01 Обратувањето на Савле

Сподели го ова:

1. лекција – 6. јули 2013

Обратувањето на Савле

“Но Господ му рече: „Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израелови. И Јас ќе му покажам колку треба тој да пострада заради името Мое. “ – Дела 9,15.16.

“(Савле) ги познавал Светите списи на Стариот завет, и по неговото обратување божествената светлина му ги осветлила пророштвата кои се однесуваат на Исус, што го оспособило јасно и храбро да ја изнесува вистината и да го исправува секое изопачување на Светите списи.“ – Духовни дарови 1, 92.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 213-217.
Недела 30. јуни
1. ГЛАВЕН ГАКОН
а. Како Господ го употребил Стефан како моќно оружје во првата црква? Дела 6,2-8.
“Црквата… избрала седум луѓе полни со вера и мудроста на Божјиот Дух да водат грижа за деловните интереси на делото. Стефан бил прв меѓу избраните; според раѓањето и верата тој бил Евреин, но зборувал грчки јазик и бил запознаен со грчкиот систем и нивните обичаи. Затоа го сметале за најсоодветна личност да застане на чело и да има надзор над фондовите издвоени за вдовици, сираци и достојните сиромаси…
“Седум луѓе биле издвоени и со ракополагање биле свечено поставени на нивните должности. Оние кои на таков начин биле ракоположени не биле поради тоа исклучени од учество во проповедање на вистината. Напротив, забележано е дека: ’А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето‘ (Дела 6,8)… Тоа биле луѓе со здраво расудување и разборити, луѓе кои знаеле добро да се справат со тешкотиите настанати поради негодување или завист.“ – Духот на пророштвото 3, 292.293.
б. Со што Стефан го предизвикал гневот на Евреите? Дела 6,9-14.

Понеделник 1. јули
2. НЕЗАБОРАВНА СМРТ
а. Опишете ја целосната спротивност помеѓу однесувањето на еврејскиот совет и однесувањето на Стефан додека сведочел за својата вера во Исуса и ја прераскажувал историјата за еврејскиот бунт. Дела 6,15; 7,54-60.
б. Кој бил именуван како еден кој бил присутен и обрнувал внимание на сето ова и како тој подоцна се опишува себеси како соучесник во овој злочин? Дела 7,58; 22,20.
“Мачеништвото на Стефан оставило длабок впечаток врз сите присутни. Сеќавањето на Божјиот печат на неговото лице, зборовите што ја потресле душата на оние кои ги слушнале – останале во свеста на присутните и сведочеле за вистинитоста на неговите зборови. Неговата смрт била тешка загуба за црквата, но резултирала со обратувањето на Савле, кој не можел да ги избрише од своето сеќавање верата и постојаноста на овој маченик и славата што се гледала на неговото лице.“ – Делата на апостолите, 73.
ц. Во согласност со традиционалниот менталитет на своите сонародници, на што Савле ја посветил својата енергијата по смртта на Стефан? Дела 8,1-3.
“Римски граѓанин, роден во незнабожечки град; Евреин, не само според потеклото туку и според животното воспитување, патриотската ревност и вероисповедта; образован во Ерусалим од страна на најугледните рабини и поучен на сите закони и преданија на татковците, Савле од Тарс во најголем степен ја делел гордоста и предрасудите на својот народ…
“Во теолошките училишта во Јудеја, Божјата Реч била потисната со човечки шпекулации; толкувањата и преданијата на рабините и ја одземале силата. Самовозвишувањето,
властољубивоста, љубоморната исклучивост, нетолеранцијата и презривата горделивост биле владеечки принципи и побуди на овие учители.
“Рабините се гордееле со својата супериорност не само над припадниците на другите народи туку и над своите сопствени сонародници. Обземени со жестока омраза кон своите римски поробувачи, тие цврсто решиле да ја повратат својата национална превласт со силата на оружјето. Ги мразеле и убивале Исусовите ученици чија вест на мирот толку очигледно се спротивставувала на нивните честољубиви планови. Савле бил еден од најогорчените и најбезмилосни учесници во овој прогон.“ – Воспитување, 64.

Вторник 2. јули
3. ГРИЖА НА СОВЕСТ
а. Опишете ја реакцијата на верниците на прогонството во Савловите денови и жестоките мерки кои тој лично ги преземал. Дела 8,3.4; 9,1.2. Која цел тој, во длабочината на душата, ја имал од својата младост? Дела 23,1; Евр. 13,18.
“Уште како момче (Савле) станал угледен член на Синедрионот. Го сметале за човек што ветува, ревен бранител на исконската вера.“ – Воспитување, 64.
б. Ако сакаме искрено да го следиме Бога, зошто според Христовите зборови – ние на крајот ќе се чувствуваме непријатно кога ќе направиме нешто погрешно? Јован 16,7.8.
“Нашата љубов кон Христа ќе биде сразмерна со длабочината на нашата осведоченост за гревот, а законот не осведочува за гревот. “ – Вера и дела, 96.
“Вие можете да имате совест и таа совест може да ве осведочи за нешто, но прашањето е: Дали таквото осведочување е делотворно? Дали тоа осведочување допира до вашето срце и влијае на внатрешниот човек? Дали под влијанието на истото храмот на душата се чисти од својата нечистотија? Тоа е она што ни е неопходно.“ – Ум, карактер и личност 1, 324.
ц. Кој застрашувачки феномен одненадеж го запрел Савле во неговиот поход? Дела 9,3.4. Кој бил тој што зборувал и што се требало да сфати за ‘ритање против бодило’ (спротивставување на совеста)? Дела 9,5.
“(Савле) бил сведок на Стефановата воздржаност кон неговите непријатели и на неговото великодушно проштавање. Исто така бил сведок на цврстината и на ведрото спокојство на многуте луѓе кои и самиот ги изложувал на измачувања и понижувања. Видел дури како некои од нив со радост го даваат дури и својот живот за својата вера.
“Сите овие факти силно му се наметнале на Савле и понекогаш во неговиот дух предизвикувале речиси непоколебливо осведочување дека Исус навистина е ветениот Месија. Во такви моменти Савле цели ноќи се борел против тоа осведочување и секогаш на крај јавно изјавувал дека Исус не е Месија и дека Неговите следбеници се само заведени фанатици.“ – Делата на апостолите, 85.
“Секој обид да го задржи понатамошното напредувањето на Евангелието му донесува штета и страдање на самиот противник. Порано или подоцна ќе го осудува сопствената совест; и тој ќе увиди дека тоа всушност било ритање проти бодило.“ – РХ, 16. март, 1911.

Среда 3. јули
4. ПРЕСВРТНА ТОЧКА
а. Опишете го начинот на кој Савле одеднаш се понизил. Дела 9,6-9.
“Прогонувајќи ги Исусовите следбеници, Савле директно удрил против небесниот Господ. Обвинувајќи ги и сведочејќи против нив лажно, тој лажно го обвинувал и лично Спасителот на светот.“ – Делата на апостолите, 85.
б. Кој бил Ананија и што Христос му рекол да направи? Дела 9,10-12. Зошто Ананија не сакал да го изврши овој налог и какво уверување тој дал? Дела 9,13-16. Зошто високо образованиот Савле бил упатен кај Ананија, еден едноставен човек?
“Од силниот сјај на небесната светлина Савле го изгубил видот; но Исус, како голем лекар, не го исцелил веднаш. Сите благослови доаѓаат преку Христа, но Тој сега има основано црква како негов претставник на земјата и нејзе и е ставено во задача да го упати грешникот кој се кае на патот на животот. Токму оние луѓе кои Савле имал намера да ги уништи ја имале предноста да го упатат во религијата која толку ја презирал и прогонувал.“ – Записи од животот на Павле, 29.
ц. Како Ананија му се обратил на Савле и која прекрасна победа била здобиена при нивната средба? Дела 9,17-19.
“Сето ова Исус можел да го направи за Павле и директно, но тоа не бил Неговиот план. Павле требало да им го признае својот грев на оние кои претходно имал намера да ги истреби и Бог им ја доверил оваа одговорна задача на оние кои биле поставени да работат наместо Него. Павле бил должен да ги преземе овие чекори, кои се неопходни во процесот на обратување. Тој требало да се обедини со истите оние луѓе кои тој ги прогонувал поради нивната вера. Овде Христос им дал пример на сите припадници на Неговиот народ како Тој работи на спасување на луѓето. Божјиот Син се поистоветува со службата и авторитетот на својата организирана црква. Неговите благослови требало да доаѓаат преку орудијата кои Тој ги ракоположил, со што го поврзува човекот со канал преку кој доаѓаат Неговите благослови. Павле бил убеден дека прогонувајќи ги светите прави добро дело, но неговата искреност во тоа не го направила невин кога Светиот Дух го осведочил колку тоа било погрешно и сурово. Морал да стане ученик на учениците.“ – 3 Сведоштво, 400.

Четврток 4. јули
5. КРСТЕНИ ВО НЕГОВОТО ТЕЛО
а. Зошто следниот чекор кој Савле потоа го презел бил толку важен? Марко 16,16.
“Во светлината на моралниот закон, за кој сметал дека треба ревно да го чува, Савле сега се видел себеси како грешник над грешниците. Тој се покајал, умрел за гревот, станал послушен на Божјиот закон, верата во Исус Христос како негов Спасител ја покажувал на дело, се крстил и го проповедал Исуса така сериозно и ревносно како што тој некогаш го осудувал.“ – Записи од животот на Павле, 31.
б. Зошто Христос има организирано тело на земјата и зошто црквата треба да биде признаена како таква? Мат. 16,18.19; 1 Тим. 3,15.
ц. Зошто црквата е толку драгоцена за Исуса? Ефес. 5,25 (посл. дел); 29,30.
“Исус е пријател на грешниците; Неговото срце е трогнато од нивните страдања; Тој ја има сета власт и на небото и на земјата; но Тој ги почитува орудијата кои Тој ги ракоположил за просветлување и спасување на луѓето. Тој ги упатува грешниците во црквата која Тој ја направил канал на светлината за овој свет.
“Савле бил високо образован учител во Израел; но додека бил заслепен од заблудите и предрасудите, самиот Христос му се открил, а потоа го поврзал со Неговата црква… Сето тоа е направено во името и авторитетот на Христос, но црквата била канал за комуникација.“ – Записи од животот на Павле, 31.32.
Петок 5. јули
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како животот на Савле може да не инспирира?
2. Каков впечаток Стефановото мачеништво оставило на религиозните луѓе?
3. Зошто Бог го употребил Ананија да му го поврати видот на Савле?
4. Зошто не вреди ’да се рита против бодило‘?
5. Што го навело Савле да се крсти и што исто така треба да не мотивира и нас?

Сподели го ова:

Слични објави