09 Празнување на саботата

Сподели го ова:

9. лекција – 1. септември 2012.

Празнување на саботата

“Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак меѓу Мене и вас, па да знаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.“ – Езек. 20,20.

“Саботата треба да се празнува многу посвето отколку што го прават тоа оние кои тврдат дека ја празнуваат.“ – 6 Сведоштво, 325.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мараната, 238.
6 Сведоштво, 322-340.

Недела 26. август

1. ПРОГЛАСЕНА ЗА БЛАГОСЛОВЕНА

а. Кога и зошто Бог јасно ја изразил Својата волја за човештвото во поглед на седмиот ден? 1 Мојс. 2,1-3; 2 Мојс. 20,8-11.

“Во четвртата заповед Бог се открива како Творец на Небото и Земјата, и со тоа се разликува од сите лажни богови. Седмиот ден како спомен на делото на создавањето бил посветен и како ден за одмор на сите луѓе. Даден е со цел живиот Бог кој е извор на животот и кој треба да биде предмет на почитување и обожавање, постојано да се одржува пред очите на луѓето. “ – Големата борба, 49.
“Седмиот ден е избран ден од Бога. Тој не оставил ова прашање да биде преиначено од страна на свештеник или владетел… Бог видел дека луѓето, гледајќи ја сопствената корист и предност, ќе изберат ден кој најмногу им одговара на нивните склоности.“ – Маран., 238.

б. Зошто Бог толку го заслужува нашето обожавање во спомен на Неговото создавање? Псалм 111,2.4.

“Кога темелите на земјата беа поставени, кога ликуваа утринските ѕвезди и кога сите Божји синови извикуваа со радост, тогаш биле воспоставени темелите на саботата… Затоа оваа институција ја бара нашата почит, таа не е воспоставена со човечки авторитет и не почива на човечки преданија.“ – Големата борба, 405.
Понеделник 27. август

2. СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК

а. За кого саботата била создадена, и зошто? Марко 2,27.28.

“Саботата е воспоставена заради човекот, за да му донесе благослов со тоа што ќе го одвои неговиот дух од земните работи, за да може да ја посматра Божјата добрина и слава. Потребно е Божјиот народ да се собира за да зборува за Него, да разменува мисли и идеи во поглед на вистините кои се содржани во Неговата Реч и да посвети дел од времето за соодветна молитва.“ – 2 Сведоштво, 656.
“Саботата – о, треба да се направи најсладок и најмногу благословен ден во целата седмица. Родителите можат и треба да им посветат внимание на своите деца, читајќи им ги најатрактивните делови од библиската историја и учејќи ги кон саботата да имаат страхопочит, држејќи ја според заповедта… Ако правилно ја празнуваат, тие можат саботата да ја направат милина, настојувајќи своите деца да ги заинтересираат за читање на Божјата Реч и за разговор за спасение на душите.“ – Мојот живот денес, 314.

б. Во овие раздвижени, динамични денови, како вистинскиот христијанин ја открива својата благодарност за посебниот подарок, Божјата сабота? Псалм 8,3.4; 92,5.6.

“Мнозина изгледа дека ги омаловажуваат миговите поминати во размислување и истражување на Светото писмо и во молитва, како да е изгубено времето поминато на тој начин. Би сакала сите да можат да ги согледаат овие нешта во светлината која Бог ја има за вас, бидејќи тогаш небесното царство би било од првостепена важност.
“Светот, преплавен со спорт и желби за уживања, постојано копнее по некои нови интереси. А колку малку време и размислувања се посветуваат на Творецот на Небото и Земјата. Бог ги повикува своите созданија да го свртат своето внимание од конфузијата и немирот околу нив и да се восхитуваат на делата на Неговите раце. “ – Синови и ќерки Божји, 109.110.
“Обележје на вистинскиот христијанин е секогаш пријатното расположение, светата и срдечна доверба во Бога и целосната преданост на Неговото провидение, што толку освежувачки делува на душата. Божјата љубов и Неговата добрина христијанинот ја манифестира во она изобилство во кое и ја прима. Убавините на природата претставуваат теми за кои треба да се размислува. Посматрајќи ги убавините на природата со кои сме опкружени и размислувајќи за тоа, нашите мисли се издигнуваат кон Творецот кој го создал сето тоа совршено и прекрасно.“ – 3 Сведоштво, 349.
Вторник 28. август

3. ВО ЧЕСТ НА ТВОРЕЦОТ И ИСКУПИТЕЛОТ

а. Како Божјиот народ го почитува Бога во саботен ден? Исаија 56,1.2; 58,13.14; Матеј 11,28-30.

“Саботата ќе биде задоволство за сите оние што ја примаат како знак на Христовата создавачка и откупувачка моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како на доказ на Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на загубениот Едем и истовремено укажува на мирот, кој е повторно вратен преку Христа.“ – Копнежот на вековите, 210.
“Родители, вие самите треба да го имате на ум саботниот ден и правилно да го празнувате. И ако го правите ова, ќе бидете во можност да им дадете правилна настава на вашите деца, за и тие да имаат страхопочит кон Божјиот свет ден.“ – Мојот живот ден., 314.
“Кога го имаме на ум сето она што се однесува на успех на Божјото дело, тогаш увидуваме дека првите победи мораат да се извојуваат во домашниот живот. Овде мораме да ја започнеме подготовката за саботата. Родителите треба цела седмица да имаат на ум дека нивниот дом е училиште во кое нивните деца се подготвуваат за небесните дворови. Нека нивните зборови бидат вистинити и на право место. Од нивните усни не смее да излезе ниту еден збор кој нивните деца не треба да го слушнат. Духот мора да биде слободен од раздразливост.“ – 6 Сведоштво, 326.

б. Какво сериозно предупредување се дава против празнување на лажната сабота? Откр. 14,9-11. Како со празнувањето на вистинската сабота ја откриваме нашата поврзаност со Бога? 2 Мојс. 31,13-17; Езек. 20,12.20.

“Саботата која му е дадена на светот како знак на Бога во својство на Творец, исто така е дадена и како Негов знак во својство на Посветител. Силата која создала сѐ е истата сила која повторно ја ре-создава душата според Неговиот лик. Саботата е знак на посветеност за оние што ја празнуваат. Вистинска посветеност значи хармонија со Бога, единство со Него во карактерот. Тоа се постигнува по пат на потчинување на оние начела кои се препис на Неговиот карактер. Саботата е знак и на послушност. Оној кој од срце се покорува на четвртата заповед – ќе го почитува и целиот закон. Тој се посветува преку послушност.
“Нам како и на Израел, саботата ни е дадена како ’вечен завет‘. За оние кои го почитуваат Неговиот свет ден, саботата е знак дека Бог ги признава како свој избран народ.“ – 6 Сведоштво, 323.
Среда 29. август

4. ПОДГОТОВКИ ЗА ОДМОР

а. На кој начин Господ го утврдува почетокот и крајот на денот? 1 Мојс. 1,5 (посл. дел); 3 Мојс. 23,32.

б. Наведи разни активности кои треба да се завршат пред зајдисонце на шестиот ден од седмицата. 2 Мојс. 16,4.5.23: Марко 15,42; Лука 23,54-56.

“Во текот на целата седмица мораме да мислиме на саботата и да се подготвиме да ја празнуваме во склад со заповедта.“ – 6 Сведоштво, 326.
“Драгоцените зборови треба често да се повторуваат: ’Душо моја чекај само на Господа, зашто во Него е мојата надеж‘ (Пс. 62,5).
“Кога така си спомнуваме за саботата, она што е земно и поминливо нема да го попречува она што е духовно. Ниту една должност која се однесува на шесте работни денови нема да биде оставена за саботата. Во текот на седмицата нашите сили нема да бидат толку исцрпени од овоземната работа, така што во денот кога Господ се одморал и освежил да бидеме толку изморени што нема да можеме да учествуваме во Неговата служба.
“Иако преку целата седмица треба да се подготвуваме за сабота, сепак петокот е ден за посебни подготовки.“ – 6 Сведоштво, 327.
“Во петок треба да се завршат сите подготовки за сабота. Погрижете се сите облеки да бидат подготвени, готвењето завршено, чевлите исчистени и да се искапете. Сето тоа може да се среди и да се заврши ако себеси си го поставиме за правило. Саботата не смее да се помине во крпење на облека, во готвење на храна, во барање на задоволства или во било која друга земна работа. Пред заоѓање на сонцето оставете ја на страна секоја световна работа и тргнете ги од пред своите очи сите световни списанија. Родители, објаснете им ги на своите деца постапките во тој поглед како и нивната цел и дозволете и децата да уживаат во подготовките за сабота во согласност со законот.
“Ние треба ревносно да ги чуваме границите на саботата, имајќи на ум дека секој момент е посветено, свето време. Секаде каде што за тоа постои можност, работодавачите треба да ги ослободат своите работници од работата од петок напладне до почетокот на саботата, давајќи им на тој начин време за подготовка, така што ќе можат со смирен дух да го дочекаат Господовиот ден. Со тоа нема да претрпите никаква загуба, дури ниту во земните работи.
“Уште на една работа треба да ѝ се посвети внимание во денот за подготовка. Тој ден треба да се решат сите несогласувања помеѓу браќата, како во семејството, така и во црквата.“ – 6 Сведоштво, 328.
Четврток 30. август

5. ПРАВИЛНО ПРАЗНУВАЊЕ НА САБОТАТА

а. Кој вид на активност е идеален за во сабота? Јован 5,5-9; Лука 6,9.10.

“Според четвртата заповед саботата е посветена за одмор и богослужба. Сите светски занимања треба да се остават, но делата на милост и добродушност се во согласност со Божјата намера. Тие не треба да бидат ограничени ниту со време или со место. Да се ублажат страдањата на унесреќените, да се утешат тажните – тоа се дела на љубов со кои се прави чест на Божјиот свет ден.“ – Служба на добродетелство, 77.

б. Со што мнозина родители се виновни за исклучување на Бога од богослужението?

“Божјиот дом честопати е осквернет и саботата нарушена од децата на верниците кои ја празнуваат саботата. Во некои случаи тие дури им дозволуваат да трчаат околу домот, да се играат, зборуваат, и да го манифестираат својот лош темперамент за време на самите состаноци каде верниците треба да му служат на Бога во убавината на светоста. И местото кое треба да биде свето, каде што треба да владее света тишина, совршен ред, уредност и понизност, станува вистински Вавилон, ’конфузија‘. Ова е доволно да го предизвика Божјото незадоволство и да го изгони Неговото присуство од нашите собранија.“ – Водење на детето, 540.

б. Во што Божјиот печат на посветеноста треба да се манифестира во нашиот живот во текот на целата седмица? 2 Сол. 2,13; 1 Сол. 4,3.4; Откр. 14,4.5.12.

“Не треба празнувањето на саботата да го сметаме само како прашање на законот, туку треба да ја сфатиме нејзината духовна поврзаност со сите животни постапки.“ – 6 Сведоштво, 326.

Петок 31. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога и зошто Бог ја воспоставил саботата?
2. Кои особени предности саботата ги донесува на човештвото?
3. Образложи го длабокото значење и важноста на саботата?
4. Какви подготовки треба да се извршат пред почетокот на саботата?
5. Опиши ги потребните карактеристики за вистинско празнување на саботата?

Сподели го ова:

Similar Posts