12. Делата зборуваат погласно од зборовите

Сподели го ова:

12. лекција Сабота, 23. јуни 2018.

 Делата зборуваат погласно од зборовите

„Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш.“ – Проповедник, 5,5.

„Кога ќе ја слушнете заповедта: ,Појди на лозје и работи денес таму!’ немојте да одбиете. ,Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши’ (Евреите 4:7). Не е препорачливо да се одложува послушноста. Можеби повикот никогаш веќе нема да ви биде упатен.“ – Христовите очигледни поуки, 281.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очиг. поуки, 272-283.

Недела 17. јуни

1. ПРАШАЊЕ НА АВТОРИТЕТОТ

а. Кое прашање свештениците и поглаварите му го поставиле на Христа? Матеј 21:23.

„Поглаварите имале пред себе докази за Неговото месијанство. Сега одлучиле да не бараат знаци на Неговиот авторитет, туку да извлечат некое признание или изјава врз основа на која би можеле да Го осудат…
Се надевале дека Тој ќе каже дека има власт од Бога. Имале намера да го негираат тоа Негово тврдење.“ – Копнежот на вековите, 593.

б. За возврат, какво прашање им поставил Христос, и каков одговор добил? Матеј 21:24-27.

„Во Својот судир со рабините, Христос немал намера да ги понизи Своите противници. Не му било мило што се нашле во незгодна положба. Сакал да им даде уште една значајна поука. Тој ги поразил Своите непријатели, доведувајќи ги во ситуација да се фатат во мрежата што Нему му ја поставиле. Признавајќи го своето незнаење во поглед на карактерот на Јовановото крштавање, тие Му дале можност да зборува, а Тој ја искористил таа можност укажувајќи им на нивната вистинска состојба и додавајќи со тоа уште една опомена, покрај многуте што веќе ги дал.“ – Копнежот на вековите, 594.595.

Понеделник 18. јуни

2. ПАРАБОЛА ЗА ДВАЈЦАТА СИНОВИ

а. Преку која парабола Христос ги открил тајните на срцата на свештениците и поглаварите? Матеј 21:28-31 (прв дел).

б. Кој бил поблиску до Божјото царство од еврејските поглавари? Матеј 21:31 (последен дел), 32.

„Што и да е направено од чиста љубов, колку и да е безначајно во очите на луѓето, донесува обилен плод, бидејќи Бог гледа со колку љубов некој нешто прави, отколку колку многу е направено.“ – 2 Сведоштво, 135.
„Во Божјите очи не е толку значајна големината на резултатот кој го остваруваме, колку што се важни побудите. Тој повеќе ја цени добрината и верноста, отколку големината на оствареното дело.“ – 2 Сведоштво, 520.511.

в. Како и ние можеме да бидеме како постариот син во параболата за двајцата синови? 1 Јованово 3:7; Јаков 4:17.

„Денес мнозина тврдат дека ги држат Божјите заповеди иако срцето не им е преполно со Божја љубов и таа од нив не се излева врз другите. Христос ги повикува да се соединат со Него во Неговото дело за спасување на светот, но тие се задоволуваат со зборовите: ‘Ќе појдам, господару!’ И, секако, не одат! Тие не соработуваат со оние што ја вршат Господовата служба и се залудни слуги. Слично на неверниот син, му даваат лажни ветувања на Бога. Кога пристапиле кон црквата и дале свечен завет, се обврзале дека ќе ја прифатат и ќе ја слушаат Божјата реч, дека себеси ќе се посветат во Господовата служба, но тоа не го прават. Со зборови тврдат дека се синови Божји, но со животот и со карактерот го отфрлаат тој однос. Својата волја не ја сообразуваат со Божјата волја и така живеат во лага.
Своето ветување за послушност привидно го исполнуваат кога тоа не бара од нив никаква жртва; но кога се бара самооткажување и пожртвуваност, кога ќе видат дека треба да го издигнат крстот, тогаш се повлекуваат. И така полека се губи свеста за должноста и свесното престапување на Божјите заповеди преминува во навика. Можеби со ушите сè уште ја слушаат Божјата реч, но немаат веќе духовна способност да ја сфатат. Нивното срце се стврднало, совеста отапела.
Немојте да мислите дека затоа што не покажувате решително непријателство кон Христа вие правите нешто за Него. Со тоа само би ја мамеле својата душа. Ако на Бога му го скусиме она што ни го дал да го користиме во Негова служба, без оглед дали се работи за времето или за средствата, или за кој и да е друг доверен дар, ние всушност работиме против Него.“ – Христовите очигледни поуки, 279.280.

Вторник 19. јуни

3. ДАЛИ ЈА ПРИФАТИВМЕ ПОКАНАТА?

а. Со каква покана на Спасителот мнозина ќе бидат тестирани? Матеј 21:28.

„Со заповедта: ‘Појди на лозје и работи денес таму!’ искреноста на секоја душа е ставена на проверка. Ќе има ли и дела, а не само зборови? Дали повиканите ќе го стават своето знаење во служба на Сопственикот на лозјето? Ќе работат ли за Него верно и несебично?“ – Христовите очигледни поуки, 281.

б. Каква работа има Господ за секого од нас? Што е вклучено во таа работа? 2 Петрово 1:2-7.

„Ако верно го обработувате лозјето на својата душа, Бог ќе ве прифати како свои соработници и вие ќе морате да извршите дело не само за себе, туку и за други. Претставувајќи ја црквата со лозје, Христос не кажува дека ние нашата љубов и нашите напори мора да ги ограничиме само на припадниците на нашите редови. Господовото лозје мора да се прошири. Бог сака тоа да ги опфати сите делови на светот. Благодарение на Божјата милост, штом ќе примиме поуки за тоа како се негуваат овие драгоцени билки, должни сме ова знаење да го поделиме со другите. Така ние можеме да го шириме Господовото лозје. Бог сака да види докази за нашата вера, љубов и стрпливост.“ – Христовите очигледни поуки, 282.

в. Кој е нашиот најголем пример во оваа работа? Псалм 40:8.

„Разгледајте го Христовиот живот. Стоејќи на чело на човештвото и служејќи му на својот Отец, Тој претставува пример за она што треба и што може да биде секој син. Истата послушност што ја покажал Христос кон Отецот се бара денеска од секое човечко суштество. Тој на својот Отец му служел од љубов, доброволно и со радост. Самиот Тој изјавил: ‘Со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое’ (Псалм 40:8). Христос ниту една жртва не сметал дека е премногу голема, ниту еден напор премногу тежок за да го изврши делото што дошол да го изврши. Во дванаесеттата година од животот, Тој рекол: ,Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?’ (Лука 2:49). Тој го чул повикот и ја прифатил задачата. Изјавил: ‘Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело’ (Јован 4:34).“ – Христовите очигледни поуки, 282.283.

Среда 20. јуни

4. ДА ГО ВЛОЖИМЕ НАШЕТО НАЈДОБРО ВО НЕГОВА СЛУЖБА

а. Додека работиме за Него, до кој степен Господ сака да му се предадеме? 1 Солунјаните 5:23.

„Освен тоа, во секоја наша служба се бара искрена и целосна наша преданост на Бога. И најмалечката должност, извршена искрено и несебично, многу му е помила на Бога од најголемата работа што е обележана со себичност. Бог сака да види колку Христов дух покажуваме, колкава сличност со Христа открива нашето дело. Тој повеќе ги сака љубовта и верноста со кои пристапуваме кон делото отколку количеството на работата што ќе ја извршиме.“ – Христовите очигледни поуки, 402.
„Оној кој вистински го сака и се бои од Бога, стремејќи се со единствена цел да ја врши Неговата волја, ќе го стави своето тело, својот ум, своето срце, својата душа и својата сила во службата на Бога… Оние кои се решени да ја направат Божјата волја како своја, мораат да му служат и да му угодуваат на Бога во сè.“ – In Heavenly Places, p. 190.

б. Кога Господ е задоволен? Марко 1:11; Јован 14:21; 15:10.

„Не би требало да ги држиме заповедите само за да го обезбедиме небото, туку да му угодиме на Оној кој умрел за да ги спаси грешниците од казната за престапот на законот на Отецот… Жална е одлуката да го следиме Христа оддалеку, колку што е тоа можно, приоѓајќи до работ на погибелта, колку што е тоа можно, без да паднеме во него.“ – Christ Triumphant, p. 77.
„На секој степен од изградбата на вашиот карактер трудете се да му угодите на Бога. Секако, тоа можете да го постигнете, зашто и Енох му угодил на Бога иако живеел во расипано време. И денес, во нашето време, има многу еноховци.“ – Христовите очигледни поуки, 332.

в. Која врста на служба му е одвратна на Бога? Матеј 15:8.9.

„Некои што тврдат дека го љубат Исуса се измамници и сета нивна религија е само служба на усните. Таа не доведува до промена на карактерот. Таа не го открива внатрешното делување на благодатта. Тие не покажуваат дека некогаш учеле во Христовото училиште поуки за кротост и понизност на срцето. Тие ниту со животот ниту со карактерот не покажуваат дека го носат Христовиот јарем или Неговото бреме. Тие не го постигнуваат стандардот кој им е даден во Божјото слово, туку човечкиот стандард.“ – This Day With God, p. 299.

Четврток 21. јуни

5. БЛАГОСЛОВИТЕ НА ЦЕЛОСНА ПОСВЕТЕНОСТ

а. Кои прекрасни ветувања им се даваат на оние што му служат на Господа во делото и во вистината? Јован 14:23; Матеј 7:24.25.

„За оние што му служат верно и предано, Господ кажува: ‘Тие ќе бидат Мои, Моја сопственост во оној ден, што го готвам, и ќе бидам милостив кон нив како што татко е милостив кон синот свој, кој му служи’ (Малахија 3:17).“ – Христовите очигледни поуки, 283.
„Додека веруваме во Христовата спасоносна сила, сета вештина и лукавство на паднатите војски не може да направи ништо за да ни наштети. Небесните ангели се постојано околу нас да нè водат и да нè штитат. Бог одредил Неговата спасоносна сила да биде со нас и да нè оспособи да ја чиниме сета Негова волја. Да се фатиме за тие ветувања и да ги цениме секој момент. Да веруваме дека Бог навистина го мисли тоа што го кажува…
Држејќи се до силата која ни е ставена на дофат на рацете, ние добиваме надеж и тоа толку силна, што можеме во целост да се потпреме на Божјите ветувања; а благодарение на можноста која ни се нуди во Христа, ние стануваме синови и ќерки Божји…
На човекот му е дадена привилегија да стане Божји наследник и сонаследник со Христа. На оние кои се воздигнале на тоа ниво им се откриени неизмерните богатства на Исуса Христа, кои се илјада пати повредни од богатствата на овој свет. И така, преку заслугите на Исуса Христа, смртниот човек е воздигнат во заедништво со Бога и Неговиот возљубен Син.“ – In Heavenly Places, p. 32.

Петок 22. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Иако Христос немал намера да ги понизи рабините, која била целта на Неговиот одговор на нивното прашање?
2. Што нè наведува да се повлечеме од служењето на Христа, како постариот син во параболата за двајцата синови?
3. Како можеме да го следиме примерот на послушноста кој ни го оставил Христос додека бил на оваа земја?
4. Како единствено можеме да бидеме извршители на Словото, а не само оние кои извршуваат усна служба?
5. Што е можно за нас додека веруваме во Христовата сила која спасува?

Сподели го ова:

Слични објави