02 Практично слушање
2. лекција – 11. јули 2015.
Практично слушање
„Сфатете ја мудроста, вие неискусни, а вие неразумни, вразумете го срцето.“ – Изреки 8,5.
„Гласот на должноста е Божји глас – вроден, од небото испратен водач. Без разлика дали ни е пријатно или непријатно, треба да ја извршиме должноста која стои директно на нашиот пат.“ – РХ, 29. декември, 1910.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 3 Сведоштво, 485-506 (521-544).
Недела 5. јули
1. БОЖЈИОТ ГЛАС ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ
а. На кој вообичаен начин Бог ни ја открива Својата волја за нас? Лука 17,10. Можеме ли безбедно да го игнорираме овој метод на Божјата комуникација?
„Никој не може ‘со срцето да верува за оправдание’ и да добие оправдување со вера, додека во пракса продолжува да ги прави оние работи кои Божјиот збор ги забранува или додека ја запоставува било која позната должност.“ – Одбрани пораки 1, 396.
„Меѓутоа, додека не ја извршил занемарената должност за која знаел, (Мојсеј) не можел да биде сигурен, зашто во тој случај Божјите ангели не би можеле да го штитат.“ – Патријарси и пророци, 258 (256).
„Должноста не признава никакво ривалство, ниту влегува во компромис со која било противничка сила. Ниту најдрагоцените пријатели и роднини не смеат да се поставуваат помеѓу вашата должност и вашиот Бог. Гласот на должноста е Божјиот глас во нашата душа.“ – РХ, 7. јуни, 1887.
б. Зошто господарот бил незадоволен од слугата на кого тој му дал еден талент? Матеј 25,26.27; Лука 16,10.
„Со неверност дури и во најмалите должности, човекот Го лишува својот Творец од службата што Му ја должи.“ – Христовите поуки, 299 (356).
Понеделник 6. јули
а. Зошто богатиот млад владетел не сакал да го направи она што Исус побарал од него да го направи? Матеј 19,21.22. Кои две можности Бог ги користел за да не поучи на нашата должност?
„Човекот или жената кои го напуштаат местото кое од Бога им е дадено, за да ги задоволат своите склоности, и постапуваат според планот кој самите го смислиле, ќе се разочараат, бидејќи го избираат својот сопствен пат наместо Божјиот пат.“ – Синови и ќерки Божји, 175.
„Има поединци кои јасно ќе ја разберат својата должност, кога нивната должност би била во склад со нивните природни склоности. Разумот и околностите можат јасно да укажат на нивната должност; но кога патот на должноста не е во согласност со нивните склоности, тие овие докази често ги оставаат настрана.“ – Стражар (списание) 1. септември, 1908.
„Оние кои ги занемаруваат Божјите барања во овој живот не би го почитувале Неговиот авторитет ниту кога би се нашле на небото.“ – 4 Сведоштво, 239 (312).
б. Зошто Бог понекогаш се воздржува да ни ја открие Својата волја? Исаија 59,1.2; Псалм 81,11.12; Јован 7,17.
„Не може да му се помогне на човекот, жената или на детето кои не сакаат да го послушаат гласот на должноста; бидејќи гласот на должноста е гласот на Бога. Кога луѓето и жените одбиваат да го послушаат божествениот совет и продолжуваат по патот кој најмногу им се допаѓа, нивните очи, уши и срцето стануваат толку нечувствителни, така што на нив повеќе не може да се влијае.“ – Синови и ќерки Божји, 175.
в. Која е обично причината да не го слушаме Бога? Второзаконие 1,43; 1 Самуил 15,23.
3. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПОСРЕДНИК
а. Дали ние треба да чекаме некој друг да не поучува која е Божјата волја? Јаков 1,5.6.
„Одговорноста за своите должности не треба да ја префрламе на другите и да чекаме тие да ни кажат што треба да правиме. Не можеме да зависиме за совет од луѓето. Господ ќе не поучи на нашите должности исто толку волно како што ќе ги поучува и другите. Ако дојдеме кај Него со вера, Тој лично ќе ни зборува за Своите тајни. Срцето ќе гори во градите кога Тој ќе се приближи да комуницира со нас исто како што направил со Енох. Оние кои се подготвени да не прават ништо што не Му е угодно на Бога, ќе знаат како во молитва да го изнесат својот случај пред Него, по кој пат да тргнат. Тие ќе добијат не само мудрост, туку и сила. За да можат да послушаат и верно да ја извршуваат својата служба, ќе им биде подарена силата која Христос им ја ветил.“ – Копнежот на вековите, 518 (668).
б. Што ни е ветено кога бараме водство од Бога? Изреки 3,5-7.
„Кога ќе се појави збунетост и кога ќе се соочите со потешкотии, не очекувајте помош од луѓе. Доверете Му се на Бога. Обичајот за нашите неволји да им зборуваме на други не прави само послаби, а не ги зајакнува ниту нашите ближни. Со тоа и ним им го наметнуваме товарот на нашите духовни слабости од кои тие не можат да не ослободат. Ние бараме сила од погрешив, ограничен човек, кога можеме да добиеме сила од непогрешливиот, бесконечен Бог…
„Ние треба да имаме многу помалку доверба во она што може да го стори човекот, а многу повеќе доверба во она што може Бог да го направи за секоја душа која верува. Тој копнее да очекувате големи нешта од Него. Тој копнее да ви даде разбирање во земните како и во духовните работи. Тој може да ја изостри вашата интелигенција, да ви даде тактичност и вештина.“ – Христовите поуки, 109.110 (146).
„Зарем Бог не ветил дека ќе им го даде Светиот Дух на оние кои тоа го бараат од Него. И нели е тој Дух навистина најдобриот водич? Некои луѓе изгледа се плашат да го држат Господа за Неговиот збор, како тоа да е пречекорување на дозволеното. Тие се молат Господ да ги поучи, а сепак се плашат да покажат доверба во Неговиот даден збор и дека сме биле поучени од Него. Значи, додека доаѓаме кај нашиот небесен Отец понизно и со дух да бидеме поучени, зошто тогаш да се сомневаме во исполнување на Неговите ветувања.“ – Коментари на библиските текстови, 278.
4. БОЖЈИОТ СТАВ КОН НАС
а. Кои Христови зборови ни ја откриваат подготвеноста на Отецот лично да не поучува во поглед на Неговите патишта и намери? Матеј 7,7-11.
„Бог сака Неговите деца да го бараат тоа што ќе му овозможи преку неговиот живот да ја открие Својата благодат на светот. Тој сака тие да го бараат Неговиот совет, да ја признаат Неговата сила. Од сите, за кои го дал Својот живот, Христос со љубов бара да се покоруваат на Неговата волја ако сакаат да учествуваат во радостите што Тој ги подготвил за сите кои овде го рефлектираат Неговиот карактер. Добро е да бидеме свесни за своите слабости, зашто во тој случај ќе бараме сила и мудрост кои Отецот со задоволство ни ги дава како на Свои деца за да победиме во секојдневната борба против силите на злото.“ – 9 Сведоштво, 213 (284).
б. Колку е трпелив Бог кога се обидува да комуницира со нас? Римјаните 14,5 (втор дел); 2 Петрово 3,9.
в. Колку трпеливи и ние треба да бидеме со другите во нивното разбирање на Божјите патишта? Матеј 7,12; Ефесјаните 4,2; Лука 6,37.
„Како слободни агенти на Бога, сите треба да бараат мудрост од Него. Ако ученикот во целост зависи од туѓите мисли и ако само ги прифаќа другите планови, тогаш тој гледа низ очите на туѓ човек и претставува само ехо на туѓи мисли. Бог со луѓето постапува како со одговорни суштества. Тој со Својот Дух делува на умот што му го дал на човекот, доколку човекот Му даде можност и доколку ги сфаќа Неговите постапки. Божја намера е секој човек за себе да го употребува својот ум и својата совест. Тој не одредил некој човек да стане сенка на друг човек и да ги имитира чувствата на другите…
Луѓето поединечно Му се одговорни на Бога, и секој човек треба да постапува како што го поттикнува Бог, а не да се поведува по мислењето на другите.“ – 5 Сведоштво, 499 (724.725).
„Никој не смее да владее со туѓиот разум, да расудува за друг, ниту на друг да му припишува должност. Бог на секоја душа и дава слобода да размислува и да се придржува до сопственото убедување… Никој нема право својата личност да ја интегрира со личноста на некој друг.“ – Копнежот на вековите, 420 (550).
Четврток 9. јули
5. КАКО БОГ ГИ КОРИСТИ ВПЕЧАТОЦИТЕ
а. Покрај тоа што не води преку гласот на должноста, на кој друг начин Бог ни зборува? Исаија 30,21. Како Бог ја водел Марија преку впечатоците на Светиот Дух?
„Марија не ја сфатила вистинската смисла на својата постапка која произлегувала од љубовта. Таа не можела да им одговори на своите обвинители. Не можела да објасни зошто ја одбрала таа прилика за да Го помаже Исуса. Светиот Дух планирал за неа и таа се потчинила на Неговиот налог. Вдахновението слегува не давајќи објаснување. Тоа е невидливо и како такво му се обраќа на разумот и душата и го поттикнува срцето на делување. Тоа е оправдување само за себе.“ – Копнежот на вековите, 428 (560).
„Друг начин со кој го слушаме Божјиот глас е преку апелите на Неговиот Свет Дух, кој делува на срцето, а тоа делување се покажува и во карактерот.“ – 5 Сведоштво, 355 (512).
„Совеста е гласот на Бога кој го слушаме среде судирот на човечките страсти. Кога ќе и се спротивставиме, ние го жалостиме Божјиот Дух.“ – 5 Сведоштво, 79 (120).
„Бог ни зборува преку делата на Неговото провидение и преку влијанието на Својот Дух врз нашите срца.“ – Патот кон Хр., 56 (87).
6. Според кој стандард треба да ги оценуваме нашите впечатоци? Исаија 8,20.
„Библијата… ја открива должноста на човекот во сите животни околности.“ – 4 Сведоштво, 239 (312).
„Ако си во дилема за било кое прашање, најпрвин мораш да се консултираш со Писмото.“ – 5 Сведоштво, 355 (512).
Петок 10. јули
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Каква е нашата духовна состојба ако ја занемариме било која должност која ни е позната?
2. Како треба да утврдиме што ни е должност?
3. Што мораме да направиме со цел да ја дознаеме нашата должност?
4. Каков е односот помеѓу должноста и индивидуалноста?
5. Како Бог ги користи впечатоците? Како можеме да ги злоупотребиме?