06 Избор на пријатели

Сподели го ова:

6. лекција  Сабота, 6. мај 2017

Избор на пријатели

„Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе?“ – Амос 3,3.

„Ги предупредувам сите, млади и стари, бидете внимателни какви пријателства формирате и какви другари ќе одберете. Внимавајте она што сега го сметате за чисто злато да не се претвори во неблагороден метал.“ – Signs of the Times, November 26, 1896.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Темели на среќниот дом, 455–465.
Недела 30. април
1. ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ
а. Кои се некои од квалитетите кои вистинскиот пријател треба да ги има? Изреки 17,17; 18,24 (прв дел).

„Душите, кои на својот животен пат мораат да водат тешка борба, можат да бидат засилени и охрабрени со мало внимание, кое нас нè чини само незначителен напор во љубовта кон ближните. За таквите, едно искрено и охрабрувачко стегање на раката, понекогаш можеби вреди многу повеќе од злато или сребро. Тогаш љубезните зборови се добредојдени како ангелска насмевка.“ – Здравје и среќа, 158.

„Секој има мигови кога во животот не му оди добро; тага и обесхрабрување ја притискаат секоја душа; тогаш утехата и охрабрувањето упатени од вистинскиот пријател, како и самото негово присуство, ги одвраќаат стрелите на непријателот кој сака да ја уништи душата. Христијански пријатели нема ниту половина колку што треба да бидат. Во часови на искушение, во услови на криза – од каква вредност е еден вистински пријател!… Вистински пријател е оној кој тогаш дава совет, кој со својата привлечност влева надеж и смиреност, и буди верба која душата ја издига. Ах, таквата помош вреди повеќе од скапоцени бисери.“ – Коментари на библиските текстови, 295.

„Секој кој е толку неразумен да ти ласка, не е и не може да ти биде вистински пријател. Вистински пријател е оној кој те советува, предупредува, опоменува, па и укорува кога не си во право.“ – 3 Сведоштво, 226.

б. Колку вистинскиот пријател е лојален? Јован 15,13; Јов 6,14 (прв дел).

Понеделник 1. мај
2. МУДАР ИЗБОР
а. Кои важни работи треба да ги имаме на ум при изборот на пријатели? Римјаните 12,9; 1 Коринтјаните 15,33.

„Погрешно е христијаните да се дружат со оние кои се со непостојан морал. Блиското дружење кое само одзема време, кое не поттикнува јакнење на моралот и не придонесува за јакнење на умните и духовните сили е опасно. Ако моралната атмосфера која го опкружува поединецот не е чиста и света, туку загадена со изопаченост, оние кои вдишуваат таква атмосфера, ќе увидат дека таа речиси незабележително делува на умот и срцето, труејќи и изопачувајќи сѐ околу себе. Тие се наоѓаат во опасност, дружејќи се со таквите и вдишувајќи ја атмосферата која морално не издигнува туку понижува, и сами да паднат на ниското ниво на своите другари.

Ништо не може поуспешно да ги осуети сериозните впечатоци и добрите желби, како дружењето со суетни, безгрижни и изопачени поединци…

Треба за свои другари да ги бираме оние кои ја љубат вистината во нејзината чистота, чиј морал е неизвалкан и чии навики се чисти од секое зло.“ – 3 Сведоштво, 125.126.

б. Како е опишано пријателството на Давид и Јонатан? 1 Самоилова 18,1.

в. Кои се некои од особините кои треба да ги бараме кај оној кој го бирате за добар пријател? Изреки 11,13; Лука 7,13; Галатјаните 5,22.23.

„Носете украс на кроток и тивок дух, кои во Божјите очи имаат голема вредност. Негувајте доблести, како што се: љубов, радост, мир, долго трпение, благост. Ова се плодови на христијанското дрво – засадено покрај водни потоци, кое секогаш донесува род во вистинско време.

Ако ја имаме Христовата љубов во нашата душа, тогаш како природен резултат ќе ги имаме и сите останати доблести, како што се: радост, мир, долго трпение, добрина, благост, вера, кротост, самоконтрола…

Кога Христовата љубов престојува во срцето… Неговото присуство се чувствува.“ – My Life Today, p. 50.

Вторник 2. мај
3. УЧЕЊЕ ОД ГРЕШКИТЕ НА ДРУГИТЕ
а. Што знаеме за историските записи дадени во Библијата? 1 Коринтјаните 10,11.12.

„Ако во Светиот Запис не се запишани и гревовите на Евреите, туку само нивните доблести, нивната историја за нас не би била таква поука каква што е.“ – 4 Сведоштво, 11.

б. Како Самсон ги избрал своите најблиски пријатели? Каков бил резултатот? Судии 14,3.

„Кога Самсон би се придржувал кон Божјите заповеди толку верно како неговите родители, тој би доживеал поблагородна и посреќна судбина. Но него го расипало дружењето со идолопоклониците. Бидејќи градот Сарај бил во близина на филистејската земја, Самсон се впуштил со нив во пријателски односи. Така во неговата младост настанале интимни пријателства што го затемниле целиот негов живот. Една млада девојка, која живеела во филистејскиот град Тамнат, го освоила неговото срце и тој решил да ја земе за жена. Неговите богобојазливи родители се обидувале да го одвратат од тоа, но негов единствен одговор бил; „Оженете ме со неа зашто таа ми замиле.“ Најпосле родителите попуштиле пред неговата желба и дошло до склучување на брак.

Токму кога влегувал во периодот на својата машкост, кога морал да ја врши својата од Бога одредена мисија во периодот кога повеќе од кога и да е требало да му биде верен на Бога Самсон се поврзал со непријателите на Израел.“ – Патријарси и пророци, 562.563.

в. Како Лот избрал каде да живее, кој бил факторот на одлучување, и кој факт тој го игнорирал? Битие 13,10.12.13. Како дружењето со Содомјаните влијаело на неговото семејство? 2 Петрово 2,7.8; Битие 19,14.

„Влијанието на неговата жена и на жителите на тој безбожнички град би го одвеле во целосен отпад од Бога кога не би постоеле верните поуки што ги примил порано од Аврам. Женидбата на Лот и неговиот избор на Содом за место на живеење биле првите алки во синџирот на настаните кои на светот му носеле само зло во текот на многу генерации.“ – Патријарси и пророци, 174.

Среда 3. мај
4. НЕСИГУРНИ ПРИЈАТЕЛСТВА
а. Како Бог гледа на пријателството со светот? Јаков 4,4.

„Меѓу световниот човек и оној кој верно му служи на Бога, постои голема провалија. Мислите на овие луѓе, нивните склоности и чувства не се во хармонија со најважните теми – Бог, вистина и вечност. Едната група созрева како пченица за Божјата житница, а другата како какол за огнот на уништувањето. Како меѓу нив може да постои единство во намерите и акциите?“ – Евангелизам, 620.

б. Какви уште совети Бог дава за световните пријателства? 2 Коринтјаните 6,14.17.

„Не можеш да живееш со суетни луѓе, да го следиш нивниот пример и истовремено да бидеш Божјо дете. Творецот на вселената ти се обраќа како Татко полн со љубов. Ако во твоите склоности се одвоиш од светот, ако не дозволиш тој да те извалка, ако избегаш од расипаноста на светот во која тој западнал заради телесните желби, Бог ќе биде твој Татко, ќе те прими во Своето семејство и ти ќе станеш Негов наследник. Наместо овој свет, доколку живееш живот во послушност, Тој ќе ти го даде небесното царство, блаженство и вечен живот.“ – 2 Сведоштво, 44.

в. Што овие видови на пријателства покажуваат за состојбата на нашето срце? Како Бог гледа на ова? Матеј 10,37.38.

„Бог бара без никакво условување од ваша страна во потполност да му го предадете своето срце и своите чувства. Ако своите пријатели, браќа или сестри, татко или мајка, ги сакате повеќе од Мене – вели Христос – не сте достојни за Мене.“ – 3 Сведоштво, 45.

„Имајте на ум дека во животот на Христовите следбеници мора да се види истата преданост, истата посветеност на Божјото дело во секое општествено барање и во секоја земна приврзаност, какви што се виделе во Неговиот живот. Божјите барања мораат да бидат на прво место.“ – Counsels on Stewardship, p. 53.

Четврток 4. мај
5. ИНТИМНИ ПРИЈАТЕЛСТВА
а. Што никогаш не треба додека воспоставуваме блиски пријателства, особено оние кои водат до брак? Матеј 22,37; Лука 14,33.

„Секоја врска што сме ја воспоставиле, колку и да е мала, влијае на нас. Од тоа колку му попуштаме на тоа влијание, ќе зависи и обликот на пријателството, постојаноста во односите и нашата љубов и почитувањето на оној со кој се дружиме.“ – Темели на среќниот дом, 459.

„Токму од тоа колкаво е тоа пријателството, зависи колкава ќе биде силата на влијанието кое пријателите го вршат еден на друг на добро или на лошо…

Кога би бирале пријатели кои се плашат од Бога, влијанието кое тие пријатели го вршат на нив, би ги зацврстувале во вистината, во извршувањето на нивните должности и во светоста.“ – Темели на среќниот дом, 455.456.

б. Зошто не треба да формираме интимни пријателства со оние кои не ја делат нашата вера или со оние кои се необратени? Амос 3,3.

„Како што Соломоновата жена го свртела неговото срце далеку од Бога кон идолопоклонство, така прават и лекомислените другари, кои немаат длабина на начелата, одвраќајќи ги срцата на оние кои некогаш биле благородни и верни, во суета, изопачени задоволствата и унижувачки порок.“ – Conflict and Courage, p. 192.

Петок 5. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кои се некои од работите кои вистинскиот пријател ќе ги направи за вас?

2. Зошто е опасно да бидете тесно поврзани со оние чии умови се неморални?

3. Што можеме да научиме од грешката на Самсон во изборот на своите другари?

4. Што значи безусловно да го предадеме нашето срце и нашите чувства на Бога?

5. Кои фактори одредуваат во која мерка се предаваме на влијанието на друштвото во кое се движиме?

Сподели го ова:

Слични објави