08 Место за богослужение
8. лекција – 25. август 2012.
Место за богослужение
“Во соборот на светиите Бога Го прославуваат; велик е и страшен за сите што се околу Него. “ – Псалм, 89,7.
“На народот требало живо и неизбришливо да му се предочи вистината дека сѐ што е во врска со служењето на Бога мора да биде примано со најголема страхопочит.“ – Патријарси и пророци, 309.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 464-473.
Евангелизам, 496-512.
Недела 19. август
1. СВЕТИОТ БОГ
а. Опишете го потребниот став со кој ние треба да му пристапуваме на нашиот Творец во овие последни денови. Псалм 99,1-5.
“Како поданик на Божјата милост, човекот треба на колена понизно да пристапи во подножјето на престолот на милоста.“ – Одбрани пораки 2, 315.
б. Кое предупредување до родителите треба сите ние да го имаме на ум кога влегуваме во Божјиот храм? 2 Мојс. 25,8; Пс. 77,13; 89,7.
“Родители, издигнете ги христијанските начела пред очите на вашите деца. Помогнете им да го вткаат Исуса во нивните животи. Научете ги да имаат најголема страхопочит кон Божјиот дом и да сфатат дека кога влегуваат во него нивните срца треба да бидат обземени со мисли како овие: ’Овде е Бог и ова е Неговиот дом. Јас морам да имам чисти мисли и најсвети побуди. Во моето срце не смее да има гордост, завист, зли претпоставки, омраза ниту измама, затоа што се наоѓам во присуство на светиот Бог. Ова е местото на кое Бог се состанува со својот народ и овде го благословува. Возвишениот и свет Бог кој престојува во вечноста ме гледа, го испитува моето срце и ги чита најтајните мисли и постапки на мојот живот.“ – 5 Сведоштво, 467.
Понеделник 20. август
2. НЕБЕСЕН ПОРЕДОК
а. Како вистинската страхопочит кон Бога може да се негува дури и во мали групи собрани на јавно богослужение? Ис. 66,1.2; Јован 4,24; Мат. 18,20.
“Часот и местото на молитвата се свети, затоа што тука е Бог. И кога страхопочита се изразува со став и држење тоа само го продлабочува ова чувство. ’Страшно е и свето името Негово‘ (Псалм 111,9), вели Псалмистот. Ангелите го кријат своето лице изговарајќи го Господовото име. Со каква страхопочит треба да го изговараме ние кои што сме паднати грешници!“ – Пророци и цареви, 29.
б. Што треба да го карактеризира секој аспект на обожавањето на Бога, вклучувајќи ги и просториите каде што верниците се собираат? 3 Мојс. 26,2; 1 Кор. 14,40.
“Куќите на светиите треба да се одржуваат чисти и уредни, слободни од нечистотија и валканост и било каква нечистота. Видов дека Божјиот дом е осквернет поради негрижа на родителите за нивните деца, поради неуредноста и нечистотијата кои можат таму да се видат. Видов дека таквите појави треба отворено да се укорат, и ако итно не се променат, некои кои тврдат дека ја познаваат вистината треба да бидат исфрлени надвор од логорот.“ – Одбрани пораки 3, 274.
“Почитта кон Божјиот дом речиси скоро исчезнала.“ – 5 Сведоштво, 468.
“Понизност и страхопочит треба да го карактеризираат однесувањето на сите кои доаѓаат во присуство на Бога. Во Исусово име ние можеме да излеземе пред Него со полна доверба, но не смееме да му се приближиме со дрска вообразба како Тој да е еднаков со нас. Има и такви кои на семожниот и свет Бог, кој живее во непристапна светлина, му се обраќаат така како што би ословиле некој на себеси рамен или дури на понизок од себе. Има такви кои во своето однесување во Неговиот дом се чувствуваат послободни отколку што би се осмелиле да бидат во приемната просторија на некој земен владетел. Тие би требало да имаат на ум дека се наоѓаат во присуство на Оној на кого му се клањаат серафими и пред кого ангелите ги засолнуваат своите лица. На Бога му припаѓа највисока почит и сите што навистина го чувствуваат Неговото присуство, понизно пред Него ќе се поклонат и ќе извикаат како и Јаков што извикал кога на сон го видел: ’Колку е страшно ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска‘ (1 Мојс. 28,17).“ – Патријарси и пророци, 254.
Вторник 21. август
3. ПРИНЦИПИ НА БОГОСЛУЖБА
а. Што можеме ние, кои живееме во несимболичниот ден на помирување, да научиме од славењето на Бога во Стариот завет? 1 Кор. 10,11.
“Од светоста на старозаветното светилиште, христијаните можат да се научат како треба да го почитуваат местото на кое Господ се состанува со својот народ.“ – 5 Сведоштво, 464.
“Еднаш во годината, првосвештеникот што служел во светилиштето со трепет влегувал во местото каде што се наоѓало Божјото присуство, додека облакот од темјанот ја сокривал славата од неговите очи. Во предворјето на храмот не смеело да се слушне ниту најмал звук. Ниеден свештеник не служел на олтарите. Мноштво верници, наведнати во тишина и страхопочит, ги упатувале своите молитви за Божјата милост.“ – 8 Сведоштво, 307.
“Ние имаме многу причини во службата на Бога да изразуваме дух на горлива побожност. Имаме причини да бидеме уште повнимателни и да негуваме уште поголема страхопочит кон нашите богослуженија од Евреите.“ – 5 Сведоштво, 469.
б. Кои суштински точки небрежно ги земаат мнозина таканаречени почитувачи на саботата? Проп. 5,1.2; Авакум 2,20.
“Обичните разговори, шепотот и смеата не се дозволени во Божјиот дом, ниту пред ниту по службата.“ – 5 Сведоштво, 465.
“При излагањето на Божјата Реч, вие браќа, треба да имате на ум дека го слушате Божјиот глас преку слугата кој Тој го одредил. Слушајте внимателно. Не заспивајте ниту еден момент, бидејќи во таа дремка може да ги пропуштите токму оние зборови кои ви се најпотребни – токму зборовите кои, кога внимателно би ги слушале, би ве спасиле да не застраните на погрешни патеки. Сатаната и неговите ангели се трудат да ги парализираат сетилата така што луѓето нема да можат да ги слушнат зборовите, или пак ако ги слушнат, тие да не влијаат на срцето и да го реформираат животот. Понекогаш, некое мало дете може да го привлече вниманието на слушателите така што драгоценото семе не паѓа на добра земја, и не донесува плод. Понекогаш момчињата и девојките имаат толку малку почит кон Божјиот дом и кон богослужението што за цело време на проповедта со потшепнувања и допишувања цело време комуницираат меѓусебно. Кога би можеле да ги видат Божјите ангели кои ги набљудуваат и го запишуваат нивното однесување, тие би се посрамиле и би се згрозиле од самите себе.“ – 5 Сведоштво, 466.
“Предворјето на црквата треба исто така да биде опкружено со света страхопочит.“ – 5 Сведоштво, 467.
Среда 22. август
4. ФАКТОРИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ
а. Што можеме да научиме од верната Естира за значењето на христијанската облека? Естира 5,1.2 (прв дел). Како овој принцип можеме да го примениме кога излегуваме пред Царот на универзумот? 3 Мојс. 19,30.
“Во главата на мнозина не постои повозвишено мислење за Божјиот дом отколку за било кое друго место. Некои влегуваат во домот со шешир на главата и во извалкана и неуредна облека. Таквите не сфаќаат дека треба да се сретнат со Бога и светите ангели. Во сите наши цркви треба да се изврши драстична промена во овој правец. И самите проповедници треба да имаат повозвишени поими и да бидат почувствителни за ваквите нешта. Оваа гранка на делото страшно е запоставена. Заради непочитувањето во облекувањето, ставот и однесувањето, заради недостаток на вистинска побожност, Бог честопати го свртуваше своето лице од оние кои се собрале за богослужение.
“Сите треба да се научат да бидат уредни, чисти и внимателни во нивното облекување, но исто така да не се оддаваат на надворешно украсување кое е целосно несоодветно за светилиштето. Не смее да се дозволи украсување, бидејќи поттикнува непочитување. Често вниманието на народот се свртува на овој или оној фин украс, и на тој начин се појавуваат мисли кои се спротивни на оние кои треба да бидат во срцата на верниците во тие мигови. Бог треба да биде предмет на нашето размислување и предмет на обожавање и сето она што ги одвраќа мислите од свечената, света служба е престап кон Него.“ – 5 Сведоштво, 471.
б. Опишете го видот на музиката која одговара за богослужба? Исаија 30,29.
“Оние кои се одговорни за музиката за богослужение треба да изберат песни кои одговараат во таа прилика – не погребни, туку ведри, но сепак свечени мелодии. Гласот може и треба да се прилагоди и стане мек, милозвучен.“ – Евангелизам, 508.
“Секоја служба (во Божјиот дом) треба да се врши свечено и со страхопочит, исто како да е видливо присуството на Господарот.“ – 5 Сведоштво, 466.
Четврток 23. август
5. ВОДЕЊЕ НА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО
а. Наведи некои основни точки кои семејствата треба да ги разберат во поглед на богослужението. Псалм 95,1-6; 100,2-4.
“Родителите не треба само да ги поучуваат, туку и да им заповедаат на своите деца со сериозност и страхопочит да влегуваат во светилиштето.
“Моралните погледи на оние кои доаѓаат на богослужение во Божјиот дом мора да бидат возвишени, благородни и посветени. Ова прашање за жал е запоставено. Неговото значење не се сфаќа и како последица на тоа преовладува безредие и непочитување, а му се нанесува срам на Бога. Кога водачите во црквата, проповедникот и народот, татковците и мајките немаат возвишено гледиште за тоа прашање, што може да се очекува од неискусните деца? Децата често се собираат во групи, одвоени од родителите кои би требало да се грижат за нив. Иако се наоѓаат во присуство на Бога и Неговите очи ги набљудуваат, децата се однесуваат лекомислено, се шегуваат, шепотат и се смеат, безгрижни се, невнимателни и немаат страхопочит. Ним ретко им се кажува дека проповедникот е Божји пратеник, дека веста што тој ја носи е орудие за спасување на душите и дека таа за сите оние што имаат предност да ја слушаат, за нив ќе биде животен мирис за живот или смртен мирис за смрт.“ – 5 Сведоштво, 469.
б. Зошто е толку важно да разбереме како правилно да му се поклонуваме на небесниот Бог? Ис. 1,12.13; Ефес. 5,17.
“Ако народот не се поучи за тоа што значи вистинско богослужение и вистинска страхопочит, ќе постои се посилна и посилна наклонетост сѐ она што е вечно и свето да се изедначува со обичното и оние кои ја исповедаат вистината ќе претставуваат само навреда за Бога и потсмев за верата.“ – 5 Сведоштво, 472.
Петок 24. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што Јаков го исполнило со страхопочит, и што ние треба да научиме од тоа?
2. Опиши некои од надворешните показатели за вистинско почитување на Бога?
3. Кое основно правило треба строго да го почитуваме во богослужението?
4. Како страхопочита може да нѐ води при нашиот избор на облека и музика?
5. На кој начин можеме да развиваме подлабока страхопочит?