04 Никогаш не жалостете го Светиот Дух
4. лекција – 28. јули 2012.
Никогаш не жалостете го Светиот Дух
“И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!“ – Ефес. 4,30.
“Христос престојува во нас преку Духот, а Духот Божји, примен во срцето преку вера, претставува почеток на вечниот живот.“ ¬– Копнежот на вековите, 290.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 121-133.
Недела 22. јули
1. ТРЕТАТА ЛИЧНОСТ ОД БОЖЕСТВОТО
а. На кој начин Светиот Дух бил вклучен во создавањето на вселената и во изготвување на планот на спасението? 1 Мојс. 1,1.2.
“Божеството било трогнато со сожалување за човечкиот род, и Отецот, Синот и Светиот Дух се дадоа на изработка на планот на спасението.“ – Совети за здравјето, 222.
б. Кои докази ги имаме дека Светиот Дух е божествена личност исто така и како сила? Дела 13,2-4; 15,28; Ефес. 4,30; 1 Кор. 2,11; Рим. 8,26.27.
“Постојат три живи личности во небесното тројство; во името на овие три големи сили – Отецот, Синот и Светиот Дух – оние кои го примаат Христа со жива вера се крштеваат, и овие сили ќе соработуваат со послушните поданици на небото во нивните напори да живеат нов живот во Христа.“ – Спец. свед., Серија Б, 7, 62.63.
“Светиот Дух има личност, во спротивно Тој не може да му сведочи на нашиот дух и со нашите духови дека сме деца Божји. Тој исто така мора да биде и божествена личност, бидејќи инаку Тој не може да ги испитува тајните кои лежат сокриени во Божјиот ум. ’Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух‘. (2 Кор. 2,11).“ – Евангелизам, 618.
Понеделник 23. јули
2. ДЕЛУВАЊЕТО НА ДУХОТ
а. Што чини Светиот Дух во името на наследниците на спасението? Дела 2,3.4; Јован 3,8; 16,13 (прв дел).
“Светиот Дух е Христов претставник, но лишен од човечка природа и не зависи од неа. Оптоварен со човечка природа, Христос не можел лично да биде на секое место. Затоа, во нивен интерес било Тој да отиде кај Отецот и да го испрати Духот да биде Негов наследник на Земјата. Тогаш никој нема да биде посебно привилегиран само поради местото во кое живее или поради својот личен контакт со Христа. Со посредство на Духот, Спасителот ќе биде достапен за сите. Во таа смисла Тој ќе биде поблиску до нив отколку ако не се вознел на Небото.“ – Копнежот на вековите, 519.
“Растението расте примајќи го она што Бог го одредил за одржување на животот. Така и духовниот раст се постигнува преку соработка со божествените орудија. Како што растението пушта корен во земјата, така и ние мора да се вкорениме во Христа. Како што растението прима светлина од сонцето, роса и дожд, така и ние мораме да го примиме Светиот Дух.“ – Воспитување, 106.
б. Зошто псалмистот силата на Божјиот Дух го исполнувала со страхопочит? Псалм 139,7-12.
“Божјата големина е несфатлива за нас. ’Господовиот престол е на небесата’ (Пс. 11,4); сепак, Тој е секаде присутен со Духот. Тој длабоко го познава секое дело на своите раце и лично се интересира за секое од нив.“ – Воспитување, 119.
“Ако дојдете во близок однос со Христа ќе видите чудесни работи во Неговиот закон кои сега не се забележуваат. Влијанието на Божјиот Дух кој ги омекнува и потчинува човечките срца и умот ќе направи вистинските Божји деца да седат во небесата заедно со Исуса Христа. Христијанско просветлување ќе се изврши во срцето на секој поединец благодарение на влијанието на Светиот Дух…
“Нека се види дека вашиот живот е сокриен со Христа во Бога. Не изговарајте ниеден избрзан, празен или лош збор. Покажете дека секогаш сте свесни за присуството на Оној на кого треба да му укажете чест и да го прославите, а не да го натерате да се срами од вас. Имајте секогаш на ум дека сте претставници на Исуса Христа! Тогаш ќе го претставите Неговиот карактер со зборови и во однесувањето.“ – Да го познам Него, 198.
Вторник 24. јули
3. ЗАДОБИВАЊЕ НА ПОБЕДА ВО КРОТОСТ
а. Како гласот на Светиот Дух се разликува од она што можеби луѓето природно го очекуваат? 1 Цар. 19,11-13; Ис. 30,21.
“Додека ги проучуваме Светите списи, мораме да се молиме Светиот Дух да ни ја расветли Неговата Реч, за да можеме да ги видиме и цениме нејзините богатства.“ – Христовите параболи, 87.
“На тајното место за молитва, каде што никој не може да нѐ види освен Божјото око, да нѐ чуе само Неговото уво, можеме своите најскриени желби и копнежи да ги излееме пред Отецот полн со бесконечна милост; и во тишина и мир на душата, Оној кој никогаш не пропуштил да одговори на повикот на човечката потреба, ќе проговори во нашето срце.“ – Мисли од гората, 60.
б. Опишете го особеното делување на Светиот Дух и доказите за Неговото присуство и сила. Јован 16,7.8; Дела 5,32.
“Светиот Дух ја осведочува и осудува душата за гревот. Ако грешникот одговори на животворното влијание на Светиот Дух, тој ќе биде доведен до покајание и ќе ја запознае важноста на послушноста на божествените барања.“ – Делата на апостолите, 38.
“Никој не треба да очајува поради наследените склоности кон злото. Но кога Божјиот Дух ќе го осведочи за гревот, престапникот мора да се покае, да го признае и да го остави злото. Верните чувари се постојано будни и претпазливи за да ги упатат душите на правите патеки.“ – Библиски коментари, 743.
ц. Каков вид на живеалиште е соодветно за престојување на Светиот Дух? Јован 14,17; 1 Кор. 3,16.17; Ис. 57,15.
“Оние кои небото ги признава за свети, последни се кои ќе ја истакнуваат својата добрина.“ – Христовите параболи, 130.
“Бог не бара од вас да се плашите дека Тој нема да успее ги исполни своите ветувања, дека ќе се измори во своето трпение, или дека ќе му недостига сочувство. Всушност, треба да се плашите вашата волја да не ѝ откаже покорност на Христовата волја и со вашиот живот да не завладеат вашите лоши наследени и стекнати карактерни особини… Плашете се вашето ’јас‘ да не се испречи меѓу вашата душа и големиот Учител.“ – Христовите параболи, 131.
Среда 25. јули
4. НЕОПРОСТЛИВ ГРЕВ
а. Какво предупредување ни е дадено против противењето на гласот на Светиот Дух? Дела 7,51; Евр. 6,4-6; 10,26.27.
“Совеста е Божји глас кој го слушаме среде судирот на човечките страсти, и кога се противиме Божјиот Дух е жалостен.
“Сите ние мораме да разбереме на кој начин пропаѓа душата. Бог нѐ праќа порака дека човекот не треба да биде спасен. Тој не ги покрива очите со непроѕирна темнина. Човекот е тој што прв им се спротивставува на советите на Божјиот Дух. И кога еднаш ќе дојде до противење, вториот пат ќе биде уште полесно, третиот пат уште полесно и четвртиот пат сосема лесно…
“Ако денес ја занемариме тајната молитва и читањето на Светото писмо, утре тоа ќе го направиме со помала грижа на совеста. Потоа ќе следи долг список на пропусти, сѐ заради едно семе посеано на почвата на срцето.“ – 5 Сведоштво, 112.
“Бог општи со луѓето со помош на Светиот Дух, но оние кои намерно го отфрлаат тоа средство како сатанско, сами ја прекинуваат врската меѓу душата и небото.
“Бог дејствува со помош на Светиот Дух за да го покара и убеди грешникот, а кога делото на Светиот Дух конечно ќе се отфрли, тогаш Бог не може ништо веќе да стори за душата.“ – Патријарси и пророци, 422.
б. Кој грев не може да биде простен? Матеј 12,31.32. Како можеме да ја избегнеме оваа сериозна опасност? Евреите 2,1-3; Псалм 19,13.14.
“Опасно е да се изговори некој збор на сомнеж, опасно е да се става под прашање и критикува божествената светлина. Навиката на лекомислено критикување без страхопочит влијае на карактерот, бидејќи негува недостаток на страхопочит и неверие. Човекот што се оддава на таа навика несвесно стапува на опасен пат и на крај е подготвен да го критикува и да го отфрли делото на Светиот Дух.“ – Копнежот на вековите, 239.
“Гревот на хулата на Светиот Дух не лежи во некој ненадеен или неочекуван збор или постапка, туку во упорното и одлучно противење на вистината и доказите.
“Никој не треба да гледа на гревот против Светиот Дух како на нешто таинствено и неодредено. Хула на Светиот Дух е грев на упорно одбивање да одговориме на повикот да се покаеме.“ – Библиски коментари, 460.
Четврток 26. јули
5. СЕГА Е ВРЕМЕ
а. Како можеме да го примиме Светиот Дух? Дела 8,14.15; Лука 11,13.
“Зошто не сме гладни и жедни за дарот на Духот, кога само преку Него можеме да добиеме сила? Зошто не зборуваме, не се молиме и не проповедаме за тоа? Господ повеќе сака да ни го дарува Светиот Дух отколку што родителите им даваат добри дарови на своите деца. Секој работник треба срдечно да му се моли на Бога за крштевање со Духот.“ – 8 Сведоштво, 23.
б. Какво ветување е дадено особено за овие последни денови, и под кој услов? Зах. 10,1; Ерем. 14,20.21.
“Времето во кое ние сега живееме е за оние кои бараат, време на примање на Светиот Дух. Молете се и барајте ја Неговата сила. Време е да бидеме поинтензивни во нашата посветеност. Нам ни е доверена напорна но благословена задача да им го објавуваме Христа на оние кои се во темнина. Ние сме повикани да ги објавиме особените вистини за ова време. За сето ова излевањето на Духот е од суштинско значење. Ние треба да се молиме за таа сила. Господ очекува тоа да го побараме од Него. Во минатото во ова дело не сме биле со цело срце.“ – Сведоштво за проповедници, 511.
“Она што ни недостасува тоа е силата на Светиот Дух, осведоченост за гревот; и Бог тоа денес нека ни го подари. Јас му се заблагодарувам за Неговата светлина и за Неговиот Дух. Му се заблагодарувам за Неговата милост и сакам во беспомошноста на својата душа целосно да се потпрам на Него. Стојам речиси осамена; но само Бог Израелов единствено може да направи.“ – Е.Г.Вајт материјали од 1888, 596.
Петок 27. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како да знаеме дека Светиот Дух е личност?
2. Зошто Исус го испратил Утешителот?
3. Опиши го гласот на Светиот Дух и објасни ја неговата мисија?
4. На кој начин можеме да се сочуваме да не направиме непростлив грев?
5. Кои придобивки можеме да примиме кога во молитва бараме помош за Светиот Дух?