07 Галатија и Ефес
7. лекција – 17. август 2013.
Галатија и Ефес
“Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува. А се што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи се што е јавно, светлина е.“ – Ефес. 5,11-13.
“Доброто и злото никогаш не можат да се усогласат. Помеѓу светлината и темнината не може да постои никаков компромис. Вистината е откриена светлина; заблудата е темнина.“ – Во небесните пространства, 260.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апост., 210-221. 283-287.
Недела 11. август
1. ТАЈМИНГОТ НА БОЖЈАТА ПРОМИСЛА
а. Која област (релативно малку се споменува во книгата Делата на апостолите) била вклучена во рамките на мисионерските патувања на Павле? Дела 16,6; 18,23.
б. Каде на Павле му било забрането да оди? Дела 16,7. Што покажува дека тука имало евентуални успеси и каква поука тоа содржи за нас? 1 Петр. 1,1.2.
“Вистинските работници одат и работат со вера. Гледајќи како работата бавно напредува, тие понекогаш чувствуваат замор. Но ако не подлегнат и не ја загубат храброста, ќе видат како облаците се растураат и како се остварува ветувањето за ослободување. Преку маглата со која сатаната ги обвил, тие ќе ги видат сјајните зраци на Сонцето на Правдата.
“Работете со вера и препуштете му ги резултатите на Бога. Молете се со вера и тајната на Неговото провидение ќе даде одговор. Можеби понекогаш ќе ви се чини дека нема да успеете. Но работете и верувајте, внесувајќи во својата работа вера, надеж и храброст. Откако ќе го направите она што можете, чекајте на Господа, надевајте се на Неговите ветувања и Тој ќе ја оствари својата Реч. Чекајте, не грижливо, туку во бестрашна вера и непоколеблива доверба.“ – 7 Сведоштво, 215.
Понеделник
12. август
2. СПРАВУВАЊЕ СО РАЗЛИЧНИ УМОВИ
а. Со какви остри зборови Павле го нападнал изворот на духовно фаталната криза меѓу Галатските верници? Гал. 1,6-9; 3,1-3; 4,9. Зошто Павле овде постапил поинаку отколку со Коринтјаните?
“Коринтјаните биле совладани од искушението и измамени од страна на лукаво софистицираните учители кои под маската на вистината ги изнесувале заблудите. Тие станале дезориентирани и збунети. За да ги научат да го разликуваат лажното учење од вистинското, нивните учители морале да бидат мошне внимателни и трпеливи. Грубоста или непромислената избрзаност би го уништиле нивното влијание врз оние кои настојувале да послужат на благослов.
“Во Галатските цркви, верата на Евангелието била отворено потисната со демаскирана заблуда. Поради застарените церемонии на јудаизмот луѓето практично се одрекувале од Христа, кој е вистински темел на вистинска вера. Апостолот видел дека мораат да се преземат решителни мерки за тие цркви да се спасат од опасните влијанија кои им се заканувале. Им упатувал најостри предупредувања за да ги вразуми и осведочи за нивната вистинска состојба.“ – Записи од животот на Павле, 189.190.
б. Во желбата да им сведочиме на другите и да ги придобиеме за Христа, какво разликување треба секогаш да имаме на ум? Јуда 21-23.
“При секое вистинско поучување личниот елемент е од суштинско значење. Христос, како учител, ги подучувал луѓето поединечно. Токму со личен контакт и дружење Тој ги обучил дванаесеттемина. Токму во четири очи, често пред само еден слушател, ги давал своите најскапоцени совети. На почесниот рабин при ноќниот разговор на Маслинската гора, на презрената жена на Сихарскиот бунар Тој им ги отворил своите најбогати богатства затоа што кај тие слушатели открил приемчиво срце, отворен ум и чувствителен дух. Дури ни мноштвото кое толку често се туркало по Неговите стапки, за Христа не била маса на неселективни луѓе. Тој му говорел директно на секој ум и се обраќал на секое срце. Ги посматрал лицата на своите слушатели, го забележувал блесокот на лицето, брзите и охрабрувачки погледи кои му говореле дека вистината допрела до душата; и како одговор на тоа, во Неговото срце ќе вибрирала жица на сочувствителна радост.
“Христос ги воочувал способностите на секое човечко битие.“ – Воспитување, 231.232.
Вторник 13. август
3. ЦЕРЕМОНИИ ИЛИ ПРОМЕНА ВО СРЦЕТО?
а. Што сите мораат да сфатат за да се спасат? Гал. 3,7-9.27-29.
“Меѓутоа, во галатските цркви отворената и нескриена заблуда се заканувала целосно да ја потисне пораката на Евангелието. Вистинскиот темел на верата – Христос – бил практично отфрлен заради застарените церемонии на јудејството…
“Апостолот барал од Галатјаните да ги напуштат лажните учители кои ги завеле и да се вратат на верата која била придружувана со неоспорни докази на божествено одобрување. Луѓето кои настојувале да ги одвратат од верата во Евангелието биле лицемери, непосветени во срцето и расипани во животот. Нивната религија била создадена од низа церемонии и тие сметале дека со тие формалности ќе стекнат Божјо одобрување. Нив не ги привлекувало Евангелието кое барало да се прифати налогот: ’Ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо‘ (Јован 3,3). Сметале дека религијата втемелена на таква доктрина бара премногу голема жртва и затоа цврсто се држеле за своите заблуди, мамејќи се и себеси и другите.“ – Делата на апостолите, 285.
“На непрепородената природа и денеска, исто како и во времето на тие еврејски учители, и одговара светоста на срцето и на животот да ја замени со надворешната форма на верата. И денес, како и тогаш, постојат лажни духовни водачи чиешто учење мнозина желно го слушаат. Сатаната вложува добро пресметани напори надежта на спасението условена со вера во Христа и со послушност на Божјиот закон наполно да ја истисне од човечкото срце. Архиизмамникот во сите векови своите искушенија ги прилагодувал кон предрасудите и склоностите на оние што сака да ги заведе. Во времето на апостолите Евреите ги наведувал да го издигаат церемонијалниот закон а да го отфрлат Христа; а денеска ги поттикнува таканаречените христијани, под изговор дека го почитуваат Христа, да го презрат моралниот закон, учејќи дека неговите одредби можат неказнето да се престапуваат. Должност на секој Божји слуга е најрешително да му се спротивстави на таквото изопачување на верата и со речта на вистината бестрашно да ги разобличува таквите заблуди.“ – Делата на апостолите, 286.
б. Додека мнозина денес се фаќаат за држење на церемонијалните празници, што ние треба да имаме на ум? Гал. 5,1.2.16-26.
“Христос, оставајќи им го на своите ученици обредот на миење на нозе, сакал за нив да го направи она што за нив било мошне потребно – преку таа служба да ги ослободи од ритуалите и церемониите кои тие до тогаш ги сметале како мошне важни, а кои прифаќањето на Евангелието ги направило неважечки. Продолжувањето на овие (стари Еврејски) ритуали би била навреда за Јехова.“ – РХ, 14. јуни, 1898.
Среда 14. август
4. РАБОТА ВО ЕФЕС
а. Зошто Павле требало повторно да крсти некои ученици во
Ефес? Дела 19,1-7. Зошто тоа било оправдано?
“Кога (дванаесетте Еврејски верници во Ефес) биле крстени од рацете на Јован, тие ги задржале сериозните заблуди. Меѓутоа, кога добиле појасна светлина, тие со задоволство го прифатиле Христа како нивен Спасител; и со овој напредок во сознавањето дошло до промена во нивните обврски. Прифаќањето на почиста вера условило соодветна промена во нивниот живот и карактер. Во знак на оваа промена, а како признание на нивната вера во Христа, тие биле повторно крстени во името на Исус.
“Мнозина искрени следбеници на Исус Христос имале слично искуство. Појасното разбирање на Божјата волја го доведува човекот во нова врска со Него. Нови должности се откриваат. Мнозина кои пред тоа изгледале невини или дури достојни за пофалба, сега согледуваат дека се грешници.“- Записи од животот на Павле, 132.
б. Опишете ја задачата на Павле во Ефес? Дела 19,8-10.
“Духот Божји работел со Павле во неговото залагање за своите сонародници. Доволно докази биле презентирани за да се убедат сите оние кои искрено посакувале да ја дознаат вистината. Но мнозина, дозволувајќи си себеси да бидат контролирани од страна на предрасудите и неверувањето, одбиле да попуштат и пред најубедливите докази. Плашејќи се дека верата на искрените верници би можела да биде загрозена поради постојаното дружење со овие противници на вистината, Павле ги одделил учениците како посебно тело и продолжил сам со својата јавна работа…
“Павле видел дека пред него се отвораат врата за ‘голема и успешна работа’ иако ‘имало многу противници’. Ефес не бил само најраскошен, туку и еден од најкорумпираните градови во Азија. Суеверието и сетилните задоволства го држеле во своја власт неговото многубројно население. Под сенката на своите идолски храмови наоѓале засолниште криминалци од секаков вид и цутеле најодвратни пороци.
“Градот бил познат по обожавањето на божицата Дијана и по практикување на магијата. Тука бил големиот храм на Дијана, кој од дамнина бил сметан како едно од светските чуда. Со своите огромни размери и ненадминлив сјај претставувал гордост, не само за градот, туку и на нацијата. Царевите и владарите го збогатувале со своите донации… Идолот кој бил чуван во ова раскошно здание бил еден груб, необработен лик, за кој преданието тврдело дека паднал од небото.“ – Записи од животот на Павле, 134.
Четврток 15. август
5. ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЕФЕС
а. Согледувајќи дека учењата на Павле нанесувале финансиска штета на неговиот потфат како производител на мали статуи на ‘Дијана’, што направил златарот Димитриј? Дела 19,23-27. Како народот реагирал на ова обвинение? Дела 19,28.29.
6. Иако Павле бил подготвен да се соочи со сериозна опасност, обидувајќи се да искористи уште една шанса да го проповеда евангелието, на што го натерале неговите браќа? Дела 19,3032. Каква улогата одиграл ковачот Александар – и зошто неговиот обид да се спротивстави на работата на апостолот се покажал неуспешен?Дела 19,33-41; 2 Тим. 4,14.
ц. Како Павле ја резимирал неговата работа во Ефес? Дела 20,1721.25-27.33-35. Што можеме да научиме од предвидливоста на неговите завршни зборови и одговорот кој следел? Дела
20,22- 24.28-32.36-38.
“Со својата верност кон вистината, Павле предизвикал жестока омраза, но тој, исто така, бил и инспирација на најдлабока и најтопла љубов. Нажалените ученици длабоко загрижени за неговата и својата иднина, го испратиле на брод. На апостолот незадржливо му течеле солзи додека се разделувал со овие браќа, и откако се качил на бродот од брегот се слушал звук на плачење од оние кои дошле да го испратат. Со тешки срца старешините се свртеле кон своите должности, знаејќи дека не можат да очекуваат повеќе помош од оној кој чувствувал толку длабок интерес за нив и толку ревно се залагал за нив и за црквата која била доверена на негова грижа.“ – Записи од животот на Павле, 202.203.
Петок 16. август
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Што секогаш треба да имаме на ум во врска со тајмингот на Божјата промисла?
2. Објаснете ја разликата помеѓу карактерот на Коринтјаните и Г алатјаните?
3. Зошто луѓето се толку склони да паднат во церемонијализам и јудаизам?
4. Во која смисла Ефесјаните се слични на нашето општество денес?
5. Што можеме да научиме од начинот на кој Павле ги решавал тешкотиите со кои се соочувал?