03 Превенција на болестите: Божјиот начин (1)

Сподели го ова:

3. лекција – 18. април 2015.

Превенција на болестите: Божјиот начин (1)

„Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло… Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое“ – Второзаконие 30,15.19.

„Вистинската умереност нè учи на воздржување од сè што е штетно и на разумна употреба на она што е здраво и корисно. Има малку луѓе кои правилно сфаќаат во колкава мера нивните навики во исхраната влијаат врз нивното здравје, нивниот карактер, нивната корисност во овој свет и врз нивната вечна судбина.“ – Патријарси и пророци, 593 (562).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здрав живот, 76-95.

Недела 12. април

1. ВАЖНОСТА НА ХИГИЕНАТА И НА ЧИСТОТАТА

а. Што во времето на Израел било правило за сите за кои се сомневало или се знаело дека имаат инфективни или заразни болести? Левит 13,45.46; Броеви 5,2-4.

„Тие морале (Израелскиот народ) да прават разлика меѓу она што е чисто и нечисто не само во религиозната служба, туку и во секојдневниот живот. Сите, кои дошле во допир со заразни болести или загадувања, биле изолирани од логорот и не им било дозволено да се вратат без темелно чистење на телото и облеката.“ – Здравје и среќа, 215 (277).

б. Кои примери од Стариот Завет ја покажуваат важноста на чистотата? Излез 19,10; Второзаконие 23,12.13.

„(Израелците) во секој поглед морале да ја сочуваат чистотата. Не смееле да оставаат ништо неуредно или нездраво во нивната околина, ништо што би ја загадувало чистотата на атмосферата. Морале и однатре и однадвор да бидат чисти.“ – Коментари на библиски текстови, 93.94.
Понеделник 13. април

2. ПРАВИЛНА ИСХРАНА

а. Која била првобитната исхрана дадена на човечкиот род во Едем? Битие 1,29. Што било додадено веднаш по падот? Битие 3,18 (последен дел).

„Житарките, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, приготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана.“ – Здравје и среќа, 231.
„Бог на нашите прародители им дал храна којашто Тој ја одредил за припадниците на човечкиот род. Одземање на животот на кое било суштество било спротивно на Неговиот план. Во Едем немало смрт. Плодовите на дрвјата во градината била храната која одговарала на потребите на човекот.“ – Совети за животот и исхраната, 81.

б. Која голема промена во исхраната придонела за значително скратување на животниот век на човекот? Битие 9,3.29; 11,24.25.

„После потопот луѓето во голема мера јаделе храна од животинско потекло. Бог видел дека човекот, изопачувајќи го својот пат пред Него и продолжувајќи да оди според склоностите на сопственото срце, бил склон гордо да се издига против својот Творец. И Тој им дозволил на тогашните долговечни припадници на човековиот род да употребуваат месо за да го скрати нивниот грешен живот. Набргу по потопот човековиот род почнал брзо да опаѓа и според димензиите и според должината на својот животен век.“ – Совети за животот и исхраната, 373.

в. Кои прописи Бог му ги дал на Својот народ за да ги заштити од болестите кои сега преовладуваат во цивилизираните земји (рак и кардиоваскуларни болести)? Левит 3,17.

„Храната треба да се приготвува едноставно, но сепак вкусно, која ќе го поттикне апетитот. Маснотиите треба да ги изоставите од вашата исхрана. Тие, при приготвувањето на храната, прават таа да биде нездрава.“ – Совети за животот и исхраната, 354.
„Јаткастите плодови и храната направена од нив сè повеќе се користат како замена за месото. Но, за нашата храна да биде здрава и богата со нив, треба да комбинираме житарки, овошје и некои корења. Сепак треба да се внимава да не се употребуваат премногу јаткасти плодови… Маслинките, слично на јаткастите плодови, соодветно подготвени, можат да ги заменат путерот и животинското месо.“ – Здравје и среќа, 231.232.
Вторник 14. април

3. ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНА АПСТИНЕНЦИЈА

а. Што учи Библијата за ферментираното вино и жестоките пијалаци? Изреки 23,29-32. Зошто на свештениците им било забрането да употребуваат вино или жестоки пијалаци? Левит 10,8-11.

„На свештениците кои служеле во Неговиот храм, Бог им забранил употреба на вино, а исто таква забрана би била направена и против тутунот, кога неговата употреба во тоа време би била позната; бидејќи и едното и другото имаат парализирачко влијание врз мозокот. И покрај тоа што го заматуваат умот, тоа се нечисти и валкани навики. Нека секој одолее на искушението да користи вино, цигари, месо, чај или кафе.“¬ – Темели на христијанското воспитување, 428.
„Единствен сигурен курс е да не се допре, вкуси и да не се земаат чајот, кафето, виното, тутунот, опиумот и алкохолните пијалаци.“ – 3 Свдоштво, 380.
„Чајот, кафето и тутунот претставуваат, секој на свој начин и до извесен степен, стимулативни средства исто како и алкохолните пијалаци. Дејството на чајот и кафето, како што е веќе покажано, е слично на дејството на виното, ликерот, алкохолот и на тутунот.“ – Христијанска умереност, 39.

б. Како да знаеме дека виното дадено од страната на Исус на свадбата во Кана бил чист сок од грозје? Јован 2,7-10; Изреки 20,1.

„Виното што го обезбедил Христос за свеченоста и она што им го дал на учениците, како симбол на Својата крв бил чист гроздов сок.
Во Стариот Завет Христос бил Оној кој дал предупредување до Израел: ‘Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој кој им е потчинет, не е разумен’ (Изреки 20,1). И Тој самиот не се погрижил за таков пијалак. Сатаната ги наведува луѓето да им попуштаат на желбите кои го заматуваат разумот и ги затапуваат духовните перцепции… Христос бил Тој кој наредил Јован Крстител да не пие вино, ниту жесток пијалак. Тој барал слично воздржување и од жената на Маној. Тој изрекува проклетство над оној човек, кој става шише на усните на својот ближен. Со своето однесување Христос не ѝ противречел на Својата наука. Неферментираното вино што им го обезбедил на гостите бил здрав и освежителен пијалак. Неговото дејство се состоело во тоа да го доведе вкусот во склад со здравиот апетит.“ – Копнежот на вековите, 99 (149).

Среда 15. април

4. УМЕРЕНОСТ ВО СÈ

а. Што нè учи Библијата за количината на здрава храна која треба да ја јадеме? Може ли прекумерното јадење на здрава храна да нè разболи? Битие 16,16; Изреки 25,16.

„Можно е да се јаде неумерено дури и здрава храна. Ако некој ја отфрлил употребата на нездрави продукти, тоа сепак не значи дека може да јаде од здравата храна колку што ќе посака. Прејадувањето, без оглед на квалитетот на храната, ја оптоварува животната машина и со тоа ја попречува во нејзиното работење.“ – Христијанска умер., 65.
„Неумереноста во јадењето, па дури и на здрава храна, ќе има штетно влијание врз нашиот организам и ќе ги отапи менталните и моралните способности.“ – Знаци на времето, 1. септември, 1887.

б. Како Библијата го опишува злото на прејадувањето и неговите последици? Второзаконие 21,20 (последен дел); Изреки 23,21 (прв дел).

„Како народ, и покрај сето истакнување на здравствената реформа, ние премногу јадеме. Попуштањето на апетитот претставува најголемата причина за физичките и менталните слабости и поставува темел за многубројни болести кои насекаде се појавуваат.“ – Христијанска умереност, 202.

в. Која најчеста форма на неумереност преовладува и меѓу таканаречениот Божји народ, обично од детството? Проповедник 10,16.17. Зошто е тоа толку штетно?

„Се зачудив кога дознав дека многумина од вас јадат меѓу оброците, наспроти светлината која ви беше дадена. Не би требало да земате ниту залак помеѓу вашите редовни оброци.“ – 2 Свед, 246 (373).
„Помеѓу оброците не треба да се јаде ништо, никакви слатки, јаткасти плодови, овошје, или каква било храна. Нередовното јадење го уништува здравиот ритам на органите за варење, како и здравјето и доброто расположение.“ – Здравје и среќа, 339 (384).
„Органите за варење, како и мелницата која постојано работи, ја губат својата сила, желудникот оптоварен со прекумерна работа ја повикува на помош животната сила од мозокот и на таков начин ги слабеат умните сили. Неприродната стимулација и оптоварувањето на животните сили ги прави неумерените нервозни, нетрпеливи, самоволни и надразливи.“ – Совети за животот и исхраната, 181.
Четврток 16. април

5. ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА ИСХРАНАТА

а. Бидејќи многу рафинирани продукти кои се достапни денес – како што се рафинираното брашно и производите од шеќер – имаат слаба хранлива вредност, што Библијата препорачува во поглед на купувањето на таквата храна лишена од хранливоста? Исаија 55,2.

б. Што, исто така, може да научиме од Духот на пророштвото во поглед на нашата исхрана, што денес го потврдуваат и научните истражувања?

„Зеленчукот, овошјето и житарките треба да ја сочинуваат нашата исхрана. Ниту грам месо не треба да влезе во нашиот желудник. Јадењето на месо е неприродно. Треба да се вратиме на првобитната Божја намера покажана при создавањето на човекот.“ – Совети за животот и исхраната, 380.
„Едноставната храна, без зачини, месо и животинска маст од било кој вид, ќе се покаже како благослов за вас.“ – Совети за животот и исхраната, 354.
„Зачините по својата природа се штетни. Сенфот, биберот, мирудиите, киселите краставички и другите работи со сличен карактер го иритираат желудникот и ја прават крвта нездрава и нечиста… Салатите подготвени со масло и оцет предизвикуваат ферментација во желудникот и тогаш храната во организмот не се вари, туку гние и се распаѓа. Како последица на тоа, крвта не е нахранета, туку е исполнета со нечистотии и се појавуваат проблеми во црниот дроб и бубрезите.“ – Совети за животот и исхраната, 345.
„Според светлината што ми е дадена, шеќерот, кога се употребува во големи количини е поштетен од месото.“ – Совети за животот и исхраната, 328.
„Засладениот леб и колачите ретко ги имаме на нашата маса. Колку помалку се јаде засладена храна, толку подобро, бидејќи таа предизвикува нарушувања во желудникот, создава нетрпеливост и раздразливост кај оние кои се навикнати на нејзина употреба.“ – Совети за животот и исхраната, 321.

Петок 17. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете го Божјиот метод за спречување на заразните болести?
2. Каква исхрана има голема улога во спречување на ракот и кардиоваскуларните болести?
3. Кој став е единствено сигурен во поглед на алкохолот, кафето, тутунот и сличните супстанции?
4. Што е умереност?
5. Кои зачини се лоши за нас, и зошто?

Сподели го ова:

Слични објави