02 Гедеон
2. лекција – 12. април 2014.
Гедеон
“Другиот му одговори: „Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеон, синот на Јоас, Израелецот; Бог ги предал во рацете негови Мидјаните и целиот логор.“ – Судии. 7,14.
“Сите оние кои ќе бидат војници на Христовиот крст, мораат да го препашат оклопот и да се подготват за судирот. Тие не треба да бидат заплашени од страна на закани или преплашени од опасностите. Мораат да бидат претпазливи во опасностите, но сепак цврсти и храбри во соочување со непријателот и да се борат за Бога.“ – Библиски коментари, 122.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 579-587.
Недела 6. април
1. ЧОВЕК ПОДГОТВЕН ДА ГО ПОСЛУША БОГА
а. Кога Мадијамците и Амаличаните дознале дека Гедеон го уништил олтарот на Вал и дека оформил армија, што тие направиле? Судии 6,33.
б. Што Гедеон направил, со Божја помош, за да се подготви за претстојната битка? Судии 6,34.35.
в. Со кои инструкции од Господа Гедеоновата војска е намалена на триста луѓе? Судии 7,2-7.
“(Гедеон) се зачудил кога Господ му рекол дека неговата војска е премногу голема. Но Господ ја видел гордоста и неверноста во срцата на својот народ… Загреани за возбудливиот повик на Гедеон, тие биле готови да се отповикаат, но кога ги виделе огромните маси Мадијамци, мнозина се уплашиле. Сепак, во случај Израелците да победат, истите тие, наместо победата да му ја препишат на Бога, сета слава би ја присвоиле за себе.“ – Патријарси и пророци, 580.
Понеделник 7. април
2. НЕМА МЕСТО ЗА НЕМАРНИ И ОНИЕ КОИ САМО НА СЕБЕ СИ УГОДУВААТ
а. Каква поука можеме да научиме од начинот на кој 32.000 луѓе биле проверувани? Марко 8,34. Кои се некои од важните особини на кои треба да обратиме внимание при изборот на мажи и жени за работа во Евангелието и денес? Рим. 12,11.
“За немарните и за оние кои гледаат да си угодат само себеси нема место во Божјото дело. Неговиот избор паднал врз оние малобројни кои не сакале поради задоволување на личните потреби да се задржуваат при извршувањето на своите должности. Овие триста избраници, покрај тоа што биле храбри и подготвени за самосовладување, биле луѓе од вера. Тие не биле извалкани со идолопоклонство. Нив Бог можел да ги поведе и преку нив можел да го ослободи Израел. Успехот не зависел од бројот. Ослободувањето Бог може да го изврши со мал број исто како и со голем. Тој не се прославува толку со голем број, колку со карактерот на оние што Mу служат.“ – Патријарси и пророци, 581.
“Ние сакаме мисионери, кои се мисионери во целосна смисла на зборот, кои ќе ги остават настрана себичните размислувања, ставајќи го Божјото дело на прво место; и кои пред очите ќе ја имаат само Неговата слава и секогаш ќе бидат подготвени да одат онаму каде Бог им заповедува, и да работат со целиот свој капацитет во ширење на познавањето на вистината.“ – Слуги на евангелието, 410.
б. Имајќи ја во вид одговорноста дадена на родителите да ги обучуваат своите деца во навиките на корисност (Изреки 22,6), на кое прашање – упатено до царот на Јуда – родителите ќе мораат да одговорат? Еремија 13,20 (последен дел).
“Родителите не можат да сторат поголем грев отколку кога ќе ја занемарат својата од Бога дадена одговорност дозволувајќи им на своите деца ништо да не работат; бидејќи таквите деца наскоро ќе научат да го сакаат безделничењето и растат во неснаодливи, бескорисни мажи и жени.“ – Водење на детето, 122.
“Бог… е незадоволен со оние кои се премногу немарни или премногу мрзливи нешто да постигнат или да го продлабочат своето знаење. Господ нѐ повикува да Го љубиме со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој ум. Токму тоа нѐ обврзува да го развиваме нашиот интелект во полна мера, како би можеле да го запознаеме и да го љубиме нашиот Творец.“ – Христовите поуки, 294.
Вторник 8. април
3. МЕЧОТ НА ГЕДЕОН
а. После ноќта помината во страв од претстојниот судир со Мадијамците и Амаличаните, што Господ му рекол на Гедеон да направи за да го охрабри? Судии 7,9-11.
б. Што Гедеон начул од двата непријателски војника, и каков бил одговорот на Гедеон? Судии 7,13-15.
“Гедеон сфатил дека преку тие непознати Mадијамски војници му зборува Божјиот глас. Се вратил кај своите малобројни луѓе и им рекол: ‘Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мадијанскиот логор!’ (Судии 7,15).“ – Патријарси и пророци, 581.
в. Опишете го планот за напад, кој бил сугериран од страна на божественото откровение. Судии 7,16-20. Што направиле домаќините во паника, целосно збунети со овој план? Судии 7,21.22.
“Со Божјо упатство му е даден план за напад и тој веднаш тргнал да го изврши. Тие триста луѓе требало да ги подели во три чети. Секој човек добил по една труба и факел, привремено сокриен во земјено грне. Потоа биле распоредени така за да му се приближат на мадијамскиот логор од сите страни. На полноќ, кога екнал борбениот рог на Гедеон, затрубиле триста труби; потоа од скршените грниња наеднаш пламнале стотина запалени факели и сите триста Гедеонови војници се устремиле кон непријателите со стравотен воен вик: ‘Меч Господов и Гедеонов’.
“Војската била изненадена на спиење. На сите страни се видела светлина на запалени факели и отсекаде допирал звук од труби и воен вик на напаѓачите. Мадијамците мислеле дека се препуштени на милост и немилост на некаква натприродна сила, па целосно ги опфатил паничен страв. Со диви извици на тревога и страв бегале на сите страни да го спасат животот, и во забуната, мислејќи дека го убиваат непријателот, се убивале еден со друг.“ – Патријарси и пророци, 582.
Среда 9. април
4. ГЕДЕОН ПРЕД ВНАТРЕШЕН КОНФЛИКТ
а. Што направиле илјадниците луѓе од останатите израелски племиња откако повикот на Гедеон допрел до нив? Судии 7,23. Што направиле припадниците на Ефремовото племе кога Гедеон ги повикал? Судии 7,24.25.
б. Зошто Ефремовото племе се налутило? Како Гедеон со својот скромен и мудар одговор го смирил неоправданиот гнев на луѓето од Ефрем? Судии 8,1-3.
“Духот на љубомора лесно можел да разгори караници што би довеле до судир и крвопролевање, но одговорот на Гедеон, во кој се видела неговата понизност, ја оладил јароста на Ефремовите луѓе, па во мир се вратиле во своите домови. Гедеон бил цврст и непопустлив кога биле во прашање начелата – во војната мошне храбар, а сепак во однесувањето со луѓето ретко љубезен и учтив.“ – Патријарси и пророци, 585.
в. Што треба една личност да научи пред тој или таа да може да стане успешен во придобивање на души? Изреки 15,1.33; 25,15; Кол. 4,6; 1 Петр. 3,15.
“Водачот што го избрал Бог да ги совлада Мадијамците, меѓу Израелците не заземал некоја истакната положба. Тој не бил ниту свештеник, ниту владетел, ниту Левит. Тој сам себеси се сметал за најмал во домот на својот татко. Но Бог во него видел храбар и чесен човек. Тој не се надевал во себе, туку доброволно дозволил Бог да го води. Бог за своето дело не бира секогаш луѓе со најголеми таленти, туку оние со кои може најдобро да се послужи. ‘Пред славата настапува понизност’ (Изреки 15,33). Господ најуспешно може да работи преку оние кои се најсвесни за својата неспособност и кои целосно се потпираат врз Него, гледајќи во Него свој водач и извор на својата сила. Тој ќе ги направи силни и мудри, поврзувајќи ја својата сила со нивната слабост и својата мудрост со нивното незнаење.
“Господ за својот народ би можел да стори многу повеќе кога би се негувала вистинска скромност. Но малку има такви на кои Тој може да им довери голема одговорност или голем успех, а да не станат самоуверени и да не заборават во колкава мера зависат од Него. Тоа е причината што Бог при изборот на орудијата за своето дело ги заобиколува оние што светот ги смета за големи, талентирани и достојни за почит. Таквите луѓе многу често се премногу горди и самољубиви. Тие сметаат дека можат да работат без да го прашаат Бога за совет.“ – Патријарси и пророци, 584.
Четврток 10. април
5. УМОТ НА ГЕДЕОН ЗАПАЃА ВО ЗАБЛУДА
а. После значајната победа над Мадијамците и Амаличаните, како сатаната работел преку умот на Гедеон да го заведе народот на Израел на погрешен пат? Судии 8,24.27.
“Затоа што му било наредено да принесе жртва на карпата на која му се јавил ангел, Гедеон мислел дека е повикан да биде свештеник. Не чекајќи Божјо посветување, почнал да бара погодно место каде би завел систем на богослужение, слично на она што се вршело во шаторот за состанок… Оваа негова постапка била стапица не само за него и за неговото семејство, туку и за целиот израелски народ. Неовластеното богослужение помогнало мнозина од народот најпосле да го напуштат Бога и да им служат на идолите. По смртта на Гедеон, голем дел од народот, заедно со неговото семејство, бил зафатен со нов отпад. Токму оној човек кој некогаш со уривање на олтарот на Вал го уништил идолопоклонството во Израел, сега го завел народот од Бога.“ – Патријарси и пророци, 586.
“Многу малку се оние што сфаќаат колку далекосежни се нивните постапки. Колку често заблудите на родителите имаат најпогубно дејство врз нивните синови и врз синовите далеку по нивната смрт. Секој има извесно влијание врз другите и е одговорен за последиците на тоа влијание. Зборовите и делата имаат убедлива моќ и резултатот на она што ние го правиме сега ќе се покаже дури подоцна. Влијанието што го вршат нашите зборови и дела ќе има сигурно свое повратно дејство врз самите нас во вид на благослови или проклетства.“- Патријарси и пророци, 587.
Петок 11. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Гедеон се изненадил кога Господ му наредил да ја намали својата војска?
2. Зошто таквиот чекор во постојните околности бил неопходен?
3. Што му рекол Господ на Гедеон рано пред зори?
4. Што Гедеон го оспособило со таков мудар одговор да го смири неоправданиот гнев на Ефремовците?
5. Што треба една личност да научи пред тој или таа да може да стане успешен во придобивање на души?