12 Просветлување на целиот свет

Сподели го ова:

12. лекција – 24. јуни 2012.

Просветлување на целиот свет

“Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.“ – Марко 16,15.

“Оние кои се радуваат во драгоцената светлина на вистината треба да чувствуваат горлива желба да ја пренесат насекаде.“ – Совети за управителите, 42.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 9 Сведоштво, 47-57.
3 Сведоштво, 345-357.

Недела 17. јуни

1. ОДГОВОР НА МАКЕДОНСКИОТ ПОВИК

а. Иако литературата претставува моќно мисионерско средство, кои чекори мора да ги преземеме за да го комплетираме Евангелскиот налог? Мат. 28,18-20. Како оваа потреба за вредни евангелски работници може да се задоволи? Ис. 52,7.8.

“Кога сите верно би ги донесувале сите десетоци, да има доволно храна во Божјиот дом, ќе се обезбедат работници и за домашни и странски полиња. Иако книгите и публикациите за сегашната вистина ги опсипуваат со изобилно знаење сите делови на светот, сепак мисионерската порака мора да биде воспоставена на разни места. Зборови на вечен живот и спасение мораат да се објават од устата на живиот проповедник. Постојат отворени полиња кои ги повикуваат работниците да влезат. Жетвата е зрела, и сериозниот Македонски повик на работа се слуша од секој дел на светот.“ – Совети за управителите, 39.

б. Која итна задача треба да се изврши? Марко 16,15.

“Големината на нашето дело бара Божјиот народ да биде дарежлив. Во Африка, во Кина и Индија постојат илјадници, милиони луѓе кои не ја слушнале пораката на вистината за ова време. Тие мораат да бидат предупредени. Морските острови чекаат да го примат сознанието за Бога.“ – 9 Сведоштво, 47.
Понеделник 18. јуни

2. ВАЖНОСТА НА БОЖЈИОТ ДЕСЕТОК

а. Како вдахновеноста го нагласува личниот, човечки елемент во делото на спасувањето на душите? Рим. 10,13-15. Како можеме сите да бидеме вклучени во тоа? Откр. 22,17.

“Проповедањето на Евангелието е од Бога одреден начин за обраќање на душите. Луѓето мораат да го слушнат за да можат да се спасат. Тие не можат да слушнат без проповедник, а проповедникот мора да биде испратен. За да се обезбедат средства за праќање на мисионери во сиромашни и необработени полиња неопходно е во благајната да има средства за тоа. Во светлината на овој факт, како можат оние кои исповедаат дека го следат Христа да му ги закинуваат на Бога талентите, кои им ги доверил во десетокот и даровите? Не значи ли тоа да се одзема леб на душите кои умират од глад? Задржувањето на средствата за кои Бог тврди дека се Негова сопственост, и кои Тој ги предвидел за спасување на душите, сигурно ќе донесат проклетства врз оние кои на тој начин го ограбуваат Бога. Душите за кои Христос умрел се лишени од предноста да ја чујат вистината, бидејќи луѓето одбиваат да ги спроведат мерките кои Бог ги предвидел за просветлување на изгубените.“ – Домашен мисионер, 1. април, 1895.

б. Што Господ бара ако занемариме на време да го предадеме својот десеток? 3 Мојс. 27,31. Како искуството на една локална црква во 1889. година може да ги поттикне сите денес?

“Некои што не беа исправни во своите должности кон Бога, и како резултат на тоа се одвоиле од Него, почнаа да го враќаат она што го задржувале. Еден брат не плаќал десеток две години. Тој на секретарот на конференцијата му дал чек за десетокот што го задржувал и за каматата во износ од 571,50 долари. Му благодарам на Господа што тој брат имаше храброст да го направи тоа. Друг брат даде чек од 300 долари. Еден друг човек кој толку отпадна од Бога што имаше малку надеж дека ќе тргне по исправниот пат, даде чек од 1000 долари. Беше предложено тие десетоци и дарови, кои долго биле задржувани, да ги посветат за мисијата во Централна Европа. Така со тие дарови и со молитвените дарови таа црква во ризницата приложи близу 6000 долари да се употребат за мисионерски цели.“ – 5 Сведоштво, 606.

Вторник 19. јуни

3. ВЕРНОСТ ВО СПОСОБНОСТА НА ПРЕДВИДУВАЊЕ

а. Каков приговор бил упатен против великодушноста на Марија кон Исуса? Јован 12,3-6. Како Христос го пофалил гестот на Марија и како ние сме предупредени да не правиме слични приговори денес? Марко 14,7-9.

“Ние правевме прогресивни потфати, но на секој чекор моравме да наидуваме на лажни предрасуди и лажни идеи. Тоа е случај со секое реформно движење откако постои светот. За некои маловерни и себични луѓе, кои сакаат само да ги чуваат парите, секој напреден потфат најчесто предвестувал општа катастрофа и претставувал прекумерно трошење на средства. Тие заклучуваат – како некогаш бедниот Јуда кога мирото било истурено врз главата на Исус – зошто ова големо растурање? Тоа, повторуваат тие, можело да се продаде, а парите да им се дадат на сиромасите. Секој пат, кога се презема некој напреден чекор, себично претпазливите мислат дека сето тоа отишло во пропаст; но кога битката е добиена спротивно на сите очекувања, тие ја поздравиле победата како знак дека Бог бил во тоа движење. Кога целосно ќе се покаже дека делото било од Бога, дека неверувањето е потиснато, луѓето кои го предводеле делото, чијашто способност на предвидување била поголема од останатите, кои работеле против секој отпор, поздравувани се како луѓе кои биле подигнати за тоа време и предводени од Божјиот Дух. Дали тие луѓе кои го блокирале патот сфаќаат што направиле? Дали согледуваат дека со прилагањето на своите пари, својата сила, својата вера и храброст, можеле да го направат делото посилно и повлијателно, и дека е грев што не го направиле она што можеле да го направат?…
“О, кога поблизу би се приближиле до крстот би гледале како што Бог гледа и би работеле како што Тој би работел да е на наше место.“ – РХ, 5. февруари, 1884.

б. Кои реалности би требало сега да нѐ разбудат? Јован 4,35.36.

“Парите кои се потребни за спроведување на евангелското дело нема да бидат обезбедени на некаков мистериозен начин и со посредство на невидливи и таинствени сили. Парите за делото кое го наменил за нас: да ја шириме вистината во овој свет и да ги спасуваме душите за вечен живот, Бог нема да ги истура од прозорците на небото. Припадниците на својот народ Тој ги направил управители на Неговите средства за да ги употребат на Негова слава и на благослов на човечкиот род.“ – Домашен мисионер, 1. април, 1895.
Среда 20. јуни

4. ВКУСНА СОЛ

а. Какво предупредување им се упатува на сите кои сакаат да го почитуваат Христа? Матеј 5,13.

“Со колку поголема желба секој верен управител би требало да го зголемува процентот на даровите кои ги става во Господовата ризница, отколку да ги намалува своите дарови за една јота или цртичка. На кого тој му служи? За кого ги подготвува даровите? – За Оној од кого зависат сите добри нешта кои тој ги ужива. Тогаш нека никој од нас кои ја примаме благодатта од Христа да не им дава повод на ангелите да се срамат од нас, и Исус да се срами да нѐ нарече браќа…
“Оние кои ги примаат даровите на Неговата благодат, кои длабоко размислуваат за крстот на Голгота, нема да ја доведат во прашање пропорцијата на давањето, туку ќе чувствуваат дека и најбогатите дарови се премногу оскудни и дека се непропорционални во дарот примен во единородниот Божји Син. Преку самоодрекување и најсиромашните ќе најдат начини барем нешто да му возвратат на Бога.“ – Совети за управителите, 200.

б. На кој начин сегашната вистина треба да се прошири по целиот свет? Проповедник 11,1.6.

“Запустените места на Земјата треба да се обработуваат. Со скромност и доверба во Бога, семејствата треба да одат напред и да се населуваат во необработени места во Неговото лозје. Како награда за нивната самопожртвуваност со цел да го посеат семето на вистината, тие ќе пожнеат богата жетва.“ – РХ, 26. август, 1902.

ц. Кој повик денес е најитен, и зошто? Мат. 9,36-38.

“Кој е виновен за загуба на душите кои не го запознале Бога и кои немале можност да ги слушнат причините за нашата вера? Каква обврска почива врз црквата кон оние кои пропаѓаат во светот но не чуле за евангелието? Ако не дојде до одлучно самоодрекување од страна на оние кои тврдат дека веруваат во вистината, ако сите тие не бидат поодлучни во давањето на десетокот и приносите, ако планирањето на делото во тој поглед не биде потемелно и подалекосежно отколку досега, ние не можеме да го исполниме Христовиот налог да одиме по целиот свет и да го проповедаме евангелието на секое создание.“ – Домашен мисионер, 1. април, 1895.

Четврток 21. јуни

5. ПРОСВЕТЛУВАЊЕ НА СИТЕ КРАЕВИ НА СВЕТОТ

а. Колку славен ќе биде исходот на евангелскиот налог, и како ние можеме да бидеме благословени ако учествуваме во него? Откр. 18,1.

“Целото небо со длабок интерес гледа на црквата за да види што прават нејзините членови за просветлување на оние кои се наоѓаат во темнина. Целиот свет е поле, и се отвора работа на толку многу места така што тоа го преминува соодносот на средствата потребни за да се задоволат потребите. Со години Господ го предупредуваше својот народ да ги ограничи своите желби, да не се излага на непотребно трошење на пари. Но и покрај советот на Оној кој од почеток го види крајот, колку само пари се потрошени без вистинска потреба! Дадените предупредувања лесно се земани, и луѓето погрешно го протолкувале, отфрлале или извртувале Божјиот совет за да ги продолжат своите амбициозни проекти, иако – благодарение на таквата постапка – значителни средства со кои Бог можел да се прослави во проширувањето на Неговата вистина, целосно се изгубени за Неговото дело. Господ го почестувал човекот во својата милост, оспособувајќи го како човечко орудие да соработува со небесните битија како би можела светлината на вистината да ги осветли сите краеви на светот. Господ има свои претставници кои активно ќе учествуваат во најсилниот судир кој светот некогаш го видел. Ако работниците останат скромни, учејќи се секој ден во Христовата школа на кротост и понизност на срцето, Господ Исус Христос ќе соработува со нив. Оној кој е соработник со Христа, ќе сфати дека пренесувајќи ги небесните благодати на другите и самиот бива благословен. Ќе се осведочи во вистинитоста на зборовите: ’Кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен’ (Изреки 11,25).“ – РХ, 27. февруари, 1894.

Петок 22. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Во која смисла литературата е ограничена во својата намена за спасение на душите?
2. Што открива важноста на точноста во давањето на десеток?
3. Како можеме да се изложиме на опасност од повторувањето на гревот на Јуда?
4. Што треба да имаме на ум кога одлучуваме колку ќе дадеме за Христа?
5. На кој начин светот ќе биде просветлен – со нас или без нас?

Сподели го ова:

Similar Posts