08 Извонредни начини да се допре до човечкиот ум

Сподели го ова:

8. лекција – 23. август 2014.

Извонредни начини да се допре до човечкиот ум

“Таќа ќе се прославам меѓу народите.“ – Езекиел 39,21.

“Дури и меѓу незнабошците имало луѓе преку кои Христос делувал за да го подигне народот од гревот и деградација.“ – Копнежот на вековите, 24.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 164-169.

Недела 17. август

1. ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ

а. Кои се некои од имињата спомнати во Библијата во врска со правилното домашно воспитување? 1 Сам. 1,20; 2 Цар. 5,2; Рута 4,22; Дан. 1,6.

“Бог им заповедал на Израелците своите деца да го поучат на сите Негови заповеди и да ги запознаат како Тој постапувал со нивните татковци. Тоа била една од посебните должност на сите родители – должност што не можела да се довери на некој друг. Наместо децата да ги воспитуваат туѓи усни, мајката и таткото требало на своите деца да им дадат упатства со срце полно со љубов. Мислите за Бога требале да бидат поврзани со сите настани од секојдневниот живот.“ – Пророци и цареви, 627.

б. Која е првата должност на христијанските родители? Изреки 22,6.

“Ајде да ги учиме (нашите деца) на барањата кои Бог ги има кон нив, дека нивна должност е да ја внесат религијата во сите области во животот, дека треба да го љубат Бога најмногу од сé и да ги љубат своите ближни, не занемарувајќи ги малите учтивости кои се од суштинско значење за среќа во животот.“ – Здравствен реформатор, 1. мај, 1877.

Понеделник 18. август

2. МАЛА СЛУГИНКА ВО ЗАРОБЕНИШТВО

а. Како едно мало девојче, кое било правилно воспитано од своите родители, послужило како оружје да сведочи меѓу незнабошците? 2 Цареви 5,2.3.

“Родителите на оваа еврејска слугинка, додека ја учеле за Бога, не знаеле каква ќе биде нејзината судбина. Но тие верно ја извршиле должноста која им била доверена, така што нивната ќерка во домот на заповедникот на сириската војска можела да посведочи за Бога кого таа научила да го почитува.“ – Пророци и цареви, 165.

б. Кој е најскапоцениот дар кој можеме да им го дадеме на нашите деца? 5 Мојсеева 4,10.

“Однесувањето на оваа девојка во незнабожечката куќа претставувало силен доказ за силата и важноста на раното домашно воспитување. Грижата за децата и нивното воспитување е највозвишена должност која им е доверена на родителите. Тие ги поставуваат првите основи на навиките и карактерот. Нивниот пример и поука во голема мера влијаат на нивните деца.“ – Пророци и цареви, 164.
“Ние не знаеме на кој начин нашите деца ќе бидат повикани да служат. Можеби животот ќе го поминат во кругот на домот; можеби ќе се посветат на вообичаените занимања, или како учители на евангелието ќе отидат во незнабожечки земји. Меѓутоа, сите деца се повикани да бидат мисионери за Бога, проповедници на милост во светот. Тие треба да се здобијат со воспитување кое ќе им помогне да застанат на страната на Христа во несебична служба.“ – Пророци и цареви, 165.

ц. Што понекогаш мораме да сфатиме кога размислуваме за необичните нешта, кои ни се случуваат? Еремија 10,23; Изреки 16,9.

“Иако била робинка, далеку од својот дом, ова мало девојче сепак била Божји сведок и несвесно ја исполнувала целта која Бог му ја наменил на Израел како на свој избран народ.“ – Пророци и цареви, 164.

Вторник 19. август

3. НЕМАН

а. Како Јорам, царот на Израел, реагирал кога го прочитал писмото од царот на Сирија, и како Елисеј настојувал да го охрабри? 2 Цареви 5,7.8.

б. Како била тестирана верата на Неман кога дошол до вратата каде што живеел Елисеј? 2 Цареви 5,9-12. Опиши го чудото кое придонело Неман да оздрави од својата болест и да се обрати кон вистинскиот Бог. 2 Цареви 5,13.14.

“Неман очекувал да види некое чудесно откритие на небесната сила. ‘Јас мислев – рекол тој – ќе излезе пред мене, ќе го повика Господа, својот Бог, ќе ја стави раката на болното место и ќе ми ја однесе лепрата’. Кога му било речено да се искапе во Јордан, бил повреден во својата гордост, и потиштено и очајно извикал: ‘Не се ли реките во Дамаск, Авана и Фарфар, подобри од сите израелски води? Не можам ли да се искапам во нив за да станам чист? Се сврте и си отиде лут оттаму’.“ – Пророци и цареви, 165.
“Немановиот горделив дух се побунил против упатствата кои му ги дал Елисеј. Реките наведни од страна на сирискиот војвода ги разубавувале околните места, па мнозина доаѓале на нивните крајбрежја да се поклонуваат на своите идолски богови. Неман не би почувствувал поголемо понижување да се искапе во тие реки. Меѓутоа, тој можел да биде исцелен само ако биде послушен на одредените пророкови упатства. Само доброволната послушност може да ги донесе посакуваните резултати.“ – Пророци и цареви, 166.

ц. Како Неман го признал своето преобратување во вистинскиот Бог? 2 Цареви 5,15.16.19. По кој повод, многу векови подоцна, Исус ја пофалил верата на Неман? Лука 4,27.

“Неман се вратил во својот дом во Сирија, телесно исцелен и духовно преобразен; многу векови подоцна неговата прекрасна вера била наведена од страна на Спасителот како поука за сите оние кои тврдат дека му служат на Бога.“ – Пророци и цареви, 168.

Среда 20. август

4. ГИЕЗИЈ

а. Како Гиезиј бил искористен од страна на ѓаволот да стави камен на сопнување пред нозете на оние на кои Светиот Дух влијаел за да ги спаси? 2 Цареви 5,20-24.

“Гиезија, Елисеевиот слуга, со години имал можност да развива дух на самоодрекување кој го обележувал животното дело на неговиот господар. Нему му била дадена привилегија да стане благороден знаменосец во Господовата војска. На негов дофат биле најубавите небесни дарови. Но, тој се одрекол и наместо нив го посакувал невредното световно богатство. И сега скриените копнежи на неговиот лаком дух го навеле да падне во неодоливо искушение.“ – Пророци и цареви, 166.
“(Гиезија) живеел во домаќинството на светиот пророк Елисеј, го посматрал неговиот свет живот, ги слушал неговите огнени молитви и неговите сугестии за правилните принципи. Сепак, сето тоа не го направило да биде подобар.“ – Ј.Г.Вајт, материјали од 1888, 1529.

б. Што се бара од секој христијанин, особено од оние кои се повикани да работат како учители, црквени службеници или евангелисти? Евреите 12,13.

“Престапите извршени од страна на верниците во вистината донесуваат голема слабост врз црквата. Тие претставуваат камен на сопнување на патот на грешниците и ги спречуваат да дојдат до светлината.“ – 4 Сведоштво, 237.
“Оние што тврдат дека ги држат светите Божји заповеди, а сепак постојано го престапуваат тој закон, претставуваат камен на сопнување и за грешниците и за верниците во вистината. Лекомислениот и рамнодушен начин на кој мнозина се однесуваат кон законот на Јехова и дарот кој ни го дал во својот Син, претставуваат навреда за Бога. Ова зло кое е мошне раширено, може да се спречи само со темелно и строго преиспитување на секој оној кој треба да стане учител во проповедање на Речта Божја. Луѓето ко се одговорни за тоа мораат точно да го проверуваат нивниот живот од моментот кога ја примил вистината. Тој мора јасно да се докаже со своето христијанско искуство, познавање на Светото Писмо, и со својот став кон сегашната вистина. Никој не би требало да се прифати како работник во Божјото дело сé додека не се докаже дека има вистинско, живо искуство во Божјите работи.“ – Слуги на евангелието, 391.

ц. Од што зависи нашата духовна безбедност? 1 Кор. 10,12; 2 Кор. 13,5.

Четврток 21. август

5. ЛУЃЕТО НЕ МОЖАТ ДА ГО ИЗМАМАТ БОГА

а. Што се случило со Гиезиј веднаш штом ја изговорил втората лага? 2 Цареви 5,25-27.

б. Што вели Библијата за оние кои говорат лаги? Изреки 19,5; Колосјаните 3,25; Откровение 22,15.

“Вистината е од Бога, а измамата во сите свои многубројни облици потекнува од сатаната; и секој оној кој на било каков начин скршнува од правиот пат на вистината, се предава на силите на злобниот непријател. Ониекои учеле од Христа не се согласуваат со ‘бесплодните дела на темнината’ (Ефесјаните 5,11). Тие се едноставни во животот како и во зборовите, чесни и верни, затоа што се подготвуваат за друштво на свети суштества во чии усни не се нашла измама. Види: Откровение 14,5.“ – Пророци и цареви, 168.
“Овде се мисли на секој лажен збор, на секој обид или намера ближниот да се измами. Во самата намера човекот да се измами се наоѓа лага. Може исто да се лаже со кимање на окото, со движење на раката, со изразот на лицето, како и со зборовите. Секое намерно преувеличување, секое навестување или увивање пресметана да предизвика погрешен или претеран впечаток, па дури и изнесување на фактите на таков начин слушателот да се заведе – претставува лага. Оваа заповед забранува секој обид да му се наштети на угледот на ближниот со неточно прикажување, со лошо нагодување, со клевета или со пренесување на гласишта. Дури и со намерно криење на вистината, со кое можеме да ги оштетиме другите, вршиме престап на деветтата заповед.“ – Патријарси и пророци, 315.

Петок 22. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да ги подготвиме нашите деца да бидат како малата израелска слугинка?
2. Како да ги повикуваме нашите млади да послужат во било која област?
3. Како можат луѓето и денес да бидат допрени, исто како што бил Неман?
4. Како духот сличен на Гиезиј може да ги загрози нашите најдобри Евангелски напори?
5. Што се бара од сите христијани, особено кога сведочат?

Сподели го ова:

Слични објави