10 Христовата помирувачка смрт (2)

Сподели го ова:

10. лекција – 4. јуни 2016.

Христовата помирувачка смрт (2)

„Ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие; за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост.“ – 1 Коринтјаните 1,23.24.

„Дарувањето на Исус го открива срцето на Отецот. Тој дар сведочи дека заради наше спасение Тој нема да ни ускрати ништо што е потребно за исполнување на неговото дело, па колку и да му е мило тоа.“ – 9 Сведоштво, 254.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Одбрани пораки 1, 373-378.

Недела 29. мај

1. „ЗАШТО БОГ ТОЛКУ ГО ВОЗЉУБИ СВЕТОТ“

а. Опишете ја длабочината на Божјата љубов? Јован 3,16; Римјаните 5,6-8.

„Христовата смрт претставува доказ за големата Божја љубов кон човекот. Таа е залог и гаранција на нашето спасение…
Со помош на крстот ние дознаваме дека небесниот Отец нѐ сака со бескрајна љубов.“ – Делата на апостолите, 163.164.

б. Која нова заповед треба да настојуваме да ја почитуваме како тоа би нѐ одделило од неверниците? Јован 13,34.35.

„Учениците требало меѓусебно така да се љубат како што Тој нив ги љубел. Требало да покажуваат постојана љубов за душите на мажите, жените и децата, правејќи се што е во нивна моќ за нивно спасение. Меѓутоа, особено биле должни да откријат нежна братска љубов кон сите оние кои биле со нив во вера…
Најголема и нај фатална заблуда е да се претпостави дека некој човек може да има вера во вечен живот без да ја има Христовата љубов кон неговите браќа.“ – Коментари на библиските текстови, 561.
Понеделник 30. мај

2. ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО ИМА КОРИСТ ОД ХРИСТОВАТА СМРТ

а. Која поука Христос ја истакнал користејќи го примерот на бакарната змија подигната во пустината? Јован 3,14.15.

„Кога израелскиот народ умирал од каснувањето на отровните змии, Бог му наредил на Мојсеј да направи змија од бакар… Тогаш во целиот логор е огласено дека сите што ќе ја погледнат змијата ќе останат во живот.“ – Копнежот на вековите, 136.
„Мораме да погледнеме на голготскиот крст на кој умрел Спасителот. Нашите вечно интереси бараат да покажеме вера во Христа.“ – Копнежот на вековите, 575.

б. Благодарение на Христовата смрт, кој секојдневен благослов Бог го излева на секој човек во сегашниот живот во времето на проба? Матеј 5,45.

„На Христовата смрт ѝ го должиме дури и нашиот овоземен живот. Лебот што го јадеме е откупен со Неговото измачено тело. Водата што ја пиеме е купена со пролеаната крв. Никогаш никој, свет или грешен, не се храни со својата секојдневна храна, туку се храни со Христовото тело и крв. Во секој леб е втиснат голготскиот крст. Тој се гледа во секој воден извор.“ – Копнежот на вековите, 576.

в. Иако верниците и неверниците благодарение на Христовата смрт подеднакво уживаат во сето она што се однесува на овоземниот живот, кој единствено ќе добие вечен живот? Матеј 7,21; Јован 3,16; Римјаните 2,7; Откровение 22,14.

„(Матеј 7,21). Искреноста не се проверува преку зборовите, туку преку делата. Христос никого не го прашал: Што си кажал повеќе од другите? – туку ‘што особено правите?’ (Матеј 5,47). Неговите зборови: ‘Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате’ (Јован 13,17), имаат големо значење. Зборовите немаат вредност ако не се придружувани од соодветни дела.“ – Христовите очигледни поуки, 220.221.
„Божјата реч јасно ни кажува дека само малкумина ќе бидат спасени и дека повеќето од оние што ќе бидат повикани ќе бидат недостојни за вечен живот. За нив нема да има место на небото, туку нивниот дел ќе биде ист со оној на сатаната и таквите ќе ја искусат втората смрт.“ – 2 Сведоштво, 193.
Вторник 31. мај

3. ЦЕЛОСНО ПОМИЛУВАЊЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ

а. Што барал законот, во жртвениот систем, за да се добие простување на гревот? Евреите 9,22. Што Христос направил на сите да им овозможи простување? Римјаните 5,8.9.

„Мнозина се чудат зошто Бог барал толку заклани жртви во жртвениот систем на еврејскиот народ; меѓутоа, тоа требало да ја втисне во нивниот ум големата вистината дека без пролевање на крв нема простување на гревот. Таа поука била откриена во секоја жртва, втисната во секој обред, свечено проповедана во светата свештеничка служба и лично од Бога учена – дека единствено со Христовата крв гревот може да биде простен. Колку малку како народ ја чувствуваме силата на оваа вистина! Колку ретко, со покажување на жива и делотворна вера, ја внесуваме во својот живот оваа голема вистина – дека постои простување за најмал грев и простување за најголем грев!“ – Преглед и Гласник, 21. септември, 1886.

б. Како Христовата жртва го опфаќа целото човештво, и која обврска затоа почива на нас? 2 Коринтјаните 5,14.15.

„Христос пострадал надвор од портите на Ерусалим, бидејќи Голгота се наоѓала надвор од градските ѕидови. Тоа требало да покаже дека Тој не умрел само за еврејската нација, туку и за сиот човечки род.“ – Коментари на библиските текстови, 819.

в. Под кој услов грешникот добива простување, и до што тоа ќе доведе? 1 Јованово 1,9; Колосјаните 3,1-3.

„Колку е прекрасен планот на спасението во својата едноставност и полнота! Не само што тој обезбедува целосно простување на грешникот, туку овозможува и обнова на престапникот, наоѓајќи начин како тој може да биде прифатен како Божји син. Преку послушност тој може да поседува љубов, мир и радост. Неговата вера во неговата слабост може да го обедини со Христа, изворот на божествената сила; и преку Христовите заслуги тој може да добие Божјо одобрување, бидејќи Христос ги задоволил барањата на законот, и Тој ја припишува својата правда на душата која верува и се кае.“ – Преглед и Гласник, 10. март, 1891.
Среда 1. јуни

4. ОПРАВДУВАЊЕ СО ВЕРА

а. Кога Христос со својата крв ги потпишал документите за ослободување на човечкиот род, кој станал законит владетел на целото човештво кое до тој момент било ‘продадено на гревот’ (Римјаните 7,14)? 1 Петрово 1,18-20.

„Со излевање на целата ризница на небото на овој свет, подарувајќи ни го целото небо во Христа, Бог ја откупил волјата, чувствата, умот и душата на секој човек. Без оглед дали се верници или неверници, сите луѓе се Божја сопственост.
Ние сме Негови преку создавање и откуп. Дури ниту нашето тело не ни припаѓа нам… Нашиот живот и сите наши способности му припаѓаат Нему.“ – God’s Amazing Grace, 173.

б. Бидејќи Христос се стекнал со право на сопственост, што Тој сега бара од секој поединец, со цел да се заврши процесот на усвојување како син или ќерка на Бога? Галатјаните 3,26-29.

„Мнозина… не го согледуваат делото кое Светиот Дух мора да го направи во нив пред да можат да бидат преобразени од поданици на сатаната до Божји синови… ‘Ако некој не се роди одозгора’ – освен ако не прими ново срце, нови желби, цели и мотиви, кои водат во нов живот – ‘не може да го види царството Божјо’ (Јован 3,3)… Тој повеќе нема да биде послушен поданик на Христовите непријатели. Тој преку вера станува наследник Божји, и Син Божји со посвојување.“ – Знаци на времето, 9. март, 1882.
„Доколку покајниот грешник, скрушен пред Бога, го препознае Христовиот откуп во своја корист и го прифаќа овој откуп како своја единствена надеж во овој и во идниот живот, неговите гревови ќе бидат простени…
Простувањето и оправдувањето се едно исто. Преку вера верникот од бунтовник, дете на гревот и сатаната, се менува во лојален поданик на Исуса Христа, не поради својата вродена добрина, туку затоа што Христос го прифаќа како свое дете. Грешникот прима простување на гревот, бидејќи неговиот Гарант и Заменик ги понел тие гревови. Господ на својот небесен Отец му вели: ‘Ова е Мое дете. Јас го одлагам извршувањето на смртната пресуда, давајќи му полиса на животно осигурување – вечен живот – бидејќи Јас го зедов неговото место и пострадав заради неговите гревови.’ На тој начин човекот, помилуван и наметнат со прекрасна облека на Христовата правда, стои безгрешен пред Бога .“ – Faith and Works, 103.
Четврток 2. јуни

5. БОЖЈИОТ ЗАКОН Е ОДБРАНЕТ

а. Зошто царот Дариј не можел да го спаси Даниела да не биде фрлен во лавовската пештера поради кршење на царскиот декрет, иако го сакал тоа? Даниел 6,7-9.15.16.

б. Слично на тоа, што докажала Христовата смрт на крстот во поглед на природата на Божјиот свет закон? Псалм 111,7.8. Од кого потекнува тврдењето дека Христовата смрт го укинала Божјиот закон?

„Намерата на сатаната отсекогаш била да го укине Божјиот закон и да го изопачи вистинското значење на планот на спасението. Затоа тој ја измислил лагата дека целта на Христовата жртва на Голгота е да ги ослободи луѓето од обврската да ги држат Божјите заповеди… Кога законот би можел да биде укинат, а сочувано Божјото владеење над небото, земјата и останатите неброени светови, Христос не би морал да умре. Христовата смрт требала засекогаш да го реши прашањето на валидноста на законот Господов. Поднесувајќи ја полната казна за грешниот свет, Исус станал посредник помеѓу Бога и човекот, за да ја помири душата што се кае со Бога давајќи ѝ милост да може да го држи законот на Севишниот. Христос не дошол да го уништи законот или пророците, туку до последно слово да го исполни. Помирувањето на Голгота го оправдало Божјиот закон како свет, праведен и вистинит, не само пред паднатиот свет, туку и пред небото и непаднатите светови. Христос дошол да го возвиши законот и да го направи чесен.“ – Faith and Works, 118,119.

Петок 3. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како практично ќе ја откриеме нашата љубов кон Христа?
2. Кога единствено нашите зборови се од корист за другите?
3. Освен што на грешникот му дава простување, што уште овозможува планот на спасението?
4. Што мораме да направиме за да можеме да бидеме прифатени како Божји синови и ќерки?
5. Кој е најсилниот доказ дека Божјиот закон е непроменлив? Зошто?

Сподели го ова:

Слични објави