05 Во деновите на Самоил

Сподели го ова:

5. лекција – 3. мај 2014.

Во деновите на Самоил

“И сиот Израел… дозна дека Самоил е поставен да биде пророк Господов.“ – 1 Сам. 3,20.

“Самоил од страна на Бога му бил дарен на Израел со трикратна служба како судија, пророк и свештеник… Собирал околу себе млади луѓе кои биле побожни, разумни и студиозни. Тие биле наречени пророчки синови.“ – Знаци на времето, 22. јуни, 1882.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 627-636.
Недела 27. април

1. САМОИЛ ПОВИКУВА НА РЕФОРМА

а. Каков апел Самоил упатил до Израелците кои како народ сѐ уште биле во состојба на световност и идолопоклонство? 1 Сам. 7,3.

б. Каков бил резултатот на неговиот апел? 1 Сам. 7,4-6.

ц. Што Филистејците направиле кога слушнале дека Израелците се собираат во Миспа? 1 Сам. 7,7-9. Како Господ му помогнал на својот народ како одговор на нивното вистинско покајание? 1 Сам. 7,10-13.

“Тогаш Оној што слегол на Синајската гора во облак од оган, чад и грмотевици, кој пред Израелците го разделил Црвеното Море, и кој низ Јордан им отворил пат, повторно ја покажал својата моќ. Врз воинствените чети се урнала страшна бура и земјата била покриена со мртви тела на силните воини.
Растреперени од страв и надеж, Изрелците стоеле неми и со страхопочит. Кога го виделе поразот на своите непријатели, тие знаеле дека Бог го прифатил нивното покајание.“ – Патријарси и пророци, 626.

Понеделник 28. април

2. ПРОРОЧКИ ШКОЛИ

а. Како на Израелците им било обрнато вниманието на потребата од вистинско воспитување? 5 Мојсеева 6,6.7; Псалм 119,130.

“Вистинската цел на воспитувањето е во човековата душа да се обнови Божјиот лик. Во почетокот Бог го создал човекот според својот лик… Гревот го извалкал Божјиот лик во човекот и речиси наполно го избришал. А за повторно да се воспостави тој лик, направен е план на спасение и на човекот му е подарено време на милост. Човекот повторно да се врати на оној степен на совршенство на кој се наоѓал при создавањето, тоа е големата цел на животот – цел што се наоѓа во основата на сите други цели.“ – Патријарси и пророци, 631.

б. Со каква цел Самоил ги воспоставил пророчките школи? Мал. 2,7.

“Пророчките школи ги основал Самоил да служат како брана од широко распространетата расипаност, да обезбедат морална и духовна благосостојба на младината и идна среќа на нацијата, на тој начин што ќе подига луѓе кои бидат способни во Божји страв да го водат и да го советуваат народот…
“Во времето на Самоил постоеле две такви школи, една во Рама, во родното место на пророкот, а друга во Киријат-Јарим, каде што во тоа време се наоѓал ковчегот на заветот. Подоцна се основани и други школи .“ – Патријарси и пророци, 628

ц. Кои биле главните предмети на проучување во тие школи? 5 Мојс. 6,21-25; Псалм 19,7-11; 71,22.

“Главни предмети што се изучувани во тие школи биле Божјиот закон, со упатствата дадени преку Мојсеј, потоа светата историја, музика и поезија… Во школите во тоа време главна цел на проучувањето била да се запознае Божјата волја и должностите на човекот кон Бога. Во извештаите на светата историја можеле да се забележат трагите од чекорите на Јехова. Големите вистини се објаснувани со помош на симболи, а верата помагала да се сфати главниот предмет на целиот систем – Божјото Јагне кое ќе ги земе на себе гревовите на светот.“ – Патријарси и пророци, 628.

Вторник 29. април

3. ВОСПИТНИОТ ЕФЕКТ НА РОДИТЕЛСКОТО ВЛИЈАНИЕ

а. Како е објаснувано влијанието на Божјиот закон врз воспитувањето на децата? 2 Мојс. 20,5.6.

“Оние кои им ја изнесуваат вистината на другите мораат и самите да живеат во согласност со нејзините принципи. Само доколку го одразуваат Божјиот карактер преку праведноста, благородноста и несебичноста на својот живот, ќе можат да влијаат на другите.
Вистинското воспитување не е присилно поучување на неподготвен и неприемлив ум. Мораат да се разбудат менталните сили и да се поттикне интересот. Божјиот метод на проучување се погрижил за тоа. Оној кој го создал умот и му ги одредил законите, се погрижил и за негово развивање во согласност со нив… Бог му давал поуки на Израел, кои ги илустрирале принципите и го чувале споменот за Неговите прекрасни дела. Кога некој би поставил прашање, дадената поука би влијаела врз умот и срцето.“ – Воспитување, 41.

б. Која личност во Стариот и во Новиот Завет се истакнува како мајка која не успеала позитивно да влијае на своите ќерки? Лука17,32.

“Сопругата на Лот била себична, нерелигиозна жена.“ – Патријарси и пророци, 167.
“Иако со тело била во рамнината, нејзиното срце останало во Содом и таа загинала со него. Таа се побунила против Бога, бидејќи Неговите казни го вклучиле и нејзиниот имот и нејзините деца.“ – Патријарси и пророци, 155.

ц. Зошто ‘сѐ што (Ахан) имал’, вклучувајќи ги и неговите деца, било уништено заедно со него? Исус Навин 7,15.20.21.25.

“(Ахановото домаќинство) не било воспитано и образувано во склад со упатствата дадени во големиот критериум на Божјиот закон. Ахановите родители го воспитувале нивниот син на таков начин така што тој се чувствувал слободен да не ја послуша Божјата Реч. Принципите вткаени во неговиот живот го навеле и со своите деца да постапува на таков начин така што тие, исто така, биле изопачени. Умот дејствува и реагира на умот, а казната во која покрај Ахан биле опфатени и сите негови сродници, го открива фактот дека сите тие биле вклучени во престапот.“ – Водење на детето, 234.
Среда 30. април

4. ИЗРАЕЛЦИТЕ БАРААТ ЦАР

а. Каков изговор Израелците користеле како поддршка на нивниот план да имаат цар кој ќе владее со нацијата? 1 Сам. 8,4.5.

“На Самоил не му зборувале за случаите на злоупотреба на власта кај народот. Кога би му било познато лошото однесување на неговите синови, тој секако би ги сменил. Но старешините тоа и не го барале од него. Самоил сфатил дека вистински повод претставуваат незадоволството и гордоста и дека нивното барање е резултат на добро промислени, решителни намери.“ – Патријарси и пророци, 638.

б. Откако Самоил во молитва пред Господ ги изнел барањата на народот, што Господ му рекол? 1 Сам. 8,6.7.

ц. Што му одговориле луѓето на Самоил откако тие не го прифатиле Божјиот совет? Како оваа нивна грешка се одразила врз нивниот однос со Бога? 1 Сам. 8,19.22.

“Господ преку своите пророци однапред кажал дека со Израелците ќе владеат цареви, но тоа не значело дека тој начин на владеење ќе биде најдобар за нив или во согласност со Неговата волја. Тој му дозволил на народот сам да се определи, зашто одбиле да го послушаат Неговиот совет. Осија кажува дека во својот гнев им дал цар (Осија 13,11). Кога луѓето ќе посакаат да одат по пат што сами си го одбрале, не прашувајќи го Бога за совет, или наспроти Неговата откриена волја, Тој често им ја исполнува желбата со цел преку горчливото искуство да ја увидат својата лудост и да се покаат за својот грев…“ – Патријарси и пророци, 639.
“Чувствувајќи ја својата зависност од Бога, тие постојано би му се приближувале. И тогаш би биле возвишени, облагородени и оспособени за високиот позив како Негов избран народ. Меѓутоа, поставувањето на човек на престолот на Израел мислите на народот би ги одвратило од Бога; повеќе би се потпирале врз човечка сила, а помалку врз Божјата моќ, а грешките на нивните цареви би морале да ги наведат на грев и народот да го одвојат од Бога.“ – Патријарси и пророци, 640.

Четврток 1. мај

5. НАРОДОТ БАРА МОНАРХИЈА

а. Зошто Израеловите синови верувале дека за нив монархијата ќе биде најдобра форма на владеење? 1 Сам. 8,19.20. Кој бил вистинскиот проблем? 5 Мојс. 1,30-32; 1 Сам. 10,17-19.

“Внатрешните несогласувања ги слабееле; постојано биле изложувани на инвазија од страна на незнабожечките непријатели, па народот дошол до заклучок дека племињата мора да се обединат под силна централистичка управа за Израел да се одржи меѓу незнабошците. И колку повеќе отстапувале од послушноста на Божјиот закон, сѐ повеќе растела и желбата да се ослободат од владеењето на својот божествен Властодржец; и така меѓу Израелците сѐ повеќе се ширела идејата за основање на монархија.“ – Патријарси и пророци, 637.

б. Зошто народот со извици го прогласил Саул, Венијаминец, за цар на Израел дури и пред тој да биде инаугуриран? 1 Сам. 10,22-24.

ц. Зошто некои од луѓето биле незадоволни од изборот на Саул, особено поради тоа што Венијаминовото племе било најмало? 1 Сам. 10,27.

Петок 2. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како на потребата за вистинско воспитување било предочувано вниманието на Израелците?
2. Зошто Бог го поттикнал Самоил да основа верски училишта?
3. Како родител, како јас можам да влијаам врз моите деца повеќе отколку што сум свесен за тоа?
4. Зошто жената на Лот и сличните на неа биле дисквалификувани да шират позитивно влијание врз своите деца?
5. Што Бог често прави кога луѓето избираат да одат по својот пат спротивно на Неговата откриена волја?

Сподели го ова:

Слични објави