09 Христовата помирувачка смрт (1)

Сподели го ова:

9. лекција – 28. мај 2016.

Христовата помирувачка смрт (1)

„Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав… преку Него и се спасувате… дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата.“ – 1 Коринтјаните 15, 1-3.

„Висејќи на крстот Христос бил Евангелие. Сега ние ја имаме пораката: ‘Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29)… Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашето предупредување до непокајаните, наше охрабрување за оние што тагуваат – надеж за секој верник.“ – Коментари на библиските текстови, 725.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 646-668.

Недела 22. мај

1. ОТКУПОТ Е ПРОНАЈДЕН

а. За што Бог се погрижил при жртвувањето на Исак, и од какво значење е тоа за искуството на секој човек? Битие 22,7-13; Јов 33,24.

„Овенот, принесен на олтарот наместо Исак, го претставувал Божјиот Син кој требало да биде жртвуван наместо нас. Кога човекот бил осуден на смрт поради престапот на Божјиот закон, Отецот – погледнувајќи го својот Син – му рекол на грешникот: ‘Живеј, најдов откуп’!“ – Патријарси и пророци, 146.147.

б. Кога иста мерка е преземена за спасение на човечкиот род? Матеј 25,34; Откровение 13,8 (последен дел).

„Оној миг кога Адам… направил токму она што Бог му рекол дека не треба да го прави, Христос, Синот Божји, застанал меѓу живите и мртвите, велејќи: ‘Нека казната падне на мене. Јас ќе застанам на местото на човекот. Дај му уште една шанса’.“ – Коментари на библиските текстови, 17.
Понеделник 23. мај

2. НАДЕЖТА НАСОЧЕНА КОН СПАСИТЕЛОТ ШТО ДОАЃА

а. Од која висина Христос слегол за да умре за гревовите на човечкиот род? 1 Тимотеј 6,14.16; Филипјаните 2,6.

„(Исус) го понудил својот живот како откуп за паднатиот човечки род, да ги земе нивните гревови и да ја преземе на себе смртната пресуда, за на тој начин човекот преку него да добие помилување; и благодарение на заслугите на неговата пролеана крв и послушност кон Божјиот закон, повторно да ја придобие Божјата наклоност и право да се врати во прекрасната градина и да јаде од плодот на дрвото на животот…
„Тој ќе ја напушти целата небесна слава, ќе се појави на земјата како човек, ќе се понизи како човек… Тој ќе умре со најстрашна смрт, висејќи помеѓу небото и земјата како осуден грешник….“ – Рани списи, 123.

б. Кое ветување му е дадено на Адам, откако згрешил, и какво било значењето на ова ветување? Битие 3,15.

„(Битие 3,15). Оваа пресуда, искажана во присуство на нашите прародители, за нив претставувала извесно ветување…
Небесните ангели на нашите прародители поцелосно им го објасниле тој план со кој е завештано нивното спасение. Ги уверувале Адам и Ева дека, и покрај нивниот голем грев, нема да бидат наполно препуштени во власта на сатаната. Божјиот Син се понудил со својата смрт да ги откупи од казната што ја заслужиле со својот прекршок. Ќе им биде дадено извесно време на искушение и проверка, па со покајание и со вера во Христа ќе можат повторно да станат Божји деца.“ – Патријарси и пророци, 45.46.

в. Откако гревот влегол во светот, кој систем бил воведен за Адам и која била неговата цел? Битие 4,3-5; Евреите 9,13.14.28.

„На паднатиот човек му е откриен планот на бескрајната жртва преку која ќе биде овозможено спасение. Ништо освен смртта на Божјиот мил Син не можело да го окае гревот на човекот, и Адам се восхитувал на Божјата добрина која обезбедила таков откуп за грешникот… Со воведување на симболичниот систем на жртви и дарови, Христовата смрт требала секогаш да биде пред очите на обвинетиот човек, како подобро би можел да ја сфати природата на гревот, последиците на престапот и заслугите на божествената жртва.“ – Знаци на времето, 20. февруари, 1893.
Вторник 24. мај

3. СПАСИТЕЛ НА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

а. Кога дошло одреденото време, што одлучил Отецот да направи за да го ослободил човештвото од ропството на гревот? Галатјаните 4,4.5. Кого Христос дошол да спаси на овој свет? 1 Тимотеј 4,10; 1 Јованово 4,14.

„(Христос) умрел за секој човек и поради тоа милостиво и длабоко се интересирал за секој поединец.“ – 9 Сведоштво, 229.
„Самарјаните верувале дека Месијата треба да дојде како Откупител не само на Евреите, туку и на целиот свет. Светиот Дух претскажал преку Мојсеј дека Тој ќе биде пророк пратен од Бога. Преку Јаков е објавено дека ќе му се покорат народите, а преку Аврам дека преку него ќе бидат благословени сите народи на земјата. На овие текстови од Светото писмо народот на Самарија ја темелел својата вера во Месијата…
Исус почнал да го урива ѕидот што ги разделувал Евреите и незнабошците и да му го проповеда спасението на светот.“ – Копнежот на вековите, 151.

б. Во кој облик Исус дошол на земјата како би станал Спасител на светот? Филипјаните 2,7.8.

в. Кога Христос умрел за целиот човечки род, од кои Исусови зборови можеме да сфатиме дека умрела неговата човечка, а не божествена природа? Јован 10,17.18.

„Оној кој рекол: ‘Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак‘ (Јован 10,17), излегол од гробот на живот кој се наоѓал во него самиот. Човечкото умрело; божественото не умрело. Во својата божествена природа, Христос поседувал сила да ги скрши оковите на смртта. Тој изјавува дека во себе има живот со кој може да го оживее кого сака.“ – Одбрани пораки 1, 287.
„’Јас сум воскресение и живот’. Таквите зборови можел да ги изговори само оној кој претставува Божество. Сите создадени битија живеат благодарение на волјата и Божјата сила. Во самото примање на животот тие зависат од Божјиот Син… Тие одново примаат од Оној кој е извор на животот. Само Оној ‘кој самиот има бесмртност и живее во непристапна светлина’, можел да каже: ‘Власт имам да ја положам душата своја, и власт имам повторно да ја земам’.“ – Коментари на библиските текстови, 504.

Среда 25. мај

4. ВТОРАТА СМРТ УКИНАТА ЗА ВЕРНИЦИТЕ

а. Како се нарекува применувањето на казната на вечна смрт на оние кои ќе го отфрлат Христа како свој Спасител, и зошто? Откровение 20,14; 21,8.

„’Зашто, плата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ’ (Римјаните 6,23). Додека животот е наследство на праведниците, смртта е плата за грешниците. Мојсеј му рекол на Израел: ‘Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло’ (Второзаконие 30,15). Смртта, спомената во овој стих, не е онаа смрт што е изречена над Адам, што ја поднесуваат сите луѓе како казна изречена над неговиот престап, туку тоа е ‘втората смрт’, која се истакнува како спротивност на вечниот живот.“ – Големата борба, 564.

б. Како Исус го доживеал чувството на очај на оние кои страдаат од втората смрт? Матеј 27,46; Евреите 2,9.

„Христос во многу што се чувствувал како многуте грешници на кои ќе се излие чашата на Божјиот гнев. Очајот мрачен како смрт ќе ги обземе грешните души и тогаш тие во полна мера ќе ја согледаат сета стравотија на гревот… Ако ги одбијат небесните дарови… тие ќе одлучат за својата судбина и на крајот како плата ќе го примат Божјиот гнев и вечната смрт. Засекогаш ќе бидат одделени од присуството на Исус, чијашто жртва ја презреле.“ – 2 Сведоштво, 137.

в. Што Христос укинал со својата смрт, а што ни овозможил? 2 Тимотеј 1,10; Јован 5,24; Откровение 2,11.

„Со престапот човекот ја загубил бесмртноста што му била ветена под услов на послушност… За паднатиот род не би имало надеж кога Бог не би му ја овозможил бесмртноста на човекот повторно достапна со жртвувањето на својот Син… Секој човек може да го добие овој непроценлив благослов ако ги исполни условите. Сите ‘кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост’, ќе примат ‘живот вечен’ (Римјаните 2,7).“ – Големата борба, 553.
Четврток 26. мај

5. ЧУДЕСНА РАЗМЕНА

а. Зошто Исус ја поднел полната казна за гревот иако не бил виновен ниту за еден грев? 2 Коринтјаните 5,21; Тит 2,14.

„Исус врз Себе ја зел човечката природа, и со тоа каква чест му укажал на човечкиот род со тој чин! Тој страдал како човек, бил искушуван како што луѓето се искушуваат, но сепак не подлегнал на гревот. Тој заради нас е направен грев, иако не знаел за грев, за ние да станеме правда Божја во Него.“ – Преглед и Гласник, 18. ноември, 1890.

б. Што ни нуди Христос во замена за нашите гревови? Рим. 5,17.

„Со Христа се постапувало онака како што заслужуваме ние, за со нас да се постапува онака како што заслужува Тој. Тој бил осуден поради нашите гревови во кои немал удел, за ние да можеме да бидеме оправдани со неговата праведност во која немаме удел. Претрпел смрт што била наша, за ние да примиме живот што бил негов.“ – Копнежот на вековите, 13.
„Ние не сме достојни за Божјата љубов, но Христос, нашиот гарант, е достоен на неа и целосно е во состојба да ги спаси оние што ќе дојдат кај него. Какво и да било вашето искуство во минатото, какви и обесхрабрувачки да се вашите сегашни околности, ако дојдете кај Исуса такви какви што сте, слаби, беспомошни и очајни, нашиот милосрден Спасител, полн со сочувство, уште оддалеку ќе ви излезе во пресрет, ќе ве прегрне со рацете на својата љубов и наметне со наметката на својата правда…Тој нѐ застапува кај Отецот и вели: ‘Еве Ме Мене наместо грешникот. Немој да гледаш во ова самоволно дете, туку во Мене’. Колку и гласно сатаната да ги изнесува обвинувањата против нашата душа, обвинувајќи не за гревот и полагајќи на нас право како на свој плен, крвта на Христа зборува со поголема сила.“ – Мисли од гората, 18.

Петок 27. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Со каква цел Бог му дал на човечкиот род второ време на проба?
2. Кога Адам починал на возраст од 930 години, дали ја платил казната за престапот спомената во Битие 2,17?
3. За кого Исус го дал својот живот на крстот?
4. Што е доказ дека Исус не ја укинал првата смрт?
5. Ако ги замениме своите гревови за Христовата правда, што исто така мораме да Му дадеме, а што мораме да прифатиме од него?

Сподели го ова:

Слични објави