08 Давидовото покајание и казната
8. лекција – 24. мај 2014.
Давидовото покајание и казната
“Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене.“ – Исаија 27,5.
“Секој оној кој под Божји укор ќе ја понизи душата, ги признае своите гревови и се покае, како што тоа го направил Давид, може да биде сигурен дека постои надеж за него или неа.“ – To be Like Jesus, 383.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 767-786.
Недела 18. мај
1. “ТИ СИ ЧОВЕКОТ“
а. Како Бог одеднаш го нарушил лажното чувство на мир кое Давид го имал после своите големи гревови? 2 Сам. 12,1-4. Каква пресуда, во одговор на пророковите зборови, Давид несвесно си изрекол себеси? 2 Сам. 12,5.6.
б. Какво директно сведоштво пророкот Натан упатил до Давид и како Давид реагирал? 2 Сам. 12,7-10.13 (прв дел); Псалм 51,4.
“На Давид неговата совест му откривала горчливи и понижувачки вистини. Додека неговите приврзаници се чуделе за ненадејниот пресврт на неговата судбина, тоа за него не била мистерија. Тој често имал претчувство дека ќе настапи таков ден каков што бил овој. Тој само се прашувал како Бог толку долго имал трпение да ги поднесува неговите гревови и да ја одложува заслужената казна…
Мнозина престапници се обидувале својот грев да го оправдаат повикувајќи се на Давидовиот пад; но колку малку се оние кои се готови така искрено да се покаат и да се понизат како што тоа го сторил Давид. Колку малку има такви кои укорот и одмаздата би ги поднесувале толку стрпливо како него.“ – Патријарси и пророци, 777.
Понеделник 19. мај
2. ГОРКИ ПОСЛЕДИЦИ
а. Како Давидовата личност била погодена од неговите гревови? Псалм 51,3.17.
“И кај самиот Давид настанала голема промена. Бил скршен во духот, свесен за својот грев и за неговите далекосежни последици. Се чувствувал понижен во очите на своите поданици. Неговото влијание било ослабено.“ – Патријарси и пророци, 762.
б. Како Давид, поради неговото грешно однесување, ја изгубил почитта на народот а особено од неговите синови? Пс. 27,6.7. Какви последици уследиле веднаш и зошто? 2 Сам. 12,14.
“Но сега неговите поданици, на кои им бил познат неговиот грев, и сами можеле послободно да се однесуваат кон гревот. Неговиот авторитет ослабел и во неговото сопствено семејство; синовите сѐ помалку го слушале и го почитувале. Кога требало да ги осуди оние кои згрешиле, чувството на сопствената вина не му давало да зборува. Тоа чувство ја слабеело неговата рака при спроведувањето на правдата во својот сопствен дом. Неговиот лош пример имал влијание и врз неговите синови, а Бог не сакал ништо да преземе за да ги спречи последиците.
Се хулело на Бога и Неговата Реч, душите закоравеле во неверие, и мнозина, под наметка на побожност, се охрабриле да прават грев.“ – Патријарси и пророци, 762.
ц. Зошто Бог дозволил записот за падот на Давид да биде вклучен во Библијата? 1 Кор. 10,12.
“Оние кои укажуваат на Давидовиот пример за да ја намалат вината на сопствените гревови би требало од овој библиски запис да научат колку е мачен патот по кој поминува престапникот. Дури и ако се вратат од својот лош пат, како Давид, ќе увидат колку се горчливи последиците на гревот и тешко подносливи уште во овој живот.
Бог сакал историјата на Давидовиот пад да послужи како предупредување дека дури ни оние што Тој ги благословил со своја исклучителна наклоност не треба да се чувствуваат безбедни ако ги занемарат будноста и молитвата.“ – Патријарси и пророци, 763.
Вторник 20. мај
3. КАЗНА ПРЕКУ ПОБУНА
а. Како Давидовиот син Авесалом се одмаздил за злочинот кој Амнон го направил против неговата сестра? 2 Сам. 13,28.29. Што се случило три години по Авесаломовото бегство од Давид? 2 Сам. 13, 37-39; 14,23.24.28.
б. После привидното помирување со својот татко, како Авесалом ги ‘придобиваше срцата’ на Израелците? 2 Сам. 14,33; 15,1-6. Како Давидовиот став влијаел на Авесаломовото бунтовничко срце? Проповедник 8,11.
“Благодарение на посредувањето на Јоав, на Авесалом пак му било дозволено да се сретне со татко си; но, иако имало формално помирување, сепак синот и натаму негувал славољубиви намери. Се однесувал речиси како цар и имал коли и коњи и педесет луѓе со кои бил опкружен. И додека царот сѐ повеќе и повеќе бил наклонет да се повлече во самотија, Авесалом заводнички се борел да ја добие наклоноста на народот.
Давидовата рамнодушност и нерешителност вршеле свое влијание и врз неговите приврзаници. Небрежноста и одлагањето станале карактеристични во сите негови административни работи како и во делењето на правдата. А Авесалом секое незадоволство на народот лукаво го користел во своја полза.“ – Патријарси и прор., 770.
ц. Какви упатства Авесаломовите шпиони им давале на сите племиња на Израел? 2 Сам. 15,10. Кога Давид ја примил веста за Авасаломовионт бунт, што одлучил за да не дојде до крвопролевање во Ерусалим? 2 Сам. 15,13.14.
“Давид бил неочекувано изненаден гледајќи дека бунтот избувнал во најнепосредна близина на неговиот престол. Неговиот роден син – синот кој толку многу го сакал и на кого толку му верувал – посакал да се добере до круната, а без сомнение и до неговата глава. Во таа голема опасност, Давид најпосле ја отфрлил потиштеноста која толку долго го мачела и со истиот дух, што го покажувал во своите поранешни години, почнал да се приготвува за средба со оваа ужасна вонредна состојба… Тој донел одлука. Избраниот град не смеат да го снајдат ужасите на војната. Решил да го напушти Ерусалим, а верноста на своите приврзаници да ја провери на тој начин што ќе им даде можност да му дојдат на помош.“ – Патријарси и пророци, 772.
Среда 21. мај
4. ВОСТАНИЕТО УГУШЕНО
а. Кога Давид и неговите придружници бегале, зошто тој испратил некои свои пријатели назад во Ерусалим?
1. Луѓе кои го носеле ковчегот. 2 Сам. 15,24.25.29.
“Оној што седи на својот престол меѓу херувими, рекол за Ерусалим: ‘Ова е мое почивалиште’ (Псалм 132,14), и без Божјо одобрување ниту првосвештеникот ниту царот немаат право да го оддалечат оттаму симболот на Неговото присуство.“ – Патријарси и пророци, 773.
2. Хусај. Стихови 32-37. Каков бил неговиот совет и зошто? 2 Сам. 17,7.14-16.23.
“И овојпат Давид во несреќата што го снашла морал да ги види последиците на својот грев. Најлукавиот и најревниот од сите политички водачи, Ахитофел, се одделил од него од одмазда поради срамот и неправдата нанесени на неговото семејство преку Витсавеја која била негова внука… На барање на Давид Хусај се вратил во Ерусалим, со цел на Авесалом да му понуди свои услуги и да го осуети советот на лукавиот Ахитофел.“ – Патријарси и пророци, 774.
б. Што му рекол Давид на еден од своите војници кој сакал да го убие човекот кој го проколнувал Давида? 2 Сам. 16,9. 11.12.
“Духот кој го наведува човекот осветнички да триумфира над оној кој е во неволја, да го исмејува или навредува е духот на сатаната.“ – Патријарси и пророци, 776.
ц. Како Давид ги поделил своите сили, имајќи го во предвид и бегството, и какво упатство им дал на сите во поглед на неговиот син Авесалом? 2 Сам. 17,24; 18,1.2.5.
Четврток 22. мај
5. НОВА ПОУКА ЗА СОВРЕМЕНИОТ ИЗРАЕЛ
а. Каков бил исходот на битката помеѓу лојалните сили и бунтовничката армија? 2 Сам. 18,7.8.
б. Каков бил крајот на Авесалом, поттикнувачот на бунтот? 2 Сам. 18,9-11.14.16.17.
ц. Каква поука можеме да научиме од историјата на Авесалом во нашата работа, како денешни евангелисти? Рим. 15,4.
“Старозаветниот Израел во својата историја често бил потресуван со бунтови на некои незадоволници… Многупати познати и угледни луѓе, владетели во Израел, се свртеле против Божјото провидение и жестоко го рушеле она што некогаш ревносно го граделе. Гледаме дека тоа многупати се повторувало и во нашето искуство… На црквата и претстојат тешки времиња. Таа ќе пророкува облечена во вреќи. Но иако ќе мора да се бори против ересот и прогонството, против неверниците и отпадниците, со Божја помош таа сепак ќе му застане на глава на сатаната. Господ ќе има луѓе цврсти како челик и во верата постојани како гранитна карпа.“ – 4 Сведоштво, 568.
Петок 23. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога пророкот Натан му рекол на Давид: ‘Ти си човекот’, каков укор тоа било за царот?
2. Опишете ги последиците кои Давидовиот најголем грев ги имал врз неговото владеење?
3. Каква сериозна дамка ова претставува не само за угледот на Давид туку и за јудејско-христијанската религија?
4. Со каква цел Бог дозволил записот за падот на Давид да биде вклучен во Библијата?
5. Во која смисла историјата за Авесаломовата побуна претставува опомена за црковните водачи, евангелисти, но и за верниците воопшто?