07 Христовото воплотување

Сподели го ова:

7. лекција – 14. мај 2016.

Христовото воплотување

„А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.“ – Лука 2,10.11.

„Човечката природа на Божјиот Син е сѐ за нас. Таа е златен синџир кој ги поврзува нашите души со Христа, и преку Христа со Бога. Тоа е тема која треба да ја проучуваме. Христос бил вистински човек; Тој дал доказ за својата понизност така што станал човек. Сепак тој бил Бог во тело.“ – Одбрани пораки 1, 232.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 8-15;20-30.

Недела 8. мај

1. ЗАД СЦЕНАТА

а. Како Бог одговорил на падот на Адам и Ева? 1 Јованово 4,10.

„Божеството било трогнато со жал кон човечкиот род, и Отецот, Синот и Светиот Дух се посветиле на извршување на планот на спасението. Со цел целосно да се спроведе овој план, било одлучено дека Христос, единородниот Божји Син, треба да се принесе како жртва за грев.“ – Преглед и Гласник, 2. мај, 1912.

б. Зошто Адам и Ева не биле погубени истиот ден кога јаделе од забранетиот плод? Јов 33,24; Марко 10,45; Откровение 13,8 (последен дел).

„Оној миг кога Адам попуштил на искушението на сатаната и направил токму она што Бог му рекол да но го прави, Христос, Синот Божји, застанал меѓу живите и мртвите, велејќи: ‘Нека казната падне на мене. Јас ќе застанам на местото на човекот. Дај му уште една шанса’. Престапот навлекол смртна пресуда на целиот свет. Но, на небото се слушнал глас: ‘Најдов откуп’.“ – Знаци на времето, 27. јуни, 1900.
Понеделник 9. мај

2. ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

а. Кој бил првиот чекор кој Христос го презел за да го овозможи исполнувањето на планот на спасението? Евреите 2,9.

„Тогаш (Исус) на ангелските чети им соопшти дека е пронајден начин за спасение на човекот; дека Тој се заложил кај Отецот и добил дозвола својот живот да го положи како откуп за паднатиот човечки род, да ги земе нивните гревови и да ја преземе на себе смртната пресуда, за на тој начин човекот преку Него да добие простување; и благодарение на заслугите на Неговата пролеана крв и послушност кон Божјиот закон, повторно да ја придобие Божјата наклонетост и право да се врати во прекрасната градина и да јаде од плодот на дрвото на животот.
„На почетокот ангелите не можеле да се радуваат… Им рекол дека Тој… ќе ја напушти целата небесна слава, ќе се појави на земјата во човечки лик, ќе се понизи како човек, врз основа на своето лично искуство ќе се запознае со различните искушенија на кои се изложува човекот, за да знае како да им помогне на оние кои се во искушение…
„Им рекол (на ангелите) дека и тие ќе учествуваат во неговото дело, дека ќе бидат со него и ќе го храбрат кога за тоа ќе има потреба, затоа што Тој – земајќи ја природата на паднатиот човек – нема да располага со сила што тие ја поседуваат; тие ќе бидат сведоци на неговото понижување и тешки страдања; и кога ќе ги гледаат неговите маки и омразата на луѓето кон него, ќе бидат толку трогнати што љубовта кон него ќе ги поттикнува на тоа ако е потребно и со сила да го ослободат од неговите мачители, но со ништо нема да смеат да го спречат она што мораат да го гледаат со свои очи…
„Сатаната се радувал заедно со своите ангели поради тоа што со падот на човекот ќе може да го повлече Божјиот Син од неговата висока положба. Ги уверувал своите ангели дека и Исус – кога на себе ќе ја земе природата на паднатиот човек – ќе биде лесно совладлив и на тој начин ќе може да го спречат остварувањето на планот на спасението за човекот.“ – Рани списи, 123124.125.

б. Која Христова особина направила да биде невозможно за него да умре пред воплотувањето? 1 Тимотеј 6,14-16.

“Кога Христос бил распнат на крстот, умрела неговата човечка природа. Божеството не пропаднало и умрело; тоа би било невозможно.“ – Lift Him Up, 76.
Вторник 10. мај

3. БОЖЈИОТ СИН СТАНУВА СИН ЧОВЕЧКИ

а. Што се подразбира под изразот „Словото стана тело“ (Јован 1,14)? Евреите 2,14 (прв дел).

„Божественото и човечкото било таинствено споено, а човекот и Бог станале едно. Во тоа соединување се нашла надеж за паднатиот човечки род.“ – Коментари на библиските текстови, 540. 541.

б. Како апостол Павле потврдува дека Христос имал падната човечка природа кога дошол на овој свет? Римјаните 1,3; 8,3.

„Христос не се претворал дека зел човечка природа; Тој навистина ја зел. Тој навистина поседувал човечка природа.“ – Одбрани пораки 1, 235.
„Тој врз себе зел падната, на страдања подложна човечка природа, деградирана и извалкана од гревот. Тој ги зел нашите болки, поднесувајќи ја нашата тага и срам. Тој ги претрпел сите искушенија кои го снаоѓаат човекот. Го соединил човечкото и божественото, божествениот дух живеел во храмот на телото. Тој самиот се соединил со храмот. ‘И Словото стана тело и се всели меѓу нас’ (Јован 1,14), затоа што на таков начин Тој можел да се приближи на грешните, нажалените синови и ќерки на Адам.“ – The Youth’s Instr., Dec. 20, 1900.

в. Зошто било неопходно Христос да ја земе човечката природа после падот, наместо пред падот? Евреите 2,16-18.

„Спасителот… дошол на светот за да ја покаже Божјата слава којашто човекот го издигнува и го обновува. Бог се открил во него за Тој да може да се открие во нив. Исус не открил никакви особини, ниту покажал сила што на луѓето не би им била достапна преку вера во него. Сите негови следбеници можат да ја имаат неговата совршена човечка природа, ако му се покорат на Бога како што го сторил тоа Тој.“ – Копнежот на вековите, 580.
„Облечен во одеждите на човештвото, Божјиот Син се спуштил на ниво на оние што сакал да ги спаси. Во него немаше лукавство или грев; Тој секогаш бил чист и без мана; сепак, Тој на себе ја зел нашата грешна природа. Покривајќи го своето божество со човечка природа за да може да му се приближи на човечкиот род, Тој настојувал на човекот да му го врати она што светот го изгубил поради непослушноста на Адам.“ – Преглед и Гласник, 15. декември, 1896.
Среда 11. мај

4. ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОПЛОТУВАЊЕТО

а. Што Христос го квалификувало да ја изврши својата улога како посредник? 1 Тимотеј 2,5.

„Само Исус можел да му даде гаранција на Бога; зашто бил еднаков со Бога. Единствено Тој можел да биде посредник помеѓу Бога и човекот; бидејќи Тој поседувал и божествена и човечка природа. На овој начин Исус можел да даде гаранција и за двете страни во исполнувањето на пропишаните услови. Како син Божји Тој гарантира за нас пред Бога, а како вечна Реч, како Оној кој е еднаков со Отецот, Тој нѐ уверува во љубовта на Отецот кон оние што веруваат во неговите заветни ветувања. Кога Бог сакал да нѐ осведочи за својот непроменлив завет на мир, Тој го дал Својот Единороден Син да стане едно со човечкиот род, и засекогаш да ја задржи својата човечка природа како залог дека Бог ќе ги исполни неговите зборови.“ – Преглед и Гласник, 3.април, 1894.

б. Како гревот влијаел на односот помеѓу човечкиот род и Бога, и како оваа врска е обновена? Исаија 59,2; Галатјаните 4,4.5.

„Човечката природа на Божјиот Син е сѐ за нас. Таа е златен синџир кој ги поврзува нашите души со Христа, и преку Христа со Бога.“ – The Youth’s Instructor, October 13, 1898.
„Намерата на сатаната била да предизвика вечна разделба меѓу Бога и човекот; но во Христа ние сме стапиле во поинтимна заедница со Бога отколку никогаш да не сме паднале. Со тоа што зел наша природа, Спасителот се поврзал со човештвото со врска што никогаш нема да се раскине… Бог го дал својот Единороден Син да стане член на човечкото семејство, засекогаш да ја задржи човечката природа. Тоа е залог дека Бог ќе ја исполни својата реч. ‘Зашто ни се роди Дете, добивме Син, кој има власт на рамото’ (Исаија 9,6)… Тој, кој е ‘свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците’, не се срамува нас да нѐ нарече браќа (Евреите 7,26; 2,11).“ – Копнежот на вековите, 14.
„Да се врати човештвото во Христа, да се доведе паднатиот човечки род во единство со божественото, тоа е делото на спасението. Христос ја зел човечката природа како луѓето би можеле да бидат едно со него, како што е Тој едно со Отецот, за Бог да може да го љуби човекот како што го љуби Својот Единороден Син, како луѓето би можеле да бидат учесници во Божјата природа и да бидат потполни во него.“ – Одбрани пораки 1, 239.
Четврток 12. мај

5. ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОПОЛОТУВАЊЕТО (ПРОДОЛЖЕТОК)

а. Која Божја намера при создавањето на човекот е исполнета со Христовото воплотување? 1 Коринтјаните 6,19.

„Од вечни времиња Божја намера била секое создание, од сјајниот и свет серафим па до човекот, да стане храм во кој ќе живее Творецот. Поради гревот, човечкиот род престанал да биде Божји храм. Затемнетото и со злото обесчестено човечко срце не ја откривало веќе божествената слава. Меѓутоа, со воплотувањето на Божјиот Син исполнета е целта на Небото. Бог живее во човечкото срце и, со посредство на спасоносната милост, тоа повторно станува негов храм.“ – Копнежот на вековите, 123.

б. Како небесните ангели го нарекувале Христовото воплотување, и зошто? Лука 2,6-11.

„Нека се радуваат сиромашните, бидејќи Христос дошол да ги направи наследници на неговото царство! Нека се радуваат богатите, бидејќи Тој ќе ги научи како да го искористат своето земно богатство да си обезбедат себеси вечно богатство на небото! Нека се радуваат неуките, бидејќи Тој дошол да им даде мудрост на спасение! Нека се радуваат учените, бидејќи на нивниот ум ќе им открие подлабоки тајни од кога и да било досега до кои тие можеле да проникнат.“ – The Spirit of Prophecy, vol. II, 191.
„Христовата понизност во корист на човекот ги восхитувала ангелите. Откупот преку Христа за нив била тајна на љубовта и мудроста.“ – Преглед и Гласник, 15. јули, 1909.

Петок 13. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто на Адам и Ева им било дозволено да живеат стотици години после падот во грев?
2. Што Христос понудил како залог кое на човечкиот род ќе му обезбеди втора можност?
3. Зошто Христос морал да ја земе Адамовата падната природа?
4. Зошто Христос не можел да го откупи светот без воплотување?
5. Дали Христовото раѓање е навистина радосна вест за вас? Зошто?

Сподели го ова:

Слични објави