4. Квасецот на вистината

Сподели го ова:

4. лекција Сабота, 28. април 2018.

 Квасецот на вистината

„И друга парабола им кажа: „Царството небесно прилега на квасец, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“ – Матеј 13:33.

„Квасецот скриен во брашното дејствува невидливо додека не скисне сето тесто. Така и квасецот на вистината дејствува таинствено, тивко, истрајно и ја преобразува душата.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 98.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очиг. поуки, 95–102.

Недела 22. април

1. СПОРЕДБА СО БОЖЈОТО ЦАРСТВО

а. Кои се некои од библиските значења на квасецот? Лука 12:1; 1 Коринтјаните 5:8.

„Меѓу Евреите квасецот понекогаш се употребувал како симбол за гревот. На народот му било кажано да отстрани од своите домови секаков квасец за време на празникот Пасха на ист начин како што му било кажано да отстрани секој грев од своето срце.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 95.96.

б. Какво, сепак, значење на квасецот му дал Христос во Својата парабола? Лука 13:20.21.

„Меѓутоа, во оваа парабола на Спасителот квасецот се појавува како симбол на небесното царство. Со него е прикажана животворната преобразувачка сила на Божјата добрина.
Никој не е толку грешен, никој не паднал толку длабоко за да се најде надвор од досегот на таа сила. На сите што сакаат да му се покорат на Светиот Дух ќе им биде всадено ново животно начело; кај човечкиот род мора да се обнови загубениот божествен лик.“ ¬– Христовите очигледни поуки, 96.

Понеделник 23. април

2. ВООДУШЕВЕНИ ОД ХРИСТОС

а. Како Бог сака да го промени нашиот живот и со каква цел? Римјаните 12:2; Филипјаните 2:5.

„Секоја вистинска реформа започнува со чистење на душата. Токму со бањата на преродувањето и обновувањето на умот преку силата на Светиот Дух се постига промена во животот…
Кога на својот ум ќе му дозволиме повеќе да се задржува на Христа и на небесниот свет, ние би пронашле силен стимул и поддршка во водењето на Господовите битки. Гордоста и љубовта кон светот ќе ја изгубат својата моќ ако размислуваме за славата на подобра земја која наскоро ќе стане наш дом. Покрај Христовата убавина, сите земни привлечности ќе изгледаат безвредни.“ – Sons and Daughters of God, p. 105.
„Кога сме соединети со Христа, ние го имаме Христовиот ум. Тогаш чистотата и љубовта го проникнуваат карактерот, а кротоста и вистината управуваат со животот. Самиот израз на лицето се менува.
Христос кој живее во душата шири преобразувачка сила, а однесувањето сведочи за мирот и радоста кои владеат во срцето.“ – Reflecting Christ, p. 104.

б. Како Бог сака да ги промени нашите мисли? 2 Коринтјаните 3:18; Филипјаните 2:3.4.

„Гледајќи на Христа, ние се менуваме. Ако умот постојано се занимава со она што е поминливо, тоа целосно го обзема умот и влијае на карактерот, така што Божјата слава се губи од вид и се заборава. Можностите кои се на дофат за да се запознаат со небесните работи, се занемаруваат. Духовниот живот умира.“ – Sons and Daughters of God, p. 105.
„Познавајќи го Христа – Неговите зборови, Неговите навики, Неговите поуки и совети – ние ги прифаќаме доблестите на карактерот кој толку внимателно сме го проучувале и стануваме исполнети со духот на кој толку многу сме се восхитувале.“ – Sons and Daughters of God, p. 235.
„Ако го земеме Христа за секојдневен придружник, ќе ја почувствуваме силата на еден невидлив свет насекаде околу нас; и ако го гледаме Исуса ние се преобразуваме во Неговиот лик. Со посматрање ние се менуваме. Карактерот станува благ, исчистен и облагороден за небесното царство.“ – Мисли од гората, 85.

Вторник 24. април

3. ПРЕСАДУВАЊЕ НА СРЦЕТО

а. Кога квасецот на вистината започнува да делува? Еремија 29:13. Каде започнува Бог? Еремија 24:7; Езекиел 11:19.

„Како квасецот што се става однадвор, а дејствува внатре кога ќе се помеша со брашното, така и Божјата милост, обновувајќи го срцето, го преобразува животот. Надворешната промена не е доволна за хармонија со Бога. Има многу такви кои се обидуваат да се реформираат поправајќи ја оваа или онаа лоша навика, надевајќи се дека така ќе станат христијани, но тие почнуваат на погрешно место. Првата наша промена мора да се изврши во срцето.“ – Христовите очигледни поуки, 97.
„Целото срце мора да му се предаде на Бога, инаку никогаш нема да дојде до промена која во нас ќе го обнови Неговиот лик.“ – Патот кон Христа, 43.
„Ставете го целото свое битие – дух, душа и тело – во Божјите раце и одлучете дека ќе бидете Негово драгоцено орудие кое е поттикнато од Неговата волја, контролирана од Неговиот ум и инспирирано од Неговиот Дух.“ – Sons and Daughters of God, p. 105.

б. Опишете го процесот на делувањето на квасецот одвнатре, од срцето. Јован 3:3-5.

„Кога вистината ќе стане непоколебливо животно начело, луѓето стануваат ‘новородени не од распадливо семе, туку од нараспадливата жива и вечна Божја реч’. Таа преродба настапува ако Христос се прими како Божја реч. Кога божествените вистини ќе се втиснат во срцето со помош на Светиот Дух, тие создаваат нови сфаќања, а силите, дотогаш успиени, се будат и соработуваат со Бога.“ – Делата на апостолите, 520.
„Кога Исус зборува за новото срце, Тој под тоа подразбира ум, живот – цело битие. Да се промени срцето значи да се откажеш од љубовта кон светот и да се прилепиш кон Христа. Да се има ново срце значи да се има нов ум, нови цели, нови мотиви. Според што може да се познае новото срце? Според променетиот живот. Обратениот човек секој ден, секој час, умира за себичноста и гордоста…
Оној чиешто срце е препородено се потпира само на Христовата помош, која чека понизно и со благодарно срце. Тој во својот живот открива плодови на правда. Некогаш се љубел себеси и решително го следи патот на светоста.“ – Messages to Young People, pp. 72, 74.

Среда 25. април

4. ОРУДИЈА НА ПРОМЕНИ

а. Кое е едно од средствата кои Бог ги користи за промена на карактерот? Римјаните 10:17; Јован 17:17.

„Квасецот на вистината врши промена во целокупното човечко суштество; неучтивите ги прави љубезни, грубите нежни, а себичните дарежливи. Со негова помош нечистите се чистат од порочноста и се перат во крвта на Јагнето. Сè што е поврзано со умот, со душата и телото, тој со својата животодавна сила го сообразува со божествениот живот. Со неговиот извонреден и совршен карактер се прославува Христос. Кога ќе се случат овие промени, гласовите на ангелите се слеваат во заедничка песна што восхитува, а Бог и Христос се радуваат со душите што го одразуваат божествениот лик.“ – Христовите очигледни поуки, 102.
„Божјата реч, ако се проучува и слуша, може силно да делува на срцето потиснувајќи ги сите несвети особини. Светиот Дух доаѓа да нè осведочи за нашата грешност, а верата која извира во срцето работи преку Христовата љубов и нè прави слични на Него во телото, душата и духот.“ – In Heavenly Places, p. 21.

б. Како Светиот Дух делува во животот и доведува до промени? Јован 3:8. Како тоа се споредува со делувањето на квасецот во брашното?

„Квасецот скриен во брашното дејствува невидливо додека не скисне сето тесто. Така и квасецот на вистината дејствува таинствено, тивко, истрајно и ја преобразува душата. Вродените склоности се смекнати и скротени. Се всадуваат нови мисли, нови чувства, нови побуди. Се поставува и ново мерило на карактерот, Христовиот живот! Умот се менува, способностите дејствуваат во нова насока. Човекот не стекнал нови способности, туку зголемени се способностите што ги има. Совеста се разбудила. Сме добиле карактерни црти што нè оспособуваат да извршуваме служба за Бога.“ – Христовите очигледни поуки, 98.99.

в. Што ќе управува со нашите одлуки во нашиот променет живот? Јован 8:29.

„Суштината на секоја праведност е лојалност кон нашиот Откупител. Ова ќе нè наведе да го правиме она што е право затоа што е право – а што е право и на Бога му е мило.“ – Христовите очигледни поуки, 97.98.

Четврток 26. април

5. КВАСЕЦОТ НА ДЕЛО ВО ЖИВОТОТ

а. Која е основната карактеристика на Божјото царство? 1 Јованово 4:10; Јован 3:16.

„Размислувајќи за крстот, ние се оттргнуваме на морската шир, запловуваме во Божјата љубов која е бесконечна како морето. Силно сакаме да зборуваме за таа љубов, но ни недостигаат зборови. Размислувајќи за Неговиот живот на земјата, за Неговата жртва за нас, за големото дело што го врши Тој на небото како наш застапник и за дворовите што ги подготвува за тие што Го љубат, можеме само да извикнеме: ‘О, височино и длабино на Христовата љубов.’“ – Делата на апостолите, 333.334.

б. Како оваа особина ќе биде прикажана во нашите постапки со другите? Јован 13:34; 1 Јованово 4:11; Колосјаните 3:12.

„Ние треба да заборавиме на себе… барајќи можности да ги развеселиме другите и да ги олесниме и ублажиме нивните таги, товари и грижи со нежна љубезност и мали дела на љубов. Со овие внимателни љубезности кои, започнувајќи најпрвин во нашите семејства, се шират и надвор од семејниот круг, можеме да го потполниме збирот на поединостите кои го чинат животот среќен.“ – My Life Today, p. 192.
„Божјата љубов се излевала преку Христа како незапирлива река за цело време на Неговиот престој на земјата. Сите оние што се исполнети со Неговиот Дух ќе љубат онака како што љубел Тој. Во сите свои меѓусебни односи ќе се раководат според начелото со кое се раководел Христос.“ – Копнежот на вековите, 678.
„Aкo Христoс живee вo нaс, тoгaш ниe ќe ja oткривaмe Нeгoвaтa нeсeбичнa љубoв кoн ситe сo кoи дoaѓaмe вo дoпир.“ – Здравје и среќа, 162.

Петок 27. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која сила во параболата на Спасителот е претставена со квасецот?
2. Ако нашите мисли бидат исполнети со Христа и небото, какво влијание оваа промена ќе има врз нашето духовно искуство?
3. Зошто вистинската промена во животот делува како квасец, одвнатре коннадвор?
4. Кои се некои од начините на кои квасецот на вистината нè менува? Што се случува со нашите природни склоности? Што значи оваа промена?
5. Како можеме да ја покажеме Христовата љубов кон другите?

Сподели го ова:

Слични објави