01 Можам ли да го добијам вашето внимание?

Сподели го ова:

1. лекција – 4. јули, 2015.

Можам ли да го добијам вашето внимание?

“Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив?“ – Исаија 5,4.

“Божјото срце копнее за Неговите земни деца со љубов, која е посилна од смртта. Давајќи го Својот Син, во тој еден дар Тој ни го подарил целото Небо. Животот на Спасителот, Неговата смрт и посредување, службата на ангелите, заземањето на Духот, делувањето на Отецот над и преку сите, непрекинатиот интерес на небесните суштества – сето тоа е ставено во служба за откуп на човекот.“ – Патот кон Христа, 14 (21).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаци на времето, 15. април, 1889.

Недела 28. јуни

1. РАЗГОВОР СО БОГА

а. Дали Бог сака да комуницира со луѓето? Дела 17,27; Исаија 65,1.

“Што можат да мислат небесните ангели за бедните беспомошни човечки суштества кои се соочуваат со искушенија, за суштествата кон кои Божјото срце чувствува безгранична љубов и е готово да им подари повеќе отколку што би можеле да побараат или замислат, а кои толку малку се молат и имаат толку малку вера? Ангелите сакаат да се поклонуваат пред Бога; тие сакаат да бидат во Негова близина. Тие разговорот со Бога го сметаат за најголема радост; но сепак децата на оваа Земја, на кои толку многу им треба помош, која само Бог може да им ја даде, како да се задоволни што одат без светлината на Неговиот Дух, без придружба на Неговото присуство.“ – Патот конХр., 61 (94).

б. Со колкумина од нас Бог сака лично да комуницира? Евреите 8,11; Псалм 4,3 (последен дел).

“Спасителот чувствува бескрајна нежност кон душите што ги откупил со сопствената крв. Тие се своина на Неговата љубов. Тој гледа на нив со неискажлив копнеж.“ – Копнежот на вековите, 396 (517).

Понеделник 29. јуни

2. БОГ САКА ДА РАЗГОВАРА СО ПОСВЕТЕНИ ЛУЃЕ

а. Како Бог зборувал со Мојсеј? Излез 33,11 (прв дел). Каков човек бил Мојсеј кога Бог зборувал со него лице в лице? Броеви 12,3; Евреите 3,1.2.

„’Качете се кај Мене на гората’ – ни наложува Бог. Пред да стане Божјо орудие за избавување на Израелскиот народ, на Мојсеј му биле назначени четириесет години на дружење со Него во осаменоста на планината. Пред да ја однесе Божјата порака на фараонот, тој зборувал со ангел во разгорената грмушка…
И ние, исто така, мораме да имаме време издвоено за размислување и молитва во кое ќе примиме духовно освежување. Ние не ја цениме силата и ефикасноста на молитвата колку што би требало. Молитвата и верата ќе го сторат она што никаква земна сила не може да го постигне.“ – Здравје и среќа, 406.407 (508.509).

б. Каква личност бил Самуил кога Бог првпат зборувал со него? 1 Самуил 3,1 (прв дел). Зошто Самуил не го препознал Бога кога Тој првпат го повикал? 1 Самуил 3,4.5.7.

„(Самуил) бил љубезен, великодушен, послушен и полн со почит… (Тој) бил услужлив и срдечен.“ – Патријарси и пророци, 606.607 (573).

в. Каква личност бил Корнелиј кога Бог зборувал со него во визија? Дела 10,1.2. Како Корнелиј одговорил на Божјата порака? Дела 10,7.8.

„Корнелиј бил римски капетан. Бил богат и од благородно потекло и заземал доверлива и почесна положба. Незнабожец по раѓање, воспитување и образование, благодарение на својот контакт со Евреите тој се здобил со сознание за Бога и Му се молел со сето срце, покажувајќи ја со сожалување кон сиромасите искреноста на својата вера. Бил надалеку прочуен по својата дарежливост и со својот праведен живот стекнал добар углед и меѓу Евреите и меѓу незнабожците. Неговото влијание претставувало голем благослов за сите со кои доаѓал во контакт.“ – Делата на апостолите, 104 (132.133).

3. БОГ ЗБОРУВА И СО НЕПОСВЕТЕНИ ЛУЃЕ

а. Каква личност бил Каин кога Бог зборувал со него? Битие 4,3 5.8.

„Иако Каин ја игнорирал Божјата заповед, сепак Бог не го препуштил самиот на себе, туку се спуштил да го вразумува човекот кој се покажал толку неразумен. И Господ му рекол на Каина: ‘Зошто се лутиш? Зошто се помрачи лицето твое?’ Еден ангел гласник му ја пренел божествената порака: ‘Зарем, кога правиш добро, не си ведар во лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го! (Битие 4,6.7). Каин можел да бира и слободно да реши и да се определи. Кога би имал доверба во заслугите на ветениот Спасител и кога би бил готов да ги почитува Божјите барања, тој би можел да ужива во Неговата милост. Но, бидејќи тврдоглаво останал во своето неверство и престап, неговиот приговор дека бил отфрлен од Бога бил неоснован.“ – Патријарси и пророци, 55 (74).

б. Каква како жена била Агара во времето кога Бог разговарал со неа? Битие 16,1-9.

в. Каква личност била неименуваната жена која книжниците и фарисеите ја довеле пред Христа? Јован 8,3.4. Каква била после разговорот со Него? Јован 8,10.11.

„Жената стоела пред Исуса, треперејќи од страв. Неговите зборови: ‘Кој меѓу вас е без грев, прв нека фрли камен на неа’ и звучеле како смртна пресуда. Не се осмелувала да го подигне својот поглед кон лицето на Спасителот, туку молчела очекувајќи ја својата пропаст. Зачудена, видела како нејзините обвинители заминуваат без зборови и збунети, а тогаш, до нејзините уши допреле зборови на надеж: ‘Ни Јас не те осудувам; оди си и не греши веќе’ (стих 11). Нејзиното срце се растопило, па паднала пред Исусовите нозе, изразувајќи ја со липање својата благодарна љубов и со горчливи солзи ги исповедала своите гревови.
Тоа за неа бил почеток на еден нов живот, живот на чистота и мир, посветен на Божјата служба… Оваа жена покајничка станала една од Неговите најлојални следбеници. На Неговата милост што простува, таа возвратила со самопожртвувана љубов и со преданост“ – Копнежот на вековите, 352 (462).

4. КОГА БОГ ОДБИВА ДА ЗБОРУВА

а. Зошто Исус не сакал да разговара со Кајафа за време на судскиот процес против Него? Матеј 26,62.63; Исаија 53,7.

„Кајафа бил горд и суров човек, арогантен и нетолерантен.“ – Копнежот на вековите, 414 (539).

„Кајафа во Исуса гледал свој ривал. Желбата на народот да Го слуша Спасителот и нивната очигледна подготвеност да Го прифатат Неговото учење предизвикале горчлива завист кај првосвештеникот, меѓутоа, гледајќи го Затвореникот, Кајафа одеднаш почнал да се восхитува на Неговото благородно и достоинствено држење. Над него дошло уверување дека тој Човек е сличен на Бога. Веќе во следниот миг со презир ја отфрлил таа мисла. Веднаш потоа се слушнал неговиот подбивен и горделив глас, со кој од Исуса барал пред нив да изврши некое од Своите силни чуда. Меѓутоа, тие зборови допреле до Спасителот како да не ги слушнал.“ – Копнежот на вековите, 543 (704.705).

„Господ ги чита срцата на сите кои Му се молат и ги разбира нивните мотиви и цели.“ – 4 Сведоштво, 589 (539).

б. Дали Бог зборувал со царот Саул пред крајот на неговиот живот? 1 Самуил 28,5.6. Зошто Бог на таков начин се однесувал кон него? 1 Цареви 15,22.23.

„Господ никогаш не одбил ниту една душа која Му се обратила искрено и со понизно срце. Тогаш зошто не му одговорил на Саула? Царот сам со своите постапки ги проиграл сите можности за обраќање на Бога. Го отфрлил советот на пророкот Самуил; го протерал Давида, Божјиот избраник, и ги убил Господовите свештеници. Зарем тогаш може да очекува одговор од Бога кога сам ги пресекол каналите што го поврзуваат човекот со небото? Згрешил против Духот на благодатта и зарем тогаш можел да добие одговор во сон или преку Господово откровение? Саул не Му се обратил на Бога понизно и со покајание. Тој не се молел за простување на гревот и за помирување со Бога, туку за ослободување од своите непријатели. Тој самиот се оддалечил од Бога со својата тврдоглавост и бунт. Кај Бога можел да се врати само со покајание и скрушеност. Меѓутоа, горделивиот цар и во своето страдање и очај решил помош да побара од друг извор.“ – Патријарси и пророци, 715 (676).

Четврток 2. јули

5. БОГ ГО БАРА НАШЕТО ВНИМАНИЕ

а. Како Бог се обидувал да го привлече вниманието на различните луѓе во минатото?
– На Мојсеј: Излез 3,2.3.
– На Илија: 1 Цареви 19,9-13.
– На Валам: Броеви 22,27.28.

6. Под кои услови Бог сака да разговара со нас денес? Псалм 46,10.

„На сите, кои се поучуваат од Бога, им е потребен тивок час за заедница со нивните сопствени срца, со природата и со Бога. Во нив треба да се открие живот кој не е во хармонија со светот, неговите навики или дела; тие треба да имаат лично искуство во познавањето на Божјата волја. Секој од нас, мора лично да го слушне Божјиот глас како му зборува на срцето. Кога сите други гласови ќе замолкнат, а ние чекаме пред Него во тишина, молкот на душата дава поголема јасност на Божјиот глас. Тој ни заповеда: ‘Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог (Псалм 46,10). Ова е делотворната подготовка за сите служби на Бога. Оној, кој е освежен на ваков начин, ќе биде опкружен со атмосфера на светлина и мир, дури и среде забрзаната толпа и напорите на секојдневието. Тој ќе прими нов дар на телесна и ментална сила. Неговиот живот ќе воздивнува со пријатен мирис и ќе ја открива Божјата моќ, која ќе допре до срцата на луѓето.“ – Здр. и ср., 32.33 (58).
„Оној кој сака да биде целосно во Христа, мора прво да се испразни од гордост и задоволство со самиот себеси. Тогаш во душата настапува тишина и Божјиот глас може да се слушне.“ – Знаци на времето, 9. април, 1902.

Петок 3. јули

ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА

1. Како знаеме дека Бог сака да разговара со секого од нас лично?
2. Како знаеме дека Бог сака да разговара со оние кои ќе Му се посветат?
3. Како знаеме дека Бог сака да разговара и со оние кои не одат со Него?
4. Со кого Бог одбива да разговара, и зошто?
5. Како Бог се обидува да го придобие нашето внимание?

Сподели го ова:

Слични објави