09 Четири успешни мисионери

Сподели го ова:

9. лекција – 30. август 2014.

Четири успешни мисионери

“Меѓу нив беа Јудејците: Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.“ – Даниел 1,6.

“Меѓу Израеловите синови кои биле одведени во Вавилон на почетокот на седумдесетгодишното ропство имало и христијански патриоти.“ – Повик на одвојување, 52.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цар., 325-333; 340-342.

Недела 24. август

1. ВО ВАВИЛОНСКИОТ ДВОР

а. Како одлуката на провидението го довела царот Навуходоносор во контакт со четирите Еврејски заробеници, а подоцна и со нивниот Бог? Даниел 1,3-5.

б. Кои биле имињата на момчињата избрани за таа намена? Даниел 1,6. Откако било одобрено да учествуваат на тригодишна обука, како и зошто нивните имиња биле променети? Даниел 1,7.

“Царот не ги принудувал младите Евреи да се откажат од својата вера во корист на идолопоклонството, но се надевал дека тоа постепено ќе го оствари. Давајќи им имиња значајни за идолопоклонство, доведувајќи ги секој ден во близок допир со идолските обичаи и ставајќи ги под влијание на заводливите обреди на паганските служби, се надевал дека ќе ги наведе да се одречат од религијата на својот народ и да се соединат со богослужбата на Вавилонците.“ – Пророци и цареви, 326.
“Кога непријателот ќе ги уфрли во нашите души своите суптилни сомнежи и искушенија, ние треба брзо да ја затвориме вратата и да го отфрлиме влијание на неговите сугестии.“ – РХ, 7. август, 1888.

Понеделник 25. август

2. ВЕРНОСТА СЛЕДЕНА СО БОЖЈИТЕ БЛАГОСЛОВИ

а. Како Бог им помагал на овие млади Евреи да бидат блескава светлина меѓу незнабошците во така тешки околности? Даниел 1,17.

“Во земјата на своето заробеништво, овие (синовите Израелови) требало да ја спроведат Божјата цел, сведочејќи му на незнабожечкиот народ за благословите кои доаѓаат преку познавањето на Јехова. Тие требало да бидат Негови претставници.“ – Пророци и цареви, 325.

б. Каква била нивната одлука во поглед на искушенијата со кои биле изложени? Јаков 1,12.

“(Даниел 1,8). Во донесувањето на оваа одлука, младите Евреи не постапиле надмено, туку цврсто се потпирале на Бога. Тие не избрале да бидат необични, но попрво би биле и тоа, отколку да му нанесат срам на Бога. Во таа прилика да му попуштиле на злото подлегнувајќи на притисокот на околностите, отстапувањето од начелата би го ослабело нивното чувство за правичност и одвратност кон злото. Првиот погрешен чекор би водел кон втор, така што нивната поврзаност со небото би била отсечена и искушението би ги совладало.“ – Пророци и цареви, 327.

ц. Како Бог ги благословил нивните верни напори? Даниел 1,19.

“Три години овие млади Евреи учеле за да се здобијат со ‘знаење и јазикот на Халдејците’. За тоа време тие цврсто се држеле за верноста кон Бога и постојано се потпирале на Неговата сила. Со нивните навики на самоодрекување тие ја придружиле сериозноста на намерата, работливоста и истрајноста. Тие не дошле во царскиот двор заради некаква гордост или амбиција во друштвото на оние кои не го познавале ниту се боеле од Бога; тие биле заробеници во една непозната земја, поставени таму од бескрајната Мудрост. Одделени од домашното влијание и светото друштво, тежнееле совесно да ја извршат својата должност, на чест на својот поробен народ и за славата на Оној чии слуги биле.“ – Пророци и цареви, 328.

Вторник 26. август

3. БОЖЕСТВЕНА СИЛА ВО КОМБИНАЦИЈА СО ЧОВЕЧКИ НАПОР

а. Како и зошто младите Евреи се истакнувале на сите останати? Даниел 1,20.

“Во Вавилонскиот двор биле собрани претставници од сите земји – луѓе со најголеми способности, богато надарени со природни дарови, со најширока култура која светот може да ја дарува. Сепак, од сите нив, на младите Евреи никој не им бил рамен. Според телесната сила и убавина, според свежината на умот и книжевни постигнувања, тие биле без конкуренција. Висок стас, сигурен чекор, ведро лице, непоматени сетила, свеж здив – сите тие биле знаци на благородност со кои природата ги почестува оние кои се послушни на нејзините закони.“ – Пророци и цареви, 329.
“Во стекнување на вавилонските мудрости Даниел и неговите другари имале многу повеќе успех од своите врсници, и тоа не било случајно. Тие стекнале знаење со верно искористување на сопствените сили, под водство на Светиот Дух.“ – Пророци и цареви, 329.

б. Што тие сфатиле и што треба да имаат на ум сите кои се повикани да ја претставуваат вистинската религија? 2 Тимотеј 2,15.

“(Даниел и неговите другари) сфатиле дека за да стојат како претставници на вистинската религија среде лажните религии на незнабоштвото тие мораат да имаат бистрина на умот и мора да го усовршуваат христијанскиот карактер..“ – Пророци и цареви, 330.

ц. Кој метод на успешна Евангелизација Исус го поучувал – особено поради тоа што светот околу нас бара нешто посвето во нас отколку во себе? Матеј 5,13-16.

“И покрај тоа што Бог влијаел врз Даниел и неговите другари ‘да сакаат и да постапуваат според Неговата волја’, (Филипјаните 2,13) тие и самите работеле на сопственото спасение. Тука се открива дејството на божественото начело на соработка без кое не е можно да се постигне било каков успех.“ – Пророци и цареви, 330.
Среда 27. август

4. НАВУХОДОНОСОР МУ ДАВА СЛАВА НА БОГА

а. Набргу откако Даниел и неговите другари биле примени во служба на вавилонскиот цар, кој настан му пружил на Даниел прилика да посведочи за Бога? Даниел 2,1.2.

б. Како Навуходоносор – откако преку Даниел Бог му го открил заборавениот сон – му оддал признание на небесниот Бог? Даниел 2,47. Што подоцна Навуходоносор изјавил после верното сведоштво на Даниеловите другари дадено во долината Дура? Даниел 3,27-29.

“Тројцата Евреи пред целата вавилонска нација ја покажале својата вера во Оној кому му служеле. Тие се потпирале на Бога. Во часот на нивното искушение тие се сетиле на ветувањето: ‘Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи; Ако тргнеш низ оган, нема да изгориш, пламенот нема да те опали’ (Исаија 43,2). И нивната вера во живата Реч била наградена пред сите на чудесен начин. Претставниците од разните народи кои Навуходоносор ги повикал за посветувањето на кипот, по многу земји ја разнеле веста за нивното чудесно избавување. По целата земја Бог бил прославуван за верноста на Своите синови.“ – Пророци и цареви, 349.

ц. Како Господ, во Неговата милост и трпение со Навуходоносор, го предупредил монархот? Даниел 4,5.10-16.19-22. Каков апел Даниел упатил до царот кога му го објаснил значењето и на вториот сон? Даниел 4,27. Како понижувачкото искуство го навело Навуходоносор до целосна преобразба? Даниел 4,30-34.37.

“Под Божјиот прекор гордото срце на Навуходоносор се понизило.“ – РХ, 8. септември, 1896.
“Некогашниот горд монарх станал понизно Божјо дете, тиранинот и арогантниот владетел станал мудар и сочувствителен цар… По укорот од Оној кој е Цар над царевите и Господар над господарите, Навуходоносор најпосле ја научил поуката која сите владетели мора да ја научат – дека вистинската големина се состои во вистинската добрина.“ – Пророци и цареви, 354.

Четврток 28. август

5. НЕБЕСКА СВЕТЛИНА СЈАЕ ВРЗ ЦАРОТ ДАРИЈ

а. Како верата на Даниел била тестирана кога тој бил на служба за време на царот Дариј, кој веќе бил под влијание на вистината? Даниел 6,1.2.5-9.

б. Објаснете ја стапицата која била подготвена за него? Даниел 6,10-13.

ц. Како се чувствувал царот Дариј кога сфатил дека бил измамен од страна на оние кои се прикажувале дека се загрижени за безбедноста на неговиот престол? Даниел 6,14.18-23. Како овој незнабожечки цар го возвишил Даниеловиот Бог и единствениот вистински Бог? Даниел 6,25.26.

“Од приказната за избавувањето на Даниел можеме да научиме дека Божјите деца во неволја и во тешки моменти треба да останат такви какви што биле кога животот им блескал со надеж и кога имале сé што тие сакаат. Даниел во лавовската јама бил ист оној Даниел кој стоел пред царот како прв министер во државата и како пророк на Севишниот. Човекот чие срце се потпира на Бога, ќе биде истиот во часот на своето најголемо искушение како и во просперитетот, кога го осветлувала светлината и благонаклоноста Божја како и човечката љубов…“ – Пророци и цареви, 371.
“Небото е многу блиску за оние кои страдаат заради правда.“ – Пророци и цареви, 371.

Петок 29. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете како препредени замки се ставаат пред нас и нашата младина денес, исто како што тоа било случај со тројцата Евреи во Вавилон?
2. Во што се состои тајната на успехот на младите луѓе?
3. На што мнозина се надеваат додека се опкружени со несветото мноштво?
4. Каква поука можеме да научиме од Навуходоносор, дали или не се наоѓаме на така истакната положба?
5. Наведи очигледни докази за влијанието на Светиот Дух врз срцето на царот Дариј?

Сподели го ова:

Слични објави