06 Првиот Израелски цар

Сподели го ова:

6. лекција – 10 мај 2014.

Првиот Израелски цар

“И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.“ – 1 Сам. 11,15.

“Преку пророкот Самоил Господ му дал упатства на Саул, дека чесноста во неговото постапување како цар на Израел мора да биде една од најистакнатите доблести.“ – Судир и храброст, 174.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 642-651.

Недела 4. мај

1. ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРВИОТ ИЗРАЕЛСКИ ЦАР

а. Иако јасно ги укорил Израеловите синови за изборот на монархија, кои биле последните зборови на Самоиловиот говор? 1 Сам. 12,20.25.

“Самоил не ги оставил луѓето во состојба на обесхрабреност, бидејќи тоа ќе ги спречи сите напори за подобар живот.“ – Патријарси и пророци, 650.

б. Иако Господ не бил задоволен што синовите Израелови избрале монархија (Осија 13,11), зошто сепак поставил цар над нив? 1 Сам. 12,13; Езекиел 14,4. Во која смисла тие биле заслепени од сопствените гревови?

“Најголема благосостојба Израелците уживале во времето кога Јехова го признавале за свој Цар – кога законите и владеењето што ги воспоставил Тој ги сметале за повозвишени од законите на другите народи. Во врска со Божјите заповеди Мојсеј му рекол на народот: ‘Во тоа лежи вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи кои, кога ќе ги чујат сите тие наредби, ќе речат: Само овој народ е мудар и разумен народ’ (5 Мојс. 4,6). Поради отстапувањето од Божјите закони, Евреите не станале народ каков што сакал Бог да станат; а потоа сето зло, што било последица на нивниот сопствен грев и лудост, ѝ го припишувале на Божјата управа. Толку многу гревот ги заслепил.“ – Патријарси и пророци, 639.
Понеделник 5. мај

2. ИЗРАЕЛ НЕ УСПЕАЛ ДА ЕВАНГЕЛИЗИРА

а. На кои благословени ветувања, во повеќе наврати, вниманието на избраниот народ е насочувано од времето на Мојсеј? 5 Мојс. 7,6.11.14.18.

“Целта која денес Бог сака да ја постигне преку својот народ е иста како онаа која сакал да ја постигне преку Израел кога го извел од Египет. Посматрајќи ја Божјата добрина, милост, правда и љубов откриена во црквата, светот треба да стекне една претстава за Божјиот карактер. Кога Божјиот закон ќе се покаже со пример во животот, дури и светот ќе ја признае супериорноста на оние кои го љубат и се бојат од Него и Му служат, се повозвишени од секој друг народ на земјата. Господовото око почива на секој припадник на Неговиот народ; Тој за секого има свој план. Негова намера е оние кои ги практикуваат Неговите свети прописи да бидат видливо особен народ.“ – 6 Сведоштво, 13.14.

б. Со што Израелците биле неквалификувани да ги евангелизираат незнабошците во времето на Судии? 1 Летописи 5,25.26.

“Татковците и мајките во Израел станале рамнодушни кон нивните обврски кон Бога; рамнодушни кон нивните обврски кон своите деца. Поради неверноста во домот и идолските влијанија од надвор, многу млади Евреи добиле воспитување кое многу се разликувало од она што Бог планирал за нив. Тие ги научиле патиштата на незнабошците.“ – Воспитување, 45.46.

ц. Иако Израелците ја промениле формата на владеењето, како Самоил ја предупредувал неговата генерација на Божјата цел да бидат светлина на незнабошците? 1 Сам. 12,14.15.

“Дисциплината и воспитувањето кое Бог ги одредил за Израел, требале да постигнат тој да се разликува од другите народи по севкупниот начин на живот. Оваа исклучителност… за нив била непожелна.“ – Воспитување, 49.

Вторник 6. мај

3. ИЗРАЕЛ ПРЕСТАНУВА ДА БИДЕ ОСОБЕН НАРОД

а. Што покажува дека Израелците ја презирале привилегијата да бидат особен народ? 1 Сам. 8,20.

“Бог Израелците ги одвоил од сите други народи со цел од нив да создаде особено богатство. Но тие, не обрнувајќи внимание на оваа висока чест, нетрпеливо сакале да го имитираат примерот на незнабошците. И денеска во народот кој тврди дека е Божји, постои копнеж својот живот да го прилагоди кон светските обичаи и навики. Како што отстапуваат од Господа тие стануваат поамбициозни за добивки и почести од светот.“ – Патријарси и пророци, 641.

б. Како и денес Божјиот народ се предупредува да не ги повторува грешките на Евреите? 1 Петр. 2,9; 2 Кор. 6,17.18.

“Христијаните постојано се трудат да ги следат обичаите на оние што му се поклонуваат на богот на овој свет. Мнозина тврдат дека врз безбожниците може подобро да се влијае ако човекот се соедини со нив и се прилагоди кон нивните обичаи. Меѓутоа, сите што прават така се одделуваат од изворот на својата сила. Со тоа што се спријателуваат со светот, стануваат непријатели на Бога. Заради земни признанија, тие ја жртвуваат неизмерната чест што им ја укажува Бог, а која се состои од објавувањето на делата на Оној кој нѐ повикал да излеземе од темнината и да пристапиме кон Неговото чудесна светлина (1 Петр. 2,9).“ – Патријарси и пророци, 641.

ц. На каква опасност верните Божји слуги постојано ги предупредуваат своите браќа и сестри во вера? Јаков 4,4; 1 Јов. 2,15.16.

“Исус доаѓа; и зарем припадниците на својот народ да ги затече како се прилагодиле кон светот? Зарем Тој таквите ќе ги признае за свои следбеници кои треба да бидат чисти како што Тој е чист? О, не! Тој како свои ќе ги признае само оние кои се прочистени и кои облеките на својот карактер ќе ги избелат преку страдања, држејќи се до крај одвоени и неопоганети од светот.“ – 1 Сведоштво, 124.

Среда 7. мај

4. САУЛОВАТА ПРОВЕРКА

а. Што се случило кога Израелците се обиделе да обезбедат мир со агресивните Амонци? 1 Сам. 11,1-4.8.11. Наместо да има доверба во Господа кога се нашол во искушение, што Саул направил? 1 Сам. 13,5-13. Сепак, како Бог им помогнал на Израелците? 1 Сам. 14,31.

“Настапило време за проверка на Саул. Тој сега морал да покаже дали ќе зависи од Бога и трпеливо ќе чека според Неговата заповед или не, дали ќе се покаже како човек на кого Бог во тешките времиња може да му верува и да го води Неговиот народ, или со своето колебање ќе покаже дека не е достоен за светата одговорност што му била доверена.“ – Патријарси и пророци, 654.

б. Со што Саул и по втор пат покажал дрско пречекорување на дозволеното и дух на самовоздигнување? 1 Сам. 14,24-29.43-45.

“Ќе го жртвува дури и својот роден син само да ги убеди своите приврзаници дека царскиот авторитет мора да се сочува… Кога неговата заповед е прекршена – иако била неумесна, а прекршокот направен во незнаење – царот и таткото му изрекол смртна пресуда на својот син. Меѓутоа, народот решително се спротивставил на извршувањето на таквата пресуда.“ – Патријарси и пророци, 660.

ц. Какви поуки од Сауловите грешки треба да извлечат особено проповедниците и библиските работници? Мат. 7,2.

“Сите оние кои се најмногу подготвени да си простат и да ги правдаат своите гревови, често се мошне строги кога треба да им се суди на другите. Многумина, како Саул, врз себе навлекуваат Божјо негодување, а сепак ги отфрлаат советите и ги презираат укорите. Дури и кога ќе се уверат дека Бог не е на нивна страна, тие одбиваат да ја видат кај себе причината за нивните проблеми. Тие негуваат дух на горделивост и фалбаџиство, а кога станува збор за други, кои се подобри од нив, тогаш се мошне строги во прекорите. Добро би било кога таквите самонаречени судии би промислиле за следните Христови зборови: ‘Оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени;со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери’ (Матеј 7,2).“ – Патријарси и пророци, 661.
Четврток 8. мај

5. САУЛ КОНЕЧНО ОТФРЛЕН

а. Со што Саул, кога повторно бил искушан, покажал дека за него царскиот авторитет и чест се поважни отколку послушноста на Божјите заповеди? 1 Сам. 15,1-3.7-9.20.21.

б. Зошто Бог конечно го отфрлил Саул како цар? 1 Сам. 15,22-24.

“Опасен е чекорот да се занемарат советите и опомените на Божјата Реч или на Божјиот Дух. Мнозина, како и Саул, паѓаат во искушенија сѐ додека не станат слепи за вистинскиот карактер на гревот. Тие си ласкаат себеси како имаат пред себе некаква возвишена цел и како божем не сториле никаква неправда со тоа што отстапиле од Божјите барања. На тој начин тие му пркосат на Духот на милоста сѐ додека од нивните уши наполно не исчезне Неговиот глас и додека целосно не ги прифатат измамите што самите си ги избрале.“ – Патријарси и пророци, 672.
“Но кога Саул избрал да постапува независно од Бога, Господ не можел да го води и бил принуден да го отфрли.“ – Патријарси и пророци, 673.

ц. Каде Саул се обидел да најде помош кога Божјиот Дух отстапил од него? 1 Сам. 16,14; 28,6.7; Ис. 8,19.

“За сето време додека Саул со своите дела му се противел на Бога, сатаната му ласкал и го измамувал.“ – Патријарси и прор., 716.

Петок 9. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какво предупредување Самоил им дал на Израелците при крунисувањето на Саул?
2. По смртта на Самоил, како Израелците покажале дека тие се дисквалификувани да ги евангелизираат незнабошците?
3. Наведи некои притисоци од страна на светот на кои Божјиот народ денес може да биде подложен да потклекне?
4. Каква кардинална грешка Саул направил во Галгал?
5. Како ние треба да се чуваме од постепеното паѓање, како што тоа го направил Саул?

Сподели го ова:

Слични објави