11 Пловење кон Рим

Сподели го ова:

11. лекција – 14. септември 2013.

Пловење кон Рим

“Бидејќи ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам, и рече: ,Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите, што пловат со тебе‘.“ – Дела 27,23.24.

“Павле со себе ја носел атмосферата на небото. Сите со кои доаѓал во допир го чувствувале влијанието на неговата поврзаност со Христа.“ – Делата на апостолите, 383.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 330-335.
Недела 8. септември
1. ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА
а. Како искуството на апостол Павле наскоро треба да се повтори? Мат. 10,31-33.
“Уште еднаш омразата родена од еврејскиот фанатизам и самоправедноста го натерале Божјиот слуга да се обрати за заштита кон незнабожечки владетел (Кесар)… Тоа е истиот дух со кој припадниците на Божјиот народ ќе мораат да се среќаваат и во овој век. Во големата криза низ која наскоро ќе мора да поминат, тие подобро ќе се запознаат со искуството на Павле. Меѓу
таканаречените Христови следбеници ја има онаа истата гордост, формализам, суета, славољубие, себичност и угнетување какви што постоеле и кај еврејскиот народ. Пред да се заврши борбата и извојува победа, ние како народ ќе доживееме искушенијата слични на оние низ кои Павле поминувал. Ќе се судриме со истата
закоравеност на срцето, истата жестока одлучност, истата
непопустлива омраза.
“Луѓето кои исповедаат дека се Христови претставници ќе постапуваат исто како што еврејските свештеници и владетели постапувале со Павле. На сите кои сакаат бестрашно да му служат на Бога според диктатот на сопствената совест ќе им биде потребна морална храброст, цврстина и познавање на Бога и на Неговото слово за да се одржат во тој зол ден…
“Бог сака Неговиот народ да се подготви за кризата која доаѓа. Подготвени или неподготвени, сите ние мораме да се соочиме со тоа. Само оние чиишто карактери се темелно дисциплинирани да ги задоволат божествените стандарди ќе бидат во состојба да стојат цврсто во тоа време на испитување.“ – Записи од животот на Павле, 250 – 252.

Понеделник 9. септември
2. АПОСТОЛ: ДРАГОЦЕНА ПРЕДНОСТ
а. Каква наклонетост на Павле му укажал стотникот Јулиј кој го слушал неговото сведочење пред Агрипа и како негов чувар бил со синџир врзан за него? Дела 27,1-3.
“Ова патување, кое било тешко и опасно за обичен патник, било двојно мачење за апостолот како затвореник. Римските војници со сопствен живот биле одговорни за нивните затвореници и затоа бил воведен обичај зглобот на десната рака на затвореникот да се врже за левата рака на војникот, кои после одредено време се сменувале. Поради тоа апостолот не само што не можел слободно да се движи, туку постојано бил нераздвојно поврзан со луѓе со непријатен и одбивен карактер; со луѓе коишто не само што биле необразовани и необлагородени, туку под унижувачкото влијание на околината станале брутални и деградирани. Овој обичај, сепак, бил построго применуван кога затворениците биле на брегот. Една околност во голема мера значително ги ублажила маките на неговата затвореничка судбина. Му било дозволено да ужива во дружењето со своите браќа, Лук и Аристарх. Во своето послание до Колосјаните, тој за Аристарх зборувал како за свој ‘другар во затвор‘ (Кол. 4,10). Но, тоа било чин на слободен избор, бидејќи заради својата љубов кон Павле, Аристарх бил со него во ропство и му помагал во неговите страдања.“ – Записи од животот на Павле, 262.
б. Бидејќи еврејската сезона за безбедна пловидба поминала, каков совет им дал Павле на морнарите на бродот на кој тој бил затвореник? Дела 27,4-10. Што стотникот наместо тоа направил – и зошто требало да го послушаат советот на Павле? Дела 27,11-20.
ц. И покрај погрешната одлука која ја донеле, како Бог сепак бил милостив кон морнарите, давајќи им утеха преку Павле? Дела
27,21- 26. Во каква тешка ситуација и самите се нашле, дури и после четиринаесет дневниот пост и жестоката борба со бурата? Дела 27,27-29.
“Павле не се плашел за себе, тој бил уверен дека нема да биде проголтан од страна на гладните води. Бог ќе го сочува неговиот живот за да може да сведочи за вистината во Рим. Меѓутоа, неговото човечко срце копнеело со сожалување за бедните души околу него.“ – Записи од животот на Павле, 266.

Вторник 10. септември
3. СПАСОНОСНО ВЛИЈАНИЕ
а. Каква себична намера имале морнарите, и како Павле забележувајќи го тоа одлучно побарал да се спречи нивниот погубен план? Дела 27,30.31.
“Најпосле на нивните морничави и испиени лица и покрај дождот и бурата можела да се распознае светлината на муграта. Контурите на брегот можеле слабо да се видат, но ниту еден познат ориентир не можел да се види. Себичните и незнабожечки морнари одлучиле да го напуштат бродот и екипажот и да се спасуваат со чамци кои со тешка мака ги извлекле на палубата. Преправајќи се дека преземаат нешто повеќе за безбедноста на бродот го одврзале чамецот и почнале да го спуштаат во морето. Да успеале тие би биле разбиени на парчиња со падот врз карпите, додека сите патници би загинале поради нивната неспособност да се справат со бродот кој тоне.
“Во тој момент, Павле, проникнувајќи во нивните ниски намери, ја спречил опасноста. Со нему својствената енергија и храброст тој им рекол на стотникот и војниците: ’Ако овие не останат на бродот, вие не можете да се спасите‘ (Дела 27,31).“ – Записи од животот на Павле, 267.268.
б. Кој чин на покорност наскоро следел? Дела 27,32.
“Верата на апостолот во Бога не се поколебала. Тој не се сомневал дека неговиот живот ќе биде сочуван, но ветувањето за безбедноста на екипажот било условено со извршување на нивните должности. Откако ги слушнале зборовите на Павле, војниците веднаш ’ги пресекоа јажињата на чунот и го оставија да падне долу во морето‘.“ – Записи од животот наПавле, 268.
ц. Со што Павле додатно ги утешил и охрабрил тие измачени луѓе околу себе? Дела 27,33-38.
“Тогаш мноштвото од двесте седумдесет и шест души кои да не бил Павле би паднала во очај, добило нова сила и заедно со апостолот почнале да јадат, првпат после четиринаесет дена. По ова, знаејќи дека е невозможно да го спасат нивниот товар, тие го исправиле бродот фрлајќи ја во морето пченицата со кој тој бил натоварен.“ – Записи од животот на Павле, 269.

Среда 11. септември
4. ЗАГЛАВЕНИ ВО МАЛТА
а. Што најпосле се случило со бродот полн со заробеници и зошто? Дела 27,39-44.
“Ако некој заточеник би исчезнал, оние што биле одговорни за него би морале да платат со својот живот. Затоа војниците сакале сите заточеници да ги убијат. Римскиот закон дозволувал ваква свирепа постапка, и тие тоа би го сториле кога не би бил човекот на кого сите му должеле длабока благодарност. Капетанот Јулиј знаел дека Павле најмногу придонел за спасување на животот на сите што се наоѓале во бродот. Освен тоа, бил осведочен дека Господ е со него и не се осмелил да му стори никакво зло. Затоа тој ’заповеда најнапред да скокнат оние што знаат да пливаат и да излезат на копно, а другите, кој на штици, кој на било каков предмет од бродот. Така сите излегоа на копното‘. И кога била извршена прозивка, никој не фалел.“ – Делата на апостолите, 334.
б. Како насуканите патници биле дочекани на островот? Дела 28,1.2.
ц. Што му се случило на Павле пред очите на домашните варвари и што тие луѓе веднаш претпоставиле за апостолот? Дела 28,3.4. Како тие набргу потоа реагирале на чудото кое Господ го извршил за Својот слуга? Дела 28,5.6.
“Павле бил меѓу најактивните во собирање на дрва. Додека ги ставал гранките врз огинот, змијата, која оживеала од својата тромост заради топлината, излегла од гранките и се замотала околу неговата рака. Сите што се наоѓале околу него биле вџашени и гледајќи ги оковите што ги носел виделе дека е заточеник, меѓу себе си рекоа: ’Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее‘. Знаејќи дека змијата била отровница, луѓето очекувале секој миг тој да падне умирајќи во страшни маки. Но Павле едноставно ја истресол змијата во огнот и ништо не му се случило’. Но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и, слично на жителите на Листра, велеа дека е тој бог. Преку оваа околност Павле стекнал силно влијание, а тој се обидел верно да го искористи наведувајќи ги да го прифатат евангелието.“ – Записи од животот на Павле, 270.271.

Четврток 12. септември
5. НАПРЕД КОН РИМ
а. Колку долго Павле и неговите колеги затвореници биле заглавени на Малта и зошто нивниот принуден престој на тој остров може да се смета за успешен? Дела 28,8-11.
“Во текот на три месеци што ги поминале бродоломците на Малта, Павле и неговите соработници користеле многу прилики да го проповедаат Евангелието. Господ видливо работел преку нив. Благодарение на Павле, сите бродоломци биле третирани со голема љубезност, сите нивни желби биле задоволени, а кога си заминувале од Малта, великодушно ги снабдиле со сите потреби за пат.“ – Делата на апостолите, 335.
б. Каде апостолот имал можност повторно да се сретне со своите браќа? Дела 28,12-14.
“Кога пловидбата била отворена, капетанот и неговите заточеници го продолжиле своето патување во Рим. Александрискиот брод ’Кастор и Полукс‘, на својот пат кон запад презимил на Малта, и на тој брод влегле патници. Иако поради неповолните ветрови пловидбата по морето се одоложила, сепак таа безбедно завршила и бродот се укотвил во убавото пристаниште Путеоли, на италијанскиот брег.
“Во тоа место имало неколку христијани кои го замолиле апостолот да остане со нив седум дена, а капетанот тоа љубезно го дозволил. Откако го добиле Павловото послание упатено до Римјаните, христијаните во Италија со нетрпение ја очекувале неговата посета. Не очекувале да го видат како затвореник, но неговите страдања придонеле да им стане уште помил и подраг.“ – Делата на апостолите, 336.
Петок 13. септември
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како ние треба да се подготвуваме за кризата која наскоро доаѓа?
2. Што покажува колкаво влијание имал Павле врз сите околу него?
3. Која била главната грижа на Павле во најтешките часови на бродоломот?
4. Опишете го искуството на Павле на островот Малта?
5. Како можеме да бидеме инспирирани од начинот на кој христијаните во Италија го примиле Павла?

Сподели го ова:

Similar Posts