13 Живот во страхопочит

Сподели го ова:

13. лекција – 29. септември 2012.

Живот во страхопочит

“Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави.“ – Ефес. 5,15.16.

“Не постои друг начин да се покаже страхопочит која Нему би му била така угодна како што е послушноста кон она што Тој го рекол.“ – Воспитување, 244.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 467-471.
4 Сведоштво, 601-620.

Недела 23. септември

1. ИСКУСТВОТО НА ЕНОХ

а. Како вдахновението го опишува духовниот живот на патријархот Енох? 1 Мојс. 5,24 (прв дел); Евр. 11,5.

“Молете се во тајност, но и додека ги извршувате секојдневните работи воздигајте ги вашите срца кон Бога. Така и Енох одел со Бога. Овие тивки молитви се воздигаат како скапоцен темјан пред престолот на благодатта. Сатаната не може да го совлада оној чие срце на таков начин се утврдува во Бога.“ – Патот кон Христа, 90.

б. Како што светиите се подготвуваат за вознесение во овие последни денови, како искуството на Енох се поврзува со страхопочита кон Божјото присуство со вистинското посветување? 1 Мојс. 5,24; 1 Јов. 3,2.3.

“Од ден на ден (Енох) се воздигал од сопствениот пат, барајќи го Христовиот божествен, небесен пат. Тој постојано се прашувал: Дали е ова патот Господов? Постојано растел и напредувал, одржувајќи непрекината заедница со Отецот и со Синот. Тоа е вистинско посветување.“ – Библиски коментари, 693.
“Како што Енох се вознел на небото пред светот да биде уништен со вода, така и праведниците живи ќе бидат земени од Земјата пред таа да биде уништена со оган.“ – Патријарси и прор., 68.

Понеделник 24. септември

2. НАДВОРЕШНОСТА ЈА ОТКРИВА ВНАТРЕШНОСТА

а. Објасни го важниот надворешен услов кој Господ го бара од сите за да можат да се подготват да се сретнат со Него во мир. 2 Мојс. 19,10.11.

“Кога Господ барал строга чистота од оние кои на своето патување низ пустината речиси постојано биле на отворено, Тој не бара ништо помалку од нас коишто живееме во затворени куќи каде нечистотијата е уште повидлива и има уште поштетно влијание.“ – Совети за здравјето, 82.
“Господ им заповедал на синовите Израелови да ги измијат своите облеки и да ја отстранат секоја нечистотија од нивниот логор, за да не ја види нивната нечистотија кога поминува. Бог и денес поминува покрај нашите домови и ги гледа нехигиенските услови и нездравите навики на семејствата. Зарем не би било подобро да се реформираме, и тоа без одлагање.“ – Водење на детето, 106.

б. Што всушност симболизира оваа чистотата? Откр. 19,8; Мат. 5,8; 1 Тим. 5,22 (посл. дел).

“Видов дека неуредните и нечисти Бог не ги признава за христијани. Таквите не го заслужуваат Неговото одобрување. Нашите души, тела и духот треба да бидат прикажани пред Отецот во беспрекорна состојба, и ако не сме чисти и однадвор и однатре не можеме да бидеме прикажани пред Бога како беспрекорни.
“Видов дека куќите на светиите треба да се држат чисти и уредни, слободни од нечистотија, валканост и каква било нечистотија. Видов дека Божјиот дом бива осквернет поради негрижа на родителите кон нивните деца, и од страна на неуредноста и нечистотијата кои можат да се видат таму. Видов дека овие појави треба отворено да се укорат, и ако веднаш не се променат, некои од таквите кои тврдат дека ја познаваат вистината треба да бидат отстранети од логорот.“ – Одбрани пораки 3, 273.274.
“Нечистите, запоставени агли во домот укажуваат на нечисти и занемарени агли во душата.“ – Водење на детето, 114.

ц. Наведи некои од принципите на христијанското облекување и надворешниот изглед кои сите верници – вклучувајќи ги и младите – треба да ги разберат. 1 Тим. 2,9.10; Тит 2,11-14; 3,2.

“Облеката е показател на умот и срцето. Она што се истакнува надвор претставува знак кој покажува што е внатре.“ – Ум, карактер и личност 1, 289.
Вторник 25. септември

3. ПОКАЗАТЕЛ НА СРЦЕТО

а. Која сериозна претстава за начинот на облекувањето и надворешниот изглед треба да се поддржува во овој несимболичен ден на помирување? Проп. 11,9; Рим. 13,14.

“Горделивоста и љубовта кон светот кои доаѓаат до израз во начинот на облекувањето на нашите сестри ги одбиваат од вистината многу души кои биле потполно осведочени од неа. Објавената вистина делува толку јасно и складно што заинтересираните чувствуваат дека со прифаќање на истата мораат да земат и тежок крст. Но кога ќе видат толкаво парадирање во облекувањето на нашите сестри, тие заклучуваат: ’Овие верници во начинот на облекување воопшто не се разликуваат од нас. Тие всушност не веруваат во она што го исповедаат; и на крајот на краиштата, тие мора да се измамени. Кога навистина би верувале дека Христос наскоро доаѓа, кога судбината на секоја душа ќе биде одлучена за вечен живот или смрт, тие не би жртвувале толкаво време и пари за да се облечат според последната мода‘. Колку малку знаат овие таканаречени сестри каква проповед исповедаат со својот начин на облекување!.“ – 4 Сведоштво, 613.
“Нашите зборови, нашите постапки и нашиот начин на облекување јасно и недвосмислено зборуваат дали ние собираме со Христа или пак растураме. Тоа не е безначајна ситница преку која можеме лесно и со насмевка да поминеме. Прашањето за облекувањето бара да размислиме за тоа најсериозно и со молитва. Многу неверници увидуваат дека е погрешно што си дозволуваат себеси да бидат робови на модата; но кога ќе видат дека оние кои се прават многу побожни се поведуваат по модата како и останатиот свет и уживаат во друштво на лекомислените, тие заклучуваат дека не е никакво зло ако и самите прават така.
“Цело небо будно и со голем интерес посматра какво влијание шират околу себе оние кои се сметаат за Христови следбеници. Сестри мои, вашата облека зборува или за Христа и за Неговата света вистина или за овој свет. За кого сведочиме со својот изглед? Секогаш да имаме на ум дека мораме да полагаме сметка пред Бога и за влијанието кое сме го ширеле.“ – 4 Сведоштво, 614.
“Љубовта кон облекувањето го загрозува моралот, и жената која како христијанка треба да се одликува со невиност, разумност и скромност, ја прави спротивна на она што би требало да биде. Облеките кои впечатливо го истакнуваат телото многу често поттикнуваат страст во срцето на оние кои ги носат и будат ниски страсти во срцето на оние кои ги посматраат.“ – 4 Сведоштво, 618.
“Залуденост со модата и копнежот за задоволства го преплавува светот. Неморалот е во постојан и ужасен пораст. Зошто христијанките не се трудат да бидат доследни на својата возвишена вера?“ – 4 Свед. 619.
“За нас како народ е многу тежок грев што дозволуваме членовите на нашата црква да се облекуваат на начин кој не е во согласност со нашата вера. Мораме веднаш да се пробудиме и да ја затвориме вратата пред заводливите искушенија на модата. Ако не го направиме тоа, нашите цркви ќе се деморализираат.“ – 4 Свед., 620.
Среда 26. септември

4. ПРЕТПАЗЛИВ ЖИВОТ

а. Објасни ја одамна заборавената тема во нагласување на основните обележја кои треба да ги красат христијаните од сите времиња. Тит 2,1-7.

“Ние живееме во време на голема опасност. Адвентистите на седмиот ден тврдат дека се народ кој ги држи Божјите заповеди, но го изгубиле духот на вистинска побожност. Тој дух на длабока почит кон Бога ги учи верниците како да му пристапуваат на својот Творец – во светост, страхопочит и со посредство на вера, не во себе, туку во Посредникот. Таквиот верник останува цврст и постојан без оглед на околностите во кои се наоѓа.“ – Одбрани пораки 2, 314.315.

б. Какви зборови се карактеристични за вистинскиот христијанин? Ефес. 5,17.20. Истакни ја спротивноста помеѓу срамните говорни навики кои и денес се во спротивност со духот на Евангелието. Ефес. 5,4 (прв дел).

“Кога луѓето ќе го отфрлат Божјиот страв, тогаш набргу ја губат и честа и интегритетот.“ – Патријарси и пророци, 587.
“Бидете внимателни кога зборувате. Внимавајте како ја претставувате религијата што сте ја прифатиле. Можеби чувствувате дека во озборувањето и зборувањето на глупости нема никаков грев, но тоа го жалости вашиот Спасител и ги натажува небесните ангели.“ – Темели на христијанско воспитување, 457.
“Карактерот на човекот точно можете да го процените според природата на неговиот разговор… Досетки и шеги можат да ги задоволат класите на евтини умови, но влијанието на таквото однесување сепак деструктивно влијае на духовноста. Ви го зборувам ова и како на класа и како на поединци: внимавајте на своите зборови. Нека разумноста и гласот на здравиот разум секогаш го карактеризираат вашиот разговор. Немојте да ја унижувате чистотата и благородноста на вашата душа со впуштање во бајати шеги и во негувањето безначајните разговори да ви станат навика…
“Кога зборувате неразумни зборови вие го презирате Христовото име; бидејќи погрешно го претставувате Неговиот карактер. Во Неговите усни не се нашол ниеден збор на лукавство, ниедна измама или лага. За припадниците на 144000 Библијата вели дека ’го имаат името на Отецот напишано на своите чела… и во устата нивна измама не се најде ; тие се непорочни пред престолот Божји‘ (Откр. 14,1.5).“ – Нашиот висок повик, 292.
Четврток 27. септември

5. СВЕДОЦИ ЗА ХРИСТА

а. Кога одговараме на прашањата за нашата вера, колку е важен изборот на нашите зборови? Изреки 15,23.28 (прв дел).

“Морате да покажете почит кон својата вера за да можете успешно да им ја препорачате на други лица. Страхопочит кон својата вера треба да ја прикажуваме и со поука и со пример, зборувајќи со полна почит за светите вистини. Кога го цитирате Писмото никогаш не дозволувајте од устата да ви избега некој лекомислен и безначаен израз. Откако ќе ја земете Библијата во вашите раце, имајте на ум дека се наоѓате на света земја. Ангелите се околу вас, и кога очите би ви се отвориле, вие ќе ги видите. Дозволете вашето однесување да остави впечаток на секоја душа со која се дружите дека сте опкружени со света и чиста атмосфера. Еден празен збор, една недолична насмевка можат да ја насочат душата на погрешен пат. Страшни се последиците ако не сме постојано поврзани со Бога.“ – Темели на христијанско воспитување, 194.195.

б. Наведи некои точки кои се од суштинско значење во успешното сведочење за Христа. Изреки 15,33; Кол. 4,6. Какви докази би требало да бидеме подготвени да дадеме, и на каков начин? 1 Петр. 3,15.

“’Бидете секогаш подготвени за одговор на секој кој ќе ве запраша за вашата надеж, со кротост и страв имајте добра совест.‘ Стравот за кој овде се зборува не одразува недоверба и неодлучност, туку неопходна внимателност, обрнување внимание на секој детаљ, за да не предизвикаме возбуда со некој непромислен збор и на тој начин на умот на присутните да оставиме неповолен впечаток, насочувајќи ги во погрешна насока. Секој кој сака правилно да ја прикаже вистината многу е битно да има Господов страв, понизност и дух на кротост.“ – 4 Сведоштво, 243.

Петок 28. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои карактеристики на Енох треба да ги имаме на ум во овие последни денови?
2. Зошто е толку важна чистотата за христијаните?
3. Како страхопочита влијае на нашето облекување и нашите манири?
4. Зошто е погрешно да се впуштаме во празни и безначајни разговори и шеги?
5. Кој фактор мора да го балансира секое ревнување во сведочењето за Христа?

Сподели го ова:

Слични објави