06 Пророк на мирот

Сподели го ова:

6. лекција – 9. август 2014.

Пророк на мирот

“Кога минаа, Илија му рече на Елисеј: „Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам вознесен пред тебе.” Елисеј одговори: „Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене.“ – 2 Цареви 2,9.

“Кога Господ во своето провидение смета дека треба од Неговото дело да се отстранат оние на кои Тој им дал мудрост, Тој им помага и ги зајакнува нивните наследници, ако тие од Него бараат помош и одат по Неговите патишта.“ – Судир и храброст, 223.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 158-177.

Недела 3. август

1. ЕЛИСЕЕВАТА ПРОРОЧКА СЛУЖБА

а. Што се случило со Илија после неговата реформаторска работа во Јудеја и Израел? 2 Цареви 2,11.12.

б. Опишете накратко, каква корист имал Елисеј од времето поминато со Илија? 2 Цареви 2,2. Која била основната разлика во задачата која им била доделена? 1 Цареви 17,1; 2 Цареви 2,20-22.

“Како Илиев наследник, Елисеј, имал задача со внимателно и трпеливо поучување да го води Израел на безбеден пат. Неговата поврзаност со Илија, најголемиот пророк после Мојсеј, го подготвила за делото кое наскоро морал сам да го преземе.“ – Пророци и цареви, 151.
“Работата на пророкот Елисеј во некои аспекти многу се разликувала од онаа на Илија. На Илија му биле доверени пораки за осуда и казни; тој бил глас на бестрашен укор кој ги опоменувал царот и народот да се одвратат од своите лоши патишта. Елисеевата мисија била помирна; добил задача да го продолжи и да го зацврсти делото кое Илија го започнал, да го учи народот на Господовите патишта. Библијата го опишува како доаѓа во личен допир со луѓето, опкружен со пророчки синови, како со своите чуда и лична служба им донесува на луѓето исцелување и радост.“ – Пророци и цареви, 158.
Понеделник 4. август

2. ДУРИ И СИРИЈЦИТЕ ГО ЗНАЕЛЕ!

а. Кога царот на Сирија се сомневал на предавство во своето царство, како тој се обидел да дознае од кого тоа доаѓа? 2 Цареви 6,8-11. Кој бил вистинскиот извор на информациите кои му биле давани на израелскиот цар? 2 Цареви 6,12.

б. Што наредил сирискиот цар за да го реши проблемот кој го вознемирувал? Кога шпионот (или шпионите) дознале каде се наоѓа пророкот, што направил царот? 2 Цареви 6,13.14.

“… Во постојаните војни со Сиријците, Јуевиот наследник Јоахаз изгубил неколку градови кои лежеле источно од Јордан. Некое време изгледало дека Сиријците ќе завладеат со целото царство.“ – Пророци и цареви, 170.
“Сирискиот цар во една прилика на еден напад на израелската земја сакал да го погуби Елисеј затоа што го известувал израелскиот цар за намерите на неговиот непријател. ‘Сирискиот цар се советуваше со слугите свои, велејќи: Во тоа и тоа место ќе го поставиме својот логор’. Господ му го открил овој план на Елисеј кој ‘испрати да му кажат на израелскиот цар: Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Сиријците се во заседа’…“ – Пророци и цареви, 171.

ц. На кое ветување Божјите слуги треба да се повикаат кога се наоѓаат во многу сериозна тешкотија или кога нивниот живот е загрозен? Псалм 34,7.

“Кога ќе западне во теснец, и изгледа дека му нема спас, Божјиот народ мора да се надева единствено во Господа.“ – Пророци и цареви, 172.
“Нашиот небесен Отец има илјадници начини за да се погрижи за нашите потреби за кои ние не знаеме ништо. Оние на кои најважен принцип ќе им биде да ја извршуваат службата на Бога, ќе увидат дека проблемите исчезнуваат и пред нивните нозе се протега јасна патека… И во најмрачните денови, кога изгледите се најлоши, имајте вера во Бога.“ – Здравје и среќа, 430.
Вторник 5. август

3. ОСЛЕПЕНА СЕТА ВОЈСКА

а. Каква порака преплашениот Елисеев слуга му донел на својот господар? 2 Цареви 6,15. Со каков одговор Елисеј го смирил неговиот страв? 2 Цареви 6,16.

“Помеѓу Божјите слуги и непријателската војска се наоѓала војска од небесни ангели. Тие слегле во сета своја сила, не да уништат ниту да изнудат покорност, туку да ги опкружат и заштитат слабите и немоќни Господови слуги.“ – Пророци и цареви, 172.

б. На која непобитна вистина одговорот на Елисеј нѐ учи? Римјаните 8,31.

“Во споредба со милионите жители во светот, Божјиот народ ќе биде, како што отсекогаш и бил, едно мало стадо. Меѓутоа, ако биде постојан во вистината како што е откриена во Неговата Реч, Бог ќе биде негово засолниште. Секогаш ќе се наоѓа под сигурна заштита на Семожниот. Бог е секогаш мнозинство.“ – Делата на апостолите, 445.

ц. Што ние треба внимателно да размислиме од начинот на кој Елисеј ја третирал Сириската војска? 2 Цареви 6,17-20.

“Еден неправеден чин на волја, или горчина, завист, љубомора или зла претпоставка, го гушат влијанието на Светиот Дух и ја изгонуваат вистинската среќа од срцето…
“Дури и со омраза кон оние што чинат зло се ставаме во положба каде што нашето расудување се изопачува и не ги чиниме Христовите дела враќајќи добро за зло. Додека го презираме гревот, ние треба да ги љубиме оние за кои Христос ја платил цената со сопствената крв.
“Со желбата за одмазда, или покажување на било какви емоции спротивни на љубовта и чувствата кои Христос ги покажувал кон нас, паднатото и грешно човештво, ја повредуваме душата и се запишува против нас во небото.“ – Објавени ракописи 21, 165.

Среда 6. август

4. МУДРИТЕ ЛУЃЕ ГРАДАТ МИР; ГЛУПАВИТЕ ВОЈУВААТ

а. Што треба да научиме од советот на Елисеј даден на израелскиот цар? 2 Цареви 6,21-23. Кој е најдобриот начин да се разоружа непријателот? Римјаните 12,20.

“Ние не негуваме склоност кон љубезност; сакаме сето тоа да дојде на лесен начин по нас. Но прашање од најголемо значење за секој од нас не треба да биде како можеме да ги спроведеме сопствените планови спротивно на плановите на другите, туку да имаме сила да живееме за Христа секој ден. Христос дошол на земјата и го дал својот живот за да можеме ние да имаме вечно спасение. Тој сака секого од нас да го опкружи со небесна атмосфера за да можеме на светот да му дадеме пример каква чест ни укажува Христовата религија.“ – Лома Линда, 602.

б. Што се случило со Израелците откако тие се одвратиле од Господа? Како казните предвидени во 5 Мојс. 5,9. паднале врз нив во времето на Сириските цареви? 2 Цареви 6,24.25.

ц. Што се случило кога гладот во Самарија го натерале царот и народот на очајнички мерки? 2 Цареви 7,1-9.16.20.

“Заради љубов кон заблудениот Израел, Бог дозволил Сиријците да ги казнуваат. Од сомилост кон слабите Тој го подигнал Јуј да ја погуби злобната Језавела и целиот Ахавов дом. И уште еднаш, во својата милост, ги тргнал свештеници на Астарта и Ваал и ги срушил нивните незнабожечки олтари. Бог во својата мудрост предвидел дека некои ќе се откажат од незнабоштвото и ќе ги свртат своите лица кон небото после искушението, и затоа Тој допуштил да ги снаоѓаат неволји, една по друга. Милоста ги ублажувала Неговите судови и кога Неговата цел би се остварила, пак ја покажал својата љубов кон оние кои се распрашувале за Него.“ – Пророци и цареви, 170.

Четврток 7. август

5. ВАЖНА ПОУКА ЗА НАС

а. На која поука Елисеј, во текот на своите последни денови, се обидувал да го научи израелскиот цар? 2 Цареви 13,14-17.

б. Како пророкот очекувал младиот цар да покаже дека тој ја разбрал поуката? 2 Цареви 13,18.19.

“Оваа поука се однесува на сите кои вршат одговорни должности. Кога Бог ќе отвори пат за остварување на одредена работа и им дава гаранција за успех, избраното средство мора да направи сѐ што е во негова моќ за да се оствари таа цел. Бог ќе ни подари успех сразмерно со ентузијазмот и истрајноста со која ќе работиме за негово остварување. Бог може да врши чуда за својот народ единствено ако тој неуморно го врши својот дел на должноста. Бог повикува луѓе кои ќе бидат посветени на својата работа, луѓе со морална храброст, со силна љубов кон душите и ревност која никогаш не мирува. На таквите работници ниедна должност нема да им биде тешка и тие никогаш нема да изгубат доверба, туку срдечно ќе работат сѐ додека очигледниот пораз не се претвори во победа. Ниту затворските ѕидови, ниту справите за мачење нема да ги спречат таквите луѓе да работат заедно со Бога за изградба на Неговото царство.“ – Пророци и цареви, 176.

Петок 8. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Дали Бог ме повикува во сведочењето за Него да бидам со Илиевиот дух или пак со Елисиевиот?
2. Објасни како Бог е подготвен и нам денес да ни даде божествена претстава за нашите должности, како што тоа го давал и на Елисеј во негово време?
3. Спротивно на непријателските намери на царот, каков совет Елисеј му дал и зошто?
4. Наведи некои примери како и ние денес во пристапот кон луѓето можеме да постапиме слично на Елисеј во постапувањето со Сириските војници?
5. Објасни ја формулата за духовен напредок како што бил поучен Јоас?

Сподели го ова:

Слични објави