02 Исус Христос – наш пример

Сподели го ова:

2. лекција   Сабота, 8. април 2017

Исус Христос – наш пример

„Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.“ – Јован, 13,15.

„Љубовта кон Бога, ревност за Неговата слава и љубовта кон паднатиот човечки род, го довеле Исуса на земјата да страда и да умре. Тоа била сила што владеела со Неговиот живот. Тој нѐ повикува да го усвоиме тоа начело.“ – Копнежот на вековите, 330.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на век., 71-74; 426-431.
Недела 2. април
1. ИСУС КАКО ЧОВЕК
а. Кои особини Исус ги покажал додека бил на земјата? Филипјаните 2,8; Лука 22,42.

„Нежен, сочувствителен, полн со разбирање, имајќи го секогаш на ум доброто на другите, Тој (Христос) ни го претставил Божјиот карактер и бил постојано во служба на Бога и човекот… Каков што бил Исус во човечка природа, Бог подразбира такви да бидат и Неговите следбеници. Во Негова сила ние треба да живееме живот на чистота и благородство, како што живеел Спасителот.“ – Sons and Daughters of God, p. 21.

б. На што Исус најмногу обраќал внимание во Својот живот на земјата? Јован 17,4; 4,34; Псалм 40,8.

„Тој (Христос) поминал низ секое искушение низ кое поминуваме ние и во Своја полза не употребил никаква сила што не ни е дарежливо понудена и нам. Како човек се соочил со искушението и го совладал со силата што му била дадена од Бога. Тој вели: „Мило ми е, Господе, да ја извршувам волјата твоја, законот твој го носам длабоко во срцето“ (Псалм 40,8). Додека правел добро и ги лекувал сите кои биле погодени од сатаната, Тој на луѓето јасно им укажувал на карактерот на Божјиот закон и на природата на Неговата служба. Неговиот живот сведочи дека и ние можеме на ист начин да го исполниме Божјиот закон.“ – Копнежот на вековите, 24.

Понеделник 3. април
2. БОГ НА ПРВО МЕСТО
а. Што треба да биде приоритет во нашиот живот? Матеј 6,33; 1 Солунјаните 2,11.12.

„Јаремот што нѐ врзува за службата е Божјиот закон. Големиот закон на љубовта, откриен во Едем, објавен на Синај, а во Новиот завет напишан во срцето, е она што го врзува човекот кој работи по Божја волја… „Јас не слегов од небото за да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној кој ме прати“ (Јован 6,38)… Тој им заповеда најпрвин да го бараат Божјото царство и Неговата праведност и ветува дека ќе им се додаде сѐ што им е потребно за овој живот.“ – Копнежот на вековите, 329.330.

б. Што ни е потребно за да во потполност го следиме Бога? Еремија 29,13; Лука 14,33; Галатјаните 2,20.

„Барајте го Бога со сето срце… со глад во душата, искрено плачете по Бога. Борете се со небеските сили сѐ додека не постигнете победа. Ставете го целото свое битие во Господовата рака – душата, телото и духот и одлучете дека ќе бидете Негово мило, посветено орудие придвижувано од Неговата волја, контролирано од страна на Неговиот ум, исполнето со Неговиот Дух.“ – Our High Calling, 131.

в. Каков ќе биде позитивниот резултат, кога ќе бидеме длабоко поврзани со Бога, предавајќи Му се целосно Нему? Исаија 26,3; Матеј 5,16.

„Оние што го држат Христа за збор и ја ставаат својата душа под Негова заштита, своите животи под Негово водство, ќе најдат мир и спокој. Ништо на светот не може да ги нажали кога Исус ќе ги израдува со Своето присуство. Во совршеното помирување се наоѓа совршен одмор… Нашите животи можат да изгледаат замрсени; но ако Му се довериме на мудриот, големиот Архитект, Тој ќе изгради модел на живот и карактер што ќе и служи на чест на Неговата слава “ – Копнежот на вековите, 331.

Вторник 4. април
3. ЖИВОТ НА ПРЕДАНА СЛУЖБА
а. Кои се двата основни принципи на христијанството? Матеј 22,36-40. Како треба да ја изразиме нашата љубов кон нашите ближни? Лука 10,29-37.

„Во сторијата за милостивиот Самарјанин, Христос ја прикажал природата на вистинската вера. Покажал дека таа не се состои од системи, од симболи или од обреди, туку од дела на љубовта, од правење на најголеми добра на другите, од вистинска добрина…

Судбината на човекот ќе биде одредена со неговата послушност кон целокупниот закон. Врвната љубов кон Бога и непристрасната љубов кон човекот се принципи кои треба да се остварат во животот.“ – Копнежот на вековите, 497.498.

б. Каква треба да биде основата на нашиот живот посветен во служба на светот? 1 Јованово 4,11.12; 3,16-18.

„Целосно посветениот христијанин за своето дејствување ги црпи мотивите од неговата длабока љубов кон Учителот. Од коренот на неговата љубов кон Христа, извира несебичен интерес за неговите браќа. Љубовта… го осветлува лицето и го ублажува гласот; го облагородува и воздигнува целото битие.“ – Здравје и среќа, 490.

в. Која била Исусовата животна мисија? Лука 19,10.

„Од Неговите најрани години (Исус) бил обземен со една цел: да живее на благослов на другите.“ – Копнежот на вековите, 70.

„Исус се трудел да го ублажи секое страдање што го видел. Тој имал малку пари за давање, но често се откажувал од храната за да им помогне на оние чиишто потреби му изгледале поголеми од Неговите… Тој поседувал тактичност каква што немал никој од Неговите браќа, или желба да имаат. Кога зборувале грубо со сиромашните, понижени суштества, Исус ги барал токму нив и им упатувал зборови што охрабруваат. На сите, на кои им било потребно, им подавал чаша студена вода и тивко го ставал Својот оброк во нивните раце. Со отстранувањето на нивните страдања, вистините со кои ги поучувал биле поврзани со Неговите дела на милосрдие и врежувани во нивното сеќавање.“ – Копнежот на вековите, 87.

Среда 5. април
4. РАБОТА ЗА ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ДУХОВНИТЕ ПОТРЕБИ НА ДРУГИТЕ
а. Која карактерна особина ни е потребна за да им служиме на другите, како што тоа го правел Исус? Филипјаните 2,5-8; Лука 22,26; Матеј 23,11.12.

„Во Неговиот живот и поуките, Христос дал совршен пример на несебична служба која потекнува од Бога. Бог не живее само за Себе. Со создавањето на светот и со одржувањето на сите нешта, Тој постојано е во служба за другите. „Тој му заповеда на Своето сонце и тоа ги осветлува и лошите и добрите и им дава дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5,45). Овој идеал на служење Бог му го доверил на својот Син. На Исуса му било дадено да застане на чело на човечкиот род за да може со Неговиот пример да подучи што значи да се служи. Неговиот живот бил потчинет на законот на службата. Тој им служел на сите, им помагал на сите. Така, со животот го исполнил Божјиот закон и со Својот пример покажал како да Му се потчиниме на законот.“ – Копнежот на вековите, 649.

б. Која група на луѓе Исус особено ја охрабрувал да дојде кај Него и побара помош? Марко 10,13-16.

„Во децата што дошле во допир со него, Исус видел мажи и жени кои ќе станат наследници на Неговата милост и припадници на Неговото царство… Тој, небесното Величество, не презирал да одговори на нивните прашања и Неговите важни поуки ги поедноставил за да одговараат на нивното детско разбирање. Тој во нивните умови го засадил семето на вистината, кое по многу години ќе никне и ќе донесе плод за вечен живот.“ – Копнежот на вековите, 512-515.

в. Со кого уште Исус сакал да работи? Лука 5,32.

„(Спасителот) дошол да го претстави Отецот преку пораката за надеж и спасение за нашиот свет. Тој не живеел за Себе, не водел сметка за Својата удобност и задоволство, не им попуштал на искушенијата; се согласил да умре за да може да бидат откупени грешните луѓе и да живеат вечно во домовите кои Тој ги подготвил за нив. Негова мисија била да ги поучува душите кои умирале во своите гревови.

Оваа задача Христос и ја доделува на секоја душа што ја откупил.“ – Lift Him Up, 208.

Четврток 6. април
5. БОГ РАБОТИ ПРЕКУ НАС
а. Кој бил изворот на Исусовата моќ? Јован 14,10.

„Според тоа, ако во нашето срце живее Христос, Тој ќе делува во нас „да сакаме и да правиме како што му е угодно“ (Филипјаните 2,13). Ние ќе работиме како што работел и Тој; ќе покажеме ист дух. И така, љубејќи го Него и живеејќи во Него, ние „во секој поглед да растеме во Оној, кој е глава, Христос“ (Ефесјаните 4,15).“ – Патот кон Христа, 75.

б. Како можеме и ние да го имаме ова искуство, и каков ќе биде резултатот? Јован 15,7.

„’Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде’ (Јован 15,7). Кога се молите, повикувајте се на ова ветување. Наша предност е да можеме да Му пристапиме со света одлучност. Ако искрено побараме да нѐ осветли Неговата светлина, Тој ќе нѐ слушне и ќе ни одговори. Но ние мораме да живееме во согласност со нашите молитви. Ако живееме во спротивност со нив, тие се залудни.“ – Child Guidance, p. 499.

„Биди сигурен дека Христос ќе биде во тебе ако во понизност Му го предадеш своето срце. Бог ги прифаќа само понизните во срцето. Небото е навистина вредно да се остави сѐ на овој свет. Бог ќе ти помогне со задоволство во твоите напори ако твоите желби и стремежи бидат само во Него.“ – 4 Сведоштво, 259.

Петок 7. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како Исус го претставувал Божјиот карактер кога бил овде на земјата?

2. Како можеме да најдеме мир и одмор кои само Бог може да ги даде?

3. На што ќе нѐ нагони Божјата љубов, и како таа љубов ќе се манифестира?

4. Што Исус видел кај децата донесени кај Него, и како се однесувал кон нив?

5. Што значи ‘да се живее во хармонија со нашите молитви’?

Сподели го ова:

Слични објави