02 Избран и од Бога

Сподели го ова:

2. лекција – 13. јули 2013.

Избран и од Бога

“Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде.” – Јован 15,16.

“Исус не засака уште додека бевме грешници; но бидејќи не избрал Тој очекува да одиме и да донесеме род. Дали Тој од секого од нас очекува да направи нешто? Секако, секој кој ќе се впрегне со Христа мора да го носи Неговото бреме, да го прифати Неговиот начин на работа.“ – Знаци на времето, 17. декември, 1894.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 114-121.
Недела 7. јули
1. НОВООБРАТЕН
а. На што Павле бил поттикнат веднаш по неговото обратување? Дела 9,20. Опишете го одговорот? Дела 9,21-24.
б. Што наскоро станало неопходно за да се заштити животот на Павле? Дела 9,25.
ц. Кое искуство значајно придонело да ја поткрепи верата на Павле и да го постави на тврда подлога неговиот повик од Бога? Гал. 1,15-17.
“(Павле) отишол во Арабија, и таму, во релативна осаменост, тој имал можности за заедница со Бога и за размислување. Тој сакал да биде сам со Бога, да го преиспитува сопственото срце, да го продлабочи своето покајание и со молитва и покајание да се подготви за задачата која му изгледала премногу голема и премногу важна за да може да ја прифати. Тој бил избран за апостол, не од луѓето, туку од Бога, и јасно било нагласено дека ќе работи меѓу незнабошците.“ – Записи од животот на Павле, 33.34.

Понеделник
8. јули
2. НЕГУВАЊЕ НА ПРВАТА ЉУБОВ
а. По што било карактеристично времето кое Павле го поминал во Арабија, и чии искуства му доаѓале на ум? Псалм 139,23. 24; 2 Мојс. 2,15; 3,1.
“Во воените училишта во Египет, Мојсеј го научил законот на силата, и влијанието на тоа учење врз неговиот карактер било толку силно што му биле потребни четириесет години на смиреност и врска со Бога и природата за да се оспособи да го води Израел со законот на љубовта. И Павле требало да ја научи истата лекција.“ – Воспитување, 65.
“Додека бил во Арабија (Павле) не комуницирал со апостолите; го барал Бога со сето свое срце, одлучил да не престане со молитвата додека со сигурност не се осведочи дека неговото покајание е прифатено и дека му е простен неговиот голем грев. Не се одлучил да стапи во борба се додека не добие сигурност дека Исус ќе биде со него во неговата идна служба. Имајќи го пред своите очи живото обележје на Христовата слава, која го заслепила со небесна светлина пред вратите на Дамаск, сакал да ја има и постојаната сигурност на Христовата благодат. Павле одржувал тесна поврзаност со небото, и Исус општел со него, утврдувајќи го во вера и давајќи му ја својата мудрост и благодат.“ – Записи од животот на Павле, 34.
б. Зошто Бог често го користи искуството на пустинската осаменост за да ги подготви лидерите за големата задача која им претстои? Јов 37,14; Псалм 46,10.
ц. И покрај големите надежи на Павле, какво изненадувачко разочарување доживеал кога конечно му се пружила прилика да се сретне со водечките браќа во Ерусалим? Дела 9,26; Гал. 1,18.19. Што го прави искуството на Павле така уникатно?
“Петар, Јаков и Јован се чувствувале уверени дека Бог ги назначил да им го проповедаат Христа меѓу нивните сонародници во татковината. Меѓутоа, Павле добил овластување од Бога додека се молел во храмот, и неговото широко мисионерско поле било јасно претставено пред него. За да го подготви за неговата обемна и важна задача, Бог го довел во тесна врска со Него и му дозволил во занесна визија да фрли еден поглед на убавината и славата на небото.“ – Записи од животот на Павле, 41.42.

Вторник
9. јули
3. ОТФРЛАЊЕ НА СИТЕ ПРЕДРАСУДИ
а. Кој го отворил патот за Павловото примање меѓу апостолите, и зошто оваа посета на Ерусалим била скратена? Дела 9,27-29; 22,17.18. Што им помогнало на верниците да го подржат Павловото послание меѓу презрените незнабошци? Дела 8,26.27.38; 10,34.35.44-47.
б. Која логика Павле ја користел во молитвата во поглед на она што го сфатил како свој повик, и каков бил одговорот? Дела
22,19- 21. Како црквата била благословена прифаќајќи ја Божјата одлука? Дела 9,30.31.
ц. Кое начело Павле подоцна го објавил за доброто на сите верници до крајот на времето и какво предупредување тоа претставува за нас? Гал. 3,28.29; Колос. 3,11.
“Бог избира луѓе да извршат одредена задача. Нивните умни способности можат да бидат скромни, но токму тоа е уште еден доказ дека Бог делува преку нив. Нивниот говор не мора да биде красноречив, но тоа не е доказ дека немаат порака од Бога. Нивното знаење може да биде ограничено, но во многу случаи Бог во својата мудрост може да ги искористи таквите како свои орудија; и Божјата сила преку нив може да се манифестира повеќе отколку преку оние кои имаат вродени или стекнати способности и кои – знаејќи го тоа – се потпираат на себе, на своето мислење и на својата вештина во начинот на обраќање.“ – Објавени ракописи 5, 244.
“Предрасудата е нешто ужасно во очите на Бога. Предрасудите ги навеле луѓето да го распнат Спасителот на светот. Како народ треба да ја отфрлиме секоја предрасуда, бидејќи таа го заслепува умот и ги прави луѓето неспособни да постапат правилно со оние кои ги сметаат за виновни. Тоа ги наведува луѓето да изрекуваат суд над своите браќа чии души не можат да ги читаат, но и кога би можеле, нема да ги разберат. Наместо да создаваме неслога, осудувајќи ги другите, треба членовите на нашите цркви да ги поврземе во небесно единство со силни врвки на братска љубов. Ако некој брат застрани, голем грев е неговиот случај да се изнесува пред другите во обесхрабрувачка светлина, наведувајќи ги другите да го следат неговиот пат, како би ги разоткриле неговите многубројни слабости. Ова е сатанска постапка и нималку не е во хармонија со Христовиот Дух.“ – РХ, 24. октомври, 1893.

Среда
10. јули
4. ЛОЗЈЕТО СЕ ПРОШИРУВА…
а. Што вели Павле за почетокот на својата работа за Христа? Гал. 1,20-24.
б. Што се случило во меѓувреме во градовите северно од Јудеја, вклучувајќи го и Кипар – остров во Средоземното море – и зошто? Дела 11,19-21. Што набргу станало очигледно? Дела
11,22- 24.
ц. Кого Варнава го зел за свој соработник и колку вреден за внимание бил резултатот на нивните заеднички напори за година дена? Дела 11,25.26. Каква инспирација тоа треба да биде за секого од нас? Јован 15,16.
“Исус мнозина повикува да бидат мисионери. Тој повикува мажи и жени кои ќе се посветат на Бога, подготвени да потрошат и да бидат потрошени во Неговата служба. О, можеме ли да ја заборавиме својата должност да се залагаме за спасување на светот околу себе? Зарем да не тргнеме напред чекор по чекор, допуштајќи му на Бога да не употреби како своја помошна рака? Зарем да не ставиме на олтарот на службата и себеси и се што имаме? Тогаш, допрени и преобразени од Христовата љубов ќе бидеме подготвени работејќи за Него да се излагаме и на опасности.“ – РХ, 27. јан., 1903.
“Господ во својата служба ќе повика мнозина верни работници во единаесеттиот час. Самопожртвуваните мажи и жени ќе ги заземат местата испразнети поради отпадништво и смрт. На младите мажи и младите жени, како и оние кои се постари, Бог ќе им даде сила одозгора. Со обратен ум, нозе и јазици допрени со жив јаглен од Божјиот олтар, тие ќе заминат на работа за Учителот, продолжувајќи го напредокот на делото сигурно и одлучно до неговото конечно завршување.“ – Упатства за младите, 13. февруари, 1902.
“Кога членовите на црквата ќе видат како младите работници ревно се трудат да се оспособат за поопсежна работа во градови, села и населби кои никогаш не слушнале за вистината, и како тие доброволно заминуваат во други земји за да им ја однесат пораката, за нив самите тоа ќе биде далеку поголемо духовно охрабрување отколку што би го добиле со работата на тие неискусни млади луѓе.“ – 3 Сведоштво, 189.

Четврток 11. јули
5. ПОВИК НА ЈАВНО ПРИЗНАТИТЕ
а. Што им рекол Господ на пророците и учителите на локалната црква во Антиохија? Дела 13,1.2. Што покажува дека црквата може да преземе таков чекор само во страв Божји, со молитва и пост? Дела 13,3.
“Пред да бидат пратени како мисионери во незнабожечкиот свет, тие апостоли (Павле и Варнава) со пост, со молитва и со ракополагање, на посебен начин му биле посветени на Бога. Така црквата ги овластила не само да ја проповедаат вистината, туку и да вршат обред на крштевање и организација на цркви со полн духовен авторитет…
“Павле и Варнава веќе примиле лично од Бога налог за мисионерска работа, така што обредот ракополагање не им додал некои нови благодати или квалификации. Тоа била призната формалност на воведување во одредена служба и признавање на авторитетот на оној што стапува во таа служба. Со тоа црквата само ставала печат на Божјото дело.“ – Дела на апостолите, 118.
6. Како Павле гледал на овој свечен обред? Рим. 1,1.
“Павле сметал дека обредот на неговото формално ракополагање означува почеток на едно ново и значајно поглавје во неговото животно дело. Подоцна тој ден го сметал за почеток на својата апостолска служба во христијанската црква.“ – Делата на апостолите, 120.
ц. Кои се некои од клучните точки кои треба да се реализираат во врска со светиот повик на формално ракополагање во црковна служба? 1 Тим. 5,22; Ис. 52,11 (посл. дел).
Петок 12. јули
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог го испратил Павле во Арабија?
2. Како можеме да се изложиме на опасност да постапуваме со другите како што се постапувало со апостол Павле?
3. Како предрасудите за нас можат да бидат пречка за Божјото дело?
4. Опишете ги скорешните сцени кои треба да се одиграат во единаесеттиот час?
5. Која свечена обврска ја има секој член на црквата кога некој е предложен за формално ракополагање, без разлика дали тоа е ѓакон, старешина или проповедник?

Сподели го ова:

Similar Posts