3. Какол меѓу пченицата

Сподели го ова:

3. лекција Сабота, 21. април 2018.

 Какол меѓу пченицата

 „И друга парабола им кажа, велејќи: ‘Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.’“ – Матеј 13:24.

„На небото ќе се најдат многу такви кои нивните соседи ги сметале за недостојни за небото. Луѓето судат според изгледот, а Бог суди според срцето. Каколот (плевелот) и пченицата треба да растат заедно до жетвата, а жетвата е крај на времето за проверка.“ – Христовите очигледни поуки, 71.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очиг. поуки, 70-75.

Недела 15. април

1. БОЖЈО ДЕЛО

а. Каде е посеано доброто семе? Матеј 13:24.

„’Нивата е светот’ (Матеј 13:38), рекол Христос. Меѓутоа, ние мораме да сфатиме дека овие зборови ја означуваат Христовата црква во светот. Во оваа парабола се опишуваат оние што му припаѓаат на Божјото царство, на Неговата служба за спасување на луѓето, а таа служба се извршува преку црквата. Вистина, Светиот Дух е присутен во цел свет и Тој насекаде влијае врз срцата на луѓето, но токму во црквата ние треба да растеме и да созрееме за Божјите амбари.“ – Христовите очигледни поуки, 70.

б. Што е предмет на Божјото најголемо внимание во овој свет? Захарија 2:8 (последен дел); Ефесјаните 5:25.

„Им сведочам на моите браќа и сестри дека Христовата црква колку и да е слаба и несовршена, е единствениот предмет на земјата на кој Тој и го поклонува Своето најголемо внимание. И дека секој повик – да дојде кај Него и да добие спасение – го упатува до целиот свет, и ги овластува Своите ангели да и дадат божествена помош на секоја душа која доаѓа кај Него во покајание и понизност, и Тој лично ќе дојде со Неговиот Свет Дух среде Својата црква.“ – Testimonies to Ministers, p. 15.

Понеделник 16. април

2. ПОПРЕЧУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ

а. Кој уште е вклучен во сеењето, и што тој сее? Матеј 13:38.39.

„Каколот ја претставува групата луѓе кои се плод или олицетворение на заблудата, односно на лажните начела. ‘Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот’ (Матеј 13:39). Ниту Бог ниту Неговите ангели никогаш не сееле семе од кое ќе израсне какол. Каколот секогаш го сее сатаната, непријателот на Бога и на човекот.“ – Христовите очигледни поуки, 71.
„И додека Бог ги доведува во црквата оние кои навистина се преобратени, сатаната во исто време ги доведува оние кои не се воопшто преобратени. Додека Христос го сее доброто семе, сатаната сее какол. На членовите на црквата постојано делуваат две спротивставени влијанија. Едното влијание делува за прочистување на црквата, а другото го изопачува Божјиот народ.“ – Testimonies to Ministers, p. 46.

б. Според параболата, кога непријателот работи? Матеј 13:25. Што можеме да научиме од ова?

„При проповедта, вие браќа, треба да имате на ум дека го слушате Божјиот глас преку слугата кој Тој го одредил. Слушајте внимателно. Не заспивајте ниеден момент, бидејќи во тоа дремење може да ги пропуштите токму оние зборови кои ви се најпотребни – токму зборовите кои, кога внимателно би ги слушале, би ве спасиле да не застраните на погрешни патишта…. Понекогаш младите мажи и жени имаат толку мало почитување кон Божјиот дом и кон богослужението што за цело време на проповедта со дошепнувања и допишувања цело време комуницираат меѓусебно. Кога би можеле да ги видат Божјите ангели кои ги набљудуваат и го запишуваат нивното однесување, тие би се посрамиле и би се гнаселе од самите себе. Бог сака внимателни слушатели. Додека луѓето спијат, доаѓа сатаната и сее какол.“ – 5 Сведоштво, 493.

в. Како може да се спречи неговото дело? 1 Солунјаните 5:5-8.

„Ако слугите верно ја сочувале будноста, ако не спиеле, на непријателот не би му се пружила толку поволна прилика по нивата засеана со пченица да посее и какол. Сатаната никогаш не спие. Тој будно ја користи секоја прилика преку своите агенти да сее семе на заблуда, кое наоѓа плодна почва во срцето на непосветените.“ – 3 Сведоштво, 113.

Вторник 17. април

3. ПЧЕНИЦАТА И КАКОЛОТ ИЗМЕШАНИ

а. Каква разлика воочиле слугите кога се појавил посевот? Матеј 13:26. Што тие предложиле да направат за да ја зачуваат чистотата на посевот? Матеј 13:27.28.

„Христовите слуги се нажалени кога ќе видат како во црквата се мешаат вистински и лажни верници. Тие настојуваат на некој начин да ја исчистат црквата. Како и слугите на стопанот на нивата, тие се подготвени да го искорнат плевелот.“ – Христовите очигл. поуки, 71.

б. Што Господарот заповедал да се направи со каколот? Зошто? Матеј 13:29.30.

„Како корењата на каколот што се тесно испреплетени со корењата на благородната пченица, така и лажните браќа во црквата се тесно поврзани со вистинските Христови следбеници. Вистинскиот карактер на тие лажни верници уште целосно не се открил. Кога тие би биле одвоени од црквата, можеби би се соблазниле многумина кои инаку би останале цврсти во верата.“ – Христовите очигледни поуки, 72.
„Вo Свojaтa милoст и дoлгoтрпeливoст, Бoг имa трпeниe и кoн oниe штo сe изoпaчeни, пa дури и сo нeчeсни срцa. Meѓу избрaнитe Христoви апостоли бил и Jудa, прeдaвникoт. Зaр тoгaш трeбa ли дa сe чудимe или oбeсхрaбримe штo мeѓу Нeгoвитe дeнeшни рaбoтници имa луѓe сo нeчeсни срцa? Кoгa Oнoj, кoj ги читa срцaтa мoжeл дa гo трпи oнoj зa кoгo знaeл дeкa ќe гo прeдaдe, сo кaквo трпeниe ниe трeбa дa ги пoднeсувaмe oниe, кoи имaaт нeдoстaтoци.“ – Здравје и среќа, 493.

в. Зошто овие инструкции на Господарот не можат да се користат за да се оправда оставањето на отворените грешници во црквата? Матеј 18:17; 1 Коринтјаните 5:6.11.13.

„Како народ, кој за себе тврди дека е реформатор и кој ја има светата и прочистувачка вистина на Божјото слово, ние мора да се издигнеме на многу повисок степен од оној на кој се наоѓаме сега. Со гревот и грешниците во црквата треба да се постапува одлучно и без одлагање за да не се заразат другите. Вистината и чистотата бараат поревносно да се трудиме да го очистиме логорот од Ахановците. Оние што заземаат одговорни позиции не смеат да го трпат гревот кај својот брат. Ставете му до знаење дека тој мора да ги отфрли своите гревови или ќе биде исклучен од црквата.“ – 5 Сведоштво, 147.

Среда 18. април

4. ВО ЦРКВАТА

а. Со што е симболизирано делото на одвојување на пченицата од каколот? Езекиел 9:2-4. Кога започнува ова дело? Откровение 14:9-13.

„Тогаш го видов Третиот ангел. Мојот ангел придружник рече: ‘Страшно е неговото дело. Ужасна е неговата мисија. Тој е ангелот кој што ќе ја одвои пченицата од каколот и ќе ја запечати, или ќе ја врзе за небесната житница. Тоа треба да ги обземе сите мисли, целото внимание.’“ – Рани списи, 118.
„Времето на судот е најсвечениот период кога Господ го собира Своето жито меѓу каколот. Оние кои биле членови на исто семејство, се разделуваат. На праведните се става знак.“ – Testimonies to Ministers, p. 234.
„Ангелот со ‘писарски прибор’ става печат на челата на сите оние кои се одвојуваат од гревот и грешниците, а по нив следи ангел уништувач кој уништува сè – и старо и младо“. – 5 Сведоштво, 505.

б. Зошто единствено Бог може да им суди на оние кои не се отворени грешници? Псалм 7:9 (последен дел); 44:21; Изреки 21:2

„Кога би се обиделе од црквата да ги искорениме оние што ги сметаме за лажни христијани, сигурно би направиле грешки. Често токму оние што Христос сака да ги привлече кон Себе, ние ги прогласуваме за безнадежни случаи. Кога ние би се занимавале со овие души и нивниот случај би го решавале сообразно со нашите несовршени судови, можеби би им ја одзеле и последната надеж. Мнозина кои себеси се сметаат христијани на крај ќе бидат прогласени како лесни.“ – Христовите очигледни поуки, 71.72.

в. Кои докази покажуваат дека судбината на секој поединец е запечатена пред завршетокот на времето на милоста? Откровение 22:11.

„Никогаш нема да дојде време (од онаа страна на гробот) кога беззакониците ќе се преобратат кон Бога. Пченицата и каколот треба да растат заедно сè до жетвата…
Кога ќе се доврши делото на евангелието, веднаш ќе настапи одвојување на добрите и грешните, и со тоа судбината на двете групи засекогаш ќе биде решена.“ – Христовите очигледни поуки, 123.

Четврток 19. април

5. ВО СВЕТОТ

а. Зошто пченицата ќе биде во контакт со каколот до самиот крај на светот? 1 Петрово 2:9 (последен дел).

„Само што не дошол денот кога праведниците ќе бидат врзани во снопје како драгоцена пченица за небесна житница, додека безбожниците, како какол, ќе се соберат за огнот на последниот голем ден. Но пченицата и каколот растат заедно сè ‘до жетвата’ (Матеј 13:30). Во извршувањето на секојдневните должности, праведните ќе бидат во допир со безбожниците сè до крајот. Децата на светлината се расеани меѓу децата на темнината за секој да може да ја види разликата. Затоа Божјите деца треба да ги ‘возвестат совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина’ (1. Петрово 2:9).“ – 5 Сведоштво, 100.

б. Која голема поделба ќе се случи на самиот крај? Матеј 13:40-43; 15:13; 24:31. Кој старозаветен празник посочува на тоа време? Левит 23:34.

„Празникот Сеници не бил само историски, туку и симболички празник. Тој не само што потсетувал на престојувањето во пустината, туку како празник на бербата и собирањето на земните плодови укажувал на последниот ден на големата жетва, кога Господарот од жетвата ќе ги прати своите жетвари каколот да го врзат во снопови и да го запалат, а пченицата да ја сместат во Неговите амбари. Во тоа време сите безбожници ќе бидат уништени.“ – Патријарси и пророци, 541.

Петок 20. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каде треба да растеме во вера, и како Бог ни испраќа помош за тоа?
2. Како можеш да го спречиш сатаната да сее какол во твоето срце додека си во црква?
3. Зошто треба да бидеме долготрпеливи со нашите браќа и сестри?
4. Зошто не смееме да ги исклучиме од црква оние за кои ние мислиме декасе какол?
5. Со која цел децата на светлината се расеани меѓу децата на темнината? Дали јас се вклопувам со светлината или со темнината?

Сподели го ова:

Слични објави