04 Илија и неговите синови

Сподели го ова:

4. лекција – 26. април 2014.

Илија и неговите синови

“А синовите на Илија беа лоши луѓе. Тие не Го познаваа Господа.“ – 1 Сам. 2,12.

“Илија не управувал со своето домаќинство во согласност со Божјите правила за владеење со семејството.“ ¬– Знаци на времето, 6. април, 1888.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 609-615.

Недела 20. април

1. ДЕТЕТО САМОИЛ

а. Кои значајни служби во иднина го очекувале детето родено од Елкан и Ана? 1 Сам. 1,20; 3,20; 7,15-17.

б. За да ја исполни својата свечена заклетва на Бога, што Ана направила откако го додоила детето? 1 Сам. 1,24. Што му кажала на првосвештеникот Илија? 1 Сам. 1,26-28.

“Молитвата на Ана била примена; таа го добила подарокот за кој толку искрено се молела. Кога погледнала на детето, таа го нарекла Самоил – ‘зашто го измоли од Господа’. Штом момчето било доволно старо за да може да се оддели од неговата мајка, таа го исполнила ветувањето. Ана го сакала своето дете со сета преданост на мајчиното срце; посматрајќи го секој ден како се развива и ги слушала неговите детски муабети, го сакала сѐ повеќе и повеќе. Тоа ѝ било единствено дете, посебен небесен дар. Меѓутоа, бидејќи го примила како дар посветен на Бога, таа не сакала на Дарителот да му го скуси она што е Негово…“ – Патријарси и пророци, 602.
“Верата и побожноста на оваа Израелка длабоко го трогнале Илија. Мошне попустлив како татко, се зачудил и понизил кога ја видел големата жртва на оваа мајка која се дели од своето единствено дете за да го посвети на служба на Бога. Почувствувал укор поради својата себична љубов, па се понизил и со страхопочит се помолил.“ – Патријарси и пророци, 603.
Понеделник 21. април

2. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ УПАТЕНО ДО ПРВОСВЕШТЕНИКОТ

а. Што вели Библијата за детето Самоил? 1Сам. 2,26.

“Бог на сите во овој живот им дава можност за развој на карактерот. Сите можат да го заземат местото кое му е одредено во Неговиот голем план. Господ го прифатил Самоил од неговото најрано детство, бидејќи неговото срце било чисто и имал страхопочит кон Бога. Тој бил даруван на Бога, посветен на жртва, и Господ го направил, дури и во неговото детство, канал на светлина. А животот така посветен како што бил Самоиловиот имал голема вредност пред Бога. Ако младите и денес се посветат како што тоа го направил Самоил, Господ ќе ги прими и употреби во своето дело.“ – Библиски коментари, 137.

б. Како воспитното влијание на Илија влијаело на Самоил? Каква поука младите во нашето време треба да научат од примерот на Самоил?

“Самоил му бил доверен на грижа на Илија и убавината на детскиот карактер кај стариот свештеник предизвикувала топла наклоност. Момчето било љубезно, великодушно, послушно и полно со почит. Огорчен поради отпадот на своите синови, Илија наоѓал мир, утеха и благослов во присуство на својот малечок штитеник. Самоил бил услужлив и предан, и дури ни таткото не би го сакал своето дете колку Илија што го сакал Самоила. Имало нешто необично во тоа што меѓу највисокиот народен судија и едно дете се родила толку топла симпатија. Секогаш кога остарениот Илија би го обзела немоќ или би го мачела совеста поради лошото однесување на неговите синови, тој му се обраќал на Самоил да го теши.“ – Патријарси и пророци 606.

ц. Додека првосвештеникот Илија тагувал поради однесувањето на неговите синови, какво предупредување Господ му упатил преку еден пророк, и со каков знак тоа било потврдено? 1 Сам. 2,27-30.34.

“(Илија), на себе навлекол Божјо незадоволство со тоа што не го осудувал гревот ниту ги казнувал грешниците. На него не можело да се смета дека Израелците ќе ги сочува чисти.“ – Патријарси и пророци 612.
Вторник 22. април

3. ИЗОПАЧЕНОСТА НА СВЕШТЕНИЦИТЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ТОА

а. Опишете ги пропустите на Илија како првосвештеник и врховен судија на нацијата во воспитувањето на своите синови. 1 Сам. 2,12.17.22.

“На израелскиот свештеник и судија сосема јасно му била предочена должност со родителскиот авторитет да господари и да ги зауздува децата што му ги подарил Бог…“ – Патријарси и пророци 609.
“Но Илија дозволувал неговите деца да господарат. Таткото им бил потчинет на децата. Проклетството поради престапот на законот јасно се покажало во расипаноста и злото со кои било обележано однесувањето на неговите синови.“ – Патријарси и пророци 610.

б. Каков ефект благите предупредувања и прекорите на првосвештеникот имале на неговите безбожни синови? 1 Сам. 2,23-25.

“Иако целосно несоодветни за служба, сепак биле поставени во светињата како свештеници да служат пред Бога…“ – Патријарси и пророци 610.
“Овие неверни свештеници го престапувале Божјиот закон и ја обесчестувале нивната света функција со своето грдо и понизувачко однесување, а сепак и понатаму останувале во светињата валкајќи ја. Поради безбожното постапување на Офни и Финес многу луѓе од народот престанале да доаѓаат на местото каде што се вршело богослужението. Така е занемарена и презрена службата што ја пропишал Бог, зашто била поврзана со гревовите на овие безбожни луѓе. А оние, чиишто срца биле наклонети кон зло, се осмелиле уште повеќе да грешат. Безбоштвото, расипаноста, па дури и идолопоклонството, зеле страшен замав.“ – Патријарси и пророци 611.

ц. Каков ефект отпадништвото во Израел имало врз околните народи?

“И околните народи кои биле добро запознаени со неправдата што отворено се правела во Израел, станале уште посмели во своето идолопоклонство и во лошите дела. Тие воопшто не чувствувале дека се виновни за своите гревови како што би ги чувствувале кога Израелците би биле истрајни во својата чесност.“ – Патријарси и пророци 618.
Среда 23. април

4. САМОИЛ: ГЛАСНОГОВОРНИК НА БОГА

а. Бидејќи Бог не можел повеќе да комуницира со Илија или со неговите синови, кого Тој го повикал да ја пренесе последната порака на укор за домот на првосвештеникот? 1 Сам. 3,2-4.

б. Мислејќи дека го вика првосвештеникот, што Самоил направил? 1 Сам. 3,5.6. Кога Господ го повикал Самоила по трет пат, што Илија му кажал на момчето да направи? 1 Сам. 3,8.9.

“Тогаш Илија се уверил дека таинствениот повик бил Божјиот глас. Господ го заобиколил својот одбран слуга, старецот со седа глава, и му се обратил на дете. Тоа веќе само по себе било горчлив но оправдан прекор за Илија и за неговиот дом.“ – Патр. и прор., 616.

ц. Што Господ му наредил на Самоил да му каже на стариот првосвештеник? 1 Сам. 3,11-14. Како Илија го придобил малиот Самоил ништо да не сокрие од него, и каков бил одговорот на Илија? 1 Сам. 3,16-18.

“Илија ги укорувал своите синови со зборови полни со свеченост и со страшно значење – зборови за кои сите што учествуваат во светата служба треба добро да размислат: ‘Ако човек згреши против човек, ќе се помолат на Бога за него; но ако човек згреши против Господ, кој ќе биде тој што ќе моли за него’ (1 Сам. 2,25).“ – Патријарси и пророци 614.
“Па сепак, Илија не покажал плодови на вистинско покајание. Ја признал вината, но не успеал да се откаже од гревот. Господ со години ја одложувал најавената казна. За тоа време можело многу да се стори за да се искупат грешките од минатото. Но стариот свештеник не презел ефикасни мерки за да го отстрани злото што го валкало Божјото светилиште и водело во пропаст илјадници Израелци. Божјото трпение придонело срцето на Офни и Финес уште повеќе да се стврдне, па тие биле уште подрски во престапите. Илија целиот народ го запознал со укорот и со опомената што му ја упатил Бог на неговиот дом. Се надевал дека на тој начин ќе ја намали немарноста на своите поранешни години. Но, предупредувањата биле занемарени од страна на народот, како што биле занемарени и од свештениците.“ – Патријарси и пророци 617.

Четврток 24. април

5. ПОУКА ЗА ЦРКВАТА ДЕНЕС

а. Како биле казнети безбожните свештеници, Офни и Финес? Со каков ужасен настан Бог ја повикал целата нација на покајание? 1 Сам. 4,2; 14-18.

“(Изрелскиот) народ бил зрел да ја прими Божјата казна, па сепак (старешините) не увидувале дека нивните гревови биле причина за оваа ужасна несреќа.“ – Патријарси и пророци, 618.

б. Колку внимателна треба да биде црквата кога поставува луѓе во проповедничка служба? 1 Тим. 3,5-7.

“Црквата мора да ја покаже својата ревност за Бога во справувањето со оние кои, додека исповедаат голема вера, јавно го срамат Христа. Тие ја доведуваат во опасност вистината. Тие се неверни стражари. Таквите му нанесуваат прекор и срам на Божјото дело. Време е за одлучен и сериозен напор да се очисти црквата од калта и нечистотијата која го оцрнуваше нејзиниот добар глас и нејзината чистота.“ – Сведоштво за проповедници, 409.
“Стандардот на моралот не е возвишен доволно високо меѓу Божјиот народ… Оние кои како проповедници стојат зад проповедалната треба да бидат луѓе со беспрекорна репутација… Постојат некои чудни отстапувања од начелата на моралот… ако оние што тврдат дека се чувари на Божјиот закон станат престапници на тој закон, Тој ќе ја повлече својата заштита.“ – 5 Сведоштво, 564.567.568.

Петок 25. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која поука младите од нашето време треба да ја научат од примерот на Самоил?
2. Каков пропуст направил Илија во воспитувањето на неговите синови?
3. Како нашата недоследност ќе влијае на нашите соседи?
4. Каква ужасна несреќа допуштил Бог за да го наведе израелскиот народ на покајание?
5. Каков стандард се бара од оние кои го прифаќаат проповедничкиот повик?

Сподели го ова:

Similar Posts