01 Божјиот програм за евангелизација на светот
1. лекција – 5. јули 2014.
Божјиот програм за евангелизација на светот
“Ќе тргнат многу народи и ќе речат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бог Јаковов; Тој ќе нè научи на Своите патишта и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово.“ – Исаија. 2,3.
“Божја намера била со откривање на Неговиот карактер преку Израел да ги привлече кон Него и останатите народи.“ – Христовите поуки, 256.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 5-9.
Делата на апостолите, 8-10.
Недела 29. јуни
1. ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ ПРЕД БОЖЈИОТ НАРОД
а. Која била првата голема нација која Небото сакало да ја благослови со знаење за вистинскиот Бог? Псалм 135,9.
“Аврамовите потомци… биле доведени во Египет… да можат да ги прикажат начелата на Божјото царство. Јосифовата чесност и неговото прекрасно дело во зачувување на животот на целата египетска нација биле приказ на Христовиот живот. Мојсеј, и многу други, биле сведоци за Бога.“ – Христовите поуки, 235.
б. Што очигледно покажува дека царот, неговите дворјани и народот воопшто избрале да останат во духовен мрак? 2 Мојс. 5,1.2.
“Господ на Египќаните им дал можност да видат колку напразна била мудроста на нивните јунаци, колку немоќна била моќта на нивните богови кога се противат на Божјите наредби.“ – Патријарси и пророци, 265.
“Ако сееме гордост, ние и ќе пожнееме гордост. Ако сееме тврдоглавост, ние и ќе пожнееме тврдоглавост.“ – Да го воздигаме Него, 266.
Понеделник 30. јуни
2. БОЖЈИОТ ПЛАН ЗА ИЗРАЕЛ
а. Која важна мисија им била доверена на Израеловите синови кога во времето на нивното ослободување од Египет нивниот број достигнал преку 2.000.000 луѓе? Јован 4,22; 5 Мојс. 4,6-8.
“Бог ги одбрал Израелците со цел, преку нив, да им го открие својот карактер на другите народи. Тој сакал тие да бидат извор на спасение за светот. Ним им биле доверени небесните пророштва, откровение на Божјата волја.“ – Делата на апостолите, 8.
б. Со каква цел Бог го утврдил Израел на стратешко место ‘среде народите’? Езекиел 5,5.
“Бог одредил Неговиот народ да биде светлина на светот. Од нив требало да блеска славата на Неговиот закон која се открива во практичниот живот. А за да се оствари тоа, Бог направил избраниот народ да заземе стратешка местоположба меѓу народите на земјата…
“Во Соломоново време израелското царство се простирало од Емат на север до Египет на југ и од Средоземното Море до реката Еуфрат. Преку територијата на Израел воделе многу природни патишта на светската трговија, и во сите правци секогаш поминувале каравани од далечни земји. Така на Соломон и на неговиот народ им се пружила прилика на луѓето од сите народи да им го откријат карактерот на Царот над царевите…
“Поставен на чело на народот кој имал улога на светилник за соседните народи, Соломон бил обврзан мудроста која што му ја дал Бог и моќта на своето влијание да ги употреби за организирање и насочување на едно големо движење за просветлување на оние кои не го познавале Бога и вистината.“¬¬ – Пророци и цареви, 45.
ц. Како силите на темнината делувале за да го спречат Божјиот план? 1 Цареви 11,1.2; Проповедник 2,8.9; 10,1.
“Трговскиот дух го зазел местото на мисионерскиот дух кој Бог го всадил во срцето на Соломон и во срцата на сите вистински Израелци. Можностите кои им биле дадени благодарение на многуте контакти со народите, ги користеле за лично воздигање.“¬¬ – Пророци и цареви, 46.
Вторник 1. јули
3. БОЖЈА МИЛОСТ И ПРАВДА
а. Што другите народи ги дисквалификувало да го евангелизираат светот? 3 Мојс. 18,24.25; 5 Мојс. 9,4. Која поука жителите на светот постепено ја заборавиле после потопот? 1 Мојс. 6,5; 11,17.
б. Која состојба распространета меѓу многуте пагански народи го условила нивното уништување? Римјаните 1,19-21.23-25.
“Кај многу народи децата се откажуваат од родителите или ги препуштаат да умрат штом ќе остарат и не можат веќе да се грижат сами за себе.“ – Патријарси и пророци, 346.
…Со изопачени поими за божествените атрибути, паганските народи биле наведени да веруваат дека е потребно и луѓе да се принесуваат на жртва за да се обезбеди наклонетост на нивните божества; и многу ужасни свирепости биле извршени под разни облици на идолопоклонство. Меѓу таквите свирепости бил и обичајот поклониците пред своите идоли да ги водат низ оган своите деца… Најодвратни и најгнасни обичаи станале составен дел на паганското богослужение. Дури и боговите биле прикажувани како порочни, па и нивните поклоници се оддавале на најниски страсти. Преовладувале неприродни пороци, а верските празници биле обележани со општ и јавен неморал.“ – Патријарси и пророци, 347.
ц. Дали Бог испратил уништување без претходно да упати предупредување и повик на покајание? Езекиел 18,21.23; Амос 3,7. Што се случувало со оние кои го исцрпеле Божјото трпение и се сметале за неизлечиви? 2 Петрово 3,5-7.
“Зарем оние чиишто срца се преполни со омраза кон Бога, кон вистината и светоста, би можеле да се помешаат со милионите небесни битија и да се придружат на нивните песни на пофалба? Зарем тие би можеле да го поднесат таквото оддавање на слава на Бога и на Јагнето? Не, не! На нив во овој живот им биле дадени години на милост за да го развијат својот карактер за небото, но тие својот ум никогаш не го обучиле да ја сака чистотата; никогаш не го научиле небесниот јазик – а сега е предоцна. Животот во постојан бунт против Бога, ги направил неспособни за небото.“ – Големата борба, 481.
Среда 2. јули
4. БОЖЈА МИЛОСТ И ПРАВДА (продолжение)
а. Како знаеме дека Бог својата милост сѐ уште ја укажува на разните народи кои не стигнале до точка после која нема враќање? Што уште им давал на Аморејците според овој план? 1 Мојс. 15,16.
“Во првите денови од Израелскиот период, народите на светот, поради својата изопаченост, потполно ја загубиле претставата за Бога. Тие некогаш го познавале Бога, но ‘не му оддадоа почит како на Бог, ниту му благодареа, туку станаа суетни во своите мудрувања и нивното неразумно срце се помрачи’ (Римјаните 1,21). Сепак, Бог во својата милост не ги уништил. Тој наумил повторно да им даде можност да Го запознаат преку Неговиот избран народ.“ – Делата на апостолите, 8.
б. Каква поука можеме да научиме од начинот на кој Бог постапил со Ниневија? Јона 3,10; 4,10.11. Каков вид на мисионерски дух имал Јона?
“Кога Јона дознал дека Бог одлучил да го поштеди градот кој, без оглед на неговата расипаност, го довел до покајание во вреќи и пепел, тој требало прв да се радува поради Божјата чудесна милост; но наместо тоа, тој дозволил неговиот ум да се задржува на можноста да го сметаат за лажен пророк.“ – Пророци и цареви, 182.
ц. Која охрабрувачка порака Бог ја праќа до секој мисионер кој работи во градовите? Дела 18,9.
“Божјите гласници во големите градови не смеат да се обесхрабрат поради расипаноста, неправдата и изопаченоста со кои мораат да се судираат додека настојуваат да ја објавуваат радосната вест за спасението… Нека оние кои се ангажирани да ја извршуваат службата на спасување на душите имаат на ум дека нема целиот свет да и сврти грб на светлината, вистината и позивите на трпеливиот Спасител, иако има и такви кои нема да го послушаат Божјиот совет содржан во Неговата Реч.“ – Пророци и цареви, 186.
Четврток 3. јули
5. БОЖЈИТЕ СУДОВИ СĖ УШТЕ СЕ ПОМЕШАНИ СО МИЛОСТ
а. Наведете ги двете главни последици на казните резервирани за последното време. Исаија 24,4-6; 26,21.9.
“Близу е времето кога во овој свет ќе се појават страдања кои никаков човечки мелем не може да ги излечи. Божјиот Дух се повлекува. Несреќи на море и копно брзо следат една по друга. Колку често слушаме за земјотреси и торнада, за пожари и поплави кои нанесуваат големи загуби на живот и имот! Навидум овие несреќи се каприциозни испади на неорганизирани сили на природата, целосно надвор од контрола на човекот; но во сите нив може да се прочита Божјата намера. Тие спаѓаат во средства со помош на кои Бог се обидува кај луѓето да предизвика чувство за лична опасност.“ – Пророци и цареви, 186.
б. Што Бог кажува за својата милостива рака која сѐ уште е испружена кон оние кои сакаат да бидат спасени? Исаија 55,6.7.
“Во секој град, колку и да е исполнет со насилство и криминал, постојат мнозина кои, ако бидат поучени како што треба, ќе станат следбеници на Исус. На тој начин спасоносната вистина може да стигне до илјадници луѓе кои ќе го примат Христа како свој личен Спасител.“ – Пророци и цареви, 186.
Петок 4. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог ги довел Аврамовите потомци во Египет?
2. Што денес ние можеме да научиме од начинот на кој Бог стратешки го поставил Израел во ‘средината на народите’?
3. Како силите на темнината работат за да го спречат Божјиот мисионерски план?
4. Како книгата на Јона нѐ поучува дека Бог е посреќен кога спасува, отколку да ги уништува нечестивите луѓе?
5. Што според Божјата намера треба да сфатиме за оние кои нѐ опкружуваат?