03 Почитување на Божјиот Син

Сподели го ова:

3. лекција – 21. јули 2012.

Почитување на Божјиот Син

“Сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ни Отецот, Кој Го пратил.“ – Јован 5,23.

“Во Исусово име ние можеме да излеземе пред него со полна доверба, но не смееме да му се приближиме со дрска вообразба како Тој да е еднаков со нас. “ – Патријарси и пророци, 254.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 81-83.

Недела 15. јули

1. НЕ “ПОМЛАД“ БОГ

а. Колку долго Христос постоел? Јован 1,1; Изреки 8,22-30; Михеј 5,2.

“Ако Христос ги создал сите нешта, Тој постоел пред сите нешта. Зборовите во врска со ова се толку сигурни и одредени така што никој не треба да остане во сомнеж. Христос е Бог во суштина и во највисока смисла. Тој бил со Бога преку сета вечност. Бог над сите, благословен засекогаш.“ – Библиски коментари, 532. ¬
“Кога станува збор за Неговата преегзистенција, Христос ги враќа нашите мисли назад низ бескрајните векови. Тој нѐ уверува дека никогаш не постоело време кога Тој не бил во блиска заедница со вечниот Бог.“ – Возвишете го Него, 17.

б. Што ги навело Евреите да ја отфрлат оваа вистина, и како и ние денес се излагаме на опасност да упаднеме во иста стапица? Јован 8,56-59 (прв дел); 2 Кор. 3,14; 4,4.

“Никој не може своите од Бога дадени сили во исто време да ги посветува во служба на овој свет или гордоста, без да се стави на страната на непријателот, слабеејќи ја својата душа и заведувајќи ги другите.“ – РХ, 20. септември, 1882.
Понеделник 16. јули

2. ТВОРЕЦ, ОДРЖУВАЧ И ЦАР

а. Кој бил вклучен во создавањето на вселената и нејзините жители? Јован 1,3; Ефес. 3,9; Кол. 1,15-17.

“Отецот дејствувал преку Христа и кога ги создавал небесните битија.“ – Патријарси и пророци, 6.
“Христос бил Тој кој ги распрострел небесата и ги поставил темелите на Земјата. неговата рака ги поставила световите да лебдат во просторот и му дала форма и облик на секој цвет во полето.’Тој ги утврдуваше планините со својата сила‘. ’Негово е морето и Тој го создал‘ (Псалм 65,6; 95,5). Тој ја исполнил земјата со убавина и воздухот со песна. Врз сите нешта на земјата, во воздухот и на небото, Тој ја напишал пораката на Отецот.“ – Копнежот на вековите, 8.
“Раката која ги одржува световите во просторот, Раката која ги држи во правилен поредок и неуморна активност сите нешта низ целиот Божји универзум, е раката која била прикована на крстот за нас.“ – Воспитување, 119.

б. Според пророштвото, кое учење ќе биде изменето од страна на лажните учители пред крајот на времето? 1 Тим. 3,16; 4,1-4.

“Пред последните настани во делото на отпадништво ќе дојде до конфузија во верата. Претставите во поглед на тајните за Бога ќе бидат нејасни и неодредени. Вистината една по друга ќе се изопачува (1 Тим. 3,16). Има мнозина кои ја негираат Христовата преегзистенција, па затоа и го негираат Неговото божество; тие не го прифаќаат како нивен личен Спасител. Тоа е целосно негирање на Христа. Тој е единороден Божји Син кој е едно со Отецот од почетокот. Преку него световите беа создадени
“Негирајќи го натприродното чудо на Христовото воплотување, мнозина се свртуваат од вистината со небесно потекло и ги прифаќаат сатански измислици. Тие го губат духовното расудување и го практикуваат она што сатаната го втиснал во нивниот ум преку своите агенти. Бидејќи се изобличени и жигосани од страната на усвитено железо, (1 Тим. 4,2), нивната совест е спржена и накажена со гревот. Тие ја проповедаат својата сопствена правда и се воздигаат себеси пред народот со цел да стекнат доверба и да ги привлечат на своја страна оние кои ’не ја примиле љубовта на вистината‘ (2 Сол. 2,10).“ – Знаци на времето, 28. август, 1894.

Вторник 17. јули

3. БОГ ДАЛ СÈ

а. Заради кои причини Исус лично дошол на планетата Земја како Син Божји? Ис. 9,6; Јован 3,16.34-36; 1 Јов. 4,9.

“Доаѓајќи да живее меѓу нас, Христос дошол да го открие Бога и на луѓето и на ангелите. Тој бил Божјата Реч – божја мисла што можела да се чуе. Во молитвата за своите ученици, Тој рекол: ’Им го објавив Твоето име‘ – ’милостив и полн со благодат, долготрпелив, богат со добрина и вистина‘ – ’за љубовта со која ме љубеше мене, да биде во нив, а и јас да бидам во нив.‘(Јован 17,26; 2 Мојс. 34,6). Но, тоа откровение не било дадено само за неговите деца родена на оваа Земја. нашиот мал свет е учебник на вселената. Прекрасната Божја цел на милоста, тајната на откупителната љубов – тоа е тема во која ’ангелите посакуваат да проникнат‘ и која ќе биде нивна тема за проучување низ бескрајните векови. Суштествата кои ќе бидат откупени и суштествата кои никогаш не паднале, во Христовиот крст ќе ја најдат својата наука и својата песна. Ќе се види дека славата што блеска од Исусовото лице е слава на самопожртвувана љубов.“ – Копнежот на вековите, 7.

б. Зошто личното знаење за Исуса Христа е толку значајно за човечките битија? Јован 17,3; 1 Јов. 2,23; 5,11.12.

“Во светлината од Голгота, ќе се види дека законот на самооткажувачката љубов е закон на животот на Земјата и Небото, дека љубовта ’која не го бара своето‘, извира од Божјото срце (1 Кор. 13,5) и дека во Оној ’кој бил кроток и понизен се манифестирал карактерот на Оној, кој престојува во светлината, на која ниту еден човек не може да ѝ се приближи.“ – Копнежот на вековите, 7.
“Следејќи го Христовиот пример, угледувајќи се на Него како на основоположник и завршеток на својата вера, вие ќе чувствувате дека работите пред Неговите очи, дека сте под непосредното влијание на Неговото присуство и дека Тој ги познава вашите побуди. На секој свој чекор вие понизно ќе се прашувате: дали тоа што го правам е по волја на Исуса? Дали со ова ќе го прославам Бога? наутро и навечер вие сесрдно ќе упатувате свои молитви на Господа за негов благослов и Негово водство. Вистинската молитва нѐ поврзува со Семоќниот и ни овозможува победа. Сила за успешно да се спротивстават на секое искушение, христијаните стекнуваат токму на своите колена.“ – 4 Сведоштво, 589.
“Во познавањето на Христа, спасоносно е да се биде оживеан со духовно познавање, да се практикуваат Неговите зборови. Без ова, сѐ друго е без вредност.“ – Библиски коментари, 573.
Среда 18. јули

4. СТРАХОПОЧИТА ОЧЕКУВАНА

а. Како Библијата ја илустрира Божјата долготрпеливост кон Неговиот народ? Исаија 5,1-4.7. Што кажува параболата за лозјето за очекувањето на Отецот од оние на кои им го испратил својот Син? Матеј 21,33-37.

б. Што можеме да научиме од изјавите на Бог Отецот во врска со Бог Синот? Матеј 17,5; Евреите 1,1-10.

“(Евреите 1,4-12). На ваков јазик е прикажана семоќта на нашиот Господ Исус Христос. Тој на читателот на Библијата овде му се прикажува како Творец на светот и како негов законит владетел.“ – Библиски коментари, 790.

ц. Опишете го ставот кој според јасно изразеното барање на небото треба да го манифестираме кон Христа. Јован 5,23; Откр. 5,11.12; Фил. 2,9-11.

“Кога ќе пристапиме кон предметот за Христовото божество облечено во облека на човечка природа, ние можеме на соодветен начин можеме да обрнеме внимание на зборовите кои самиот Христос му ги упатил на Мојсеј од грмушката што горела на Хорив: ’А Тој рече: „Не приоѓај ваму. Собуј си ги обувките од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја‘ (2 Мојс. 3,5). При проучувањето на овој предмет мораме да пристапиме како понизни ученици и со покајничко срце. Проучувањето на предметот за Христовото овоплотување претставува плодно поле, и на истражувачот кој длабоко копа, барајќи ја вистината како сокриено благо, ќе му се исплати вложениот труд.” – Библиски ком., 750.

д. Која должност и црковните лидери и обичните членови мораат посериозно и поцелосно да ја сфатат? Рим. 12,1; 1 Сол. 5,17.

“Занимавајќи се со светите поими луѓето не го чувствуваат оној респект и страхопочит кој би требало да ги чувствуваат. Тие не зборуваат со трепет за она што е свето и за Бога. Ова е сигурен резултат на недостаток на лична побожност. Тие поминуваат многу малку време барајќи совети од Бога во понизност и покорност на душата.“ – Објавени ракописи 21, 454.
Четврток 19. јули

5. НАШ СПАСИТЕЛ, ЗАСТАПНИК И СУДИЈА

а. Наведи некои од клучните точки во поглед на Христовото овоплотување? Фил. 2,6-8; Дела 4,12.

“Во Христа живее сета полнота на божеството. Но единствениот начин да допре до луѓето беше да ја прикрие својата слава со наметка на човечката природа. Ангелите видела како Тој ја сокрива својата слава, за да божеството допре до луѓето. Христос никогаш не престанал да го мрази гревот, но ги сакал оние кои ги откупил со својата крв. Пострадал наместо грешните луѓе, за да ги доведе во заедница со себе.
“Тоа е тајна во која и ангелите сакаат да проникнат… За нив била голема тајна: како Тој, кому гревот му бил толку одвратен и омразен можел да покаже најголема нежност, љубов и сочувство кон битијата кои направиле грев.“ – Библиски коментари, 749.

б. Која е Христовата двократна улога во судењето на човештвото? 1 Јов. 2,1; Јован 5,22; 2 Кор. 5,10.

“Бог определил Оној кој во телото бил најголем страдалник да биде Судија на целиот свет. Оној кој поднел како оптужен да го изведат пред земниот суд, кој се спуштил од небесните дворови да го спаси човекот од вечна смрт, кого луѓето го презреле и отфрлиле, ја натрупале врз Него сета злоба и сите пакости кои човечките битија инспирирани од сатаната можат да ги покажат, Тој кој претрпел срамна смрт на крстот – само Тој ќе има право да изрече награда или казна.“ – Библиски коментари, 699.

Петок 20. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кој начин Христовиот идентитет ќе се доведе во прашање во последните денови?
2. Каква била Христовата улога во создавањето на светот?
3. Опиши ја тајната во која и ангелите сакаат да проникнат?
4. Каков треба да биде нашиот став во поглед на Христовото овоплотување?
5. Објасни ја Христовата сеопфатна улога во конечната пресуда?

Сподели го ова:

Similar Posts