5. Фарисејот и цариникот

Сподели го ова:

5. лекција Сабота, 5. мај 2018.

Фарисејот и цариникот

„Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.“ – 1 Коринтјаните 10:12.

„Ништо не е толку навредливо за Бога, ништо толку опасно за човечката душа, како горделивоста и само-увереноста. Од сите гревови, тој е најбезнадежен, најтешко се лекува.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 154.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очиг. поуки, 150-163.

Недела 29. април

1. МОЛИТВА ВО ХРАМОТ

а. Со каква цел Исус ја раскажал приказната за двајцата молители? Лука 18:9.

„Ние мораме да се познаваме себеси, познавање кое мора да нè наведе на каење, за да можеме да добиеме помилување и мир… Христос може да го спаси само оној кој е свесен дека е грешник… Ние мораме да ја познаваме нашата вистинска состојба, зашто инаку нема ја почувствуваме нашата потреба од Христовата помош. Мораме да сфатиме каква опасност ни се заканува, зашто инаку нема да бараме засолниште. Мораме да ја почувствуваме болката што ни ја задаваат нашите рани, зашто инаку нема да посакаме да се исцелиме.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 158.

б. Опиши ги двата човека спомнати во параболата? Лука 18:10-13.

„Фарисејот и цариникот претставуваат две големи групи луѓе кои доаѓаат да се покажат пред Бога. Двете први деца, родени на земјата, биле двајца први претставници на двете групи. Каин себеси се сметал за праведник и дошол пред Бога носејќи само благодарен принос. Не признал никакви гревови, не почувствувал никаква потреба од милост. Меѓутоа, Авел дошол со крв која укажувала на Божјото Јагне. Дошол како грешник, признавајќи дека е изгубен. Негова единствена надеж била незаслужената Божја љубов.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 152.

Понеделник 30. април

2. БОЖЈИ ПОГЛЕД НА СИТУАЦИЈАТА

а. Што заклучил Исус за двата човека кои се молеле во храмот? Лука 18:14 (прв дел).

„За да биде оправдан, грешникот мора да ја има онаа вера која ги присвојува Христовите заслуги во неговата душа. Ние читаме дека ‘и злите духови веруваат, а треперат’ (Јаков 2:19), но нивната вера не им донесува оправдување, ниту пак верата на оние кои само со разум ги прифаќаат библиските вистини ќе им донесе полза од спасението. Ваквото верување не успева да дојде до суштината, бидејќи вистината не го освојува срцето или трансформира карактерот.“ – Selected Messages, bk. 3, pp. 191, 192.

б. Што фарисејот не успеал да препознае кај себе? Римјаните 3:10-12. Како и ние можеме да ја направиме истата грешка?

„Фарисејот отишол во храмот да се моли на Бога не затоа што чувствувал дека е грешник и дека му е неопходно проштавање, туку затоа што мислел дека е праведник, очекувајќи за тоа да биде пофален. Својата молитва ја сметал како акт кој ќе го препорача на Бога.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 150.
„Мнозина се измамени во врска со состојбата на нивното срце. Тие не сфаќаат дека природното срце е лукаво повеќе од сè и е наполно расипано. Тие се наметнуваат со сопствената праведност и се задоволуваат со остварувањето на човечкиот стандард на карактерот, но колку е страшен нивниот пораз кога не успеваат да го достигнат божествениот стандард, и сами по себе не можат да ги исполнат Божјите барања.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 320.

в. На кое општо начело нè учи Исус преку оваа парабола? Лука 18:14 (втор дел); 1 Петрово 5:6; Јаков 4:10.

„Понизете се, браќа. Кога тоа го правите, небесните ангели се во можност да комуницираат со вас и да ве стават во поволна положба. Тогаш вашето искуство нема да биде непотполно, туку исполнето со радост.“ – This Day With God, p. 35.
„Бог не им дава прошка на оние чиешто каење не произлегува од искрена понизност.“ – Коментари на библиските текстови, 828.

Вторник 1. мај

3. ДА ИМАТЕ СТАВ КАКО ЦАРИНИКОТ

а. Како Бог гледа на ставот на цариникот? Псалм 51:17; 102:17.

„На Бога му се одвратни постот и молитвите кои произлегуваат од самоправедниот дух. Свечените собири за богослужение, верските обреди, надворешната понизност, импресивната жртва сето тоа објавува дека оние кои го прават тоа, се сметаат себеси за праведни и дека имаат право на Небото но сето тоа е измама. Спасението никогаш не може да се купи со нашите сопствени дела…
Човекот мора да се испразни од своето ,’јас’ пред да може да биде во вистинска смисла верник во Исуса. Кога човекот ќе се откаже од себе, тогаш Господ може да направи од истиот ново создание.“ – Копнежот на вековите, 280.

б. Какво искуство, слично на цариникот, и нам ни е потребно со цел да добиеме проштевање и мир? 1 Јованово 1:9; Еремија 3:13.

„Ова отфрлање на старата природа на човекот не се случува само на почетокот на неговиот христијански живот. Тоа мора да се повторува на секој чекор од неговото напредување кон небото. Сите наши добри дела зависат од силата што се наоѓа надвор од нас. Затоа нашето срце постојано мора да го досегнува Бога; затоа мораме непрекратно, сериозно и искрено да ги признаваме нашите гревови и со понизно срце да излегуваме пред Него. Само ако непрестајно ја отфрламе нашата стара природа и ако постојано се потпираме врз Христа, ние ќе можеме спокојно да продолжиме да чекориме по патот кој води кон небото.“ – Христовите очигледни поуки, 159.160.

в. Што во молитвата на цариникот било поинаку? Еремија 29:12.13.

„Постојат два вида на молитви – формална молитва и молитва на вера. Повторувањето на вообичаените фрази, кога срцето не чувствува потреба за Бога, е формална молитва… Треба да бидеме исклучително внимателни во својата молитва да ги изнесуваме вистинските желби на срцето изговарајќи го притоа само она што навистина сакаме да го кажеме. Украсените зборови, кои во молитвата често се слушаат, не одговараат на една света желба. Најелоквентните молитви се само празни повторувања, ако тие не на душата, исто како кога за нешто се обраќаме на некој земен пријател за услуга, очекувајќи дека тоа тој и ќе ни го даде – тоа е молитва на вера.“ – My Life Today, p. 19.

Среда 2. мај

4. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ФАРИСЕЈСКИТЕ ЗАМКИ

а. Во каква опасност се наоѓаат оние кои не признаваат дека се грешници? Откровение 3:16.17; Лука 5:31.32.

„Оној што паѓа во тежок грев, може да го почувствува својот срам и беда и да почувствува потреба од Христовата благодат; но гордоста не чувствува никаква потреба и на тој начин го затвора срцето за Христа и за бескрајните благослови кои Тој го донесува со Себе.“ – Патот кон Христа, 30.
„Наложено ми е да им кажам на нашите браќа: понизете се и признајте ги своите гревови, во спротивно Бог ќе ве понизи. Пораката до лаодикиската црква доаѓа кај оние кои не ја применуваат на себе.“ – Counsels to Writers and Editors, p. 99.

б. Што често оди “рака под рака“ со овој вид на духовна гордост? Псалм 12:3. Која опасност е вклучена овде? Изреки 26:28 (последен дел); 29:5.

„Ние мораме да го одбегнуваме она што би можело кај нас да поттикне горделивост и самоувереност; мораме да се пазиме да не даваме или да примаме пофалби или ласкање. Ласкањето е сатанско дело. Тој дејствува во иста мера преку ласкањето колку и преку обвинувањето и осудувањето. Со ласкањето тој се обидува да ги упропасти душите. Сите што ги слават луѓето сатаната ги употребува како свои орудија. Христовите работници не смеат да ласкаат ниту да примаат ласкање. Од нашиот видокруг нека исчезне нашето старо ‘јас’. Само Христос треба да биде возвишуван.“ – Христовите очигледни поуки, 161.162.

в. Иако некогаш бил горд водач во Израел, како Павловото искуство се променило? Филипјаните 3:6-9; Римјаните 7:9; Галатјаните 6:14.

„Според словото на законот, онака како што го применуваат луѓето во животот, Павле се воздржувал од гревот; но кога ја запознал длабината на светите правила на законот и се видел себеси онака, како што го гледа Бог, во понизност се поклонил и ја признал својата вина.“ – Патот кон Христа, 29.30.
„Колку поблиску доаѓаме до Исуса, толку појасно ќе ја видиме чистотата и големината на Неговиот карактер, а помалку ќе чувствуваме дека треба да се воздигаме себеси. Спротивноста меѓу нашиот и Неговиот карактер ќе нè наведе на понизност на душата и длабоко преиспитување на срцето. Колку повеќе го љубиме Исуса, толку поцелосно нашето ‘јас’ ќе биде понижено и заборавено.“ – The Upward Look, p. 46.

Четврток 3. мај

5. ОТКРИВАЊЕ НА ПОНИЗНОСТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ

а. Како Исус покажал понизност во Својот живот? Филипјаните 2:5-11.

„Синот човечки се понизил за да стане Божји слуга. Тој го прифатил понижувањето и жртвата, дури и до смрт, како би им подарил слобода, живот и место во Неговото царство на оние кои Го веруваат. Тој го дал Својот живот како откуп за многумина. Ова би требало да биде доволно за оние кои постојано бараат да бидат први и се стремат кон превласт да се посрамат од нивните патишта.“ – This Day With God, p. 356.

б. Што, според тоа, Христос бара од нас? Лука 9:23. Кои благослови им се ветени на понизните? Лука 18:14 (последен дел); 1 Петрово 5:6; Јаков 4:10.

„Оние што веруваат во Христа и понизно одат со Него… кои гледаат како да помогнат да бидат на благослов и да ги зајакнат душите на своите ближни, соработуваат со ангелите кои им служат на оние кои ќе бидат наследници на спасението. Исус им дава благодат, мудрост и праведност, чинејќи ги благослов за сите со кои доаѓаат во допир. Колку се попонизни во своите очи, толку повеќе благослови примаат од Бога, бидејќи примањето не ги возвишува. Тие правилно ги користат своите благослови, бидејќи примаат за да дадат.
Ангелите што се пратени да служат примаат упатства од Божјиот престол да соработуваат со човечките орудија. Тие ја примаат Христовата милост со цел да ја пренесат на човечките суштества.“ – This Day With God, p. 356.

Петок 4. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Христос може да ги спаси единствено оние кои знаат дека се грешници?
2. Зошто доаѓаш во црквата?
3. Како треба да се молиме?
4. Како можеме да ја надминеме духовната гордост?
5. Зошто Бог Своите благослови ги дава на понизните?

Сподели го ова:

Слични објави