13 Наша последна прилика!

Сподели го ова:

13. лекција – 30. јуни 2012.

Наша последна прилика!

“Јас треба да ги вршам делата на Оној што ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи.“ – Јован 9,4.

“Приближувајќи се кон крајот на историјата на оваа земја, во различни сектори на Божјото дело треба да покажеме многу повеќе самопожртвуваност отколку до сега.“ – Евангелизам, 631.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 4 Сведоштво, 453-462.
6 Сведоштво, 412-420.

Недела 24. јуни

1. ПРЕД ДА ЗГАСНЕ ЖИВОТОТ

а. На кои реалности сите ние сме потчинети? Евр. 9,27. Што треба секој од нас најсериозно да размисли – без оглед дали е стар, млад, болен или здрав? Рим. 12,11.

“Често се случува активен деловен човек да умре одненадеж, без никакви предупредувања дека му претстои смрт и кога ќе се разгледа неговото водење на работите се испоставува дека сѐ е во крајна несреденост. Во настојување да се среди со неговиот имот, трошоците на адвокатските услуги однесуваат најголем дел, ако не и целиот имот, додека сопругата и децата, како и Христовото дело, се ограбени. Верните управители на Господовиот имот знаат како стои нивниот имот и како мудри луѓе, подготвени се на секакво изненадување. Ако нивното време на милост и проба нагло се прекине, тие нема да остават толкава заплетканост врз оние кои се повикани да го средат нивниот имот по нив.
“Многумина не одлучуваат да напишат тестамент додека уште се во здравје и сила. Меѓутоа, нашите браќа треба да ја преземат таа мера на претпазливост. Тие во секое време треба да знаат каква е нивната финансиска состојба, не дозволувајќи имотот да им остане несреден. Нивните имотно-правни работи секогаш треба да бидат така средени, што во секој момент можат мирно да ги остават.“ – 4 Сведоштво, 458.459.

б. Во планирањето на нашиот тестамент што треба да земеме во обѕир? Исаија 38,1.

Понеделник 25. јуни

2. ПОДГОТОВКИ ЗА КРАЈОТ

а. Бидејќи многу голема сума на пари се губи затоа што луѓето умираат без да изготват легален тестамент, на што треба благовремено да го свртиме вниманието на верникот? 1 Кор. 4,2.

“Некои тестаменти се составени толку невешто и неодредено, така што законите за наследството ги прогласуваат за невалидни и на тој начин Божјото дело губи илјадници долари. Нашите членови треба да се чувствуваат сериозно одговорни и како верни Божји слуги треба совесно и на време да го употребат своето знаење во тој поглед, така што она што му припаѓа на Господа сигурно да оди во Неговата ризница.“ – 4 Сведоштво, 455.
“Мнозина покажуваат непотребна чувствителност во тој поглед. Тие сметаат дека ако се испитуваат старите и изнемоштени за тоа каква намера имаат со својот имот значи да се стапи на забранета почва. Но ова претставува исто толку света должност колку што е и должноста да се проповеда Божјата реч со цел да се спасат душите. Мораме да го имаме на ум фактот дека овде се во прашање поединци кои во свои раце држат средства или имот кој Бог им го доверил и дека тие имаат намера својата должност во својство на повереници да ја пренесат на други. Треба ли да се дозволи средствата кои Бог им ги позајмил за да ги вложат во Неговото дело, да дојдат во рацете на неверниците само затоа што тие им се роднини? Зарем христијаните, загрижени за идното добро на таквите свои браќа и за доброто на Божјото дело, не треба да им помогнат во правилна распределба на нивниот имот и во мудра употреба на талентите кои Бог им ги дал? Зарем нивните браќа мирно да гледаат како тие го завршуваат својот живот, а во исто време ја ограбуваат Божјата ризница? Тоа би претставувало страшна загуба и за нив самите и за Божјото дело; бидејќи оставајќи ги сите свои средства во рацете на оние на кои не им е грижа за Божјата вистина, тие практично би направиле исто како и оној слуга во Христовата парабола кој го завиткал својот талент во крпа и го закопал во земја.“ – Исто, 456.
“Смртта нема да дојде ниту еден ден порано, браќа мои, само затоа што сте ја напишале вашата последна волја. Кога им го оставате имотот на своите роднини, никако не заборавајте на Божјото дело. Бидејќи како Негови управители го држите Неговиот имот, Неговите барања треба да ви бидат на прво место. На својата сопруга и деца, природно, не треба да заборавите; оставете им го делот кој им припаѓа ако тој им е потребен. Но не внесувајте во својот тестамент долг список на роднини на кои вашиот имот не им е потребен, туку тоа само се прави затоа што е таков обичајот.“ – Исто, 459.

б. Што, според она што Бог очекува од нас, треба секогаш да имаме на ум без разлика дали ќе живееме или ќе умреме? Рим. 14,8.12.
Вторник 26. јуни

3. ЗАВРШНО ДЕЛО

а. Која е нашата должност во овие последни денови? 1 Сол. 5,1-6; Зах. 10,1. Како можеме да го примиме позниот дожд или ‘освежувањето’? Дела 3,19-21.

“Големото излевање на Божјиот Дух, кој ќе ја осветли целата земја со Неговата слава, нема да дојде додека немаме просветлени луѓе, кои од искуство знаат што значи да се соработува со Бога. Кога целосно, со сето срце ќе се посветиме во службата на Христос, Бог тој факт ќе го признае со излевање на Неговиот Дух без мерка, но тоа нема да се случи сѐ додека најголемиот дел од црквата не соработува заедно со Бога. Бог не може да го излее својот Дух, кога толку многу се манифестираат себичноста и само угодувањето, кога преовладува дух, кој, ако се пренесе со зборови, го изразува одговорот на Каин: ‘Зарем јас сум чувар на брат ми’ (1 Мојс. 4,9).“ – Совети за управителите, 52.
“Бог ги повикува луѓето да го предупредат светот кој спие и кој е мртов во престапот и гревовите. Тој повикува на доброволна жртва од оние чии срца се во делото, кои чувствуваат товар за душите за тие да не погинат, туку да имаат вечен живот.“ – 6 Сведоштво, 413.

б. Што денес како црковна организација и како поединци првенствено треба да имаме на ум? Проповедник 8,5; Јован 9,4.

“Сега е време да ги послушаме зборовите на Спасителот: ‘Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, богатство на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде’ (Лука 12,33). Сега нашите браќа треба да ги намалуваат своите имоти, наместо да ги зголемуваат. Се наоѓаме пред преселба во една поубава земја – уште и небесна. Според тоа, не треба да бидеме жители на оваа земја, туку стекнатото богатство да го направиме што е можно помало.“ – 5 Сведоштво, 141.
“Со каква цел ние го натрупуваме богатството? Зарем да биде уништено од страна на огнот во последниот ден? Зарем ќе трупаме злато и сребро, за да бидат сведоци против нас на судот – како оган да го изедат нашето тело? Зарем ние ќе се држиме до нашите имоти сѐ додека не паднат во рацете на нашите непријатели? Доаѓа време кога оние кои ги држат Божјите заповеди не можат ниту да купат ниту да продадат. Во што тогаш ќе можеме да ги вложиме своите куќи и земјата, заштедените влогови во банка и подвижниот имот? Сега е време своето богатство да го вложиме таму каде што вечно ќе биде безбедно.“ – РХ, 6. декември, 1887.
Среда 27. јуни

4. ПРАКТИЧНА ПОДГОТОВКА

а. Зошто Христос сѐ уште не се вратил? 2 Петр. 3,9. Како можеме да ја избегнеме загубата на сите наши средства најавени во пророштвата кои наскоро ќе се исполнат? Ис. 2,20; Езек. 7,19; Пс. 96,2-8.

“Кога нашите браќа ќе научат вредноста на душата да ја проценуваат во светлината на она што Исус платил за нивно спасение, тие ќе знаат дека душите се со поголема вредност од куќите и земните имоти, од златото и скапоцените камења, или од високите почесни позиции.“ – РХ, 5. февруари, 1884.
“Божјото дело треба сѐ повеќе да се шири; и кога Неговиот народ ќе ги послуша Неговите совети, тие нема да имаат многу средства во нивна сопственост кои ќе бидат проголтани во завршниот пожар. Сите треба своето богатство да го вложат таму каде што молците и ’рѓата не можат да го изедат; и тогаш срцата нема со тие јажиња да им бидат врзани за оваа земја.“ – Совети за управит., 60.

б. Што им ветува Христос на сите оние кои со верност во службата сериозно се подготвуваат за Неговото враќање? Ис. 33,14-17.

“Создавањето на резерви за намирување на нашите земни потреби во времето на неволјите е спротивно на учењето на Библијата. Видов дека ако светиите имаат резервирано храна во својата куќа или поле, во времето на неволјите, кога на земјата ќе наиде меч, глад и помор, насилничките раце сето тоа ќе го однесат, и туѓинци би ги жнееле нивните полиња. Тоа ќе биде време кога во целост треба да се надеваме на Бога и Тој ќе нѐ прехрани. Видов дека во тоа време ќе биде обезбеден леб и вода, дека нема да трпиме ниту немаштија ниту глад, зашто Бог е во состојба во пустина да ни постави трпеза. Доколку е потребно Тој би испратил гаврани да нѐ хранат, како што тоа го направил за Илија, или би ни пуштил дожд од мана од небото, како што направил за Израелците.
“Во времето на неволјите, куќите и земјата нема да им бидат од никаква корист на светиите, бидејќи ќе мораат да бегаат од разбеснетата толпа; нивниот имот тогаш нема да може да се употреби за унапредување на делото на сегашната вистина. Покажано ми е дека Божја волја е светиите, пред да дојде времето на неволјите, да се ослободат од она што ги оптоварува и со Господа да направат завет на жртва. Ако сѐ што имаат положат на олтарот и најискрено го запрашаат Бога за својата должност, Тој ќе ги поучи кога треба да се ослободат од овие работи. Тогаш тие ќе бидат слободни во времето на неволјите, без ништо што би ги ограничувало и спречувало.“ – Рани списи, 59.
Четврток 28. јуни

5. ВИСОКОПРИНОСНА ИНВЕСТИЦИЈА

а. Каде е најдобро и најсигурно да се инвестира денес – и зошто? Лука 12,32-34.

“Дајте да бидеме искрени со Господа. Сите благослови што ги уживаме доаѓаат од Него, и ако Тој ни доверил таленти во финансиски средства за да го помагаме Неговото дело, дали тоа треба да го задржиме? Треба ли да кажеме, не, Господи, моите деца нема да бидат задоволни, и затоа јас ќе се осмелам да му бидам непослушен на Бога, закопувајќи го талентот во земјата?
“Не треба да има одлагање. Божјото дело ја бара вашата помош. Ви се обраќаме вам, како Божји управители, своите средства да ги ставите во промет, за да се создадат можности преку кои на мнозина ќе им се даде можност да научат што е вистина.“ – Совети за управителите, 44.45.

б. Која изјава Господ ќе ја даде на крајот на времето? Пс. 50,3-5. Како сите кои направиле завет на жртва ќе бидат богато наградени? 1 Кор. 15,57.58.

“Постои награда за несебичните работници, кои со цело срце се во Божјото дело, но исто така и за оние кои со своите доброволни прилози ги помагаат нивните напори. Оние кои се ангажирани во активна служба на теренот, и оние кои со свои средства ги помагаат овие работници ќе ја добијат наградата на верниот и добар слуга…
“Самоодрекувањето што го практикувале со цел да го помогнат Божјото дело повеќе ниту на ум им доаѓа. Додека – како споменици на Божјата милост и откупувачката љубов – ги посматраат душите за кои се труделе да ги придобијат за Христа, и сега ги гледаат спасени, засекогаш спасени – извици на пофалба и благодарност одѕвонуваат во небесните сводови.“ – Совети за управителите, 348.349.

Петок 29. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какво суеверие во поглед на пишувањето на тестаментот е штетно за Божјото дело?
2. Зошто е погрешно да занемаруваме да зборуваме за правење на тестаментот?
3. Која е една од причините зошто мнозина нема да го примат позниот дожд?
4. Што треба да сфатиме пред да се доближиме до времето на неволја?
5. Како и кога ќе добиеме камата на богатството вложено во небото?

Сподели го ова:

Similar Posts