02 Божјото име

Сподели го ова:

2. лекција – 14. јули 2012.

Божјото име

“Свето е и страшно името Негово.“ – Псалм 111,9.

“Ангелите го кријат своето лице изговарајќи го Господовото име. Со каков страхопочит треба да го изговараме ние кои што сме паднати грешници.“ – Пророци и цареви, 29.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мисли од гората, 48-50.

Недела 8. јули

1. ЗНАЧЕЊЕ НА БОЖЈОТО ИМЕ

а. Со кои зборови Бог го изразил своето име на Мојсеј, и какво значење има тоа за нас? 2 Мојсеева 3,13-15.

“ЈАС СУМ значи: Оној кој е вечно присутен, без почеток и крај; минатото, сегашноста и иднината пред Бога се еднакво откриени. Настаните од најдалечното минато или пак од најдалечната иднина Тој ги гледа токму така како што ние го гледаме она што секојдневно околу нас се случува. Ние не знаеме што нѐ очекува во иднината, но и кога би знаеле тоа нема да придонесе за наше вечно добро. Бог ни дал можност да се вежбаме во вера и да имаме доверба во големиот ЈАС СУМ. “ – Библиски коментари, 49.

б. Без оглед на начинот преку кој претставата за Вечниот Творец може да се изрази, што треба да сфатиме за Него и Неговото име? Пс. 99,1-3; 11,9; Евр. 10,6.7.

“Светите ангели со неодобрување, па дури и со гнасење гледаат на непочитувањето што мнозина го покажуваат додека го изговараат името на Бога, големиот Јехова.“ – 1 Сведоштво, 370.
“Никогаш и ниту на било кој начин не смееме лекомислено да ги употребуваме обележјата и имињата на божеството.“ – Мисли од гората, 76.
Понеделник 9. јули

2. ВНИМАНИЕ КОЕ ТРЕБА ДА ГО ИМАМЕ НА УМ

а. Објаснете ја длабочината на начелото кое Господ ни го дал во третата заповед на Декалогот? 2 Мојсеева 20,7.

“(2 Мојс. 20,7). Оваа заповед не само што го забранува кривоклетството и обичните пцости, туку го забранува споменувањето на Божјото име на лекомислен и безгрижен начин, не зеавгустќи го во обѕир духовното значење на тој збор што треба да се изговара со најдлабока страхопочит. Лекомисленото споменување на Божјото име во обичен разговор, повикувајќи се на него во безначајни работи и изговарајќи го често неговото име, не мислејќи притоа воопшто на него, ние го обесчестуваме. ’Неговото име е свето‘ (Псалм 111,9). Секој треба да мисли за неговото величество, за неговата чистота и светост, со цел во срцето да му се вреже поимот за возвишеноста на неговиот карактер, а неговото свето име треба да се изговара со страхопочит и со достоинство.“ – Патр. и прор., 312.

б. Што мнозина таканаречени верници пропуштаат да сфатат за Творецот и Неговото име? Евреите 10,31.

“Оние кои напразно го изговараат Господовото име ќе увидат колку е ’страшно да се падне во рацете на живиот Бог‘.“ – Мојот живот денес, 309.
“Тоа свето име ангелите го изговараат со најголема страхопочит, засолнувајќи ги дури и своите лица кога го изговараат името Бог, а Христовото име за нив е толку свето, така што секогаш се поклонуваат со најголема почит додека го изговараат. Колку е спротивен на тоа духот што го следеше движењето во 1854 година. Некои кои сѐ уште се под влијание на тоа зборуваат за Бога како што би зборувале за некој коњ или за друг безначаен предмет. Во своите молитви зборовите ’Семоќен Боже‘ тие ги изговараат на сосема вообичаен начин и без никаква почит. Тие што така се однесуваат воопшто немаат претстава за возвишениот карактер на Бога и Христа и за светоста на тоа што е небесно.“ – 1 Свед., 370.
“Видов како од славата која го опкружуваше Отецот доаѓа една светлина и кога таквата светлина ми се приближи, се исплашив и целото мое тело затрепери како лист на ветар. Помислив. ако ми се доближи повеќе, ќе бидам уништена, но таа ме измина. И тогаш донекаде сфатив колку е голем и страшен Бог на кого се обраќаме. Потоа видов дека мнозина немаат претстава за Божјата светост, и честопати го земаат напразно неговото свето и достојно име за почит, нее помислувајќи дека зборуваат за Бога, великиот и страшен Бог.“ – Рани списи, 75.
Вторник 10. јули

3. ОБРАЌАЊЕ КОН БОГА ВО МОЛИТВА

а. Како треба да се обраќаме на нашиот небесен Татко во молитва? Матеј 6,9.

“Да се свети името Господово, значи зборовите кои се однесуваат на Севишниот треба да се изговараат со страхопочит. ’Свето е и страшно неговото име‘ (Псалм 111,9). Никогаш и никако не смееме лекомислено да ги употребуваме обележјата и името на Бога. Кога се молиме всушност влегуваме во салата за прием кај највисокиот, а пред него мораме да излеземе со света и длабока почит.
“Ова име го слават и го сметаат за свето сите небесни ангели и сите небесни жители на непаднатите светови. Кога се молите: ’Да се свети името твое‘, вие при тоа барате тоа да се свети во овој свет и во вас. Бог ве признал за свои деца пред луѓето и пред ангелите, затоа молете се за да случајно не би го обесветиле ’доброто име ваше со кое сте се нарекле‘ (Јаков 2,7).“ – Мисли од гората, 76.

б. Каква пракса во молитва треба да се избегнува? Матеј 6,7.8.

“Во молитва мнозина изговараат лекомислени зборови, без почит; ова го жалости Духот Господов и поради тоа небото не ги прима нивните молитви.“ – Рани списи, 75.
“Не дозволувајте оние кои клечат околу семејниот олтар при упатувањето на молитви на Бога да ги спуштаат своите глави со рацете потпрени на столица. Тие треба да ги подигнат своите глави и во света страхопочит да се обраќаат на својот небесен Татко, изговарајќи ги зборовите гласно, така што ќе можат да се слушнат.“ – 6 Сведоштво, 352.
“Почит треба да се покаже… кон Божјото име. Никогаш не смееме тоа име да го изговараме лекомислено или непромислено. Дури и во молитва треба да избегнуваме неговото често и непотребно повторување.“ – Воспитување, 243.
“Божјото свето име треба да се изговара со длабока страхопочит. Семоќниот Бог – многумина во молитвите ги споменуваат овие два збора, и тоа безгрижно, лежерно и непромислено; со тоа се предизвикува Божјо негодување. Таквите немаат јасна претстава за Бога или вистината; во спротивно тие со толку голема почит би говореле за страшниот Бог чие име влева страв и кој наскоро ќе им суди во последниот ден. Ангелот рече: ’Не ги споменувајте овие два збора заедно, затоа што страшно е името Негово’. Оние кои ја разбираат големината, возвишеноста и величеството Божјо ќе го земаат неговото име во својата уста со страхопочит. Тој живее во непристапна светлина; човек не може да го види и да остане жив. Видов дека ова мораме да го разбереме и да се поправиме пред црквата да може да напредува.“ – Рани списи, 134.
Среда 11. јули

4. ЗАКЛЕТВА

а. Каква разлика во поглед на заклетва Исус јасно ја истакнува во Матеј 5,34 и 26,63 (прв дел)?

“Евреите сфатиле дека третата заповед забранува употреба на Божјото име напразно, но мислеле дека останатите заклетви можат слободно да ги употребуваат. И заклетвата кај нив била вообичаена. Преку Мојсеј им било забрането лажно да се колнат, но тие секогаш наоѓале некоја итрина за да се ослободат од обврската што им ја наметнувала заклетвата. Не се плашеле да си дозволат и самохулење; ниту пак се плашеле од кривоклетство само за да го прикријат надворешното потчинување на законот.
“Исус тоа го осудил и изјавил дека нивниот обичај на давање на заклетва претставува престап на Божјите заповеди. Сепак, нашиот Спасител не ја забранил употребата на заклетвата пред судот, со која Бог свечено се повикува за сведок дека она што е речено е вистина и само вистина.“ – Мисли од гората, 48.

б. Кое основно начело Христос го истакнува, и какви се неговите импликации (последици) во нашиот секојдневен живот? Матеј 5,37.

“Исус во таа прилика сакал да постави начело кое заклетвата би ја направило непотребна. Тој учи дека правата вистина мора да биде закон за нашите зборови. ’Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да – ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е‘” (Матеј 5,37).
“Овие зборови ги осудуваат сите бесмислени изреки и поговорки кои се на граница на вулгарноста. Тие ги осудуваат сите лажни комплименти, затајување на вистината, ласкавите зборови, претерувањата, лажните прикажувања во трговијата, како што се случува во општеството и во светот на бизнисот. Тие учат дека никој кој се обидува да се претстави за она што тој не е или чии зборови не се израз на вистинските чувства на срцето, не може да се нарече вистинољубив.
“Кога би се внимавало на овие Христови зборови, не би биле изговорени толку зли претпоставки и нељубезни критики, бидејќи кој би можел да ги толкува постапките и мотивите на другите, и да биде сигурен дека ја зборува правата вистина? Колку често гордоста, страста или личното незадоволство можат да имаат влијание! Еден поглед, еден збор, па дури и интонацијата на гласот можат да наведат на погрешен заклучок. Дури и самите факти можат да бидат така изнесени да пренесат погрешен впечаток. “А што е повеќе од ’вистината‘ од лукавиот е“.“ – Мисли од гората, 49.
Четврток 12. јули

5. ВЕЛИЧАЊЕ НА НЕГОВОТО ИМЕ

а. Како да го славиме Божјото име? Пс. 96,8.9; Откр. 15,4.

“Оние кои се молат и кои одржуваат проповеди треба правилно да ги изговараат зборовите и да зборуваат со јасен и разбирлив глас… Но молитвата не е она што би требало да биде и тоа поради неправилно изразување на оние кои ја изговараат. Сатаната се радува кога на Бога му се упатуваат речиси нечујни молитви. Божјиот народ треба да се научи да зборува и да се моли на таков начин со кој правилно ќе ги прикажува големите вистини кои му се доверени. Сведоштвата и молитвите треба да бидат јасни и разбирливи. Со тоа Бог ќе биде прославен.“ -6 Сведоштво, 353.
“Во секоја постапка во животот морате да го откривате Божјото име. Оваа молба бара од вас да го поседувате Неговиот карактер. Вие го светите Неговото име и го претставувате пред светот единствено ако со својот живот и карактер прикажете вистински живот и карактер Божји, а ова можете да го направите само откако претходно сте ја примиле Христовата милост и правда.“ – Мисли од гората, 76.

б. Како можеме постојано да ги користиме придобивките од Божјото свето име? Изреки 18,10; Јован 14,13.14; 1 Јов. 3,22. Објаснете како Божјата слава се манифестира преку оние кои треба да го примат Неговиот печат на своите чела? Откр. 14,1.

“Сочувајте ја совеста чиста пред Бога. Во сѐ што правите, славете го Неговото име. Ослободете се од себичноста и самољубието.“ – 2 Сведоштво, 74.
“Доколку Божјото име не е напишано на твоето чело – бидејќи Тој не е во центарот на твоите мисли – нема да имате право за наследство во светлината.“ – Совети за управителите, 46.

Петок 13. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што сѐ Божјото име содржи во себе?
2. Како можеме на суптилен начин да ја кршиме третата заповед?
3. Наведете некои точки кои треба да ги запаметиме во врска со молитвата?
4. Објаснете го давањето на заклетва според објаснувањето на Христа?
5. Како можеме во целост да го славиме Божјото име?

Сподели го ова:

Similar Posts