13 Поуки од националниот неуспех

Сподели го ова:

13. лекција – 28. јуни 2014.

Поуки од националниот неуспех

“Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова.“ – Исаија 1,19.20.

“Со своето отпадништво и бунт, оние кои би требале да стојат како светлоносци меѓу народите во светот, ги предизвикале Божјите казни против себе.“ – РХ, 4. март, 1915.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 205 – 215.

Недела 22. јуни

1. МОЌНО СВЕДОШТВО ЗА СВЕТОТ

а. Која песна Израеловите синови ја пееле за време на светите празници во Ханан? 5 Мојс. 31,30; 32,1-3. Какво влијание оваа песна имала врз соседните народи? Псалм 67,2.

“Народот на Израел, додека патувал низ пустината, го славел Бога со свети песни… И во Ханан, кога се собирале на светите празници, ги прераскажувале Божјите чудесни дела и во своите песни изразувале благодарност на Неговото свето име. Бог сакал целиот живот на Неговиот народ да биде живот на пофалба и слава.“ – Христовите поуки, 265.

б. Со кои средства најефикасно можеме да му покажеме на светот како ние сме добиле голем благослов од Бога, со посредство Христовото Евангелие? Псалм 145,5.6.

“Многу повеќе отколку што тоа го чиниме треба да зборуваме за драгоцените поглавја од нашето животно искуство.“ – Христовите поуки, 266.
Понеделник 23. јуни

2. ПОВТОРУВАЊЕ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА

а. Со кои зборови Господ ги изнел пред својот народ последиците од нивното неверување? 5 Мојс. 8,18-20.

“(5 Мојс. 28. поглавје). За да ги всади овие вистини (условни благослови) што подлабоко во срцата на присутните, големиот водач ги изразил со свети стихови. Таа песна била не само историска туку и пророчка. И покрај тоа што раскажува за чудесното Божјо постапување со својот народ во минатото, исто така ги најавува и величествените настани на иднината и конечната победа на верните кога Христос повторно ќе дојде во сила и слава. На народот му било наложено добро да ја запамети таа пророчка песна и да им ја пренесе на своите деца и на децата на своите деца. Таа песна морала да се пее кога народот ќе се собере на богослужение и да се повторува при поаѓањето на секојдневните должности. Должноста на родителите била тие зборови да ги всадат во чувствителните умови на своите деца така што тие никогаш да не ги заборават.“ – Патријарси и пророци, 488.

б. Какво охрабрување Мојсеј им упатил на Израелците на крајот од нивното лутање по пустината? 5 Мојс. 28,1.2.9-11.58.59.64.

“Мојсеј вниманието на народот го насочил кон ‘оној ден кога стоеше пред својот Господ Бог под Хорив’. Потоа ги прашал собраните Евреи: ‘Има ли некој голем народ кому неговиот бог му се приближил толку како што е близок кон нас нашиот Господ Бог кога и да го повикаме? И има ли некој голем народ со такви праведни наредби и закони како целиот овој закон што ви го предавам денес? (5 Мојс. 4,10.7.8)’. И денес би можело да се повтори ова прашање упатено до Израел. Законите што Бог му ги дал на стариот Израел биле помудри, подобри и похумани од законите на најцивилизираните народи на земјата. Сите човечки закони содржат траги на слабост и страсти на необновеното срце; но Божјиот закон носи печат на божественост… Големиот водач (Мојсеј) се плашел дека неговиот народ може да отстапи од Бога. Во еден необично свечен и возбудлив говор ги изложил пред нив благословите кои ќе ги примат ако бидат послушни, како и проклетствата кои ќе настапат како последица на престапот“ – Патријарси и пророци, 486.487.
Вторник 24. јуни

3. ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ

а. Како Израел како народ постапил со светата доверба која ја примил од Бога? Еремија 2,21; Осија 10,1.

“Израелскиот народ го изгубил од вид својот висок позив како Божји претставници. Заборавиле на Бога и не успеале да ја исполнат својата света мисија. Благодатите што ги примиле од Бога не донеле благослов на светот. Сите нивни предности тие ги присвоиле за свое прославување.“ – Делата на апостолите, 8.

б. Како пророчкото предупредување дадено преку Мојсеј се исполнило во времето на јудејските цареви? 2 Летописи 36,14-17.20; Еремија 39,8.9.

“Израеловите синови биле одведени во вавилонско ропство, бидејќи се одвоиле од Господа и затоа што не се држеле до начелата кои би ги сочувале од методите и праксите на народите кои го обесчестувале Бога. Господ не можел да им даде просперитет ниту да го исполни заветот кој го направил со нив кога тие не ги почитувале начелата кои требало најревносно да ги држат. Со својот живот и постапките, тие погрешно го прикажувале Неговиот карактер и Тој дозволил да бидат одведени во ропство. Бидејќи се одвоиле од Него, Тој дозволил да бидат понижени, да продолжат по својот пат, и да и невините да страдаат заедно со виновниците.“ – Библиски коментари, 201.

ц. Како Бог го открил своето разочарување од Израел? Исаија 5,1.2.25.

“Еврејскиот народ не го послушал ова предупредување. Тие заборавиле на Бога и ја изгубиле од вид својата висока привилегија како Негови претставници. Благословите кои тие ги примиле на светот не му донело никаков благослов. Сите нивни предности себично ги користеле за своја прослава. Така ја закинувале Божјата служба која од нив со право ја очекувал, но и светот го закинувале на ист начин не давајќи му никаков пример на верски живот и свет пример.“ – Христовите поуки, 258.
Среда 25. јуни

4. ИЗРАЕЛ РАСЕАН МЕЃУ НАРОДИТЕ

а. Што е запишано за однесувањето и судбината на последниот Јудејски цар? 2 Летописи 36,11-13; Еремија 39,4-7.

“Колку тажно и страшно предупредување претставува ова (записот за Седекија и несреќниот крај) за оние кои тврдоглаво ги одбиваат укорите и не сакаат во понизност да се покаат пред Бога за да може да ги спаси.“ – Библиски коментари, 202.

б. Што требало да се постигне со расејувањето на избраниот народ меѓу незнабошците, иако тие веќе се покажале недостојни?

“Господ го расеал (својот народ), за да може знаењето за Неговата вистина да продре во светот. Ако останале верни и вистинити и покорни, Бог повторно би ги вратил во нивната земја.“ – Библиски коментари, 203.
“Меѓу Израелците имало христијански патриоти, кои во начелата биле цврсти како челик и на овие верни луѓе Господ гледал со големо задоволство. Тоа биле луѓе кои себичноста не ги расипала, кои не го сквернавеле Божјото дело со погрешни методи и практики, на кои Божјата чест им била помила од сѐ во животот. Тие во ропство страдале заедно со виновниците, но нив, според Божјото провидение, токму тоа ропство во Вавилон ги истакнало во прв план, така што нивниот пример, неизвалканата чесност и честитост заблескале со небесна светлина.“ – Библиски коментари, 202.

ц. Каков бил резултатот на прогонството кое дошло на верниците во Ерусалим? Дела 8,1.4.5.

“Наместо да ги поучуваат новообратените како да го проповедаат Евангелието на оние кои сѐ уште не го чуле, (учениците) биле во опасност да тргнат по патот на кој сите би биле задоволни со она што било постигнато. Бог дозволил Неговите претставници да бидат изложени на прогонство, за да ги расее по други земји каде можеле да работат за другите. Протерани од Ерусалим, тие го проповедале ‘Евангелието по сите градови’ (Дела 8,40).“ – Делата на апостолите, 77.

Четврток 26. јуни

5. ПРЕКУМЕРНА ОПАСНОСТ ОД ЛАЖНА СИГУРНОСТ

а. Како Јован Крстител ја растресол лажната сигурност на еврејскиот народ? Мат. 3,9.

“Еврејскиот народ ја негувал идејата дека тие се миленици на небото и дека, како Божја црква, секогаш ќе бидат над сите останати. Тие тврделе дека се деца на Аврам, и дека темелите на нивната благосостојба се толку цврсти така што – им се чинело – дека можат да се спротивстават на небото и земјата да им ги одземат нивните права. Меѓутоа со своето неверство се подготвувале за осуда од страна на небото и за целосно одделување од Бога.“ – Христовите поуки, 262.
“Евреите погрешно го протолкувале ветувањето за Божјата вечна наклонетост кон Израел. (Прочитајте: Еремија 31,35-37). Евреите сметале дека нивното природно потекло од Аврама им дава право на тоа ветување. Меѓутоа, тие ги занемариле условите што Бог ги поставил.“ – Копнежот на вековите, 84.
“Неговата благонаклонетост е осигурена на оние луѓе во чие срце е запишан Неговиот закон. Тие се едно со Него. Меѓутоа, Евреите се одвоиле од Бога… Бидејќи во минатото Господ бил толку милостив кон нив, тие ги оправдувале своите гревови. Си ласкале себеси дека се подобри од другите луѓе и дека имаат право на Неговите благослови. Сето ова ‘се напиша како опомена за нас, кои живееме во последното време’ (1 Кор. 10,11). Колку често, погрешно ги толкуваме Божјите благослови и си ласкаме себеси дека сме фаворизирани заради некоја добрина во нас! Бог не може да го стори за нас она што Тој копнее да го направи. Неговите дарови се користат за зголемување на нашето самозадоволство и да се стврднат нашите срца во неверие и во грев.“ – Копнежот на вековите, 85.

Петок 27. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Опишете што треба да биде тема на нашите разговори во овој свет?
2. Колку ние во нашата сфера на влијание ја повторуваме изјавата која Мојсеј ја дал по завршетокот на лутањето по пустината?
3. Колку добро јас лично ги познавам светите вистини за нашите денови?
4. Како вавилонското ропство можело да биде избегнато?
5. Со каква цел Господ дозволил израелскиот народ да се расее по светот?

Сподели го ова:

Similar Posts