08 Одржувајте го здравјето на вашето срце

Сподели го ова:

8. лекција – 23. мај 2015.

Одржувајте го здравјето на вашето срце

„Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот.“ – Изреки 4,23.

„Нека оваа молитва оди до Бога: ‘Создај чисто срце во мене’ (Псалм 51,10), бидејќи во чистата душа Христос постојано престојува, а од преполнетото срце се изворите на животот.“ – Коментари на библиски текстови, 282.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здрав живот, 178-187.

Недела 17. мај

1. СРЦЕТО – ВАЖНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ

а. Зошто срцето има клучна улога во одржување на здравјето? Изреки 4,23.

„Совршеното здравје зависи од совршена циркулација.
Доколку циркулацијата на крвта во организмот е подобра, дотолку крвта е послободна од пречките и нечистотијата. Крвта го храни телото. Здравјето на телото зависи од здравата циркулација на крвта.“ – Здрав живот, 178.
„Христовата љубов го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и силата на најважните животни органи – силата на мозокот, срцето и нервите.“ – Здравје и среќа, 93 (115).

б. Што претставува срцето во духовен поглед? Како срцето во духовна смисла влијае на духовното здравје? Лука 6,45; Исаија 26,3.

„За здрав раст во благодатта од суштинско значење е да се чува срцето. Срцето во својата природна состојба е живеалиште на вашите мисли и грешните страсти. Кога ќе го донесеме во потчинетост кај Христа, тоа мора да биде очистено од Светиот Дух од сите нечистотии. Ова не може да се направи без согласност на поединецот. Кога душата е очистена, должност на секој христијанин е да ја одржува неосквернета.“ – Коментари на библиски текстови, 281.
Понеделник 18. мај

2. БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО

а. Што доведува до појава на артериосклероза (најчестата причина на болеста и смртта во светот), и како можеме да го спречиме тоа? Левит 3,17; Битие 1,29.

„Месната храна, путерот, сирењето, богатите колачи, зачинетата храна, и зачините слободно се користат и од старите и од младите… Таквата храна органите во кои се создава крвта не можат да ја претворат во добра крв.“ – Здрав живот, 180.181.
„Маслинките, како и јаткастите плодови, правилно подготвени ги заменуваат путерот и месото.“ – Здравје и среќа, 261.
„Лошата циркулација остава крвта да стане нечиста, предизвикува застој на крвта (конгестија) во мозокот и белите дробови и предизвикува болести на срцето, црниот дроб и белите дробови.“ – Здрав живот, 180.
„Тешкотиите со настинката, болестите на бубрезите, главоболката и срцевите проблеми се резултат на неумереност во јадењето.“ – Здрав живот, 181.

б. Кои се некои од духовните болести на срцето? Езекиел 3,7 (последен дел); Еремија 17,9; Изреки 16,5.

„Може ли некој да помисли дека е можно срцето во кое постои гордост сепак да најде место во Божјото царство? Гордоста била таа која го предизвикала падот на сатаната. Неговото срце се возгордеало поради неговата убавина.“ – Знаци на времето, 5. февруари, 1894.

в. Што открива состојбата на срцето во духовен поглед? Матеј 7,20; 12,34 (последен дел); 15,18.19.

„Будно треба да стражариме над нашите мисли; бидејќи една нечиста мисла остава длабок впечаток на душата… Ако мислите се чисти и свети, човекот станува подобар затоа што негува такви мисли. Тоа го забрзува духовниот пулс и моќта за правење добро се зголемува. И како што една капка дожд го подготвува патот за уште една во навлажнување на земјата, така една добра мисла го подготвува патот за друга.“ – Верата со која живеам, 222.
„Сликата за тоа какви сме ја сочинуваат не само нашите зборови и дела, туку и нашите мисли.“ – Совети за детето, 563.

Вторник 19. мај

3. СООДВЕТЕН ТРЕТМАН

а. Ако кај некое лице е дијагностицирано срцево заболување, како треба да разговараме со него или неа и што треба да му кажеме? Изреки 25,11.

„Оние кои се погодени со болест не можеме со аргументи да ги просветлиме и да им ја објасниме природата и причината за нивната болест. Треба со тактичност и мудро расудување, со нежност и љубов кон нивната душа да им се објаснат причините за нивната болест, а потоа обидете се да го просветлите нивниот ум за да можат својот апетит и страстите да ги доведат под контролата на разумот, и да најдат сигурен лек за секоја болест во Исуса Христа .“ – Памфлет бр. 167, стр.2.
„Главна, ако не и единствената причина зошто мнозина стануваат инвалиди е што крвта не им циркулира слободно, и промените во таа витална течност, кои се неопходни за животот и здравјето, не се остваруваат. Таквите не се движат доволно, ниту пак нивните бели дробови ги хранат со чист и свеж воздух; затоа невозможно е крвта да им се витализира и таа низ целиот организам тече пребавно.“ – Здрав живот, 180.

б. Кој ја дијагностицира духовната дијагноза на срцето? Еремија 17,10. Кој лек Тој го препорачува? Езекиел 36,26.

„Кога Исус зборува за ново срце, Тој притоа мисли на умот, животот, на целото битие. Да се доживее промена на срцето значи својата љубов и своите чувства да ги повлечеме од овој свет и да ги прицврстиме на Христа. Да се има ново срце значи да се има нов ум, нови цели, нови мотиви. Кој е знакот дека имаме ново срце? – промена во животот. Секој ден, секој час умираме за себичноста и гордоста.
Една од најпознатите искрени молитви забележани во Божјото Слово е оваа Давидова молитва: ‘Создај чисто срце во мене, Боже’ (Псалм 51,10). Божјиот одговор на таквата молитва е: ‘Јас ќе ви дадам ново срце’. Ова е дело кое човекот во својата ограниченост не може да го направи. Мажите и жените треба да започнат сè од почеток, молејќи го најискрено Бога да им подари вистинско христијанско искуство. Тие треба да ја почувствуваат создавачката моќ на Светиот Дух. Тие треба да добијат ново срце, кое станало меко и нежно под влијание на божествената благодат. Тие треба да работат искрено и со понизно срце барајќи од Исуса водство и поттик.“ – Коментари на библиските текстови, 375.

Среда 20. мај

4. ТРАЈНО ИСЦЕЛУВАЊЕ ВО ИДНИНА

а. Иако секое физичко лекување на оваа земја (вклучувајќи го и она извршено од страна на Исус и апостолите) е само привремено, кога лекувањето ќе биде трајно? Откровение 22,2.14; 2,7.

„Плодот од дрвото на животот во Едемската градина имал натприродни својства. Да се јаде од него значело да се живее засекогаш. Неговите плодови биле противотров за смртта. Неговите лисја го одржувале животот и бесмртноста.“ – Коментари на библиските текстови, 949.
„Престапот на Божјите заповеди го лишил човекот од секое право на дрвото на животот. Христос умрел, за да може, благодарение на Неговата крв и послушноста на Божјиот закон, да го направи човекот достоен за небесен благослов, и повторно да му го даде правото на дрвото на животот.“ – Духовни дарови 3, 88.89.

б. Колку може човекот да направи во чистење и прочистување на своето срце во духовна смисла? Изреки 20,9; Еремија 13,23.

„О, кога сите би можеле да сфатат дека без Христа не можат да направат ништо!… Нашите постапки имаат двојно влијание; бидејќи тие делуваат на другите, како и на нас самите. Ова влијание или ќе биде благослов или проклетство за оние со кои се дружиме. Колку малку ние го цениме овој факт. Постапките создаваат навики, а навиките карактер, и ако не внимаваме на своите навики нема да можеме да им се придружиме на небесните битија во делото на спасувањето, ниту пак ќе бидеме подготвени да влеземе во небесното живеалиште кое Исус отишол да го подготви; бидејќи таму ќе можат да влезат само оние кои ја предале својата волја и својот пат на Божјата волја и на Божјиот пат.“ – Христијанско воспитување, 92.

в. Што Бог може да направи за нас во тој поглед? Исаија 41,10; Псалм 51,10.

„Но, на оние кои трпеливо продолжуваат да чинат добро, тежнеејќи за слава, чест и бесмртност, Бог ќе им подари вечен живот.“ – Знаци на времето, 24. септември, 1894.

г. Што им е ветено на оние кои се чисти по срце? Матеј 5,8.

Четврток 21. мај

5. ЛЕК ЗА ДУХОВНИ БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО

а. Што мораме да направиме за да имаме вистинско исцелување на духовното срце? Псалм 32,5; 1 Јованово 1,9.

„Господ бара да ги исповедаме своите гревови и да ги понизиме нашите срца пред Него; но во исто време треба да имаме доверба во Него како добар и нежен Татко, кој нема да им го сврти грбот на оние кои ја ставаат својата доверба на Него. Многумина од нас живеат според гледање, а не со вера. Ние веруваме во она што го гледаме, но не ги цениме драгоцените ветувања дадени во Божјото Слово; а сепак не можеме повеќе да го посрамиме Бога отколку кога покажуваме дека немаме доверба во она што Тој го кажал и се прашуваме дали Тој навистина е со нас или ние се залажуваме.
Бог не се откажува од нас заради нашите гревови. Ние можеме да правиме грешки и да го жалостиме Неговиот Дух; но кога ќе се покаеме и ќе дојдеме кај Него со понизно срце, Тој нема да нè отфрли. Постојат пречки кои треба да бидат отстранети. Погрешни чувства се негувале, а имало и гордост, самодоволност, нетрпеливост и негодување. Сето ова нè одделува од Бога. Гревовите треба да се исповедаат; мора да има подлабока работа на милоста во срцето. Оние коишто се чувствуваат слаби и обесхрабрени можат да станат силни луѓе во Бога и да направат благородна работа за Учителот. Но тие мора да работат од повисока гледна точка; мора да се раководат со несебични побуди.“ – Слуги на евангелието (1892), 411.412.

б. Кога Бог сака да го доживееме ова исцелување? 2 Коринтјаните 6,2.

Петок 22. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што подразбираме под зборот ‘срце’ од духовна гледна точка?
2. Кои се главните причини за болестите на телесното срце?
3. Што значи да се има ново срце во духовна смисла, и зошто е тоа потребно за да целосно го замениме старото срце?
4. Каков карактер единствено има вредност пред Бога, и зошто?
5. Кога и како се постигнува целосно исцелување на физичкото срце? Кога и како имаме вистинско лекување на духовното срце?

Сподели го ова:

Слични објави