08 Христовата праведност

Сподели го ова:

8. лекција – 21. мај 2016.

Христовата праведност

„Затоа, сметам дека и сè друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и сè сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос, и да се најдам во Него, не со својата праведност стекната од Законот, туку со придобивката преку верата во Христос, односно со праведноста од Бога преку верата.“ – Филипјаните 3,8.9.

„Човекот не може да се спаси самиот себе. Може да се залажува по тоа прашање, но да се спаси не може. Само Христовата праведност може да биде од корист за негово спасение, а таа е Божји дар.“ – Одбрани пораки 1, 317.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Faith and Works, 15-27.

Недела 15. мај

1. УСЛОВ НА ВЕЧЕН ЖИВОТ

а. Каква положба имал Адам во Едем? Битие 1,28.

„Адам бил крунисан владетел на Едем. Нему му била дадена власт над сите живи созданија што Бог ги создал. Адам и Ева Господ ги благословил со дар на разум, дар кој не е даден на ниту едно друго создание. Тој го направил Адама за законит владетел над делата на своите раце.“ – Коментари на библиските текстови, 10.11.

б. Низ каков тест поминал Адам? Битие 2,16.17. Што можело да го оспособи човечкиот род да го положи овој тест? Битие 1,26.27.

„Човекот во почетокот бил надарен со благородни сили и урамнотежен ум. Тој бил совршен и во единство со Бога. Неговите мисли биле чисти, а неговите цели свети.“ – Знаци на времето, 25. октомври, 1905.

Понеделник 16. мај

2. АДАМ НЕ УСПЕВА ДА ГО ЗАДРЖИ ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

а. Кои се некои од последиците на Адамовата непослушност? Битие 2,17; Езекиел 18,4 (последен дел). Како Бог реагирал на тоа? Јован 3,16.

„Непослушност на Адам кон Божјите заповеди го осудила човечкиот род на смртна казна. ‘Во Адам сите умираат’, и вечната смрт, не вечен живот, е конечната казна за сите кои продолжуваат во престапот.“ – Знаци на времето, 17. јуни, 1897.
„Во моментот кога човекот, дело на Божјите раце, одбил да биде послушен на законите на Божјото царство, во тој момент тој станал нелојален на Божјото владеење и станал целосно недостоен за сите благослови со кои Бог го опсипувал…
А причината зошто човекот не бил уништен е таа што Бог толку го сакал што го подарил својот мил Син да ја поднесе казната за неговиот грев. Христос се понудил да биде гарант и заменик, за да човекот, преку милоста која со ништо не може да се спореди, би можел да има уште едно време на проба – втора шанса – имајќи го пред себе искуството на Адам и Ева како предупредување да не го престапи Божјиот закон како што тие тоа го правеа.“ – Faith and Works, 21.

б. Како Христос покажал дека од човекот се барала послушност на законот и по падот, како услов за вечен живот? Лука 10,25-28; Матеј 19,16.17.

„Услов за вечен живот и сега е ист онаков каков што отсекогаш бил – токму онаков и пред падот на нашите прародители: совршено покорување на Божјиот закон, совршена праведност. Кога вечниот живот би можел да се добие под било кој услов поинаков од овој, би се изложила на опасноста среќата на целиот универзум.“ – Патот кон Христа, 55.56.
„Христос не ги намалувал барањата на законот. Со зборови кои не можат погрешно да се разберат Тој покорувањето на законот го истакнал како услов на вечен живот – истиот оној услов кој и на Адам му бил поставен пред неговиот пад… Божјите барања во заветот на милоста се сеопфатни и целосно идентични со оние кои на човекот му биле поставени уште во Едем – целосна согласност со Божјиот закон, кој е свет, праведен и добар.“ – Христовите очигледни поуки, 356.

Вторник 17. мај

3. НЕМА СПАСЕНИЕ ВО ЧОВЕЧКИТЕ ДЕЛА

а. Иако условот за вечен живот после гревот никогаш не е изменет, каква промена настанала во човечката природа, и каков бил резултатот? Ефесјаните 2,3; Римјаните 3,11.12.

„На Адам и Ева… им е објаснето дека нивната природа е толку изопачена со гревот, што поради тоа е намалена нивната сила со која би можеле да му се спротивстават на злото и дека на сатаната ќе му го отворат патот поуспешно да им пристапи.“ – Патријарси и пророци, 40.

б. Дали потомството на Адам ја наследило неговата безгрешна природа или неговата падната природа? Псалм 51,5. Што на потомците на Адам им станало невозможно да направат со својот напор, и зошто? Римјаните 3,23; 8,7.

„Пред падот, Адам можел со послушност кон Божјиот закон да оформи праведен карактер. Но тој тоа не го сторил, па поради неговиот грев и нашата природа станала грешна, и ние не сме во состојба себеси да се направиме праведни. Затоа што сме грешни, несвети, ние не можеме да му бидеме совршено послушни на светиот закон. Ние немаме некоја своја преведност со која би можеле да ги задоволиме барањата на Божјиот закон.“ – Патот кон Христа, 41.

в. Што е запишано за оние кои мислат дека треба да се потпираат на своите дела, а не на Христовите заслуги, како би биле оправдани? Галатјаните 3,10; Римјаните 9,31-33.

„Оној што се обидува да стигне до Небото почитувајќи го законот со своите дела, се обидува невозможно… Напорот што човекот го вложува со своја сила да добие спасение е претставен со приносот на Каин. Сѐ што може човек да направи без Христа е загадено со себичност и грев.“ – Faith and Works, 94.
„Рабините својата праведност ја сметале како пасош за небото, но Исус изјавил дека таа е недоволна и безвредна. Фарисејската праведност била сочинета од надворешни обреди и од теоретско знаење на вистината. Рабините тврделе дека се свети во своите лични напори да го одржат законот; но нивните дела ја разделиле праведноста од религијата. Додека во ситници биле точни во почитувањето на обредите, нивниот живот бил неморален и понижен. Со својата таканаречена праведност никогаш не би можеле да влезат во небесното царство.“ – Копнежот на вековите, 257.
Среда 18. мај

4. ХРИСТОС СТАНАЛ НАША ПРАВДА

а. Бидејќи човечкиот род го изгубил правото на вечен живот, што Отецот одлучил да направи? Галатјаните 4,4.5. Каква положба имал Христос, како втор Адам, кога дошол на овој свет? 1 Коринтјаните 15,47.

„По падот, Христос станал Адамов учител… Кога се исполнило времето Тој требало да се открие во човечки облик. Тој ќе ја заземе положбата на поглавар на човечкиот род земајќи ја на себе човечката природа, но не и грешноста.“ – Знаци на времето, 29. мај, 1901.

б. Што Христос морал да направи да ни осигура вечен живот? Матеј 5,17.18. Како Исус ги исполнил барањата на законот? 1 Петрово 2,22.

„Законот бара правда – праведен живот, совршен карактер, а ова човекот не може да го исполни. Тој не може да ги исполни барањата на Божјиот свет закон. Но Христос, доаѓајќи на земјата како човек, живеел свет живот и развил совршен карактер. Тој ова како бесплатен дар им го нуди на сите што сакат да го добијат.“ – Копнежот на вековите, 746.
„Во својот живот на земјата, Христос развил совршен карактер, покажал совршена послушност кон заповедите на својот Отец. Доаѓајќи на светот во човечки облик, бидејќи е потчинет на законот, додека им откривал на луѓето како ги носел нивните болести, нивните страдања, нивната вина, Тој не станал грешник… Ниту една дамка на гревот не била пронајдена кај него. Тој стоел пред светот како безгрешно Јагне Божјо.“ – The Youth’s Instructor, December 29, 1898.

в. Откако го исполнил условот за вечен живот во корист на човечкиот род, кој дар Христос му го нуди на секој човек? Римјаните 6,23; 1 Јованово 5,11.

„Спасителот на светот на заблудените им нуди дар на вечен живот. Со сочувство понежно од она што го придвижува срцето на земниот татко да му прости на непослушниот син кој се кае и страда, Тој чека одговор на понудената љубов и проштевање.“ – Знаци на времето, 20, април, 1876.
Четврток 19. мај

5. ОПРАВДАНИ САМО ПРЕКУ ВЕРА

а. Како што непослушноста на Адам нѐ направила грешници, преку чија послушност ќе бидеме оправдани? Римјаните 5,17-19. Како Бог гледа на нас кога со вера ќе ја прифатиме Христовата правда? Римјаните 3,28.

„Ние немаме некоја своја праведност со која би можеле да ги задоволиме барањата на Божјиот закон. Меѓутоа Христос ни овозможи решавање на проблемот. Тој живеел на Земјата соочен со истите неволји и искушенија со кои и ние се соочуваме. Живеел навистина безгрешен живот. Умре за нас и сега се нуди да ги земе нашите гревови а нам да ни ја даде својата праведност. Ако му се предадете Нему и ако го прифатите за свој Спасител, заради него ќе бидете прогласени за праведни без оглед на сета грешност од поранешниот живот. Христовиот карактер ќе застане на местото на вашиот карактер и вие ќе бидете прифатени пред Бога како никогаш да не сте грешеле.“ – Патот кон Христа, 41.42.

б. Кога покајниот верник ќе биде оправдан, каква надеж има тој, дури и ако умре? Јован 3,16 (последен дел); Тит 3,7; 1 Коринтјаните 15,21.22.

„Со вера (грешникот) може пред Бога да ги изнесе Христовите заслуги, а Господ послушноста на својот Син ја припишува на сметка на грешникот. Христовата праведност се прифаќа наместо човековиот неуспех и Бог ја прифаќа и ја оправдува верната душа која се кае, се однесува кон неа како да е праведна и ја љуби како што го љуби својот Син.“ – Одбрани пораки 1, 353.

Петок 20. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој бил условот за вечен живот пред и по падот во грев?
2. До каква промена дошло во природата на луѓето, поради гревот?
3. Зошто оние кои сакаат да бидат праведни преку држење на законот ќе бидат под проклетство?
4. Како го разбирате изразот ‘Христос правда наша’?
5. Ако се случи еден човек кој е оправдан преку вера во Христовата правда да умре, која е неговата или нејзината надеж?

Сподели го ова:

Слични објави