12 Едукација во поглед на здравјето

Сподели го ова:

12. лекција – 20. јуни 2015.

Едукација во поглед на здравјето

„Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.“ – Осија 4,6.

„Вистинското образование значи повеќе од стремење на одреден курс на обучување. Тоа значи повеќе од подготовка за овој живот. Тоа го опфаќа целото битие и целиот период на човековото постоење. Тоа е хармоничен развој на физичките, менталните и духовните сили. Тоа ги подготвува студентите за радосна служба во овој живот и за повозвишена и посестрана радост на служење во светот што ќе дојде.“ – Совети за црквата, 202.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 173-179.

Недела 14. јуни

1. ПРЕДНОСТИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

а. Која е вредноста на обрзованието на Божјите работници? Изреки 1,5; 2,10.11.

„Постои недостиг од образовани кадри меѓу нас… Невозможно е некој да предвиди за што би можел да биде повикан во животот. Тој може да биде ставен во ситуација каде што ќе треба брзо расудување и добро избалансирани аргументи, и затоа заради Христова чест потребни се повеќе образовани работници; тие ќе бидат во состојба подобро да ја разјаснат вистината на разбирлив начин. Вистината треба да биде презентирана на начин кој ќе биде ослободен од можни грешки.“ – Христијанско воспитување, 138.

б. Дали е вредно да се вложи напор да се добие образование во областа на здравството? Изреки 2,2-5; 8,11.

„Образованиот лекар ќе пронајде пристап до градската средина каде што другите не луѓе не можат.“ – Medical ministry, 242.

Понеделник 15. јуни

2. ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

а. Дури и ако не станеме професионалци во областа на медицината, зошто сите треба да имаме барем основни познавања од таа област? Римјаните 12,1; 1 Коринтјаните 6,19.20.

„Наша должност е да ги проучуваме законите кои владеат со нашето битие и да дојдеме во согласност со нив. Незнаењето на овие работи претставува грев…
Она што треба да проучуваме иако се однесува на природниот живот претставува знаење за нас самите… Тоа е куќата во која живееме, и која треба да ја чуваме за да може да послужи на слава на Бога кој нè откупил. Ние треба да знаеме како да ја зачуваме живата машинерија – духот, душата и телото – да ја посветиме во Негова служба. За жалење е што како разумни битија толку малку знаеме за телото и неговите побарувања.“ – Здрав живот, 16.
„Далеку подобро е да се спречи болеста, отколку да знаете како да се лекува кога таа е веќе тука. Должност на секој човек е, не само за негово сопствено добро, туку и за доброто на човештвото, да се информира во врска со законите на животот и совесно да ги почитува. Сите треба да бидат запознаени со најчудесниот и најпрекрасниот од сите организми, човечкиот организам. Тие треба да ги разберат функциите на разните органи и нивната меѓусебна зависност. Тие треба да го проучуваат влијанието на умот врз телото, и на телото врз умот, и законите кои владеат со целиот организам.“ – Здравје и среќа, 104.105.

б. Зошто проповедниците и библиските работници треба да имаат знаење за здравјето? 3 Јованово 2; Псалм 67,2.

„Проповедниците во нашата земја треба да бидат запознаени со науката за физиологијата. Тогаш тие ќе бидат интелигентни во врска со законите кои владеат со физичкиот живот и нивната поврзаност со здравјето на умот и душата. Тогаш тие ќе бидат во можност коректно да зборуваат на оваа тема. Во својата послушност на физичките закони тие треба да зборуваат од искуство и реформата во тој поглед да ја истакнуваат сè повеќе и повеќе.“ – Здрав живот, 16.
„Добро е во претставувањето на вистината на неверниците, најпрвин да ги истакнеме оние предмети во кои тие ќе се согласуваат со нас. Начелата на здравјето и умереноста ќе го привлечат нивното расудување, а ние можеме од овие теми да ги наведеме да ја разберат и важноста на четвртата заповед.“ – Совети за здравјето, 545.

Вторник 16. јуни

2. КОГА ДА ЗАПОЧНЕМЕ

а. Кога е вистинското време да се започне со проучување на здравјето? Изреки 22,6; Проповедник 3,1.

„Од првите мугри на разумот, човечкиот ум треба да стане интелигентен во поглед на физичката структура.“ – Здрав живот, 13.
„Од најголема важност е мажите и жените да бидат упатени во науката за човечкиот живот и за најдобриот начин на чување на физичкото здравје. Младоста е особено време кога треба да се собира знаење и практично да се применува во текот на животот.“ – Здрав живот, 15.
„Едукацијата во младоста е време кога младите го обликуваат својот карактер и во световниот и во верскиот живот.“ – Да го воздигаме Него, 270.

б. Зошто не треба да се одлага со образованието на нашите деца во основните правила за чување на здравјето? Осија 4,6.

„Еднаш формираните навики, тешко се искоренуваат. Реформата треба да започне со мајката пред раѓањето на своите деца; и ако Божјите упатства беа верно послушани, неумереноста не би постоела.“ – Совети за животот и исхраната, 225.
„Константен напор на секоја мајка е да ги усогласи своите навики со Божјата волја, за да може да работи во хармонија со Него и на таков начин да ги сочува своите деца од современите пороци кои го уништуваат животот и здравјето. Нека мајките, без двоумење, воспостават вистинска врска со својот Творец, за да можат, со Неговата милост која помага, да изградат бедем околу своите деца кои ќе ги заштитат од расипаност и неумереност. Кога мајките би оделе по овој пат, тогаш тие би можеле да ги видат своите деца, како младиот Даниел, како го достигаат високиот стандард на морални и интелектуални дострели и како стануваат благослов за општеството и чест за својот Творец.“ – Совети за животот и исхраната, 226.
„Важноста на воспитувањето на децата со цел да се стекнат со исправни навики во земање на храна, тешко може да се процени. Децата уште од малечки треба да се учат дека мораат да јадат за да живеат, а не да живеат за да јадат. Воспитувањето на детето треба да започне уште во пазувите на неговата мајка. На детето треба да му се дава храна само во редовни временски интервали, а поретко како што старее. Не треба да му се даваат слатки или храна за постари лица, која тие не можат да ја сварат. Грижата и редовноста во исхраната, на малите деца ќе им подари не само здравје, и на тој начин да придонесе да станат тивки и добродушни, туку ќе постават темел на навики и ќе им бидат на благослов во подоцнежните години.“ – Совети за животот и исхраната, 230.
Среда 17. јуни

3. МЕТОДИ НА ЕДУКАЦИЈА

а. Што можеме да научиме од Исусовите методи на поучување? Што луѓето говореле за Него? Марко 1,22; Јован 7,46. Како овој метод можеме да го примениме и во поучувањето на луѓето за здравиот живот?

„Христовиот начин на учење бил убав и привлечен, и секогаш бил препознатлив по својата едноставност.“ – Христијанско воспитување, 126.
„Христовото учење се одликувало со едноставност, достоинство и сила која дотогаш им била непозната (за Неговите слушатели), и тие без да сакале воскликнувале: ‘Никогаш човек не говорел така како Овој човек’ (Јован 7,46).“ – 5 Сведоштво, 514 (747).
„Причината зошто Христос зборувал како ниеден човек пред него е во тоа што никој никогаш не живеел така како Тој што живеел. Неговите зборови имале убедлива сила, бидејќи доаѓале од чисто и свето срце, исполнето со љубов и сочувство, добрина и вистина.“ – Во небесните пространства, 237.

б. Кој бил еден од начините на кој Исус ги поучувал луѓето? Јован 4,7.9.10.

„Личниот елемент е од голема важност при секое вистинско подучување. Христос ги подучувал луѓето поединечно. Токму со личен контакт и дружење Тој ги обучил Дванаесетте ученици. Токму во четири очи, често пред само еден слушател, ги давал Своите најдрагоцени совети.“ – Воспитување, 205 (231).

в. Колкава е вредноста на малите ситници за Божјите работници? Лука 16,10.

„Запоставувањето на малите нешта често доведува до занемарување на поголеми одговорности.“ – Слуги на еванг., 128 (145).
„Никогаш не потценувајте го значењето на малите нешта. Малите нешта ја дополнуваат актуелната дисциплина во животот. Благодарение на тоа душата се обучува да расте налик на Христа, или да го носи ликот на злото. Бог ни помага да оствариме навики на размислување, разговор, гледање и акции со што ќе им посведочиме на сите околу нас дека сме биле со Исуса и дека сме се научиле од Него.“ – Совети за детето, 129.130.
„За Елисеј… се зборувало како за оној кој на својот господар Илија му ги полевал рацете. Како личен придружник на пророкот, тој продолжил да се покажува верен во мали нешта, додека секој ден во него зајакнувала одлуката да се посвети на повикот кој Бог му го одредил.“ – Воспитување, 49 (58.59).
Четврток 18. јуни

5. ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ЦЕЛАТА ВЕЧНОСТ

а. Која е целта на вистинското образование, и што ова образование вклучува? Второзаконие 28,13.

„Да се обнови во човекот сликата на неговиот Творец, да се врати во состојба на првобитното совршенство, да се поттикне развојот на телото, умот и душата, за да биде остварена божествената цел на создавањето – тоа е делото на откупувањето. Тоа е целта на воспитувањето, големата цел на животот.“ – Воспитување, 11 (15.16).

б. Иако на Новата Земја нема да постои болест, што ќе опфаќа образованието на откупените? Откровение 22,12.

„Небото е училиште; неговиот делокруг на проучување е вселената; неговиот учител, Бесконечниот. Филијалата на ова училиште била основана во Едем; и кога планот на спасението ќе се оствари, образованието повторно ќе продолжи во училиштето во Едем.“ – Воспитување, 269 (301).
„И во идниот живот… наша најголема радост и наше највисоко воспитување ќе наоѓаме во служењето.“ – Воспитување, 275 (309).

в. Опишете ги образовните теми кои ќе се ценат и проучуваат низ целата вечност? Матеј 23,10; Захарија 13,6; Откровение 21,22.

Петок 19. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какви предности образованието ќе им донесе на Божјите работници?
2. Кои гранки на образованието треба да имаат приоритет во нашиот живот и зошто?
3. Кога треба да бидат поставени темелите на образованието во поглед на здравјето и зошто?
4. Како може еден учител да биде успешен во учењето и во поучувањето на своите студенти?
5. Зошто ќе постои потреба за образование и на Новата Земја и што во тоа образование ќе биде опфатено?

Сподели го ова:

Слични објави