12 Царот Езекија

Сподели го ова:

12. лекција – 21. јуни 2014.

Царот Езекија

“Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа.“ – 2 Летописи 32,25.

“Иднината изгледала крајно замрачена; но сепак царот сѐ уште можел да се моли на Оној кој дотогаш бил негово ‘прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја’ (Псалм 46,1).“ – Судир и храброст, 240.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 230-236.

Недела 15. јуни

1. ЦАРОТ ЕЗЕКИЈА СЕ МОЛИ ЗА ЧУДО

а. Што било кажано за Езекиевото владеење над Јуда? 2 Цареви 18,1-3.

“Езекија стапил на престолот решен со сите сили да се бори за да ја спаси Јуда од судбината која го снашла северното царство. Вестите на пророкот биле против сите половични мерки. Единствено со најодлучна реформа можела да се избегне страшната казна.“ – Пророци и цареви, 223.

б. Што му се случило на царот Езекија среде неговото успешно владеење? 2 Цареви 20,1. Како Езекија одговорил на обесхрабрувачката порака на пророкот? 2 Цареви 20,2.3.

ц. Со каква порака пророкот се вратил кај царот? 2 Цареви 20,4-6.

“Пророкот радосно се вратил носејќи вест на утеха и надеж. Исаија му ја пренел на царот веста за Божјата милост и заштита, а потоа наложил на заболеното место да се стави облога од смокви.“ – Пророци и цареви, 231.
Понеделник 16. јуни

2. ЧУДЕСНИОТ БЛАГОСЛОВ НА ЕЗЕКИЈА

а. Бидејќи Езекија сакал да биде сигурен дека пораката била од Бога, што тој побарал? 2 Цареви 20,8.

“Како Мојсеј во мадијамската земја, како Гедеон во присуство на небесниот гласник, како Елисеј пред да се вознесе неговиот господар, така и сега Езекија барал некој знак дека пораката била од небото…
Единствено со Божјо посредство можело да се постигне сенката од сонцето да се врати за десет степени назад; а ова требало да биде знак за Езекија дека Господ ја слушнал неговата молитва. И ‘пророкот Исаија извика кон Господ, и Тој направи да се врати сенката за десет степени наназад, која се спушти според Ахазовиот сончев часовник’ (2 Цареви 20,11).“ – Пророци и цареви, 231.

б. Преку кое чудо Господ бил подготвен да ја покаже својата милост на својот слуга? 2 Цареви 20,7.

“Оние кои бараат исцелување со посредство на молитва не треба да ја занемарат употребата на помошните лековити средства до кои може да се дојде. Употребата на таквите средства, кои Бог ги предвидел за ублажување на болката, како помош на природата во нејзиното дело на обнова на здравјето, воопшто не значи одрекување од верата. Верата не се негира ако болниот соработува со Бога ставајќи се во најповолна положба за оздравување.“ – Здравје и среќа, 202.

ц. Каква песна компонирал Езекија во знак на признавање на Божјата милост? Исаија 38,10-20.

“Бидејќи му се повратило здравјето за кое толку многу копнеел, јудејскиот цар запеал песна на пофалба за Господовата милост и дал завет дека целиот свој преостанат живот ќе го посвети во служба на Царот над царевите. Неговото благодарно признавање на Божјото милостиво постапување кон него претставува поттик за сите оние кои сакаат да го поминат својот живот на слава на својот Творец.“ – Пророци и цареви, 231.
Вторник 17. јуни

3. ГРЕШКАТА НА ЕЗЕКИЈА

а. Каква грешка Езекија направил кога ги примил амбасадорите од Вавилон? 2 Цареви 20,12.13.

“При посетата на овие амбасадори од владетелот на една далечна земја на Езекија му се укажала можност да го велича живиот Бог. Колку лесно можел да им говори за Бога, Седржителот на сите создадени нешта, преку чија благонаклонетост неговиот живот бил поштеден кога исчезнала секоја друга надеж! Колку бргу би се обратиле тие трагачи по вистината од халдејската рамнина и колку бргу би биле наведени да ја признаат врховната власт на живиот Бог.“ – Пророци и цареви, 233.

б. Зошто Господ дозволува да правиме грешки слични на оние што ги направил царот Езекија? 2 Летописи 32,25.31.

“Да ја искористел Езекија оваа прилика и да посведочил за силата, добрината и милоста на Израеловиот Бог, извештајот на претениците би бил како светлина која продира низ темнина. Но тој се величал себе си, а не Господа над војските.“ – Пророци и цареви, 233.

ц. Каква поука треба да извлечеме од записот за грешката на Езекија? Изреки 2,6-11; 11,2; 16,18; 21,2.

“Извештајот за пропустот на Езекија да ја оправда Божјата доверба при посетата на пратениците, содржи значајна поука за сите нас. Многу повеќе отколку до сега мораме да зборуваме за скапоцените поглавја од нашите искуства кои сме ги стекнале за Божјата милост, за ненадминатите длабочини на Спасителовата љубов. Ако разумот и срцето се исполнети со Божјата љубов, нема да ни биде тешко и на другите да им го пренесеме она што го сочинува духовниот живот. Големите мисли, благородните желби, јасните перцепции за вистината, несебичните цели, копнежите за побожност и светост, ќе најдат израз во зборовите кои го откриваат карактерот кој е ризница на срцето.“ – Пророци и цареви, 235.
Среда 18. јуни

4. ЕЗЕКИЈА ИСПОЛНЕТ СО КАЕЊЕ

а. Штом Вавилонските амбасадори отишле, Господ го испратил Исаија да го укори Езекија за неговата грешка. Што му рекол пророкот? 2 Цареви 20,16-18.

“На Исаија му било откриено дека пратениците при враќањето понеле извештај за богатството што го виделе и дека вавилонскиот цар и неговите советници ќе сковаат план својата земја да ја збогатат со ерусалимското злато. Езекија тешко погрешил, ‘затоа гневот Божји падна врз него, врз Јудеја и врз Ерусалим’ (2 Летописи 32,25).“ – Пророци и цареви, 234.

б. Исполнет со грижа на совест, што рекол царот кога длабоко се понизил пред Господа? 2 Летописи 32,26; 2 Цареви 20,19.

“Злото семе било посеано за да во свое време изникне и донесе жетва на очајување и страдање. Во последните години од своето владеење јудејскиот цар доживеал голем просперитет, затоа што доследно се трудел да го откупи минатото и да го прослави Божјото име на кого Му служел; но сепак неговата вера морала да биде ставена на тешка проба за да увиди дека само надежта во Бога може да ги победи силите на темнината кои се заканувале да го уништат и него и неговиот народ.“ – Пророци и цареви, 235.

ц. Каков успех како мисионери можеме да очекуваме ако на другите не им покажеме добар пример? 1 Тим. 4,12.16; Евр. 12,13.

“Нашата помош и водство им се потребни на оние со кои секојдневно доаѓаме во допир. Тие можеби се наоѓаат во таква духовна состојба што еден збор изговорен во вистински момент ќе наиде на поволен одговор. Можеби утре тие души ќе се наоѓаат таму каде што повеќе нема да можеме да им пријдеме. Какво влијание вршиме на тие сопатници?… Едно непромислено движење, еден непромислен чекор, и силните бранови на некое посилно искушение можат да ја повлечат душата со себе во длабочина.“ – Пророци и цареви, 235.
“Еден достоен пример вреди многу повеќе отколку многу прописи.“ – Здравје и среќа, 149 (ориг).
Четврток 19. јуни

5. ДА ВНИМАВАМЕ НА УСНИТЕ И НАШИТЕ ЧЕКОРИ

а. Што Бог очекува од секој вистински Христов следбеник? Јаков 2,12.

б. Што ќе не остави без изговор на денот на Божјиот суд? Рим. 2,1-3.

“Секој ден животот донесува одговорности кои ние мораме да ги прифатиме. Секој ден нашите зборови и дела оставаат впечаток врз оние со кои се дружиме. Колку ли е само потребно будно да стражариме над своите усни, грижливо да пазиме на своите чекори! Едно непромислено движење, еден непромислен чекор, и силните бранови на некое посилно искушение можат да ја повлечат душата со себе во надолна патека. Ние не сме во можност од човечкиот ум да ги извлечеме мислите кои таму сме ги ставиле. Ако тие биле зли, можеби ние сме ставиле во движење цела низа на околности, вистинска плима на зло која веќе не сме во состојба да ја сопреме.“ – Пророци и цареви, 235.
“Од друга страна, ако со својот пример им помагаме на другите да развиваат добри начела, ние им даваме сила да прават добро. Тие пак од своја страна вршат на други исто така корисно влијание. Така со своето влијание несвесно помагаме на стотици и илјадници. Вистинскиот Христов следбеник поттикнува добри намери кај сите оние со кои доаѓа во допир. Во еден неверен и грешен свет, таквиот следбеник ја открива силата на Божјата благодат и совршенството на Неговиот карактер.“ – Пророци и цареви, 236.

Петок 20. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога ќе се соочиме со криза каква што доживеал Езекија, каков треба да биде нашиот одговор?
2. Каков одговор добил Езекија, кога искрено се помолил на Господа?
3. Зошто ставот на Езекија кон амбасадорите е толку значаен?
4. Како и ние често се излагаме на опасност повторувајќи ја грешката на Езекија?
5. Со цел да имаме успех како христијански мисионери, зошто мораме да стражариме над нашите усни и нашите чекори?

Сподели го ова:

Similar Posts