09 Опасност од екстремизам
9. лекција – 30. мај 2015.
Опасност од екстремизам
„Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш?“ – Проповедник 7,16.
„Навистина има многу здрав разум во реформата на исхраната.“ – Здравје и среќа, 281 (319).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за жив. и исхр., 195-213.
Недела 24. мај
1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ
а. Што е екстремизам? Проповедник 7,16-18.
„Оние кои се залагаат за непопуларните вистини треба да бидат најмногу доследни во својот начин на живот и треба да бидат крајно внимателни за да не западнат во ниту една крајност. Тие не треба да се трудат што повеќе да се оддалечат од другите луѓе, туку напротив што повеќе да се приближат кон оние кои сакаат да ги реформираат и да им помогнат да го прифатат оној начин на живот кој толку го истакнуваат.“ – 2 Сведоштво, 419 (377.378).
„Исто така би сакале да ги предупредиме и оние кои одат во крајност, да не подигаат лажен стандард, а потоа настојуваат и останатите да ги соберат околу него.“ – 2 Сведоштво, 247 (375).
б. Кои се некои од карактеристиките на фанатиците? Матеј 23,25.
„Има поединци кои не слушаат никакви совети, туку упорно продолжуваат по патот на сопствената мудрост негувајќи ги наследените и стекнатите склоности кон злото, додека не станат толку заслепени и не можат да видат подалеку од тоа. Принципите се изопачуваат, лажните мерила се воздигаат, за критериум се зема она што не го носи потписот од небото. Тие се прилагодуваат на световните идеи и формираат карактер кој ќе ги исклучи од небото. А сепак, некои од таквите се фалат во Господа како луѓе кои творат правда и не ги забораваат прописите на својот Бог.“ – Знаци на времето, 24. јуни, 1903.
Понеделник 25. мај
2. СПРАВУВАЊЕ СО ФАНАТИЗМОТ
а. Како можеме да бидеме мудри и да го избегнеме фанатизмот? Римјаните 12,3; Осија 14,9.
„Оние кои се свесни за своите слабости, се потпираат на сила која е посилна од нив. И додека гледаат на Бога, сатаната нема власт врз нив. Но, оние кои се надеваат во себе лесно доживуваат пораз.“ – Коментари на библиските текстови, 480.
„Оние кои само делумно ги разбираат принципите на реформата најчесто се најкрути, не само во личното спроведување на своите ставови, туку и во нивното наметнување на своите семејства и своите соседи. Последиците од нивната погрешна реформа, кои можат да се видат во нивното слабо здравје и нивните напори да ги наметнат своите ставови на другите, на многумина им даваат погрешна претстава за реформата во исхраната и ги наведуваат сосема да ја отфрлат…
Никој не треба да ги критикува другите бидејќи нивните навики не се во потполна хармонија со неговите. Не е можно да се донесе некое константно правило со кое би се регулирале навиките на сите, и никој не смее да се смета себеси како критериум за секого. Не можат сите да јадат иста храна. Онаа храна што е вкусна и здрава за еден, може да биде невкусна, па дури и штетна за друг.“ – Здравје и среќа, 247 (319).
б. Како поинаку можеме да одговориме на фанатизмот? Марко 6,45.46.
в. Како можеме да ја избегнеме опасноста да не паднеме во крајности? Второзаконие 30,16.19; Исаија 8,20.
„Оние кои ги воздигаат начелата приближувајќи ги кон Божјиот налог, според светлината која Бог им ја дал преку Неговото Слово и сведоштвата на Неговиот Дух, нема да го сменат курсот на дејствување за да ги задоволат желбите на нивните пријатели или роднини, било да се еден, двајца или цело мноштво, кои живеат спротивно на Божјите мудри одредби. Ако во овој поглед напредуваме во склад со начелата, ако строго се придржуваме кон правилата на исхраната, ако како христијани го образуваме својот вкус според Божјиот план, ќе извршиме влијание кое ќе ја исполни Божјата намера. Прашањето е: ‘Дали сме подготвени да бидеме вистински здравствени реформатори?’“ – Совети за животот и исхраната, 36.
Вторник 26. мај
3. ДВЕ КАТЕГОРИИ НА ЗДРАВСТВЕНИ РЕФОРМАТОРИ
а. Каков треба да биде основниот водечки принцип во поглед на здравствената реформа? Филипјаните 4,5.
„Оние кои ги сфаќаат законите на здравјето и кои се раководат според принципите, ќе избегнуваат крајности, како во попуштањето, така и во ограничувањето. Тие одбираат храна, која нема само да му угоди на апетитот, туку ќе го изгради и телото. Тие настојуваат да ги зачуваат своите животни сили за повозвишена служба на Бога и луѓето. Нивниот апетит е под контрола на разумот и совеста, а нивната награда е телесно и ментално здравје. Иако не ги наметнуваат своите ставови на другите, нивниот пример е сведоштво во корист на добрите принципи.“ – Здравје и среќа, 247 (319).
б. Опишете ги двете категории на таканаречените здравствени реформатори, и кажете каде секоја од нив ќе заврши? Софонија 2,15; Изреки 14,12.
„Прикажани ми се две категории на верници: првата, оние кои не живеат според светлината што Бог им ја дал; втората, кои се премногу строги во спроведувањето на своите еднострани идеи за реформа и во нивното применување на другите. Кога еднаш ќе заземат некој став, тие тврдоглаво се држат за него и речиси во сè ја преминуваат границата.
Првата категорија ја прифаќа реформата само затоа што тоа веќе некој го прифатил. Тие немаат јасна претстава за нејзините принципи. Мнозина од оние што исповедаат вера ја прифатиле само затоа што и други веќе го сториле тоа, и во текот на целиот свој живот не се во состојба да ги наведат причините за својата вера. Поради тоа тие се толку нестабилни. Наместо своите побуди да ги мерат во светлината на вечноста, наместо да се здобиваат со практични знаења за принципите со кои треба да се раководат во секоја своја постапка, да копаат во длабочина и самите за себе да градат на вистинскиот темел, тие чекорат во светлината на туѓ факел и сигурно ќе се загубат.“ – Христијанска умереност, 72.
„Втората категорија има погрешно мислење за реформата. Тие прифатиле премногу скуден начин на исхрана. Живеат од храна со слаб квалитет, подготвена така што во неа нема хранливост која му е потребна на организмот. Подготвувањето на храната е многу важно и тоа треба да се стори толку внимателно што таа ќе му годи на неизопачениот апетит.“ – Христијанска умереност, 73.
в. Како тогаш треба да ја избираме нашата храна? 1 Коринтјаните 10,31.
Среда 27. мај
4. ПРОГРЕСИВЕН НАПРЕДОК
а. Што треба да имаат на ум верните луѓе кога го упатуваат народот на здравствена реформа? Битие 33,14; Изреки 4,18.
„Ако грешите, нека тоа не биде во оддалечување од луѓето, бидејќи тогаш ќе ја пресечете низата на своето влијание и не можете да им направите никакво добро. Помало зло е да бидете на страната на луѓето, отколку потполно да се одвоите од нив, бидејќи во тој случај постои надеж да ги поведете луѓето со себе, но нема потреба да грешите на двете страни.
Не треба да скокате ниту во вода или во оган, туку одете по средниот пат, избегнувајте ги сите крајности.“ – Совети за животот и исхраната, 271 (211).
„Ако дојдеме кај оние кои не се просветлени во однос на здравствената реформа и најпрвин им ја прикажеме нашата најсилна позиција, постои опасност да се обесхрабрат кога ќе видат од што сè треба да се откажат, така што тогаш нема да направат никаков напор да се реформираат. Ние мораме да ги водиме луѓето внимателно и постепено, имајќи ја на ум длабочината на јамата од која сме извлечени.“ – Здрав живот, 35.
б. Како вистинскиот пастир го води своето стадо? Јован 10,2-4.11.
в. Како се однесуваат лажните пастири? Јован 10,10 (прв дел). 12,13; Езекиел 34,2-4.
„Недостаток на цврстина во поглед на начелата на здравствената реформа е вистински показател на нивниот карактер и на нивната духовна сила (оние кои се наоѓаат во средиштето на делото).“ – 2 Сведоштво, 321 (487).
„Видов дека некои кои порано набрзина запаѓале многу длабоко во фанатизам сега први истрчуваат да работат, пред Бог да ги прати и пред да се ослободат од своите минати заблуди; мешајќи ја вистината со заблудата, тие со тоа би го хранеле и Божјото стадо, а ако би им се допуштило така да продолжат, стадото би се разболело, би следело одвлекување на вниманието и духовна смрт.“ – Рани списи, 50 (62).
„Наместо да бидат водени од разумот и здравото расудување некои (меѓу нашиот народ) дозволиле нивните чувства да ја преземат водечката улога.“ – 1 Сведоштво, 270 (356.357).
„(Некои поединци кои исповедаат дека веруваат во еден дел од сегашната вистина) не одговараат за ништо. Тие имаат некоја своја независна вера.“ – 1 Сведоштво, 247 (326).
Четврток 28. мај
5. ЖНЕЕЊЕ НА ОНА ШТО СМЕ ГО ПОСЕАЛЕ
а. Каков ќе биде резултатот од екстремизмот во здравствената реформа? Исаија 1,5.6.
„Стеснетите идеи, претераното нагласување на прашања кои не се толку значајни, ѝ нанесуваат штета на науката за чувањето и негувањето на здравјето. Некои во подготвувањето на јадењата толку штедат што, наместо здрава, добиваат многу слаба храна, осиромашена со хранливи состојки. Какви се последиците од тоа? – Слабокрвност. Видов дека во многу случаи најтешко се лекува болеста предизвикана со еднолична и осиромашена исхрана. Тие несреќни души не ги натерала сиромаштијата да прифатат толку оскудна храна, туку нивните погрешни идеи за тоа што ја сочинува здравствената реформа. Ден по ден, тие употребуваат еднолична храна, подготвена на потполно ист начин, сè додека со тоа не ги уништат органите за варење и не дојдат во состојба на општа слабост.“ – Христијанска умереност, 70 (319).
„Други пак, во својата желба да бидат добар пример, одат во спротивна крајност. Некои од нив не се во состојба да ја добијат најпосакуваната храна и наместо да користат производи што најдобро ќе го пополнуваат тој недостиг, прифаќаат сиромашна исхрана. Нивната храна ги нема сите состојки потребни за создавање на добра крв. Нивното здравје страда, способностите се намалуваат и нивниот пример зборува против, а не во корист на реформата во исхраната.“ – Здравје и среќа, 246 (319).
б. Што ќе се случи кога ќе ги следиме Божјите методи? Исаија 58,8. Како знаеме дека Божјиот пат не е тежок? Второзаконие 30,11-14.
„Внимателната усогласеност со законите кои Бог ги вградил во нашето битие ќе ни обезбедат здравје и ќе го сочуваат организмот од слом.“ – Совети за животот и исхраната, 20.
Петок 29. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што екстремистите често работат и кој пристап би бил подобар?
2. Опишете ги двете категории на лажни здравствени реформатори?
3. Кој треба да биде водечкиот принцип во поглед на здравствената реформа?
4. Како треба да напредуваме во здравствената реформа?
5. Кои се последиците од екстремизмот? Какви ќе бидат резултатите ако го следиме Божјиот пат?