10 Судење во Кесарија
10. лекција – 7. септември 2013.
Судење во Кесарија
“А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.” – Дела 24,16.
“Како еден од Божјите гласници испратени да ја потврдат вистината на Словото (Павле) знаел што е вистина; и со храброст на посветена совест се гордеел со тоа сознание.“ – Библиски коментари, 686.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 312-329.
Недела 1. септември
1. ИЗВЕДЕН ПРЕД ФЕЛИКС
а. Кој бил обвинителот на Павле и како тој, со ласкави усни, лажел за да ја добие тужбата? Дела 24,1-9.
б. Како псалмистот го опишува ласкавецот? Псалм 5,8.9.
ц. Спротивно на тоа, што ја карактеризирало одбраната на Павле, и како ова се одразило и на советот кој Павле го упатил до неговото стадо? Дела 24,10-21; Рим. 12,17.18.
“Феликс бил доволно остроумен за да проникне во намерите и карактерот на тужителите на Павле. Знаел од какви побуди му ласкаат и видел дека не се во состојба, ниту пак имаат факти, да ги поткрепат своите обвинувања изнесени против Павле. Обраќајќи му се на обвинителот, тој го повикал сам да одговара за себе. Павле не трошел пофални зборови и комплименти, туку едноставно рекол дека со задоволство ќе се брани пред Феликс, знаејќи дека веќе долго е судија и дека добро ги познава еврејските закони и обичаи. Зборувајќи за обвинувањата изнесени против него, јасно докажал дека ниту едно од нив не е вистинито.“ – Делата на апостолите, 313.
Понеделник 2. септември
2. ШАНСА ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН
а. Врз основана на сведочењето на Павле, што судијата Феликс бил во можност да распознае и да одлучи? Дела 24,22.23.
б. Каков длабок интерес Светиот Дух пробудил во срцето на Феликс и неговата втора сопруга Друзила? Дела 24,24.
“Пример за неконтролирана разузданост која го валкала карактерот на Феликс се гледал во неговата брачна врска со Друзила, со која живеел во тоа време. Преку измамувачките вештини на Симон Магус, Кипарски вражар, Феликс ја навел оваа принцеза да го напушти својот сопруг и да стане негова жена. Друзила била млада и убава, и згора на тоа, Еврејка. Таа била грижливо поврзана за нејзиниот сопруг, кој направил голема жртва за да ја добие нејзината рака. Имало навистина малку поводи да премине преку најсилните предрасуди и против себе да предизвика одбојност од нејзиниот народ заради прељубничка врска со еден суров и постар развратник. Сепак сатанските измами на маѓепсникот и предавникот успеале и Феликс ја остварил својата цел.“ – Записи од животот на Павле, 235.236.
ц. Што треба да земеме во обѕир посматрајќи го Божјото долго трпение со Феликс и Друзила? 2 Петр. 3,9.
“На каква навреда мнозина, измамени од искушенијата на сатаната, го излагаат Спасителот злоупотребувајќи ги своите предности, одбивајќи да ја признаат Неговата љубов и интересот за нив!“ – Погледот угоре, 244.
“Брате мој и сестро, Исус ве повикува да бидете прачка на Живата Лоза. Тој ве повикува да се поврзете со Него, за да можете со Негова сила да ги држите Неговите заповеди. Вие се обидувавте тоа да го направите сами одвоени од Него, но не успеавте. Бог ве љуби и сака да седнете кај Неговите нозе и да учите од Него. Неговото простување, сочувството и долгото трпение му се прикажани на светот во Христа. Кога Христос не би го платил откупот за нас, ние не би имале време на милост и проба во кое можеме да развиеме карактер на послушност кон Божјите заповеди. Затоа не разочарувајте го Христа со својата изопаченост и верување. Ценете го Божјиот дар за човекот. Покажете дека го познавате времето на своето проверување. Тоа значи живот или смрт за секого од нас. Со нашите секојдневни постапки ние ја одлучуваме нашата вечна судбина.“ – РХ, 26. јануари, 1897.
Вторник 3. септември
3. СВЕДОЧЕЊЕ НА СУДИЈАТА
а. Која неопходна порака Павле ја изнел на Феликс и Друзила, на развратниот брачен пар и како тие реагирале? Дела 24,25; Проп. 11,9.
“Оваа средба (приватен разговор со Феликс и Друзила) Павле ја сметал како од Бога дадена можност и тој верно ја искористил. Знаел дека мажот и жената пред кои стоел имаат моќ да го убијат, или да му го поштедат животот, но тој не им се обраќал со пофалба или ласкање. Знаел дека неговите зборови за нив ќе бидат мирис за живот или за смрт, и заборавајќи на сите себични размислувања, тој се обидел во нив да пробуди свест за опасноста во која се наоѓаат.
“Пораката на евангелието не признава неутралност. Таа ги става луѓето пред одлука да се определат за вистината или против неа; ако не ја прифатат и не ги почитуваат нејзините учења, тие се нејзини непријатели. Таа воопшто не обрнува внимание на личност, класа или положба.“ – Записи од животот на Павле, 240.
“Апостолот зборувал срдечно и со очигледна искреност и во неговите зборови се чувствувала тежина и моќ на уверливост. Клаудиј Лисие во своето писмо упатено до Феликс, го изнел своето лично сведоштво за Павловото однесување… Меѓутоа, Феликс при своите постапки не се раководел од никакви повисоки побуди, туку од лични интереси. Тој бил роб на славољубието и на желбата за унапредување. Стравот да не им се замери на Евреите не му дозволувал да постапи наполно праведно со овој човек за кого знаел дека е невин.“ – Делата на апостолите, 314.
б. Каков ограничен бил интересот на судијата за Павле и зошто апостолот ја одбил понудата на Феликс за слобода? Дела 24,26.27; Исаија 33,14-16.
“Во текот на следните две години против Павле не е преземена никаква понатамошна постапка, но тој сепак останал заробеник. Феликс неколкупати го посетил и внимателно ги слушал неговите зборови. Меѓутоа, вистинскиот мотив за оваа очигледна наклоност била желбата за добивка, а тој навестил дека Павле лесно би можел да биде пуштен на слобода кога би уплатил една поголема сума на пари. Но апостолот поседувал премногу благороден карактер за да се согласи да биде ослободен со поткуп. Немал никаква вина и не сакал да се спушти дотаму со мито да ја купува својата слобода. Покрај тоа, тој бил премногу сиромашен за да може да плати толку висока откупнина. Па и да бил склон кон тоа, тој во никој случај не сакал, во негово лично име да апелира на великодушноста на своите обратеници. Тој сметал дека се наоѓа во Божји раце и не сакал да се плетка во Божјите намери.“ – Делата на апостолите, 318.
Среда 4. септември
4. ИЗВЕДЕН ПРЕД ЦАРСКИ СУД
а. Што Евреите побарале од новиот намесник Поркија Фест и каков бил резултатот? Дела 25,1-12. Прераскажете го разговорот помеѓу Фест и Агрипа. Дела 25,13-22.
б. Што ние треба да научиме од обидот на Павле на најдобар можен начин да ја искористи можноста која била пред него? Дела 26,1-23.
“Во чест на своите посетители, Фест настојувал оваа прилика да ја направи што поимпозантна. Богатите одори на правобранителот и неговите гости, мечевите на војниците и сјајните оклопи на нивните команданти одавале величествен призор.
“А потоа Павле, се уште во окови, бил изведен пред насобраното друштво. Каков контраст бил претставен тука! Агрипа и Верникија имале власт и положба и заради тоа биле ценети пред светот, но биле лишени од оние карактерни црти кои Бог ги цени. Тие биле престапници на Неговиот закон и корумпирани во срцето и животот. Нивниот начин на постапување бил одвратен пред небото.
“Остарениот затвореник, окован за војникот кој го чувал, во неговиот изглед немал ништо поради што би го навело светот му оддаде почит. Сепак, за овој човек, без пријатели или богатство или положба, држан во затворот заради својата вера во Божјиот Син, било заинтересирано целото небо. Ангелите биле негови придружници. Кога славата на само еден од тие блескави гласници би светнала, царскиот раскош и гордоста би избледеле во таа светлина, а царот и дворјаните би паднале на земјата како римските стражари околу Христовиот гроб…
“Апостолот не бил збунет од страна на брилијантниот сјај или високиот ранг на насобраните, бидејќи знаел колку е мала вредноста на светското богатство и положба. Земниот раскош и моќта ниту за еден миг не можеле да го обесхрабрат и поколебаат во неговата самоконтрола.“ – РХ, 16. ноември, 1911.
“Господ сака да постигнеме колку што е можно повисоко образование, но со цел своето знаење да им го пренесеме на другите. Никој не знае каде или како ќе биде повикан да работи или да зборува за Бога. Единствено нашиот небесен Отец знае како ќе го употреби човекот. Пред нас постојат можности кои поради нашата слаба вера не ги препознаваме. Затоа нашите умни способности мораат да бидат такви за да можеме, ако е потребно, вистините на Неговата Реч да ги изнесуваме и пред највисоките авторитети на земјата и тоа на таков начин за да се прослави Божјото име. Не треба да пропуштиме ниту една единствена можност интелектуално да се оспособиме за работа во Божјото дело.“ – Христовите поуки, 295.
Четврток 5. септември
5. ЖАЛБА ДО КЕСАРОТ
а. Според што реакцијата на Агрипа се разликувала од онаа на Фест? Дела 26,24-28.
“Оковите со кои апостолот бил врзан – кога би се судело според правдата – би биле на рацете на Фест, Агрипа и Верникија, Сите тие правеле тешки злосторства. Тие престапници тој ден слушнале понуда за спасение во Христово име. Барем еден од нив бил ‘речиси наговорен’ да ја прими понудената милост и проштавањето. Но Агрипа ја отфрлил таа понуда и одбил да го прими крстот на распнатиот Спасител.“ – Делата на апостолите, 328.
б. Како овој интервју бил заклучен? Дела 26,29-32. Во која смисла ова сведочење пред незнабожечките владетели било помалку мачно од другите судења со кои Павле се соочувал како и другите Божји слуги? Езек. 2,3-7; Ерем. 1,17.
ц. Опишете го конечниот исход на Феликс?
“(Поради дрскоста, неправдата и свирепоста) Евреите и формално се жалеле против Феликс и тој бил повикан во Рим да одговори на нивните обвиненија. Иако добро знаел дека со своите постапки на изнуда и угнетување дал доволно причини за нивните приговори, сепак тој се уште се надевал дека ќе се помири со нив. Оттука, иако имал искрена почит кон Павле, одлучил да го – задоволувајќи ја нивната злоба – остави во затвор. Но сите негови напори биле залудни, иако избегал прогонство и смрт, тој бил отстранет од функцијата и лишен од поголемиот дел од неговото бесправно стекнато богатство. Своите последни денови ги поминал во срам и заборав. Друзила, како соучесник во неговата вина, заедно со нивниот единствен син, загинала во ерупцијата на вулканот Везув.“ – Записи од животот на Павле, 246.
Петок 6. септември
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Објасни ја разликата помеѓу почитувањето на авторитетот и ласкањето.
2. Како можеме да ја избегнеме стапицата Павловиот апел до Феликс да го сметаме за непожелен?
3. Зошто Феликс го третирал Павле така како што постапил – и позитивно и негативно?
4. Опишете како Бог ја гледал контраста помеѓу царот Агрипа и Павле?
5. Како можеме да бидеме во опасност од повторување на грешките на Феликс и Агрипа?