04 Души плачат за вистината

Сподели го ова:

4. лекција – 27. јули 2013.

Души плачат за вистината

“Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни. “ – Дела 16,9.

“Господ повикува доброволци кои одлучно ќе застанат на Негова страна и кои со завет ќе се обединат со Исуса од Назарет да ја извршат токму онаа работа која треба да се изврши сега, токму сега.“ – Порака за младите, 198.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 140-149.
Недела 21. јули
1. СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА
а. Што како мошне битно прво било ставено на дневен ред на седницата на генералната конференција во првата црква? Дела 15,1-6.
“Незнабошците, а особено Грците, биле мошне незауздени и развратни, па постоела опасност некои необратени во срцето, и покрај тоа што исповедале вера, да продолжат со својот лош начин на живеење. Христијаните од еврејско потекло не можеле да го толерираат неморалот кој незнабошците дури и не го сметале за некаков престап. Затоа Евреите сметале дека од обратените незнабошци, како доказ за нивната искреност и побожност, треба да бараат да го прифатат обрезувањето и церемонијалниот закон. На тој начин, според нивното верување, ќе спречат кон црквата да пристапуваат луѓе кои, прифаќајќи ја верата без вистинско обратување на срцето, можат подоцна да му нанесат срам на делото со својот неморален и неумерен живот.
“Токму оваа различност и сложеност на проблемите вплетени во решавањето на главното прашање Советот го ставале речиси пред несовладливи тешкотии. Меѓутоа, Светиот Дух, всушност, веќе имал вистинско решение за тоа прашање од кое, се чинело дека зависел не само напредокот на делото туку и самиот опстанок на христијанската црква.“ – Делата на апостолите, 143.
б. Каков бил, среде расправата, коментарот на Петар по ова прашање? Дела 15,7-11.

Понеделник 22. јули
2. КЛУЧНИ ОДЛУКИ
а. Каква вест Павле и Варнава донеле на состанокот одржан во Ерусалим? Дела 15,12. Што треба ние да научиме од начинот на кој Јаков, како претседател, потоа ги применил овие вести во формирање на резолуцијата? Дела 15,13-21.
“Светиот Дух видел дека е добро на обратените незнабошци да не им се наметнува церемонијалниот закон и мислењето на апостолите во врска со тоа прашање било во согласност со Божјиот Дух. Јаков претседавал со Советот и неговата конечна одлука гласела: ’Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога‘ (Дела 15,19).
“Така е завршена дискусијата. Овој пример го побива и тврдењето на Римокатоличката црква дека Петар бил глава на црквата. Оние кои, како папата, тврдат дека се негови наследници, за таа своја претензија немаат основа во Библијата. Во животот на Петар нема ништо со што би се докажало дека тој бил над своите браќа, како намесник на Севишниот. Кога оние што тврдат дека се Петрови наследници би го следеле неговиот пример, тие секогаш би се задоволиле со тоа да останат рамноправни со своите браќа.“ – Делата на апостолите, 145.
б. Кој заклучок на крај сите го прифатиле? Дела 15,22-31.Зошто било толку важно да се нагласи дека дури и христијаните од незнабожечко потекло треба да се воздржат од конзумирање на крвта на животните? 1 Мојс. 9,1-4; 3 Мојс. 3,17.
“Не била повикана целата христијанска црква да гласа по прашањето (дали да се примени церемонијалниот закон на незнабошците). ’Апостолите и старешините‘, влијателните, совесни луѓе, донеле и објавиле одлука која потоа без одлагање била општо прифатена од сите христијански цркви. Сепак, не биле сите задоволни со оваа одлука; постоела фракција на амбициозни и самоуверени браќа кои не се согласиле со ова. Овие луѓе на сопствена одговорност се вклучиле во делото. Во голема мера биле наклонети кон мрморење, кон изнаоѓање на грешки, предлагале нови планови и настојувале да го ослабуваат и да го уриваат делото на луѓето кои Бог ги ракоположил да го проповедаат евангелието. Црквата уште од почеток наидувала на вакви препреки и ќе наидува се до крајот на времето.“ – Делата на апостолите, 146.
ц. Кога дошло време сите да се вратат во нивните полиња на работа, што предизвикало спор помеѓу Павле и Варнава? Дела 15,36-38.

Вторник 23. јули
3. НОВИ СОРАБОТНИЦИ
а. Која должност Павле набргу ја презел заедно со Сила, и кое момче Павле набргу го зел за свој соработник? Дела 15,39-41; 16,1-3.
б. Зошто Павле се чувствувал принуден да оди во Филипи, во Македонија? Дела 16,9-12. Во која смисла овој ‘Македонски крик’ одекнува се до нашите денови? Јован 4,35; Ис. 6,8.
“Во целиот свет луѓето копнежливо гледаат кон небото. Молитви, солзи и прашања се воздигаат од душите кои копнеат за светлина, милост, за Светиот Дух. Мнозина од нив се наоѓаат на прагот на небесното царство, чекајќи само да бидат воведени внатре.“
– Делата на апостолите, 79.
“Бог е волен да прифати многу повеќе работници од скромните слоеви на животот, ако тие целосно се посветат во Негова служба. Мажи и жени треба да излезат да ја носат вистината на сите ’патишта и меѓу оградите‘ на животот. Не можат сите да поминат низ еден долг курс на едукација, но ако тие се посветат на Бога и учат од Него, можат и без тоа многу да направат за благослов на другите. Илјадници луѓе би биле прифатени доколку му се предадат на Бога. Не можат сите кои работат во тој правец да бидат платени од конференциите. Нека срцата на оние кои своето време и способностите можат да ги посветат да бидат гласници на Божјата милост, пулсираат во единство со Христовото големо срце на љубовта, нека нивните уши бидат отворени за Македонскиот крик.“ – The Southern Work, 16.17.
ц. Како ние, во оваа наша зафатена генерација, треба да бидеме инспирирани од примерот на Лидија која се покажала како благослов за апостолите? Дела 16,14.15.40; 1 Петр. 4,9.
“Лидија… и нејзиниот дом се обратиле и се крстиле, па најсесрдно им понудила на апостолите да живеат во нејзината куќа како во свој дом.“ – Делата на апостолите, 161.
“Дури и нашиот народ не ги користи можностите кои му се нудат за да ја покаже својата гостољубивост и не гледа на таа особина како што би требало – како на предност и благослов. Премалку има меѓусебна дружељубивост, премалку волја зад семејната трпеза да се примат уште двајца или тројца, без засраменост или парадирање. Некои се изговараат дека ’тоа им задава премногу грижа и труд’. До тоа не би дошло, кога би кажале: ’Не подготвивме ништо посебно, но добредојдени сте на она што го имаме‘. Неочекуваниот гостин многу повеќе го цени срдечниот пречек, отколку најдеталната подготовка.“ – 6 Сведоштво, 316.

Среда 24. јули
4. СВЕДОЧЕЊЕ СО ЛИЧЕН ПРИМЕР
а. Зошто Павле и Сила биле фрлени во затвор и како се постапувало со нив? Дела 16,16-24. Што тие правеле таму? Дела 16,25.
“Апостолите биле оставени во мошне болна состојба. Нивните изнаранети и крвави грбови биле во контакт со грубиот камен под, додека нозете им биле подигнати и цврсто врзани за клада. Во оваа неприродна положба биле изложени на екстремна тортура, но сепак не воздивнувале ниту пак се жалеле туку разговарале храбрејќи се меѓусебно, го славеле Бога што се удостоиле да трпат срамота поради Неговото омилено име. Сеќавајќи се како некогаш и тој самиот на сличен начин ги прогонувал Христовите ученици, Павле му бил мошне благодарен на Бога што неговите очи биле отворени да гледаат, а неговото срце поттикнато да ги чувствува славните вистини на евангелието за Божјиот Син, и што му била укажана чест да го проповеда учењето кое некогаш го презирал.
“Во црната како катран темнина и пустелија на занданата, Павле и Сила се молеле и пееле песни во слава на Бога. Другите затвореници со чудење ги слушале гласовите на молитвите и пофалбите кои допирале од внатрешноста на затворот. Тие биле навикнати да слушаат очајни крици на проколнување и пцуење кои ја разбивале ноќната тишина во затворот; но тие никогаш порано не слушнале зборови на молитви и пофалби кои се издигале од мрачната ќелија. Стражарите и затворениците не можеле да се начудат кои се овие луѓе кои, и покрај таквото мачење, глад и студ, се уште можеле да се радуваат и радосно да разговараат еден со друг.“ – Записи од животот на Павле, 75.76.
б. Што се случило кога Павле и Сила го славеле Бога во занданата? Дела 16,24-36. Каква е тоа поука за нас? Матеј 5,44-46.
“Апостолите можеле да побегнат кога земјотресот ги отворил вратата на затворот и ги ослободил од нивните окови, но тие во тој случај би биле сметани за криминалци, со што би нанеле срам на Христовото Евангелие…
“Филипјаните можеле да го препознаат благородништвото и великодушноста на апостолите токму преку нивниот начин на постапување, особено во нивната воздржаност да се жалат на повисоката власт заради свирепото постапување со нив. Веста за нивното неправедно апсење и чудесното избавување одекнала ширум целиот регион и тоа го свртело вниманието на мнозина кон апостолите и нивната работа до кои тие на друг начин не би можеле да допрат.“ – Записи од животот на Павле, 80.81.

Четврток 25. јули
5. РАДОСТ ЗАТОА ШТО СТРАДАЊЕТО ДОНЕЛО РОД
а. Зошто апостолите го напуштиле Филипи, иако не набрзина? Дела 16,35-39. Каков во меѓувреме бил плодот од Павловото залагање во Филипи? Фил. 1,1.2.
“Напорите на Павле во Филипи резултирале со формирање на тамошна црква чиј број постојано се зголемувал. Неговиот пример на ревност и посветеност, а пред се, неговата подготвеност да страда заради Христа, оставале трајно и длабоко влијание врз обратените верници. Тие високо ги ценеле драгоцените вистини за кои апостолот толку многу се жртвувал и со сето срце се посветил во делото на својот Откупител.“ – Записи од животот на Павле, 81.
б. Како Павле гледал на верниците во Филипи, и како ги поттикнувал во поглед на прогонствата со кои ќе се соочат? Фил. 1,3-7.27-30.
ц. На што и ние, слично на Филипјаните, треба да се фокусираме? Фил. 2,5-11; 4,6-8. Кое сведоштво на Павле може да не инспирира и нас? Фил. 3,7-11.
“Излевањето на Светиот Дух на денот Педесетница го претставувал раниот дожд, но позниот дожд ќе биде многу пообилен. Светиот Дух очекува да го побараме и да го добиеме. Христос повторно мора да се открие во сета полнота преку силата на Светиот Дух. Луѓето ќе ја препознаат вредноста на скапоцениот бисер и ќе кажат заедно со апостол Павле: ’Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба. Затоа, сметам дека и се друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од се, и се сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос‘ (Фил. 3,7.8).“ – Христовите поуки, 95.
Петок 26. јули
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Зошто христијаните од еврејско потекло инсистирале христијаните од нееврејско потекло да бидат обрезани?
2. Како Бог ја водел седницата на водечките луѓе во Еруслим исправно да постапат со овој проблем?
3. Дури и ако не сме во состојба лично да одговориме на ’Македонскиот крик‘, на кој начин Лидија може да не инспирира?
4. Со што бил подготвен патот за обраќање на затвореникот во Филипи и неговото семејство?
5. Кој Павлов став и нам ни е неопходен за да го добиеме позниот дожд?

Сподели го ова:

Similar Posts