04 Божји амбасадори

Сподели го ова:

4. лекција – 25. јули 2015.

Божји амбасадори

„Слушај ја, синко, поуката на својот татко и не отфрлај го заветот на мајка си.“ – Изреки 1,8.

„Божјото незадоволство родителите со ништо повеќе не го предизвикуваат отколку со запоставувањето правилно да ги воспитаат своите деца. Бог им ги дал тие деца како света доверба да ги воспитаат за Него. Во извесна смисла тие пред своите деца стојат на местото на Бога.“ – Знаци на времето, 25. септември, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 313.314.

5 Сведоштво, 494.495.

Недела 19. јули

1. АМБАСАДОРИ НА БОГА

а. Која е пораката на петтата заповед? Излез 20,12.

„Родителите имаат право на љубов и почит повеќе од кој и да е друг. Самиот Бог, кој ги задолжил за душите доверени на нивна грижа, определил родителите во првите години на детскиот живот пред децата да бидат Негови претставници. Затоа, секој што го отфрла законитиот авторитет на родителите, го отфрла Божјиот авторитет.“ – Патријарси и пророци, 313 (308).

б. Како родителите да им помогнат на малите деца? Изреки 22,6.

„Родителите се должни да работат на спасување на оние кои се премногу млади за да ја разберат разликата помеѓу доброто и злото. Тие во никој случај не треба да мислат дека доброто природно ќе преовладува во срцата на нивните деца. Тие внимателно треба да внимаваат на зборовите и постапките на своите деца за непријателот да не се здобие со влијание врз нив.“ – Знаци на времето, 25. септември, 1901.

Понеделник 20. јули

2. СТРАШНА ОДГОВОРНОСТ

а. Како родителите треба да се справат со најсериозната одговорност која некогаш е дадена на човештвото? Ефесјаните 6,4.

„Поради некоја причина многу родители не сакаат на своите деца да им даваат верски поуки, и ги препуштаат во саботна школа да собираат знаење, а нивна привилегија и обврска била да им го пренесат… Бог им заповеда на припадниците на Својот народ да ги воспитуваат своите деца во наука и страв Господов. Што значи во наука и страв Господов? Тоа значи да ги воспитуваат така што во животот секогаш ќе се управуваат според Неговата Реч и дадените поуки. Тоа значи да им помогнат да добијат јасно разбирање за условите за влез во Божјиот град. Портите на Божјиот град нема да бидат отворени за сите кои сакаат да влезат таму, туку само за оние кои се поучувани да ја знаат Божјата волја и кои ги предале своите животи на Негова контрола.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 109.

„Љубезно, искрено и нежно родителите треба да се залагаат за своите деца, негувајќи ја секоја добра особина и потиснувајќи ја секоја зла особина која се развива во нивниот карактер.“ – Знаци на времето, 25 септември, 1901.

„Никаква друга работа не би смеела да ви биде толку важна за да ве спречи на своите деца да им го посветите сето потребно време, за да можете да им помогнете да сфатат што значи да се слуша и целосно да се доверат на Господа.“ – Адвентен дом, 124 (183.184).

б. Кој го поучувал Тимотеј во неговиот дом, и како тие учители влијаеле на неговиот живот кога бил уште дете и во доба на младоста? 2 Тимотеј 1,5; 3,15.

„Таткото на Тимотеј бил Грк, а мајка му Еврејка. Тој уште од дете ги познавал Светите списи. Побожноста што ја видел во својот дом била здрава и разумна. Верата на неговата мајка и баба во светите пророштва за него претставувала постојан потсетник на благословите што произлегуваат од исполнувањето на Божјата волја. Божјата Реч била правило според кое тие две побожни жени го воделе Тимотеја. Духовната сила на поуките што ги добил од нив го сочувале чист во зборовите и неизвалкан со лошите влијанија со кои бил опкружен. Така неговите домашни учители соработувале со Бога, подготвувајќи го да го носи товарот.“ – Делата на апостолите, 158 (203).

а. Која е целта на дисциплината? Псалм 144,12; Изреки 25,28; 16,32.

„Целта на дисциплината е детето да се обучи да владее со себе. Тоа треба да се научи на самодоверба и самоконтрола… Помогнете му да согледа дека се е подложно на одредени закони и дека непослушноста на крајот доведува до пропаст и страдање…

Вистинската цел на укорот се постигнува дури кога самиот престапник ќе биде наведен да ја согледа својата грешка и кога неговата волја ќе се согласи да ја исправи. Кога ќе го постигне ова, укажете му на изворот на простување и сила.“ – Совети за правилно воспитување на детето, 167 (223).

„Едно дете, кое е правилно дисциплинирано во начелата на вистината, кому љубовта и стравот Божји му се проткаени во карактерот, ќе поседува сила за добро во овој свет, која не може да се процени.“ – Совети за правилно воспитување на детето, 120 (163).

б. Како треба да се дисциплинираат децата доверени на наша грижа? Изреки 29,15; Колосјаните 3,21.

„Прво резонирајте со своите деца, јасно укажувајќи на нивните грешки, втиснувајќи го врз нивниот ум фактот дека тие не само што имаат згрешено против вас, туку и против Бога. Со срце полно со сочувство и жал за твоите деца кои грешат, моли се за нив пред да ги казнуваш. Тогаш тие ќе видат дека не ги казнуваш затоа што ти причинуваат непријатност, или пак затоа што вие сакате да го истурите своето незадоволство врз нив, туку дека тоа е сторено од чувство на должност, за нивно добро; и тие ќе ве сакаат и почитуваат.“ – Совети за правилно воспитување на детето, 189 (252.253).

„Големо внимание родителите треба да покажат да не ги третираат нивните деца на таков начин што ќе предизвикаат тврдоглавост, непослушност и бунт. Родителите често ги поттикнуваат најлошите страсти на човечкото срце поради нивниот недостаток на самоконтрола. Поправајќи ги во духот на гнев и лутина, тоа кај нив повеќе го поттикнува постојното зло и духот на инает, отколку што влијае на добро.“ – РХ, 15. ноември, 1892.

„Родители, никогаш не постапувајте импулсивно. Никогаш не го поправајте вашето дете кога сте лути; зашто ако го направите ова, ќе го обликувате според вашиот лик – импулсивно, страсно и неразумно. Цврстината можете да ја покажете без насилни закани или прекори.“ – Записник од австралиската унија, 6. септември, 1909.

а. Која заповед им е дадена на сите деца да ги почитуваат своите родители? Ефесјаните 6,1. Што родителите можат да научат од советите дадени на учителите?

„Волјата на родителите, кога е во согласност со волјата на Бога, за децата треба да биде закон.“ – РХ, 18. декември, 1900.

„Небесните гласници се пратени да им служат на оние кои ќе го наследат спасението; и тие ќе разговараат со учителите, ако тие не се задоволуваат да одат по заталканите патишта на традициите, ако истите нема толку да се плашат да излезат од сенката на овој свет. Учителите треба да внимаваат да не ја затворат вратата и со тоа да Му оневозможат на Господа да најде влез во срцата на младите.“ – 6 Сведоштво, 120 (161).

б. Што треба да правиме кога ќе го анализираме она што требало да го направиме во детството? 1 Солунјаните 5,21.

„Кај сите што биле одбрани да извршат некое дело за Бога, се забележува човечки елемент. Но тие не смееле да останат неизменети во своите навики и во карактерот, задоволувајќи се со тоа да останат во таа состојба. Тие најсесрдно се труделе од Бога да примат мудрост и да научат како треба да работат за Него. Апостолот кажува: ‘Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде’ (Јаков 1,5). Бог не им дава на луѓето небесна светлина се додека тие се задоволни со себе и наклонети да останат во темнина. За да може да ја прими Божјата помош, човекот мора да ја увиди својата слабост и нецелосност; тој мора својот дух да го прилагоди кон онаа голема промена што треба да се изврши во него; тој мора да биде поттикнат на сесрдна молитва и на истрајни напори. Лошите навики и обичаи треба да се отфрлат; само со решително настојување таквите заблуди да се исправат и да им се подложат на исправните начела, може да се извојува победа. Мнозина никогаш не ус
певаат да дојдат до онаа положба која инаку би можеле да ја заземат само затоа што очекуваат Бог да го стори за нив она што самите можат да го сторат со силата што Тој им ја дал. Сите што се способни да заземат некоја корисна положба во животот, мораат да поминат низ најтешка духовна и морална дисциплина и Бог ќе им помогне обединувајќи ја својата божествена сила со нивните човечки напори.“ – Патријарси и пророци, 251 (248).

в. Колку генерации на нашите предци ќе имаат влијание врз нашите навики? Излез 20,5.

5. ПОБЕДАТА Е МОЖНА

а. Кога Мојсеј бил млад човек, каков избор тој направил? Што му овозможило да ги надмине последиците од својот живот во Египет? Евреите 11,24-27.

„Мојсеј бил научен на многу нешта кои тој требало да ги заборави. Влијанијата што го опкружувале во Египет – љубовта на неговата хранителка и втора мајка – високата положба што ја заземал како царев внук, распуштениот живот во се, превејаното мудрување, препреденоста, мистичноста на лажната вера, раскошот на идолското обожавање, свечената величественост на архитектурата и скулптурата – сето тоа оставало длабок впечаток врз умот при неговиот развој и до извесна мерка ги вообличувало неговите навики и неговиот карактер. Тие впачатоци можело да ги избрише само времето, промената на околината и постојаното одржување на врска со Бога. И самиот Мојсеј од своја страна морал да се бори како човек што се бори за животен опстанок, да ја отфрли заблудата и да ја прифати вистината, но кога таа борба би станувала премногу тешка за човечката сила, Бог бил негов помошник.“ – Патријарси и пророци, 251 (248).

б. Како можеме да ги охрабриме нашите деца да го совладаат гревот? 2 Петрово 1,4; 1 Коринтјаните 15,57.58; Изреки 24,16 (последен дел).

„Нека децата и младите бидат поучени дека секоја грешка, секоја мана, секоја тешкотија што сме ја совладале, станува скалило кон она што е подобро и повозвишено. Со такви искуства постигнале успех сите кои некогаш живееле живот вреден за живеење.“ – Совети за детето, 191 (255).

Петок 24. јули

ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА

1. Кога зборовите на родителите за нивните деца се како Божји глас?
2. Како можеме да ги воспитаме децата во науката и стравот Г осподов?
3. Што мораме да постигнеме за да бидеме успешни кога ги дисциплинираме и воспитуваме децата?
4. Низ која голема промена мораме да поминеме за да може Бог да не употреби?
5. Како можеме да ги победиме лошите навики кои сме ги формирале во детството?

Сподели го ова:

Слични објави