05 Целта на евангелизирањето

Сподели го ова:

5. лекција – 30. април 2016.

Целта на евангелизирањето

„Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.“ – Матеј 28,19.

„Проповедниците кои при ширењето на вистината работат во помалите или поголемите градови не би требало да бидат задоволни со својата работа сѐ додека оние што ја прифатиле теоријата на вистината навистина не го сфатат нејзиното посветувачко влијание и додека не бидат навистина обратени кон Бога.“ – 4 Сведоштво, 300.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Евангелизам, 15-24.
Недела 24. април

1. ИСУСОВАТА МИСИЈА

а. Која била Исусовата мисија кога дошол на овој свет? Лука 19,10.

„Грешниците биле посебен предмет на Христовата мисија – грешници од сите раси и поднебја… Нему сите му се мили.“ – In Heavenly places, 329.

б. Каква жртва Исус поднел за да ја оствари својата мисија? Евреите 2,9.

„Ангелите со страхопочит и восхит гледале на Христовата мисија во светот. Тие се восхитуваат на љубовта која го натерала толку да се жртвува за грешните луѓе.“ – Слуги на евангелието,444.

в. Во кој дел од Христовата мисија неговата црква треба да земе учество? Лука 4,18.

„Христовата мисија била да ги исцелува болните, да ги храбри безнадежните, да ги преврзе ранетите во срцето. Ова дело на обнова треба да продолжи да се спроведува меѓу бедните и страдалниците.“ – Welfare Ministry, 71.

Понеделник 25. април

2. ЦЕЛТА НА ПРОПОВЕДАЊЕТО

а. Што е суштината на Евангелието? 1 Коринтјаните 15,1-4.

„Висејќи на крстот Христос бил евангелие. Сега ние ја имаме пораката: ‘Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29). Нема ли членовите на нашата црква своите очи да ги држат постојано насочени на распнатиот и воскреснат Спасител, во кого се сосредоточени сите наши надежи на вечен живот? Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашето предупредување до непокајаните, наше охрабрување за оние што тагуваат – надеж за секој верник.“ – Коментари на библиските текстови, 725.
„Третата ангелска вест повикува на истакнување на саботата од четвртата заповед… но големиот Центар на привлечноста, Исус Христос, не смее да биде изоставен од пораката на третиот ангел.“ – Преглед и Гласник, 20. јуни, 1894.

б. Која е вистинската цел на проповедањето на Евангелието на сите народи? Лука 1,77; Дела 2,21.

„Само по себе, проповедањето нема сила да го промени срцето, а токму тоа е целта на проповедањето. Божественото влијание кое го следи излагањето на речта ја доведува душата што се кае во подножјето на крстот.“ – Преглед и Гласник, 4. септември, 1888.
„Првата и најважната цел на евангелизирањето и сѐ што е во врска со него е да се најде и да се спаси она што е изгубено. Службата на евангелизирање… е на човекот да му ја подаде раката на помош каде и да е потребно тоа. Тоа значи проповедање на болните и напатените, исто како и на душите што страдаат од гревот.“ – Преглед и Гласник, 29. октомври, 1914.

в. Кое ветување им е дадено на оние што веруваат во Евангелието, и што ќе се случи со оние што го одбиваат? Марко 16,16; Јован 3,18-20.

„Тој (Христос) не кажува оти цел свет ќе се преобрати, туку дека ‘ова Евангелие за царството ќе се проповеда по сиот свет за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот’ (Матеј 24,14).“ – Копнежот на вековите, 550.

Вторник 26. април

3. ЗНАЧЕЊЕТО НА КРШТЕВАЊЕТО

а. Што треба да направат оние што веруваат во Христа? Марко 16,16 (прв дел); Кое е значењето на крштевањето? Римјаните 6,3-6.

„Крштевањето е најсветиот и најважен обред, и неговото значење треба темелно да се проучи. Тоа значи покајание за гревовите и почеток на нов живот во Исуса Христа.“ – Child Guidance, 499
„Христос крштевањето го направил знак на стапување во неговото духовно царство, и одреден услов кој целосно мораат да го исполнат оние кои сакаат да бидат признаени како оние кои се потчинуваат на авторитетот на Отецот, Синот и на Светиот Дух…
Крштевањето е најсвечено одрекување од светот. Оние што се крстени во тројното име на Отецот, Синот и Светиот Дух јавно изјавуваат при самиот влез во христијанскиот живот дека се откажале од службата на сатаната и дека станале членови на царско семејство, деца на небесниот Цар. Тие се покориле на заповедта: ‘Затоа излезете од нивната средина и одделете се… и не допирајте се до нечисто’. На нив се исполнило ветувањето: ‘И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки, вели Господ Седржителот’ (2 Коринтјаните 6,17.18).“ – 6 Сведоштво, 58.

б. Кое име им е дадено на Христовите ученици во Антиохија, и зошто? Дела 11,26.

„Во Антиохија учениците првпат биле наречени ‘христијани’. Тоа име им било дадено затоа што Христос бил главна тема на нивното проповедање, нивното учење и нивниот разговор. Тие постојано ги прераскажувале настаните што се одиграле за време на земната служба на Спасителот, кога учениците биле благословени со неговото лично присуство. Тие неуморно ја изнесувале неговата наука и неговите чудотворни исцелувања. Со треперливи усни и со солзи во очите тие зборувале за неговата агонија во градината, за предавството, за судењето и погубувањето, за трпението и понизноста при поднесувањето на тортурата и маките на кои го изложувале неговите непријатели и за неговото божествено сожалување покажано во молитвата за оние што го прогонувале. Христовото воскресение и вознесение, неговото посредување на делото на небото за паднатиот човек – тоа биле темите за кои тие со радост зборувале.“ – Делата на апостолите, 122.

Среда 27. април

4. ОБРАТЕНИ УЧЕНИЦИ

а. Која човечка врска се користи за да се илустрира односот помеѓу Христа и неговите ученици? 2 Коринтјаните 11,2; Ефесјаните 5,22-25.

„Во Библијата светиот и траен карактер на односот кој постои помеѓу Христа и неговата црква се прикажува со брачна врска. Господ својот народ го соединил со себе со свечен завет и ветил дека ќе биде негов Бог, а народот се обврзал дека ќе му припаѓа нему и само нему.“ – Големата борба, 391.

б. Како Библијата го опишува животот на Христовиот крстен ученик, и зошто? 2 Коринтјаните 5,17; 1 Јованово 5,1.4.

„Старата природа, родена од крв и волјата на телото, не може да го наследи Божјото царство. Старите патишта, наследените склоности и поранешните навики, мораат да се отфрлат; бидејќи Божјата милост не се стекнува преку наследство. Новото раѓање се одразува преку искажување на нови побуди, нови вкусови и нови склоности. Оние кои преку Светиот Дух се преродени во нов живот, стануваат учесници во Божјата природа, и во сите нивни навики и практики тие даваат очигледни докази за својата жива поврзаност со Христа. Кога оние што тврдат дека се христијани ќе ги задржат сите свои природни недостатоци и склоности во карактерот, според што тие тогаш се разликуваат од светот? Тие вистината не ја ценат како нешто што ја посветува и облагородува душата. Тие не се наново родени.“ – Коментари на библиските текстови, 700.

в. Што црквата мора да земе во предвид пред да одобри нечие крштевање? Матеј 3,8.

„Заветот кој го преземаме врз себе со крштевањето опфаќа многу работи. Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух ние сме погребани налик на Христовата смрт и сме воскреснале налик на неговото воскресение, и ние треба да живееме нов живот… Од тогаш верникот мора да има во предвид дека тој се посветил на Бога, на Христа и на Светиот Дух, и дека сите световни размислувања мора да ги стави на второ место во својот нов однос.“ – 6 Сведоштво, 93.

Четврток 28. април

5. КВАЛИТЕТ НАСПРОТИ КВАНТИТЕТ

а. Каде Христос ги доведува оние што сакаат да станат негови ученици, и зошто? Јован 10,16; Дела 2,41.47.

„Сите што сакаат, можат да се помират со Бога и да добијат вечен живот. Вам, Мои ученици, ви ја предавам оваа порака на милост. Таа треба да му се однесе прво на Израел, а потоа на сите племиња, јазици и народи. Сите што веруваат, треба да бидат собрани во една црква.“ – Копнежот на вековите, 711.

б. Додека, од една страна, членството во Христовата црква е важно, што сепак е многу поважно од тоа? Јован 15,4-6; Лука 13,5-9.

„Проповедниците кои работат во ширењето на сегашната вистина… не треба да бидат задоволни… сѐ додека оние што ја прифатиле теоријата на вистината… не бидат навистина обратени кон Бога. Кога со нивната работа вистински би се обратиле само шест души, тоа би било подобро во Божјите очи отколку шеесетина од нив да ја прифатат вистината само на зборови а при тоа да останат необратени во срцето.“ – 4 Сведоштво, 300.
„Припадноста на црквата не може да го замени обратувањето. Запишувањето на имињата во списокот на верниците на некоја црква нема никаква вредност ако срцето не е вистински изменето.“ – Евангелизам, 221.
„Ние не можеме да обезбедиме право на небото со тоа што нашите имиња ќе бидат запишани во црковните книги, додека нашите срца не се во единство со Христа и неговиот народ.“ – Преглед и Гласник, 19. мај, 1880.

Петок 29. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била Христовата мисија кога дошол на овој свет како Син човечки?
2. Која треба да биде вашата цел во евангелската работа?
3. Каков завет се прави при крштевањето?
4. Пред да крштава еден човек, која должност црквата мора да ја изврши?
5. Колку и да е важно членството во црквата, што е од суштинско значење за нашето спасение?

Сподели го ова:

Слични објави