01 Страв Божји

Сподели го ова:

1. лекција – 7. јули 2012.

Страв Божји

“Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!“ – Откр. 14,7.

“Господ е вистински Бог. Имајте страв од него и почитувајте го.“ – Паулсонова колекција, 276.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 379-390.

Недела 1. јули

1. СЕМОЌЕН ТВОРЕЦ

а. Кои аспекти на создавањето треба да нѐ инспирираат со страхопочит кон Бога? Псалм 96,4.5; 139,14; Откровение 14,7.

“Земјата не ги дава своите обилни плодови од година во година и не се врти постојано околу сонцето врз основа на својата првобитна моќ нераскинливо поврзана со природата. Раката на бескрајната сила без прекин делува во управувањето на оваа планета. Божјата сила која делува секој момент при тоа движење ја одржува во нејзината положба.“ – 8 Сведоштво, 278.
“Механизмот на човечкото тело не може да се разбере во потполност; во него се кријат тајни, кои ги збунуваат и најинтелигентните. Кога еднаш ќе се стави во погон, нашиот организам не продолжува да работи, пулсот да отчукува или градите да дишат по некој механизам. Ние живееме, се движиме и постоиме во Бога. Срцето што отчукува, пулсот што бие, секој нерв и мускул во живиот организам се одржува во ред и активност, со силата на секогаш присутниот Бог.“ – Здравје и среќа, 204.

б. Каква е нашата мудрост е во споредба со Божјата мудрост? 1 Кор. 1,20.21.25-31. Како можеме да стекнеме вистинска мудрост? Јов 28,28; Псалм 111,10.

“Ниту луѓето со најголем ум не можат да ги сфатат тајните на Јехова коишто се откриени во природата…Божјите судови и намери се неиспитливи. Неговата мудрост е несфатлива.“ – 8 Свед., 279.
Понеделник 2. јули

2. НЕБЕСЕН СТАВ

а. Според визиите дадени на пророците, каков ствав манифестирале небесните битија кон својот Создател? Исаија 6,1-3; Откровение 4,8-11.

“Серафимите пред престолот се толку исполнети со страхопочит гледајќи ја Божјата слава така што ниту за миг не гледаат со самозадоволство и восхит на себе или еден на друг. Сета слава и пофалба, тие му ја даваат на Господ Саваот, кој е висок и возвишен, и чијашто слава го исполнува храмот. Гледајќи во иднината, кога целата земја ќе биде исполнета со Неговата слава, тие триумфално го повторуваат рефренот: ’Свет, свет, свет е Господ Саваот‘. Тие се целосно задоволни да го слават Бога, и во неговото присуство, уживајќи ги изразите на Неговото одобрување, тие не сакаат ништо повеќе. Со тоа што ја носат Неговата слика, што учествуваат во Неговата служба и што му се поклонуваат, нивната највисока амбиција е целосно постигната.“ – Библиски коментари, 314.

б. Што можеме да научиме за Божјата сила која сѐ одржува од визиите кои му биле прикажани на пророкот Езекиел? Езекиел 1,8.

“Раката која Езекиел во својата визија ја видел ’под крилјата‘ на херувимите, ја претставува Божјата Реч. Ова на неговите слуги им дава поука дека успех во работата им овозможува само божествената сила. Тој ќе соработува со нив ако ја отфрлат секоја неправда и станат чисти во срцето и животот. Небесните гласници коишто Езекиел ги видел како, слично на светлината со заслепувачки сјај поминуваат помеѓу живите битија со брзина на молњата, ја претставуваат брзината со која делото ќе се одвива во својата завршна фаза. Оној кој не дреме и не спие, кој постојано на дело ги остварува своите намери, во состојба е своето големо дело складно да го приведе кон крајот. Она што на ограничените умови им се чини заплеткано и комплицирано, раката на Господ може да го одржува во совршен ред.“ – Библиски коментари, 364.
Вторник 3. јули

3. СОСТОЈБАТА НА ЧОВЕЧКИОТ РОД

а. Во спротивност со атмосферата на соработка која владее на небото, како Господ ја опишува состојбата на земјата? Езекиел 2,4 (прв дел); Римјаните 3,10-19.

“Сатаната со своите искушенија успеал сите припадници на човечкиот род да ги стори престапници на Божјиот закон.“ – Патријарси и пророци, 348.
“Ако Адам, при создавањето, не бил надарен со витална сила дваесет пати поголема отколку што е силата на денешниот човек, човечкиот род, со своите денешни навики и кршење на природните закони, веќе би престанал да постои.“ – 3 Сведоштво, 130.

б. Кои проблеми во однесувањето и денес се интензивираат, и како можат искрените христијани да избегнат да бидат засегнати од нив? 2 Тим. 3,1.2.5; Рим. 16,17.

“Пред крајот на времето, ќе се појават луѓе за да создадат конфузија и бунт меѓу оние кои исповедаат дека го почитуваат Божјиот закон.“ – Библиски коментари, 357.
“Побуна се наоѓа во самиот воздух кој го вдишуваме. Поштедени ќе бидеме од тоа само тогаш ако во својата беспомошност со вера цврсто се фатиме за Христа.“ – Библиски коментари, 83.

ц. Како, омилениот Јован, ја објаснува братската љубов? 1 Јов. 3,4.7-10; 2 Јов. 9-11.

“И ние сме овластени, како и овој возљубен ученик, да имаме исто мислење за оние кои тврдат дека се скриени во Христа, а всушност живеат спротивно на Божјиот закон. Во овие последни денови постојат зла слични со оние кои го загрозувале напредокот на првата црква и во тој поглед треба внимателно да се придржуваме кон учењето на апостол Јован. ’Мораш да имаш љубов‘, овие зборови се слушаат од сите страни, особено од оние што проповедаат посветување. Меѓутоа, вистинската љубов е премногу чиста за да прикрива непризнат грев. Мораме да ги љубиме душите за кои Христос умрел, но не смееме да правиме компромис со злото. Не смееме да се обединиме со бунтовниците и тоа да го нарекуваме братска љубов. Бог бара од својот народ во овој век да застане на страна на правдата исто онака непоколебливо како и Јован, најрешително спротивставувајќи им се на заблудите кои ги уништуваат душите.“ – Делата на апостолите, 418.
Среда 4. јули

4. СОВЛАДУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ

а. За што, според препораките на Божјата Реч, треба да размислуваат и говорат сите кои тврдат дека се Божји деца? Пс. 105,1-5; 1 Кор. 10,1-5.

“(1 Кор. 10,1-5). Искуствата на Израелците од погоре наведените зборови од страната на апостолот, и како што се запишани во сто петтиот и во сто шестиот псалм, содржат поуки и предупредувања кои особено во овие последни денови Божјиот народ треба да ги проучува. Ве повикувам овие поглавја да ги прочитате барем еднаш секоја недела.“ – Сведоштва за проповедници, 98.99.
“Ако имаме мрачни поглавја во нашето искуство, да не ги чуваме свежи во својата меморија со постојано сеќавање на тоа. Заборавајте го она што поминало, а да се насочиме кон она што е пред нас. Да им се посветиме само на оние мисли и чувства кои произведуваат благодарност и пофалби. Ако ви е направена неправда, заборавете на тоа, и размислувајте само за големата милост, добрина и неискажливата Христова љубов. Научете се да пофалувате, наместо да осудувате. Ако ве навредуваат и малтретираат, не обесхрабрувајте се, бидејќи и Христос низ сето тоа поминувал. Одете напред, извршувајќи ја својата животна задача верно и совесно. Збогатувајте го вашиот ум со драгоцените ветувања на Божјата Реч и одржувајте слатка заедница со Него со често повикување на тие ветувања. Престанете да се јадосувате, да мрморите и да изнаоѓате грешки, и пејте му на Господа во вашето срце. Мислете на сѐ она за што треба да сте благодарни и на тој начин ќе научите да го славите Бога. ’Вистински Ме почитува оној што принесува благодарни жртви’ (Пс. 50,23).
“Кога сите наши жалости и јадови би биле презентирани онака како е запишано во небесните книги, што би виделе пред своите очи! како изненадени би биле сфаќајќи дека нашите вистински мисли и чувства се всушност ништо друго туку само несреќно жалење.“ – Знаци на времето, 27. септември, 1883.

б. Каков страв и од кого е потребно да се има и денес? Ис. 51,12.13; Мат. 10,28.

“Христовите следбеници денес мораат да се чуваат да не го изгубат духот на страхопочит и Божјиот страв.“ – Пророци и цар., 29.
“Бог бара луѓе кои, како Натан, Илија и Јован, ќе ја носат неговата порака со бестрашност, без оглед на последиците, кои ќе ја зборуваат вистината па макар поради тоа ќе мораат да жртвуваат сѐ што имаат.“ – Слуги на евангелието, 11.
Четврток 5. јули

5. ОБРАТЕНИТЕ ЧУВСТВУВААТ ОДГОВОРНОСТ КОН БОГА

а. Што можеме да научиме од ставот на некои историски личности чии молитви биле прифатливи за Бога? Ездра 9,5.6; Езек. 1,28; Ефес. 3,14.

“Кога Бог во старите времиња ги праќал своите ангели да разговараат со луѓето или да направат нешто за нив, луѓето, сфаќајќи дека виделе Божји ангел и дека разговарале со него, биле преплашени и мислејќи дека мора да умрат. Тие имале толку возвишена претстава за страшното величество и силата на Бога така што мислеле дека ќе бидат уништени и при самото среќавање со некој што доаѓа непосредно од неговата света присутност.“ – 1 Сведоштво, 370.

б. Опишете го контрастот помеѓу вистинскиот Божји народ и половичните учители во часот на верска криза. Откр. 3,14-19; Мат. 24,42-50.

“Видов како некои од Божјиот народ со силна вера и повици во агонија, викаат кон Бога во молитва. Нивните лица беа бледи и обележани со длабока загриженост, изразувајќи ја нивната внатрешна борба, но и одлучност и голема сериозност…“ – Рани списи, 290.
“Видов дека некои не учествуваа во тоа дело на агонија и молитва. Тие изгледаа рамнодушни и безгрижни…
“Ги видов Божјите ангели како брзаат да им помогнат на оние кои се мачеа со сета своја сила да им се спротивстават на злите ангели обидувајќи се да си помогнат себеси повикувајќи кон Бога во молитва. Меѓутоа неговите ангели ги напуштија оние кои не вложуваа никаков напор за да добијат помош, и повеќе не ги видов.
Запрашав за значењето на решетањето кое го видов и ми беше покажано дека тоа ќе биде предизвикано од отвореното сведоштво кое се заснова на советот на Верниот Сведок упатен до Лаодикеја.“ – Рани списи, 291.

Петок 6. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои сознанија за Бога треба најмногу да нѐ инспирираат со страхопочит и уважување?
2. Опишете го значењето на визијата на Езекиел за овие последни денови?
3. Како можеме да зајакнеме против преовладувачкото непочитување?
4. Истакни ја разликата помеѓу соодветниот и несоодветниот страв во очите на Бога?
5. Како треба да одговориме на пораката на Верниот Сведок на Лаодикеја?

Сподели го ова:

Similar Posts