03 Божјиот глас во природата
3. лекција – 18. јули 2015.
Божјиот глас во природата
„Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни.“ – Јов 37,5.
„Погледнете ги само чудесата и убавините на природата… Сончевата светлина и дождот што ја оживуваат и ја освежуваат Земјата, ритчињата, морињата и рамнините – сето тоа ни зборува за љубовта на Творецот.“ – Патот кон Христа, 6 (9).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 97-103 (113-120).
Здравје и среќа, 29-33 (50-58).
Недела 12. јули
1. УНИВЕРЗАЛЕН ГЛАС
а. Каде во светот на природата Божјиот глас не може да се слушне? Псалм 19,1-3.
„Природата им зборува на (нашите) сетила дека постои еден жив Бог, Творецот, Врховен Владетел над се што постои… Убавината што ја краси земјата е знак на Божјата љубов. Неа можеме да ја гледаме во вечните ридови, во високите дрвја, во отворањето на пупките и нежните цвеќиња. Сето тоа ни зборува за Бога.“ – Патријарси и пророци, 23 (48).
б. Каква порака природата им упатува на луѓето ширум светот? Римјаните 1,20.
„Оние кои имаат вистинско знаење за Бога никогаш нема да станат толку занесени со законите на материјата или начинот на кој природата функционира, да го превидат или одбијат да го признаат сознанието за постојаното делување на Бога во природата. Природата не е Бог, ниту пак некогаш била. Г ласот на природата сведочи за Бога, но природата не е Бог. Како негово создадено дело, таа претставува едноставно сведоштво за Божјата сила.“ – Одбрани пораки 1, 293.
Понеделник 13. јули
2. ПОУКИ ОД ПТИЦИТЕ
а. Што Бог не учи преку однесувањето на орелот? Исаија 40,31.
„Бурата понекогаш го принудува алпскиот орел да се спушти во тесните планински процепи. Тешките облаци ја опкружуваат оваа моќна планинска птица, нивните темни маси ја одвојуваат од сончевите висини во кои таа го направила својот дом. Нејзините напори да се избави изгледаат залудни. Таа се залетува таму ваму, распорувајќи го воздухот со своите моќни крилја и будејќи го екотот на планината со своите крици. Конечно, со победнички восклик, се вивнува кон височините и, пробивајќи ги облаците, повторно избива на јасната сончева светлина, додека темнината и бурата остануваат длабоко под неа. Така и ние можеме да бидеме опкружени со тешкотии, обесхрабрување и темнина. Можат да не опколат лаги, неволји, неправди. Залудно се бориме против околностите. Сепак, постои еден, и тоа само еден пат да се победи. Испарувањата и маглите се припиваат до земјата; но над облаците сјае Божјата светлина. На крилјата на верата ние можеме да се издигнеме во светлината на Неговото присуство.“ – Воспитување, 101.102 (118.119).
б. Која уште една поука можеме да научиме гледајќи на птиците? Матеј 6,25.26.
„Природниот свет, сам по себе, нема никаква друга сила освен онаа со која Бог ја снабдува.“ – Одбрани пораки 1, 293.
„Птиците се учители на милозвучната поука за довербата. Нашиот Небесен Отец се грижи за нив; но тие мораат да ја собираат храната, мораат да ги градат своите гнезда и да ги подигаат своите млади. Секој миг тие се изложени на непријатели кои настојуваат да ги уништат. А сепак, колку радосно се занимаваат со својата работа! Колку се полни со радост нивните песни!“ – Воспитување, 101 (117).
„Да не се жалиме и тагуваме затоа што во овој живот не сме ослободени од разочарувања и неволји. Ако во Божјото провидение сме повикани да поднесеме искушенија, треба да го примиме крстот и да ја испиеме горчливата чаша, знаејќи дека Татковата рака ја става на нашите усни. Треба да се надеваме на Него во темница, како и во текот на денот.“ – 5 Сведоштво, 214 (316).
3. ВЕРА КОЈА РАБОТИ
а. Кои други поуки за доверба Бог исто така сака да ги научиме од природата? Матеј 6,27-30. Дали треба да посветиме повеќе интерес, време и напор да му служиме на Бога или за исполнување на нашите секојдневни световни потреби? Матеј 6,30-33.
„Оној што ви го подарил животот, знае дека вам ви е потребна и храна за да го одржите. Оној кој го создал телото, не заборава дека ви е потребна и облека. Зарем Оној кој го дал најголемиот дар нема исто така да даде се што е потребно тој дар да биде комплетен?“ – Мисли од гората, 96 (97).
„Божјиот закон е закон на љубовта. Тој ве опкружил со убавина која треба да ве поучи дека на земјата не сте поставени само да копате и да градите за себе, да се мачите и ткаете, туку со Христовата љубов да го направите животот посветол, радосен и убав – слично на цвеќето, со служба на љубовта да го развеселувате животот на другите.“ – Мисли од гората, 98.
б. Какви поуки можеме да научиме од некои други Божји созданија? Изреки 6,6-11; 30,25-28 (спореди со 2 Сол. 3,10).
„Мравките даваат поука за трпелива трудољубивост, за истрајност во совладување на пречките, за промисла за иднината.“ – Воспитување, 101 (117).
„Во живеалиштата кои ги градат за себе мравките покажуваат вештина и истрајност. Понекогаш тие се мачат само за една трошка, но во тоа покажуваат чудесна посветеност и истрајност. Соломон ги прикажува во светот како укор за оние кои своето време го поминуваат во грешно безделничење, во навиките кои ги расипуваат и телото и душата. Мравката подготвува за идните времиња. Ова е поуката која мнозина надарени со силата на разумот ја занемаруваат. Тие не успеваат целосно да се подготват за идниот бесмртен живот кој Бог во Своето провидение го обезбедил за паднатиот човечки род.“ – Коментари на библиските текстови, 283.
„Исус истакнува дека напорот е неопходен и дека не не ослободува од трудот, но Тој поучува дека Тој треба да ни биде прв, последен и најдобар во се. Не треба да се впуштаме во такви работи и планови, ниту да копнееме по такви задоволства кои би можеле да пречат на делувањето на Неговата правда на нашиот карактер и на животот. Што и да правиме, треба да биде направено од срце, како за Господа.“ – Мисли од гората, 100 (99).
4. ДА БИДАТ КАКО ДРВОТО
а. Зошто е толку важно нашето проучување на природата? Што можеме да научиме за Бога? Псалм 111,4.6-8; Исаија 40,26.
„Колку време интелигентните луѓе посветуваа на коњските трки, фудбалските и другите натпревари! Меѓутоа, дали задоволствата кои ги даваат овие спортови ја поттикнуваат кај своите љубители желбата да дознаат нешто за вистината и правдата? Дали тоа ќе ги наведе да го сочуваат Бога во своите мисли и да се запрашаат: Како стојам со мојата душа?…
Бог ги повикува Своите созданија да го свртат своето внимание од конфузијата и збунетоста со кои сме опкружени и да се восхитуваме на делата на Неговите раце. Додека ги проучуваме Неговите дела, небесните ангели ќе бидат покрај нас да го просветлат нашиот ум и да не заштитат од измамите на сатаната. И додека гледаме на прекрасните нешта, што Божјата рака ги направила, нека вашите горделиви и неразумни срца ја почувствуваат својата зависност и инфериорност.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 378.
б. Со што се споредува христијанинот? Псалм 1,1-3; 92,12.13.
„Палмата го претставува животот на еден христијанин. Таа високо се исправува и зеленее среде топлиот пустински песок, и не умира; затоа што ја црпи својата храна од изворите на животот кои се наоѓаат длабоко под површината.“ – Коментари на библ. текст., 266.
в. Кои се некои од практичните поуки кои можеме да ги научиме од природата?
„Многубројни се поуките кои на овој начин можат да се научат (од природата). Самостојноста, од дрвото кое, растејќи само во рамнина или на падината на некој рид, ги пушта своите корени длабоко во земјата и со својата сурова сила и пркоси на бурата. Моќта на влијанието во раните години – од безоблично стебло полно со јазли кое се искривило додека била млада садница и на кое никаква земна сила веќе не може да му ја врати загубената симетрија. Тајната на светиот живот – од водениот лилјан кој, од површината на некој матен вир, опколен со плевел и отпадоци, го пушта своето шупликаво стебло се до чистиот песок на дното и, извлекувајќи го од таму својот живот, ги подига своите мирисни цветови кон светлината во беспрекорна чистотија.“ – Воспитување, 103 (119).
5. КАКО ДА ГИ РАЗБЕРЕМЕ ПОРАКИТЕ ОД ПРИРОДАТА
а. Чие водство ни е потребно за да ги разбереме пораките од природата? Јован 16,13; 14,26.
„Научете ги (децата) во целата природа да забележуваат докази кои насекаде се манифестираат во природата за Божјата грижа кон нас, која прекрасно се прилагодила на нашите потреби и среќа.
Само оној кој во природата го препознава делото на својот Татко, кој во богатството и убавината на земјата го чита Татковиот ракопис – само тој од се што е во природата извлекува најдлабоки поуки и само нему се што е во природата му служи на највозвишен начин. Само оној кој на сето тоа гледа како на израз на Божјата мисла, откровение на Создателот, може целосно да го процени значењето на ридот и долината, реката и морето.“ – Воспитување, 103 (119.120).
6. Кој настан најјасно не учи на пораките на природата? Јован 1,4.
„Поуките на природата можат правилно да се прочитаат само во светлината што сјае од Голгота. Историјата на Ветил и на крстот нека покажат како доброто ќе го надвладее злото и како секој благослов што го примаме е дар на откупувањето.
Злото кое расипува и уништува е претставено со боцки и трње, со плевел и троскот. Во птицата што пее и отворањето на цветот, во дождот и сонцето, во летното ветерче и нежната роса, во десетици илјади предмети во природата, од дабот во шумата до темјанушката што цути при неговиот корен, се гледа љубов која обновува. И природата се уште ни зборува за Божјата добрина.“ – Воспитување, 87 (101).
Петок 17. јули
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Што и денес Бог се обидува да ни каже преку природата?
2. Како птиците можат да не научат на поуки за доверба во Бога?
3. Што можеме да научиме од мравката, едно од најмалите суштества?
4. Кои се некои од поуките кои можеме да ги научиме и од дрвјата?
5. Како Бог денес ни ги објаснува пораките кои се наоѓаат во природата?