговорни за светлината што ја примиле и за искуствата што ги стекнале, независно од Неговите признати следбеници на земјата… Но Христос ги уважува орудијата што ги наменил за просветлување и за спасување на луѓето; Тој ги упатува грешниците во црквата.“ – Делата на апост., 95 (122).
б. Колку е важно да се слушне Божјиот глас кој зборува преку Неговата црква и соработува со Неговиот народ? Матеј 18,1820.
„Господ има организирано тело преку кое Тој ќе работи.“ – Одбрани пораки 3,17.
„Спасителот на светот не ги одобрува искуствата и верските потфати независно од Неговата организирана и признаена црква… Спасителот го поврзал (Савле) со посредство на Неговата црква на која и дал упатства што да направат со него…
Се било направено во Христово име и Неговиот авторитет; но каналот на комуникација била црквата.“ – Кратки записи од животот на Павле, 31.32.
Понеделник 27. јули
а. Три години подоцна, откако Исус лично го учел, каде Савле (сега наречен Павле) отишол? Галатјаните 1,1.15-19.
„И покрај тоа што бил лично научен од Бога, Павле никогаш немал некое претерано високо мислење за својата вредност. Иако за водство и патоказ се потпирал директно врз Бога, секогаш бил подготвен да го признае авторитетот на целото тело на верниците обединети во членство на црквата.“ – Делата на апост., 156 (200).
„Бог никогаш не одредил умот и расудувањето на еден човек да биде владејачка сила. Тој никогаш не одредил еден човек да управува и планира без внимателно разгледување пратено со молитва на целото тело.“ – Одбрани пораки 3, 16.17.
„Дури и најдобрите луѓе, ако се препуштени само на себе, прават грешки во расудувањето…
Колку поголеми одговорности му се доверени на едно човечко орудие, колку е поголема неговата положба и можноста да заповеда и да контролира, толку поголеми штети ќе направи ако не се придружува внимателно кон Г осподовиот пат и ако не постапува во согласност со одлуките усвоени на генералниот совет на обединетите верници.“ – Делата на апостолите, 155 (198.199).
б. Што се случило во старозаветно време кога од Бога избраното раководство било љубоморно критикувано? Броеви 12,1.2.9.10. Што можеме да научиме од ова?
„Оние кои мислат дека нивниот личен суд е најисправен, се наоѓаат во голема опасност. Сатаната посебно се труди таквите да ги оддели од оние кои претставуваат канали на светлината и преку кои Бог сака да го изгради и да го прошири Своето дело на земјата. Да се занемарат и да се презрат оние што Бог ги одредил да понесат одговорности на водство во делото на ширење на вистината, значи да се отфрлат орудијата што Бог ги одредил да служат како помош, поддршка и сила на Неговиот народ. Секој работник во делото Господово, кој не ги почитува овие луѓе, и кој смета дека светлината не доаѓа ниту на еден друг начин, туку само непосредно од Бога, самиот себеси се става во положба во која непријателот може да го измами и да го совлада. Во Својата мудрост Господ одредил со помош на верниците во црквата, како христијанско братство, сите верници да бидат меѓусебно тесно поврзани, верник со верник, црква со црква.“ – Делата на апостолите, 127 (164).
3. СОРАБОТКА СО ОДЛУКИТЕ НА ЦРКВАТА
а. Со каква почит треба да се прифатат легитимните одлуки на црквата? 1 Петрово 5,5; Евреите 13,17; Изреки 11,14.
„Господ повеќепати ми покажа дека човекот никогаш не треба слепо да се поведува по другите. Никогаш не смееме да мислиме дека мислењето на еден или пак на неколкумина според силата и мудроста е доволно за управување со делото и одредување на упатство за работа. Но, кога на заседанието на Генералната Конференција ќе дојде до израз расудувањето на браќата од целиот свет, тогаш личната независност и суд на поединецот не смеат и понатаму тврдоглаво да се застапуваат, туку мораат да се потчинат. Ниеден работник не смее да мисли дека тоа е некоја доблест, кога останува при своето мислење наспроти одлуката на целата црква.
Меѓутоа, понекогаш се случувало неколку луѓе, на кои им било доверено управувањето на делото во името на Генералната Конференција, да се обидат да остварат некои немудри планови и да го ограничат Божјото дело. Јас тогаш изјавив дека гласот на Генералната Конференција кој го претставувале тие неколку луѓе, не можам да го сметам како Божји глас. Но со тоа не е кажано дека не треба да се почитуваат одлуките на таквата Генерална Конференција, во која би биле застапени правилно избраните делегати од сите делови на полето. Божјиот налог е дека авторитетот на Генералната Конференција кој го сочинуваат ополномоштените претставници од сите краеви на светот треба да се признае. Некои луѓе можат лесно да погрешат ако на мислењето и одлуките на еден човек или на помала група на луѓе им ја даваат таа сила и оној авторитет, кои Бог ги дал на Својата црква, како и на мислењето и на одлуките на Генералната Конференција, на која браќата се собираат да планираат за просперитетот и за напредокот на Неговото дело…
Затоа авторитетот кој често сме склони да го припишуваме на еден човек или на една помала група на луѓе треба да се придава само на највисоката институција во организацијата на црквата.“ – 9 Сведоштво, 196.197 (260.261).
„Најголемата власт под небото Бог ја доделил на Својата црква. Тоа е Божји глас изразен преку Неговиот народ обединет во црква, и тоа треба да се почитува.“ – 3 Сведоштво, 418 (451).
б. Каков став Господ бара црковните водачи да имаат кон своите верници? Филипјаните 2,3-8.
4. ЦРКВАТА НИКОГАШ НЕ ГО ЗАМЕНУВА БОГА
а. Може ли некој службеник или член на црквата да одлучува за личната должност на другите членови? Матеј 20,25-28.
„Сите што го прифаќаат човечкиот авторитет, црковните обичаи или традициите на татковците, треба да го послушаат предупредувањето изречено во Христовите зборови: ‘Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди’ (Матеј 15,9).“ – Копнежот на вековите, 300 (398).
„Толку многу пати ми беше наложувано да му кажам на нашиот народ: имајте вера и доверба во Господа. Немојте да дозволите еден смртен човек да ви одредува должност…
Секој член на црквата мора да знае дека разјаснувањето и упатствата во поглед на својата должност треба да ги очекуваме само од Бога. Добро е кога браќата се советуваат меѓусебно; но кога луѓето како според некој закон пропишуваат што ќе работат нивните браќа, тие нека им одговорат дека го земале Господа за свој советник. Тие што ќе Го бараат понизно, ќе увидат дека им е доволна Неговата благодат. Но кога човекот допушта некој друг да се поставува меѓу него и должноста на која Бог му укажал, кога се потпира на некој друг и дозволува тој да го води, тој се оддалечува од вистинскиот пат и стапнува на една погрешна и опасна патека. Наместо да расте и да се развива, таквиот човек ќе ја изгуби својата духовност.“ – 9 Сведоштво, 210 (279.280).
б. Со кој совет, даден на црковните водачи, исто така треба да се раководи секој член кој доаѓа во искушение да го контролира однесувањето на друго човечко битие? Матеј 23,8,10-12.
„Наместо, злоупотребувајќи ја примената положба само да заповедаат и наредуваат, тие мораат да сфатат дека тие самите се ученици. Ако еден работник не е во состојба да ја сфати оваа поука, тогаш и за него и за Божјото дело ќе биде подобро тој, што порано да биде ослободен од доверените одговорности. Самата положба нема на никого да му даде совршен карактер. Оној што го почитува Бога и ги држи Неговите заповеди ќе биде и самиот почитуван.“ – 9 Сведоштво, 212 (282.283).
„Луѓето кои Господ ги поставил на одговорни положби во Своето дело, мораат да негуваат понизност и секогаш да се чувствуваат зависни од Него. Тие не смеат да копнеат да здобијат што поголем авторитет и углед, зашто Бог не ги повикал да заповедаат, туку да работат советувајќи се со своите соработници.“ – 9 Сведоштво, 203 (270).
а. Која постапка била применета во решавање на конфликтот во раната црква? Дела 15,1-4. Што можеме да научиме од ова?
„Некои од верниците со еврејско потекло со голема сигурност тврделе дека никој не може да биде спасен без обрежување и држење на целокупниот церемонијален закон.
Тоа било важно прашање и во голема мерка ја погодило црквата… Доаѓало до многу расправии и неслоги меѓу членовите, се додека црквата во Антиохија – плашејќи се поради понатамошните расправии по ова прашање и да не дојде до раздор – одлучила Павле и Варнава со уште некои одговорни луѓе од Антиохија да ги испрати во Ерусалим за да престојуваат на претстојните годишни празници. Секоја расправија и дебата околу тоа во меѓувреме требала да престане се додека конечната одлука не ја донесат одговорните луѓе во црквата. Тогаш таа одлука требало универзално да ја прифатат верниците во сите краишта од светот.“ – Кратки записи од животот на Павле, 63.
б. Резимирајте го накратко Петровото излагање по ова прашање. Дела 11,2-17. На што Јаков го базирал својот аргумент? Дела 15,13-17. Кој го решил овој спор? Дела 15,28.
Петок 31. јули
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како да знаеме дека Бог работи и зборува преку организирано тело?
2. Зошто одговорноста за управување со Божјата црква не е доверена на еден човек?
3. Како треба да се однесуваме кон одлуките донесени на заседанието од страна на претставниците на црквата?
4. Што во поглед на личната должност Бог сака да направиме, наместо да се обратиме на некој друг во црквата за совет?
5. Како ние треба да се справиме со спорните прашања во црквата?